[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека секој град има посебна убавина, но Скопје има свој шарм со кој плени. Тој е како млад човек кој шармерски се смее и те мами што подолго да останеш во него. Скопје живее во секоја негова населба, секоја улица од градот ја раскажува својата приказна. Секоја дупка во Скопје долувува некој нов момент.
    Градот живее во брзо темпо. Сигурно е дека во Скопје не можеш да нејдеш период од денот кога Скопје спие. Чекорот на улиците се слуша 24 часа во денот. И кога сите градови одмораат, некаде после полноќ, Скопје и тогаш пулсира со посебна убавина.
     
    На Ella.313, midnight.flower и AIT им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Сонцево гризе за образи, изгледаме како заруменети дечиња, уште малку па и како нинџи во шаловите. Јас сакам да ги отворам писмата од страна.
    Се радувам кога гледам братче и сестриче во школо кога одат наутро фатени за рачиња. Или кога оди братчето напред, а малата трчка позади, замислувајќи си го бато како најголем херој. И кога баба или дедо ги испраќаат. Детски радости, среќни се малите сонциња.
    Се радувам и мама кога ја гледам насмеана. Таа е мојот херој. И кога со брат ми имаме интерни свои шеги. И кога татко ми скришно си игра со кучето. И кога кучето скришно ги тркала саксиите со цвеќиња

    И јас не сакам машки со тесни маички, со тесни розеви маички со светкави букви. За мене лично :!: тоа не е маж...барем не каков што јас би сакала.
    И не сакам кога ќе ми се појави личност по втор пат во животот, а не можам, а да прекинам да се сомневам дека зад него стои друг. А тој друг треба да е среќен со себе, јас со себе и сите ние по своите патеки.
     
    На bittersweet, LilBaby, imelda и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Го знаете оној момент кога некој кој помислил дека целосно ве изгубил не може да престане да ве гушка, истовремено криејќи го ликот бидејќи нели не е машки да се плаче? И тоа гушкање не е она каде ќе ви ги искрши сите коски. Не е ниту нежно, а сепак доволно силно за да покаже дека нема поголема среќа од сознанието дека ме има мене...пак. Меко галење по лицето, болен поглед во очите, а уште поболен кај мене додека се обидував да му ја меморирам секоја црта, за да нели таков остане во моето сеќавање. И секое море од страсти и копнежи, не се споредува со внимателните допири. Кога ќе ми ја допреше раката, јас ја тргав, бидејќи знаев дека лесно ќе открие дека сеуште имам чувства. И она ради што најмногу го засакав - кога не сакав нешто да правам од било која причина, го почитуваше, без оглед колку тој имаше желба.

    Не ги сакав ниту неговите солзи, ниту неговата болка. Ниту пак помислив дека така лесно поверува дека нема веќе да сме заедно. И сега знам само едно - нема поголема среќа од тоа да бидеш сакан. Да знаеш дека да направиш милион глупости, тој пак ќе биде првиот што ќе зазвони на врата без да го побараш. Да го одбиваш, тешки зборови да излезат од твојата уста, а сепак да те познава доволно добро за да ја разликува вистината од лагата. И никогаш, и покрај милионите маани, се` почестото лошо расположение, да го правиш среќен дури и таква. Со блед израз, подочници, тажни очи, со постојано самокритикување и оптимизам само кога ќе излезе сонцето...да те прифати каква што си. И нека е клише, и нека изгледа дека човек така љуби само во филмовите. Јас го имам мојот реален лик до мене и нема да прифатам веќе да си кажам дека е предобро за да е вистиното.

    Единствено е - среќа. И ако таа трае само откако го запознав него, до овој момент, па и не ми е битно дали утре ќе ме нема. Постигнав голема цел - љубев и бев љубена како што велеа дека не е возможно.
     
    На PeaceLoveBasketball, Lepaaa, Serafima и 23 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.721
    Пол:
    Женски
    Во пауза помеѓу светнување на кујната и пеглање 3 рида алишта,си мислам нешто...мислам ме чеша десната рака...мислам сакам да си купам нешто...е сега пари нема...ама имам картички :geek:
    Некако последниве денови ми иде да се нафрцкам а што ми е во стомакот тоа никој не гледа.И јас како едно малечко бројче живеам како и бројните намачени Македонци.Во луксузот на кредитната картичка,се чуваат трулите бракови заради фасада,се изнесуваат на маса сок и грицки само кога има гости....лажам додуше ,вишоков на килограми не е од жвакање воздух.
    Искрено си се гордеам самата на себе како станав инертна спрема тоа -што мислат другите за мене,зашто животов си го живеам помеѓу овие 4 ѕида.
    И не сакам да се дружам со некого само заради форма и рекламирање во она што не сум.Можеби затоа кругот на пријателите ми е тесен :|
    Ама,сепак поубаво е кога ќе си дозволиш ново парче облека...или чанта...или чевли.. :P а маж ми ќе мора да го трпи минусот на картицата,зашто плаќањето на алиментацијата ќе го чини повеќе. :rock:
     
    На Monna.Monna, LilBaby, imelda и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Јас сум ви човек кој се радува на глупости понекад. Ситници. Не понекад, туку доста често.
    Другарка ми ми вика, ало прибери се, немаш 16. Си викам, ќути, трај, арно детево у мене сеуште никој и ништо не го убило.
    Денес му се радувам на пример на сонцето, јес да гризе образи ама...убаво е. А во суштина прилично сум сигурна дека ниту сонцето не е „виновно“. Едноставно така ми тргна денот, со десна нога. Па сега си се радувам, целата у полет, еден куп работи направив од сабајле. Ма, летам ко едрилица, фиуууу. Едрилици ли беа тие воздушните авиони? :^) :D

    Пред некоја недела, бев у едно село во Србија. Не е битно што и како, ама сретнав едно момче. Мислев дека е младо а оно излезе дека има 25.
    Си велам, селски воздух што ти прави. Го пофалив дека изгледа прилично младо а тој целиот со румени обравчиња ми рече, дека би посакал да е нешто постар.
    Се засрами и го сврте погледот :lol: Душа!
    Освен тоа што дознав од него, дека мора да се бави со „пољопривреда“ затоа што и така нема друг избор а барем е сигурен дека истата нема да изумре во неговото село, ми се пофали дека ова лето прв пат бил на одмор. Во Грција.
    Јас не знам дали некогаш можам на некого да му доловам со какви искри во очите ми го кажуваше тоа.
    Прв пат излегол надвор од државата и отишол некаде. Прв пат искрено излегол и од тоа село во кое живее со години. Ми раскажуваше за се што видел и иако сум го видела истото повеќе пати, го слушав, го потпрашував, а тој со уште поголема радост ми раскажуваше.
    „Па не знаш? Како не знаш? Сад чу ја да ти објасним...“ и го оставив да ми раскажува.
    На крај само додаде - дека штедел за вакво нешто со години, и не му е жал што го потрошил секој заштеден динар за ова патување.
    Прв пат се бањал во море бре еј! Која среќа. Ми кажуваше, дека од солената вода и те како те печат очите.

    Се замислив колку сме сите разгалени всушност. Имаме се на дланка, а радост од истото? Ја нема. Или ја има ама ретко. Дали толку многу ни е овозможено што веќе немаме на што да му се радуваме? Или времето не направи такви.
    Па уште и сме неблагодарни. Особено ако ништо не сме си постигнале сами.
    Лилааааа ќе се упуцам, моите ми уплатија одмор за у Дубаи а јас сакам за Сејшелииии
    |( епа изволте пушка, упуцај се слободно.
    Еднаш гледав документарец за Мекколи Калкин. Кажаа дека најголемата радост во очите ја имал како мало дете, кога му се наполнила теглата со ситни пари. После тоа, ја снемало и веројатно никогаш повеќе не го виделе толку среќен и весел како тогаш.

    Јас посакувам од овие причини никогаш да не престанам да бидам дете. Секогаш да ја подиспразнувам теглата со ситни пари за да можам пак да и се радувам кога ќе ја наполнам со сопствен труд.
    Да не ми е се дадено на тацниче, ниту здравје на моите деца да не им го пружам истото. Да ги научам да се радуваат. Затоа што како што може да те израдува нешто што е реткост, постигнато по своја заслуга и долгоочекувано, ко ништо. Искра во очите, тоа е тоа што им фали на луѓето денес.
    Без неа, се е и онака само едно големо сивило...

    И навистина не е битно што ве прави среќни, ако сеуште нешто ве прави среќни, добро е. Чукнете си у главчето, живи сте :)
     
    На Domino, bittersweet, Monna.Monna и 21 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК ме фати една нервоза, ПМС ме тресе леле леле
    се ме чеша, немам трпение за ништо, постанав термит невиден :D
    а со нетрпение чекам да ме исплатат за тоа што бев на замена-мислам дека во еден здив сите пари ке ги потрошам кога ке ги добијам :lol:
    а го погодија времето да ми пишат дека се организира една интересна обука за ЕУ од центар каде што одев и лани, па најверојатно нема да ми стигнат пари :doh: па после ке биде мамичке мила ај те молам позајми ми парички :wasntme: ветувам дека нема ништо да барам веке :* :hug:
    (реално , тоа би било нешто ко подарок за Нова Година)
     
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Ве следам во темите од вашите слики од накит, козметика, штикли и изгледа јас сум некој си изрод,
    Од козметика имам само две парфемчиња, лабело, маскара, пудра и креон
    Од накит едно ланче и два пара обетки и сето ова е складирано во една фиока :tmi:
    Штикли немам, не дека не сакам, туку имам мала нога и неможам да си најдам бројче |( освен пар патики, два пара балетанки и два пара чизми друго и немам :$

    Со шоља топло чоколадо и музика планирам да го поминам остатокот од денот.
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Сакам да кажам дека го заебав компјутерот. (извинете на изразот :tmi: )

    Ама што ми требаше вчера да симнувам програми и да се правам дека многу разбирам.

    Сега само фемина форум ми отвара. Ништо друго. Ниту фејсбук, ниту некоја друга интернет страна.

    А нема 2 недели откако го преинсталирав.
    Будала сум, будала :fubar: Кај ми беше паметотт!!
     
  9. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Убав ми е денов, башка видов ми пишале плус на вежби :D
    Небитно.
    Ми се мрчи малце.
    1. Кога доаѓав наваму, во автобусот до мене седна една госпоѓица, убава, средена.
    Околу 26 години по мое.
    Ама џааабе, џабе! Ко почна да прежива со мастиката, ми се крена целиот желудочен сок нагоре.
    Шлап, шлуп, шлуп, шлап. О Боже. Шлап, па онакви внатрешни (не знам звукот да го опишам, битно иритирачки).
    Проста. :swear:
    Најмногу мразам луѓе што не можат да си ја приберат мастиката во уста, најмногу!
    Дури и повеќе од оние што...
    2. ...Гризат нокти !
    Леле тоа па колку ме иритира. Па така внесени, гризат дали гризат. Брзо, брзо, ништо да не остане!
    Мммм, колку е тоа вкусно, бактерии внатре животаркаат, уста - хранопровод - желудник. УбаИни.
    И баш се така симпатични во ноктите после "третманот". Мали, средени. :x
    3. Кога е чисто, нека остане така, може!?
    4. Во темата за анализи на членови. Нели беше тоа за психолошки, така подлабоки?
    И според мене не може секој да ги направи тие. Треба време, следење на членот, мислења во разни теми, а не СДК.
    Што фајде од тоа дека некој ќе ме анализира дека не сакам луѓе што гризат нокти?
    Треба некој да сфати зошто мене тоа ме нервира. Па да објасни.
    Може грешам, не сум наспана.
    Ама последните неколку страници... Стварно ми се чудни, ко состав од прваче. :?:
    И така.
    Еден туш, парче двопек, добар сон, учење, латино.
    Од се по нешто ќе има денес.
    Убав си е денот. Па и празник. :sun:
     
    На Monna.Monna, LilBaby, bluegirl7 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Денес е мојот 21-ви роденден,па сакам да ве поканам сите на по едно парче торта,а воедно да им го честитам роденденот и именденот на сите кои слават денес :)
     

    Прикачени фајлови:

    На zarah, Doozy, Cacy и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Помина и овој ден. Положен уште еден колоквиум :) Остна уште утре. Јас уште дишам. Денес среќна. Пилично. Добро освен што очите сами ми се затвораат, освен што имам подочњаци до нос, освен што правам несврзан муабет и се исклучувам у сред разговор, освен што кафето ми стана најконзумиран производ у последниве две недели и освен што на креветот гледам како на мој најголем љубовник друго се е ок. Абе среќна сум денес. Најтешките предмети ми поминаа, а денес сама си докажав дека немора да имам прашања за да извадам добри поени. И намерно не ги земав прашањата зошо предметов запнав да го научам. Епа згрешив само на 3 прашања од можни триесет и пет :D Браво за мене. Сега седам со чајче у рака и лагано си пушам цигарче, го гледам купот книги на бирото и иронично му се смешкам :) они мене. После ќе си правам листа на се што треба да си купам. Ке си се почастам убаво бе за вложениот напор и труд за оваа колоквиумска. А сега прво убаво да си се наспијам па ке се фрлам на целовечерно учење на последниот предмет и после на раат ке си уживам :hai:
     
    На Monna.Monna и kravce им се допаѓа ова.
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Од сабајле се вртка без везе. Читам некои глупави статии, умкам и офкам на слики на пинтерест. Имам за учење, а јас само сакам да се симнам во кујна и да готвам, готвам, готвам. Домаќински, цела куќа да замириса на цимет и ванила. Да опнам едно печено пиле на маса со компири и моркови. Ох боже како трудница сум. Или баба со 50 внуци.

    Фамилијарно скајпување вечер. Преку глава ми дојде од тоа скајпот, шушти не шушти, чекај ваму подобро се слуша. ај изгаси камера така можам да те разберам. Како нрд шетам со лаптопот низ соба да зајачам врска.

    Вчера беше жива возбуда. Вежби во лабораторија, голема, бела, опремена. Моментот кога сфаќаш дека во лабораторија од чешмата всушност треба да тече и тече вода. Чиста вода, не онаа стоената во цевки. Стакленца за секого, не треба да ги делиме и после да ги миеме. Микроскопи масивни. Зум до небото и назад. Видов колонија бактерии во јогурт. Уј уј уј.

    Цимерката ми не разликува кожни од кинески кондури. Немав срце да и кажам дека мирисот на кондурите од 50 евра не е на ново или кожа него жива пластика. И дадов цигара за утеха, моите и така си стојат во кутија.

    И за крај каде е Шилеа?? Чекам опис на ноември како оној за октомври. Доријан Греј уште ми се мота низ глава.

    [​IMG]
    Колаче со лаванда, како паѓам на овие.
     
    На Doozy, lunicka, Cacy и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски

    хахаххаххахахааххахаххаах ти мене ме изнасмеа. Се е можно се :lol:
    Вака сакам секој ден да е да има сонце, да се смееме и сите да бидеме среќни и весели.
    Имајте убав и сончев ден како и јас :hai:
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Е уште оваа глупост ја немав слушнато сабајлево ја слушнав.

    Сите оние кои не положиле ни државна матура ни училишна матура можат да се запишат на Педагошки факултет во Штип. Која банална работа... Значи сите мора да положат матура и правници, и економисти, е инжинери, и доктори само идните наставници НЕ. Со ова уште од старт се знае дека најникаквите ученици ке се запишат на педагошка и ке бидат наставници. Која глупост еј!!!

    И таа некоја си што не положила македонски јазик и математика основно ниво од два пати, утре ке ми го учи детето. Јас дома ке му викам “Учи сине да положиш државна матура да се запишеш на факултет“ таа ке му вика “ Нека не те лаже таа мајка ти, јас како завршив факултет без никаква матура?‘‘ :fubar: :fubar:

    Е така драги мои, после да не се чудите оти и шуто и рогато шета по школите.
     
    На thelittle17, Monna.Monna и Angel.girl им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ви се има случено некоја од друг град да ви пише на фб порака: Тојитој ми ре4е да ти ре4ам да го аднеш оти он неможел.
    Е мене вчера ми се случи. Се вклучувам и гледам порака од некоја непозната личност. Кога ја прочитав.. ќе паднев од столот. :rofl: Го аднувам типот и му викам: што таа потрага помене, а он: потрага? хехехехех. Ми се изнасмеа. Глупак. Па почна да се фале имал роди овам, шетал по Германија да спечале некоја пара за таа шо ќе му биде жена. Па почна да ми кажува какви коли имал. Сељак, сељачиште невидено. А што е најбитно ми се обраќа на Вие. :D Од кај ме наоѓат такви типови и јас не знам. Во последно време се некои си непознати ме боцкат, аднуват.
     
    На Cacy, Monna.Monna, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Значи кога треба најубаво да излезеш на слика, за малер излегуваш најгрдо. :(
    Ах Марфи ;(
     
    На Stoimenovska, Sara123 и bluegirl7 им се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Паднаа листовите на дрвјата пред мојот прозорец. Партизанска подобро се гледа, а уште поубаво - синото небо. А да, тротоарите се баш жолти! Велат, надвор сонцето штипка, а не топли. Не е важно - светло е, сино е, се гледаме подобро! Вчера низ дождот и ветрот самата со себе си зборував коооолку само не ја сакам оваа комбинација.. и си се туфкав. Да не зборувам колку се туфкав за точките вода-кал на фармерките. До одот е или до кондурите?
     
    На AnaKarenina, crazylady, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    За жал... ;(
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, senza.parole, M.a.r.i.l.y.n и 7 други им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ретки се тие луѓе кои мислат и на другите освен за себе. :x
     
    На Stoimenovska, Cacy, Glossy-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да си ја олеснам душата, скапав барајќи по темиве за да не отворам нова за безвезе, па еве овде. Пред една недела излегов минус на работа и бидеќји немав пари , а морав да ги дадам му го наместив минусот на колегата и он си го плати. Сега многу глупо се чувствувам и не знам како да му ги вратам парите бидејќи сега имам, а не сакам да дознае никој што ми се случи Со колегата супер стоиме, ама мислам дека ако му признаам крај ќе биде со пријателството. Совет? Немојте да ме ругате и така веќе ужасно се чуствувам :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.