Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Не е дека и даваме до значење,ама и благодарам што ете ни даде причина да си се сплотиме и уште поубаво убаво да си се насмееме,до ниедно време,преспав и уште не ми се верува :lol: Баравте-гледавте ;)

    Него добив пенкалце и календарче ^_^ Ова е една од причините што го сакам декември,си собирам пенкалца,тефтери и календарчиња за наредната тековна година.особено кога бев студент пенкалата посебно ми значеа :lol:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Не знам како го преживеав вчерашниот ден...и еве ме денес...скршена цела...

    СДК извесно време нема да ги следам огласите за вработување,нема да праќам биографии...нема да се надевам...зашто после е многу потешко да се прифати реалноста...

    Дај ми Господе сила да преминам преку се...
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК од ден во ден, се` повеќе и повеќе се потврдува:

    [​IMG]

    Одма прашина се крена...

    СДК2 дека денеска си ќарив едно 5че во дневник. Ногу се радувам. :lol:

    И фала ви на сите што кажавте дека е декември, јас па мислев петок е. Цела почетна, бреј.
     
    На BlackSwan5 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    СДК но лесно е сите да бидеме судии за туѓите маани, грешки и недостатоци, а за нашите уште полесно запаѓаме во продолжен „зимски сон.“ Секој си има совест, и таа ќе му суди...
    На крајот на краиштата, со самото тоа што ова е форум, каде дневно се зачленуваат по ХХХ анонимни личности, треба да е јасно дека секое и сечие мислење треба да се прима со доза резервираност.
    Сепак, кога се зачленуваме, никаде не пишува дека се’ што ќе прочитаме на овој форум е вистина, и САМО вистина.
    Колку повеќе се одолговлекува судењето, толку повеќе се продолжува темата која сите сакаме што е можно побргу да ја оставиме зад нас. :)
    Така што, доволно е!
     
    На Lepaaa, crazylady, Yipman2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    После вчерашните лоши вести не го отворив форумот воопшто...е во меѓувреме нешто ко да се десило или јас грешно свајќам ..... |( |( нека ми пиши некој во лп ако сум разбрала погрешно
    EDDDIT Проста и несовесна раја ми го направи денот попусто празен
     
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Денов е нешто помалку од катастрофален, едина светла точка е што ќе го видам него вечерва, барем се надевам... Луѓе перат пари, со испрани мозоци... упм све да иде, еве една класична тинејџерска фраза: bring the system down!
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Ќе одам на шопинг, малку радост и допинг :devil:

    Денов е планиран за драгите луѓе. Вино и разговори. Декември гледам и читам, е во сечија уста, мисла, порака. Мене не ми значи кога е без снег. Промениве, удираат и на климата. Снег - веќе ќе стане поетска метафора.
    Жалосно е што прави човештвото, но зарем не сме сите дел од таа голема фарса.
    Кога само ќе се сетам колку плачев кога ми ја исекоа брезата позади зграда за да прошируваат балкони!
    Дендрофилија. Добар изговор дека ја љубиш својата планета.
    Имам цинично чувство дека 2012 ќе донесе купишта промени, а само најхрабрите и бубашвабите ќе ја преживеат. На секое ниво. Ера на водолија, хуманизам, распад, интелектуални пробиви, тешки мисли и лесни излети. Велат, енергетски ќе ги поддржи луѓето со развиено индиго сетило. Виртуелниот свет ќе доживува се поголеми промени, крахови и тешки завери.
    Јас верувам дека е наспроти мене, ќе ја гледам годината како мојата лична старост, опозитот. Враќањето кон архе-типот.
    Си уплатив часови пилатес, мора да си го средам малку газот ем мислите.
    Си ја слушам песнава, и си го пеам текстот со уверување дека е навистина така.

    http://www.youtube.com/watch?v=yJp2HApZP8w

    Can you feel it pushing?
    Pushing from inside,
    things you cannot say,
    will materialize.

    Живејте, драги мои. Декември е во сонце. Нешто навистина е наопаку. Но... Да доживееме и ние нешто ново и наопаку. Поради нашата несовесна природа и редок морал.
    Ведрата страна? Ја има само во личните катчиња. Кај што сме ранливи како новороденчиња.
    Добар ви ден, и гушнете си ја внатрешноста, слушнете што има да ви каже.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    2 Декември.
    Друг ден,исти будали.
    А, јас си ги ширам зениците и си ги потекувам очињата.
    Мака ми е да се појавувам пред светот ваква, ме мрзи да си ги барам тренерките,а не ми се стега во фармерки.
    Наочари за сонце немам.
    А,сакам да имам.
    Зошто потребни ми се за вакви случаи, да изгледам како пичка.
    А, да.. и ми треба една ташна што се носи специјално на зглобот од раката во радиус од 57,5 цм центарот-твоето рамо.
    Си тапкам по тастатурава по дифолт,не гледам како пишам иако имам зум до крај, ама интересно е вака да си пишуваш,а немаш идеја што кажуваш.
    Само сакаш да кажиш нешто,колку да се најде некој попаметен од тебе и да ги прочита овие глупости,за на крај да сфати дека место да направи нешто корисно за светот, тој одделил време да те прочита и да те испцуе сочно затоа што знае дека овие 2 минути во животот никогаш нема да му се вратат,а ги потрошил на една безполезна работа.
    Би ти зборувала и за квантна механика или за соларни системи, можеби и за подморниците во Вардар.. или уште подобро подморница што ќе се вика "крт" . Вода+земја=водена земја.
    Или подземна вода.
    Изворче.
    Поточе на врвот на Шар Планина. Пиеш и си викаш, па добро со кои гомна ни ја мешаат водата кај нас долу?
    Па да, кај сме добри гомнојадци, па сега за полесно да ни оди јадењето гомна во желудникот, ни дадоја исцедени гомна во раствор со хлор.
    Ние сме тоа што јадеме.. и би додала тука И ПИЕМЕ!
    Ние сме гомна.
    Толку различни,а толку исти... сите смрдиме.
    Некои гомна само да ги видиш и автоматски сетилото за мирис ти создава некои ароматични халуцинации кои ти делуваат како барбитурати.
    Но, доста е за гомната.
    Да, се префрлиме на поимот бисер.
    Бисер во Скопје, Бисер-кинески центар, Охридски бисер.
    Бисер..
    Бисер..
    на кој му текнало имево БИСЕР!
    Навистина е епско.
    ...БИСЕР
    Bi Sir.
    Бисексуален елоквентен господин бара секс во тројка со брачен пар кој ги крши сите табуа на општественото живеење.
    Дискреција загарантирана.

    Некој ден кога ќе купам огласи, ќе напишам еден пост со најомилените млади и успешни девојки кои бараат спонзори за продолжување на студиите, мужи кои се сами дома, 50 годишни милфици незадоволени од сексот и затоа се спремни да платат за некој да ги вика Мамичка.

    Океј претерав.
    Кај и да одам истата работа.
    Сакам само побрзо да зајде сонцето и да имам мир и љубав.
     
    На Lepaaa, zhap4e, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не се чувствувам изиграно.
    Сеуште ми е жал за девојчето. Овој пат најмногу бидејќи вошки има.

    Кој лаже, тој краде, вошки има и на покрив спие. И поправ да не осети. Амин!
     
    На crazyinlove19, bittersweet, glamour-lady и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ооо јебем ти сљика аватарска безмозочна на пасење :rofl: :rofl:

    А ова со наташа што било, демек воскреснала сега? Ама нека не си ја провоцира судбината, така една тука што ја имаме на работа рекла среќа што не се омажив со тој и тој сега ќе бев вдовица(дека тој умрел), многу брзо умрел и маж и. Затоа нека не си играат со тешки зборови за лесни луѓе.
     
    На Divinebutterfly, Lepaaa, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.604
    Пол:
    Женски
    Ах! Не е лесно да си познат, секакви будали те манијачат :rofl: Се шегувам, на крајот сепак ми е драго што ја додадов за да спречам цела Фемина да ми тажи :wasntme:
    Размислувам ако ништо друго ќе си отворам детективска агенција.
    Него гледам на нет статија за најдобриот појадок на светот и какви се не убавини има ама па поубаво од зелникот на мама, пишиите на баба нема.
     
    На crazyinlove19, crazylady, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... Молам автограм млада дамо :$ ... Шерлок Холмс да не ти е чукун дедо? :^) :D
     
    На Divinebutterfly, zhap4e и marama им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    25.218
    Пол:
    Женски
    Хм,да ме просветли мене некој што е работава, ќе може?
    |(
    Ако е тоа што мислам, Боже, Боже..
    Јас па едвај спиев цела вечер, се ужаснував од тоа какви судбини има.
    Ц,ц,ц,ц...
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    До пред малце ја жалев Наташа, ама сега кога сфатив што била работата го жалам вереникот...на што налетал за грев! :lol:
     
    На lunicka, Peperutka90, BeYourself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Петооок, мисам редно беше веќе да дојде. :wasntme: Само уште 18 дена мислам дека, и распуст, јаба даба дууу. :dance:
    Во сабота, ќе гледам детска евровизија, среќа ќе биде од 12 земји, да бидеме на 11 место.
    Денес мислев дека ќе ми се симнеше срцето во петици. Мечка страв, мене дупло.
    Си спиев јас, незнам само дали беше на грб или на страна, не е битно.. И накај 4 и пол, слушам: Дииинг, Дооонг. Гледам, никој не станува, си викам, зарем само јас слушнав? Којзнае што се случило, се знае, за што ѕвонат навечер.. Или си викам.. халуцинирам. И почнав да се испрашувам сама себе, како се викам.. И после си викам: Како беше формулата за масен удел? Ќутам.. Море глупо, па ти и пред тоа не ја знаеше. Добро е ај, се свртев си се покрив од глава до пети.
    А пред тоа, си наместив аларм во 5 саат, за да учам, па си викам: Ааа, не учам, што ако ми искочи некој. :shake: И после, станувам за во школо, и скришно ја буцкам мајка ми со прстот:
    - Мамо, ѕвонеше некој прееска?
    - А стварно ѕвонеше? Татко ти рече, ми се причинило.
    - А кој ѕвонел?
    - Па сигурно некој наместо да запали светло, ѕвонел на врата.
    Уф добро е. А јас си направив 1.000 филмчиња во глава. :wasntme: :tmi:
    И да, сакав да кажам дека имав среќа што ми се погоди одличен клас. :f:
     
    На MandyLane и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    250.152
    Марамке, а се сетив на твојот пост кога пиша дека ништо нема на ТВ и дека ти е сомнително :)
    Кој детектив си, како знаеш да намирисеш вакви работи ;)

    Друго што сакам да кажам е дека не ме изненадува ова, јас одамна сфатив дека воздухот го делам со секакви пациенти :D .
    Среќа што не е заразно :lol: .
     
    На figgiMK и marama им се допаѓа ова.
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Вчера...Беше 1ви декември.
    Денот кога сииите дојдовме на форумов со намера да кажевме нешто, а кажавме сосема друго.
    Беа тоа цмиздрења, оплакувања. Можеби не беше до толку, ама така изгледаше.

    Внимание. Човечките болни умови стигаат далеку, само за трошка внимание. Само за тоа.
    А посебно кога не се способни со добри, енергични, оригинални постови да придобијат внимание, па ајде...
    Да, овој свет е виртуелен. Ама, зарем треба да се злоупотребува тоа што сме анонимни и што сме во вортуелниот свет?
    Пих. Не вреди. Веќе го придоби и вниманието, а и одбивноста.
    Да, придоби одбивност. Повеќе од некогаш.
    Болни умови. Боже мој.

    Се прашувам, до каде оди умов човечки? Човечкиот ум желен за внимание кои се претвора во апсолутна одибвност...

    А да ми го спречи расположението? Ха, кај го има тоа не разбрав.

    Ма бегај бре.

    ...

    И пак се навраќам на декември.
    Зашто е прекрасен.
    Зашто е ладен, а сепак ме топли.

    http://www.youtube.com/watch?v=QUwxKWT6m7U
     
    На bittersweet, Lepaaa, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Си ги занемаривме убавите моменти со туѓи, патетични.
    Како и да е, од пуста туѓа потреба за жалење, си ја запоставив мојата потреба за радување.

    - Одобрена ми е пријавата за магистерскиот труд. :nod:
    - Мама витка сарма. ]:)
    - Струга е сончева во доцна есен. :sun:
    - Си купив прстен-часовник за 10 миљарди. :cash:
    - Не сум на работа до понеделник. :whew:
    - На работничката во банка и се развикав да стане ако не е од работа. :fubar:
    - Направив неколку одлични семејни фотографии. :inlove:

    Повеќе од доволно има причини за насмевка и покрај недостатокот на соодветна половина, вишокот на килограми и пад на имунитет... и понеколку болни умови и живи битија мртви во душа.
     
    На crazyinlove19, LivingGlam, Doozy и 24 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Леле колку ја сакам темата каде се запознале вашите родители, ме разнежнивте колку убаво! Ах
     
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    сдк дека денес ќе си кажам се што мислев да си кажам и вчера а не го кажав заради ПОКОЈНАТА :D
    море уште си се чудам за тоа, до каде може да иде човечката НЕсовест :x
    Вчера си го дочекав најинтересното будење во животот, така малце како потресена :lol: рипам од кревет како нинџа, и одма телефонот во рака, му се јавувам на љубениот и му викам НЕМОЈ ДА ОДИШ ВО БЕРОВО, ЈАС И ТИ НЕ СМЕ СКАРАНИ НЕЛИ? и од другата страна слушам само :lol: :lol: ПЕПЕРУТЧЕ ДОБРО ТИ Е? А БЕ ОСВЕСТИ СЕ СПИЕШ хахахахах КАКВО БЕРОВО ДОМА СУМ ОД ФАКС СЕ ВРАТИВ. Е поголем срам не можеше да ме пукне, ќути барем пред него се изглупирав а не пред некој други. Да да нешто грдо сонував, и знам дека јас бев крива. После нормално и мене ме пукна смеа, али си го изедов бедот ]:) најпоштено :$
    Цел ден ми помина онака тралалајски, не отварав фемина зошто сите тажевме :fubar: , вечерта се видовме со љубениот, пак се лигавевме со Милка,се изнагушкавме, и се изнасмеавме за сабајлешната случка ( ма да мене сабајлето ми се плачеше )
    денес станав прилично доцна да не речам пред 15 минути, и знам дека денов ќе ми е повеќе од супер, прво ќе идам бабичка да си ја видам (пак ми е болна ;( ), ќе ја изнагушкам квалитетно за сите овие 3 дена што ја неам видено, после домче да средам некои работи, па ќе ја чекам госпоѓица Е да дојде кај мене, да се спремиме и вечер да идеме на настап на дечко ми!
    и не знам што ми текна на песнава денес али срдечно ја споделувам со вас
    http://www.youtube.com/watch?NR=1&featu ... Orc37wNUqU
     
    На crazylady, MacenceEna, femina11 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.