[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    17.626
    Пол:
    Женски
    Абе кравче, он мислел на дневница 3000 денари не на месечен надомест,ај еве и 5000 нека биде, за 1 до 2 пати месечно, од 5 до 10 илјади плата, само не кажал дали може советувањето генијалецот да го врши како хонорарна работа или ова ќе му биде како вработување.
    А и што се чудиме, па околу него се све генијалци, вклучувајќи го и него. Сигурно генијалци го советуваат да врши криминал преку ангажираните волонтери, кои работат за без пари, само храна и превоз а буџетот се полни со платата која треба тие да ја земат. И зошто бара генијалци кога веќе ги има, на клиниката има можеби 800 такви потенцијални генијалци кои одамна работат за 3000-5000 месечно. Нека направи тестирање, можеби ќе најде и некој со над 140 IQ, може ќе му се посреќи на некој паталец.

    Офф хаха ова сега го видов на он.нет

    Совршен кандидат за огласот со IQ 140

    http://on.net.mk/sites/default/files/statija/2012/11/08/dailygifdump25105.gif
     
    На kravce и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.762
    Допаѓања:
    38.717
    Пол:
    Женски
    ^ Јас само едно се чудам. 4 год беше во образование и за сите тие 4 год. не научи една реченица да сврзи. Знае да каже, ако претходно му напишал некој еден прост говор, и ако го прашаат нешто надвор од она што едвај го научил на памет, веднаш пелтечи и одговара дека на тоа прашање ќе им одговори другиот пат, зашто не му е спремно....
     
  3. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Колку што има добри и пријатни девојки овде толку има и девојки кој сакат да се истакнат, полни со негативност и секој одговор им е со цинизам.
    Па што ако некој не видел дека постои темата и ја отворил или прашал прашање кое веќе е одговорено?
    Па зар не може да се одговори убаво и смирено?!Зар мора со цинизам да одговориш?Па ако не сакаш да одговориш не одговарај па не си единстевена ти со цинизам ,ќе одговори некоја друга која е културна.
    Доброто понашање е култура!

    Се надевам дека ќе им послужи на некои!!!! :) :)
     
    На Miss.Ricci, danichap, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Остај тампон. А влошка? Нели има памук во влошката да ја впива течноста. Е, фино лепо си ја исечев влошката, оној најгорниот слој, го извадив памукот и си го избришав лакот. Завршена работа. :D
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Незнам каде оди овој свет со голема љубомора и завист меѓу луѓето.Неможам да ги сватам оние што среќата ја гледаат во парите а не личноста ,оние што мислат дека со парите можат се да купат ,а тие всушност се посиромашни и од луѓето кои просат по улиците.....немаат ништо друго освен празно срце,огорченост во душата и полни џебови..............
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    :D

    Минатата недела, бев во мал, ај да речеме, шопинг. Не е баш шопинг, ама не можам поинаку да ви објаснам . :D Си земав се што ми требаше, три работи, си платив, фала, пријатно. Отпосле видов дека во ќесето кога ми го пакувале, ми ставиле уште една работа плус, односно, наместо три работи, јас добив четири.

    На почеток, не знаев како да реагирам. Некои околу мене ме посоветуваа да земам и да ја продадам четвртата работа, иста беше со третата, секако ќе земев барем 500ка. Морам да признаам, не сум светица, се подзамислив на момент па и подолго, плус настрана имав друга 500ка, и оваа, оп, таман нешто ќе си купев.

    И ајде, дојде викендот, наваму, натаму, не бев во Скопје, дојдов понеделнички и јас решив, во наредна прилика - јас ќе го вратам тоа што не е мое. :D

    Ми текна како ми беше мене кога ме ограбија летово, како им беше на моите домашни и на баба ми и дедо ми кога ни ограбија пак некои работи.... И си помислив како ќе беше ако некој ми вратеше барем нешто, барем ташната. Не дека човеков ќе приметеше дека ми дал уште нешто плус, да се разбереме, ама чувството кога ти враќаат нешто што е твое, а по грешка си го дал, е непроценливо.

    Отидов денеска, вака и вака, еве, повелете назад.
    :o
    Мислам дека ќе се онесвестеше човеков. Се сомневам дека некој во денешно време би вратил било што, како и дека некој, некогаш, му вратил нешто дупло земено. :D

    За возврат, навистина си добив четврта работа, овојпат легално :D , мало поклонче, сувенирче, како да го кажам.

    Ептен ми беше мило што испаднав човек, нема да речам лош или добар човек, туку само човек, затоа што и човеците :D се денес реткост. Сакам да верувам дека секое добро со добро се враќа, кој дава и ќе му се врати, па еве, некој ден парот чизми или блузичките или шминките кои можев да си ги купам ако го продадев чудото, ќе ми се вратат дупло.
     
    На Mrs.Bass, Treki, Sanniii и 38 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    тоа тоа, 2 пати месечно ќе се збирале генијалците, по 3000=6000 денари. Голем приход за да си фрлаш интелигенција пред нечии нозе, за чисто да му го задоволиш егото, истиот да те погазува за да се покаже како мажиште. Туку, кој ќе ги плаќа луѓево? Ние секако |( Па без пари и памет може да му нафрлиме некое идеиче што да промени за да се развие здравството овај нели? За ваквите министри како дотичниот е само да заглават во здравствениот систем, чекајќи ред за снимање по 6 месеци, кошкање од сите доктори, 5 различни дијагнози и на крај да те испратат дома и да ти речат дека до психата ти е. Како нема да ти е, кога те сексаат од сите страни |(
     
  8. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Љубоморни луге на сите страни,а баш ме занима за нив
    си го средиле нивниот живот,а се мешат во мојот,како и да е не ги е*ам 2%
    како знам така ке правам :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Вчера баш имав ситуација кога на каса од гужва летнаа парите на една жена и недостасуваа 100 денари кои јас ги најдов доле, а она се расправаше со продавачката дека и дала додека другата негираше. Се вмешав и им ги подадов парите со објаснување дека ги најдов доле, а двете ме прострелаа со погледи како јас да сум ги земала. Па да ми беше тоа намерата најверојатно ќе си премолчев бидејќи никој не ме виде, но памет глупав и ограничен не размислува така.

    Ретки се оние луѓе кои знаат да ценат чесност и искреност, а кај нас уште помалку.
    Дузи ти си налетала на таков, јас ни едно фала не добив.
     
    На Monna.Monna, bittersweet, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  10. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    103
    СДК дека во последно време само на форумски игри скапувам |( Ко да немаа друга тема во форумов..Ама затоа еве се варти СУПЕРМЕН !!Да поткажам нешто ново :rofl: :rofl:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    17.626
    Пол:
    Женски
    На министерот за здравство, бројот на патиките му е поголем од бројот на IQ
    [​IMG]

    Извор-FB
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Знаете што сфатив? Дека јас можам и без конзумација на марихуана да си сторнирам. Можам да си гледам во една точка, прилично долго време со блага насмевка на лицето и да не зборувам, и да не мислам ништо. Не знам дали е нормално, но да ви кажам многу ми е убаво. Последно се ѕверев во ѕвездите. А тие толку близу чиниш може да се достигнат, ѕвезда до ѕвезда соѕвездие. Мали ламбички на небото, сум заборавила колку може најпростата работа на светот да биде најзабавна. Синоќа имаше преубаво чисто темносино небо, со мнооооогу ѕвезди. Кога вие следен пат ке налетате на таква глетка, заземете удобна позиција и само, гледајте. :)

    [​IMG]
     
    На DeMelo, Chica.Loca, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    СДК дека денот започна ужасно....
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Не сакам ексклузивна "Пепелашка" вечер како поклон за роденден, зошто ми е кога наредниот ден пак ќе се вратам во пепелта... Купи ми пример квалитетни тенџериња и тави, па да се радувам секој ден, што ќе ми е скапо парче облека или накит, со што ќе ги комбинирам, каде ќе ги носам??
    Кога се ќе ни е подредено, тогаш може да размислувам за таков луксуз, сега за сега редот им е на тавите :D
     
    На bittersweet, Springy, Oxymoron и 15 други им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.205
    Допаѓања:
    111.388
    Пол:
    Женски
    Е вака, сакам и јавно да се извинам овде, на сите мајки и трудници кои ги потресов малку со негативните постови, не ми беше тоа намерата навистина. Ако сте приметиле навистина ми се драги сите трудници и мајки, некако ми важите за најдрагата група феминки, секогаш ве пратам и читам, мислам дека знам да помогнам со некои постови, се надевам искрено дека е така. Обично сум весела и не пишувам во ваков стил, но не знам што ме натера да ги прераскажам овие случаи за кои никако не можам да пројдам преку муабетот на АИТ дека се рекла казала. Се извинувам милион пати и ветувам повеќе нема да ве потресам.

    Искрено AngelOfArh :(
     
    На Moira, MacenceEna и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  16. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас се викам Сара, ама комшијата кој ме тепа и навредува, врши притисок преку другите од зградата дека треба да одам во МВР и да си го сменам името. Баба му се викала Сара, а јас не сум му баба, па му ги повредувало чувствата. Упорно ме вика На Бранко ќерката, ко да немам име, ама тоа не му било доволно, требало официјално да си го сменам. Во спротивно немало да ми дозволи да пазарам во Тин
    екс и да се возам со автобус, ниту да паркирам пред зграда. Ми реков дека може да го цица, нека прави што сака, име не мењам. На комшиите им реков ако не ме ценат, нека не ми праат муабет, а за секој случај си носам палка, па ако улета комшијата, ќе го јаде.

    (ставете се во ситацијата на Македонија, па променете го името душмани предавнички. НЕМА КОМПРОМИС, НЕМАЛО, НЕ МОЖЕ ДА ИМА! Ми е гајле за Грција и за нивните чувства. Чувствата се решаваат по дома. Сами нека си ги решаваат домашните проблеми.)
     
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Зошто во неомври месец има олку муви?
    Ќе ме полудат!
    Битка биеме со мувите секој божји ден.
    Ги тепам со тепало (Јас си го викам Мув-теп) си ги собирам во една хартија и на крајот бројам колку сум утепала. :!: Секој ден си го соборувам сопствениот рекорд.
    Таман ќе помислам не останала ниту една, ќе седнам да одморам и ете ти ја, ми застанала на уво и бесрамно ми вика Ззз.. Тука сум, фати ме ако можеш! :devil:

    Најтешко е кога си во потрага по само една мува, па таа да ти се погоди најдосадната. Туф!

    :!: А да, толку ги имам простудирано и со сигурност ви кажувам сезона за парење им е, за првпат во мојот живот со еден удар имам утепано две муви.
    Си се парат на завеса, на прозор, абе каде ќе им дојде. Ццц..
    Мојава куќа стана јавна куќа за муви. :|

    Спреј? Имуни се, со Мув-теп процесот на истребување е долг и напорен. Друго чаре? :doh:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.846
    Ххах....
    Колку лажговци има во мојот живот,зошто неможам едноставно да ги избришам..?
    Нешто пто најмногу ме нервира се празни ветувања,а воедно и најмногу ме боли тоа.. :tmi: :^)
     
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Денес некако е пораздвижено во градов дали е поради питијадава незнам но убаво во кога градот има движење насмеани лица се движат по улица колку би сакала секогаш да има ваква позитивност не сакам намуртени и тажни лица но ,не зависи од мене убаво е чуството кога позитивната енерѓија надвладува навистина е супер само колку ли ќе трае?
     
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Започнува викенд, а еден од најинтелигентните писатели кажал вака
    “Intelligent people sometimes are forced to be drunk to spend time with his fools.” - Ernest Hemingway ^_^ Happy FRIDAY everyone :)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.