[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Си ја пакуваш судбата во едне куфер, бар да знаеш дека насвистина ќе ти донесе промени. Некако се плашам, ама шизик без ризик нема. Салеп е љубов, кој не знае нека проба, со цимет, или стопена алва уште поголема љубов. Завчера беше мраз, ама денес и вчера одличен ден за прошетка, сендвич со кинеска салата и буковка, мирисот на костени е не може да те одмине, ќе те удри и ќе му се насмееш. Зошто се' ме плаши не знам, ама ме плаши, се разочарувам од нешто знам дека нема потреба да ме разочара, ама ете.. живот, колку сакам само да е убав..
     
    На DeMelo, antonina, cigarce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Аххх,во 7 саат сега ќе морам на штикли :^) + да играм и скокам со нив? :sweat:
     
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Нешто недостасува, нешто не е како што треба... Уствари никогаш ништо не е совршено во животов, ама обично интуицијата не не лаже...
     
    На ilipili и cigarce им се допаѓа ова.
  4. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Среќна сум,ПРЕСРЕЌНА..Нека трае моментов, тоа сакам
     

    Прикачени фајлови:

    • happy.as.gif
      happy.as.gif
      Големина на фајлот:
      302,3 KB
      Прегледи:
      237
  5. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Ја пробав и првата цигара во животот.

    Одвратно нешто.Се почувствував како да ми се дуе во стомакот. :puke:
    Никогаш повеќе..

    *Заборавам веќе на неа си продолжувам со другите работи.Вечерва фино лепо ке си излезам на театар, па малку на кафе муабет со школските, кругче по Широк сокак и дома.
    Убав викенд :*
     
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ме загрижува моментот со бројката на самоубиства, 13 во еден месец, и се' млади животи! Страшно, бар малку да се сменеше волјата за живот кај народот и да Ви кажам право досадни ми се сите со ова IQ, е аман 834738947509284350234 испостирааа, тоа не е толку застрашувачки, како и она што денес го обајвија како статистика за 13 самоубиства за еден месец. Жално.. колку би сакала некој работи на волјата и опстанокот на народот, а сега идат тмурни месеци кои и те како влијаат на психа.. ах
     
    На Lilit, DeMelo и Extraordinary.girl им се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^Ниокогаш да не си пробала уште една,бидејќи ако се навлечеш и почнеш да си купуваш не стомакот, ами главата ќе ти се дува кога ќе видиш колку пари ти одат за нив.

    Сонував дека сум купувала чизми,соновникот на фемина ми кажа дека тоа значело некоја нова љубов,епа ајде да видиме.
    Бурен ми е животот во овој период и таман да се заврши некоја работа оп истата исчезнува.Се си мислам дека ме фатил некој малер.
    Викендот за жал ми е резервиран за учење,од една страна се радувам бидејќи ќе завршат колоквиумите а од друга се нервирам бидејќи можев да го искористам викендот за нешто друго.Ама тоа ти е....
    Отидов да пијам кафе,немам многу паметни работи за кажување :hai:
     
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Знаете, форумов ми беше како дрога. Немаше ден да не се оклучам и да не си чкртнам нешто.
    Дури моите ми велеа ’Аман, пак ли на фемина?’ .
    Ама, навиките ми се сменија. Почнав да се концентрирам на училиштево. Веќе два месеци ме нема оти имам многу за учење. Епа, иако со првите впечатоци се греши, сепак се битни, нели?
    Туку, мене денов не ми почнуваше без форумов.
    И сега уште ми недостасува.
    Сакам да биде како порано. Дури носталгија ме фаќа.
    Си велам, после ќе пишам - ама не.
    Ама, сега сум решена - БиЈу се враќа.

    Драги гледачи (читатели), почнува нова сезона од животот на едно девојче, ака, БиЈорселф.
    Better prepare.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, ilipili, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... имав можност да приберам едно школарче денес, со цел да му помогнам со ранецот, тежеше едно 16 кг со сите книги и опрема, момент кој не го сфатив баш, зошто толку ги кичмат дечињата на млади години, но нејсе... додека го чекав, внимателно набљудував куп дечиња, нивната радост, џагор и смеа, луди фацки и експресии, долги и хемиски нетретирани косички :D , па ми дојдоа сите некако мили, мали и кршливи, како нежни, бушави играчки.

    А моментот кога баба или дедо, или мама и тато ги пречекуваат и грижливо им врзуваат шалчиња и им помагаат со куфериве е веројатно хајлајт на мојов ден, што да ви кажам, се почувствував некако фино, мекано, dare I say - ко да збрбола некој мајчински инстинкт длабоко вкопан во мене... :?:

    ~~~
    Попусто се трудиме да држиме отворен ум и срце, да бидеме без предрасуди и стереотипи.
    Пробувам - и невозможно е.
    Некој проценува луѓе врз основа на надворешен изглед, дали облека, чевли, накит или шминка, друг го суди според вкусот за музика или филм, трет според начинот на кој се однесува кон животинки или дечиња, или и двете...
    Од каде да знаеме што му се крие на човекот во душата и мислите, што му е вкопано во длабочината, а што кажано на тишината (тишината сама нема да го рече во случајов)... во секој случај, една проценка бара труд и поминато време, а ние денес едното го немаме, а другото го чуваме за поинакви, навидум поважни активности.
    Запознавањето на некој човек од корен значи време, волја и дружба, па неретко брзо донесуваме пресуда, не давајќи шанса за втор впечаток...

    ~~~
    Одам да си го приберам подарокот во плик од баба и дедо. ^_^
    Мајка ми остана дома мајсторски да ми ја направи тортата.
    Се чувствувам како вредни пчелки да работат за мене, а јас играм по правилото - утре ми е роденден, денес ми е роденден, вчера ми беше роденден. :D
    Си имам 3 дена само за себе. ;)

    Пардон, 4, овој си го додадов бонус. :D

    И привидниот мајчински инстинкт и умните мисли за бан на стереотипите ќе ги удавам вечер во квалитетна капка алкохол.
    ;)
     
    На bittersweet, Neytiri, Mishela и 25 други им се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Брат ми бре . . . :?:
    Не знам како да го сфатам фактот што ме назначил за `наследник` ако нешто чувај Боже му се случи. Му викам: Како да изреагирам на оваа чест? :|
    Ми вика: Немам дете, ама те имам тебе.


    Не ни сакам на таков начин да добијам нешто што ти си го заработил. И аман со приказниве од типот: `Ама знаеш Цвете дека кога-тогаш ќе бидне и тоа, не сме бесмртни`. |(
    Татко ми дури се пофали дека уште одамна купиле гробно место до гробот на дедо ми и баба ми, мислам кои ти се тие муабети?
    Не знам како да ви нацртам дека не ми се збори за тоа однапред, ниту пак сакам да планирам и да правам фиктивни цртежи во глава за таква ситуација.
    На пр. зашто не збориме за тоа, што ќе си купам кога ќе фатам поголема сума на пари на спортска, а? ^_^
    Одма за умирачката се фаќаат. |(


    Ајде живооооо, за 2 месеци ми е роденден. :D
     
    На Mishela, anabel-a, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  11. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    [​IMG]
     
    На teddybear и Magnolija им се допаѓа ова.
  12. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Посакувам на зајдисонце, да јавам коњ. Да јавам на некој брег. Да се стопам со неговата слобода, чекор.
    Да ме носи кај ќе посака. Да го извалка мојот бел фустан. Неговата грива да се лелеави од ветрето, а топлиот воздух да ме гали.
    Слобода..
    Цел ден го поминав во кревет, гледав филмови.
    Не ми излегува од дома. Немам посебна желба за ништо. Само да одморам.
    Си заслужив одмор.
    :yawn:
     
    На Mishela, ilipili, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Имам фејсЗАПЕК.
    Неможам по голема нужда, или ќе си го сменам столчето ,или ќе си го деактивирам профилот.
    Да неможе човек да се испосере на раат |(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Јас ќе си ставам капа ладно ми е. Гајле ми е кој што ќе рече. Да се мрзнам па да кивам и да не станам од кревет? Не, благодарам. :)
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.205
    Допаѓања:
    111.388
    Пол:
    Женски
    Ах моите пусти емоции, многу сум емотивна бре мајке ми. Плачка сум, ме искараа и одма го обесив носот. А и јас па кај се маткам кај што не ми е место, се извинив, многу ми беше битно тоа, ама пак не поминало. И што да се прави од денов кој ништо не ми се прави. Да легнам да спијам не ми се спие, да јадам не знам што ми се јаде, да гледам филм не знам каков филм. Ми фалат луѓе, некои луѓе кои и не треба баш да ми фалат, ама не можам да си помогнам. Ми треба малку внимание, да не ме прашува многу а да знае што сакам, да ќути и да седи до мене, да ме бакне во чело и да ми рече дека се ќе помине. Запаѓам лека полека пак во депресија, пак зимава ќе ја поминам со плачките и нервозите, јасно ми е. Се повеќе ми е јасно дека е до мене, дека нема да се смени ништо додека не расчистам со себе нема ништо да ми биде како што треба. А знам ли што сакам, па јас не знам ни што да јадам денес а камоли кој да биде мојот иден потег. Ја маразам оваа неизвесност во мојот живот, ми недостига малку живост. Ќе биде, си се тешам, ќе бидат и големите промени во животот, ќе се смени се на подобро, или едноставно пак ќе премолчам и ќе почекам да дојдат тие подобри времиња. Картите како кули ќе се наредат и ќе се срушат илјадапати а јас со секое ново издигање ќе се кршам длабоко во себе, знаејќи дека набргу пак ќе се срушат, дека додека картите се заменат со цврсти материјали треба многу денови да поминат, многу разочарувања и издигања. Лош ден за дружење со мене, нека биде нешто тивко вечерва, некој романтичен филм и пудинг од чоколадо Можеби ќе успеам да ги удавам моите мисли во соништата за подобро утре!
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто песниве ми стануваат убави откако ќе им помине популарноста!? |(
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Уште кој остана шо не ме видел со Здраве на лицето??
    Ццц луѓево ваљда ги стефува мал инфаркт кога ќе ме видат цела со бели точки на лицево...роднини,комшии,комшики,па еве сега врвот,ме виде тој еден од Црвен Крст шо иде кај баба ми секој петок,демек нели како помош...и јас цела радосна си влегувам да видам дали баба ми го сварила чајот, со 3 кила Здраве на лицево и оп,ете го момакот се врти...па и уште насмеана му викам ееј кај си,добар...бруки живи...или пак летото,јас на пижами,со неиздепилирана нога,и се разбира пак со Здраве на лицево,одам кај комшиката да ја чупкам...и оп,еве ја стасува некоја нејзина другарка,и јас готово менувам бои...дури не ја ни дигнав главата да и речам на жената здраво,да не ме види таква,само набрзина ја ичупкав комшикава и ауф да ме нема...жената којзнае шо си помисли за мене,или па може затоа последниот пат кога ме виде ми рече дека сум била многу убава,оти тогаш немав Здраве на лицето :?:
    а и да не спомнувам до маалското дуќанче кога се прошетав таква,па уште во натре ме гледа една помала комшика,ама апла ме гледа,и си викам ја у памет,нека гледа,па има шо да се види :emo: ...и кога она си заминува и продавачкава ми вика Циа,сипаница да не имаш....кога ми текна каква сум се појавила и зошто типката шо стоеше до мене така ме гледаше... :tmi:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Дури сега сваќам дека имало многу нечовечни `суштества` кои е греота да ги наречам луѓе. Не им доликува таа позиција, а не да ми солат памет што и како. Незнам дали вреди, ама еден ден ќе се соочам со нив, и ќе им докажам дека сум илјадапати подобра од нив. ;)
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е само уште ова ми фалеше :sweat:
    психијатарот да ми каже дека личам за 10 години помлада од тоа што сум
    зошто? затоа што сум решила еден ден да ми се одморат лицето, очите од се и сешто
    НЕ СУМ СЛЕПА докторе, гледам :!: зошто се шминкам :fubar: ок сама си го барав :D
    и фала ти што ми кажа дека да бидам по женствена-најверојатно се мислеше на стајлингот сватив, и баш нешто размислував да сменам на мене ама ке видиме
    епа сори докторе, ама да се штиклосувам секој божји ден за да изгледам за моја возраст а невработена неможам :shake: па затоа најчесто и сум во патичиња :)
    подобро доктор да ти каже некои работи отколку некој си што ке го запознаеш па да ти изнакаже вакви работи па да се чудиш што те снашло :)
    прифакам критики, и ако некои работи ми дојдоа ко гром од ведро небо :D
     
    На Abeja и CIA им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Да не мислел психички, а не физички :wasntme: :tmi:
     
    На mims-89, bittersweet, PeaceLoveBasketball и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.