[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Толку многу работи сакам во Животот од Животов ...

    Сакам да патувам , да запознавам нови луѓе нови култури . Сакам да го посетам Њујорк , да одам во казино во Лас Вегас . Да остарам со некој , некој што го сакам , со некој да изградам нешто , нешто трајно . Би сакала да имам деца подоцно нормално :D да им пружам детство кое никогаш нема да го заборават , да ги подготвам за Животот да им давам совети да им ги бришам солзите заради мали детски и небитни работи . Да имам внуци да ја почуствувам староста . Сон ми е да си го гледам омилениот тим . Посакувам да можам да помогам , да пружам рака на кому можам колку можам . Да дипломирам и се вработам според струката и обезбедам се што сакав во секоја смисла на зборот. Да имам нешто свое , нешто мое изградено со моја пот моја работа , моја заслуга . Посакувам да го живеам овој еден Живот баш онака како одсекогаш што сакав .

    Но ...

    Се плашам дали ќе успеам дали овие планови и соништа ќе останат само тоа планови и соништа , замислени ама нереализирани . Здравјето пред се, се надевам дека Бог ќе ми даде шанса и време да си го остварам сето ова . Ме плаши стварноста т.е свесноста знаете некогаш е на одмет да бидеш свесен за она како стојат работите . Знаеш колку си далеку од целта , колку трнлив и долг пат те чека , и дека можеби ништо од ова нема да се оствари . Колку само луѓе познавам кои имале сосема поинакви желби и планови за себе а заглавиле во сосема поинаков филм , огорчени и разочарани . Од себе од другите и од Животот . Таквите реални стории и примери делуваат демотивирачки ама тоа е нажалот реалнота ... Ретко кој е способен , ретко на кого му се редат коцките онака како што посакувал . Идеален Живот нема , ама бар да може да го направиме поисполнет и посреќен .
    Живот дава шанса , ама не секому и не постојано . Се прашувам која е тајната кон еден подобар Живот мислам дека тоа е користење на секоја шанса . Насмевка , опуштеност на умот , добродушност , мир внатрешен мир и спокој . Како се чуствуваш одвнатре такви ќе си бидете и од над вор .
    Да имаше рецепт за успешен и среќен Живот онака како што има за омилената торта ... Ех... :!:
     
    На Moira, bittersweet, Chica.Loca и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.950
    Допаѓања:
    164.176
    Луѓе,ако нешто му се деси на хотел Бристол, ако го рушат,му менуваат фасади или не знам што, ако чуете дека гола женска го брани со своето тело,тоа сум јас!
    Едноставно не е фер! ;(
    Зошто го затвориле?! Зошто?! Не сакам!!! Не успеав ни да го душнам од внатре,ни да си направам приказна за себе!
     
    На LilBaby, Bozica1980, Waka-waka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    .. знаете што?
    МРАЗАМ ЛИГАВЕЊЕ ПРЕКУ ФЕЈСБУК!
    Неможам да поднесам пр. еден пар си оставаат сами коментари на слики, мече цуци цуцо срце душо љубави, добро вие 1 пат на 6 месеци се гледате, па преку коментари ке изјавувате љубов?? :x :x
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Ништо не е погрешно ако тоа те прави среќен!
    Си се тешам.. :|
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК значи ич, ама ич не сакам луѓе кои велат дека другите луѓе не чинат.А како тоа тие не размислиле за себе си, какви се? И зошто воопшто се трудат и си дозволуваат времето да им мине во нешто што стварно нема фајде.
    А и не разбирам, кој е тој човек што би одбил работа, а му е понудена? :^) Луѓето гледаат да заработат, а некои како да не им се работи |(
    Мислам општо и објективно.И така, што да правам, сега дојде ла инспирација, чат - пат ја има, чат - пат ја нема.Тоа е, поинаку, немат.
    И вака, така, ќе пројде и ноември, па декември, фамозниот до сега најмногу на свет, оговаран месец :D нели демек, ќе дојт крајо на светот, аха ќе дојт, кој за кого,како, немора за сите, наеднаш.Не за друго, тоа е реалноста, колку што мислеа странциве за крајот на светот, толку до сега ќе им помогнеа на други луѓе, сиромашни, некои што немаат леб да јадат, а камоли да се облечат, а со тоа самите да придонесат да не биде крај на светот.Ама ајде оди докажи....А ако чекаат да не мавне некоја планета, тешко нив, нема да дочекаат :D
    Сакав уште нешто да до(кажам), ама ми отиде мислата... :?: Ете додека е тука, иначе ко ќе замине мислата, оди па врати ја :D
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l, Cacy, DeMelo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Happy birthday to me ! :)
     
    На Monna.Monna, SparkyAngel, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Штотуку дознав дека како мала сум страдала од ХАГИОФОБИЈА! :wasntme:

    Дали знаете што е хагиофобија? Луѓе не ни знаат дека постои – страв од светците.
    Па, дали тоа значи дека хагиофобија е исто така и страв од Дедо Мраз?
    Судејќи според овие фотографии сите овие деца страдаат од хагиофобија – сите тие се смртно исплашени од Дедо Мраз.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Извор: popara.mk

    Патем СРЕЌЕН РОДЕНДЕН manja666
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не знам како да си го потрошам слободново време више! Не знам што попрво со себе, мајке ми. Од една страна сакам да се изнаживеам, од друга само да се одморам. Оффффф и ја се имам збудалено :lol:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе си добар толку повеќе на глава ќе ти се качат тоа е докажано..... :@
     
    На Chica.Loca, Ella.313, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Јас се здобив со сериозни пореметувања. Касно во ноќите, се изреметеувам.
    Почнува, да ми се јаде, да ми се пие, спие, оди во вц..
    И како зајдено дете незнам каде со себе.
    Отеков во очите, не се тргнав од компјутерот.


    Часна реч ја сам јео, пред 5 минута, али ево га опет. |( Како некое дебело, што би кажала една баба, ешно дете. Само да се бута. Бутај бутај како торба без дно. Како циганско торбиче. :D

    Ме грабна една мрзетина за рука, не ме пушта. Се излежавам како крава, преживар, на креветов. Дупка му оставив. Сунѓетов гарантирам, нема да се покрене после мене. 24-7 сум на него. Машала.

    А овде до мене, гледам едно калинче, едно заоблено румено.. ммм.. уште да не ме мрзеше да се мрднам, со се кора ќе го јадев. Додека не сум го голтнала копмјутеров од зевање, очигледно мојот мрзелив, масен газ мора да го мрднам до соба..

    Бидејќи оигледно по некој ден ќе станам вакво, дебело дете, ќе си земам и ваква маичка. Ако не сега, тогаш ќе ми стои :D
     

    Прикачени фајлови:

    • fat-kid2.jpg
      fat-kid2.jpg
      Големина на фајлот:
      233,9 KB
      Прегледи:
      380
    На kravce и The.Little.One им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе се толку несигурни во себе, толку патат од некои комплекси, што единствен начин да си ги подзалечат е да ги омаловажуваат другите, да ги истакнуваат недостатоците на другите за да ги сокријат своите. Колку ми се бедни таквите личности само да знаете, ама не поминува тоа кај сите, не драги. Ги има секаде за жал, неизбежни се, како пијавици, ама за среќа лесно се препознаваат.
    Па оној тип на луѓе што мисли дека со некоја цинична забелешка те погодил, ти погодил некоја болна жичка, офффф....
    Можете да се вратите во дупката од каде што сте излегле.
     
    На SnowWhite8, Chica.Loca, Gordana10 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Помислив дека се ке биде во ред но ? Но пак скршено срце и болка иако го заслужувам тоа но му поверував дека ми прости ....Зошто верував ? Јас сум само една идиотка и ништо повеќе
     
  13. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Добро Утро на сите. :)
    Конечно едно утро да ми измине без проблеми. Намерно денеска станав рано. Да имам време да си ги исполнам обрвските де. Ако станам покасно, накај 11-12 часот, бргу ми поминува денот. + тоа и комшииите се за ќотек. Уште сабајле кога ќе почнат на цел глас да зборуваат, не ни помислувај на спиење. :yawn:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Грлото ме кине,главата ме боли,носот ми тече,и ми се спие ама неможам да заспијам...не е сега време за да настинувааам :swear:
     
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    ЗНАМ дека сум досадна веќе со моите постови за колоквиумска бла бла бла бла блаааааааааааааа. Но! Морам да се исјаснам дека МИ ЗАВРШИ КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА! ОО ЈЕаааааа [​IMG]
    Сега,за неколку минути ќе го почнам мојот филмски маратон.48 часа со филмови и спиење. И пиење вечер. 48 часа мозокот на пасење. 48 часа одмор. 48 часа....Ме свативте нели? :D
    Искрено да ви кажам ми се допаѓа мирисот на алкохол после колоквиумска недела. Вечер ќе започнеме со текиличе, ќе завршиме со винце. (дури и испланирав што ќе носам во автобус додека се враќав :!: )

    Еуфоричен е мојов пост, после 1 недела стресови и нервози и учење, конечно време за здив.
     
    На Monna.Monna, 1209, Waka-waka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.731
    Пол:
    Женски
    СДК од вчера сум на диета.Значи по мој избор.Без леб и други благи чудесии и повеќе салата.После 18 часот нема јадење.
    уффф :sweat:
    Се сетив на мојата золва .Луѓе таа може во себе да нагнете 2 колбаси,пилешки стек,копан со карабатак,2 клипа пченка варена,кутлача салата од макарони, и за десерт да смачка 3 парчиња торта и да залие со 2 чаши кока кола.
    И пак вагата не и покажува повеќе од 55 кг.
    Кога би го имала нејзииот метаболизам ,само еден месец во годината,за доручек би имала фамилијарна пица со сите можни месни додатоци,за ручек скара со компир салата ,за вечера лазањи во мојата најголема тепсија.
    Да не мислам на јадење одам да се дрогирам со средствата за чистење.
    А вечерва има да го натерам овој мојов да одиме на плоштад да го тресам газот со Ана Николиќ и да завивам со Диви Јагоди.Ако ме одбие читајте утре црна хроника.
     
    На kravce, Moira, Neytiri и 15 други им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сабота, најомилениот ден од неделата, плус сама дома до вечер :rock:
    Уживанција :sun:
     
    На Doozy, pamelche и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    6.739
    Јас навистина незнам што се случува со мене, ама немам спиено ко човек веќе којзнае од кога. Т.е вчера, и така болна, кога станав за во школо во шест ипол и после кога се вратив од четири спиев до осум, и од еден до единаесет ипол. И пак зевам. Па, мајката, заради ова школо останувам по пола ноќ за да стигнам за да научам, и накрај пак недоучено, пак оценките многу полоши од минатата година а јас пак спиена по само 4-5 саати. И после 24 саати не ми се доволни за да се наспијам. Ама, и другарка ми ми вика, дефинитивно не ми чини нешто во стратегијава. Како во прва година сум била ем наспана, ем научена ем со супер оцени? Е ајде де, и јас си се чудам. Сега ќе пробам како што ми кажа она, и лекциите една по една сите ќе си ги учам на време, за да на полугодие поминам 4.00 а после е лесно, можам за уште 3-4 оценки да бидам и одлична.

    А искрено, да ме праша некој, дали ти учиш за себе или за твоите, не би лажела и би кажала дека поголем дел учам за моите. Зашто? Зашто едноставно, голем број од овие гимназиски предмети не ми се потребни за понатаму, не ми се воопшто потребни за професијата што ќе ја изберам. Математика, за која сум труп, сигурно ќе ми користат оние основните работи, ама физикава дефинитивно не ми треба. А биологија, историја, социологија и евентуално географија и хемија се предмети што си ги учам зашто ми се интересни, па макар имала двојка, јас знам дека за себе си знам и дека нема заради двојката да се откажам од интересирање и учење на истиот предмет. Туку, сега сум мотивирана да учам повеќе за полугодие само заради тоа што ќе имам да им дадам против-аргументи на моите за да ме пуштат на одмор ако речат дека не учам и имам лоши оцени, а да беше до мене, вака сум тотално разочарана и би ги оставила оценкиве такви какви што се.

    А јас пак, уште од сега си чекам лето. Сите ми викаат дека сум улава, и дека уште есента не почнала, ама брзо минува времево. Како за миг ќе дојде крајот на февруари, мојот роденден, март ќе се истркала како ништо, и веќе е април, рана пролет. Па после пак јуни и повторно слобода. Секој ден излегување, лудување, смеење и пеење :D , нови љубови и повторно затреперување на срценцето. :) А потоа, јули или август, одморче! :rock:

    Туку, кога сме веќе кај одморот, јас само што собрав една илјадарка и одма почнаа да ме чешаат парите во џеб и се нешто ме тера да ги потрошам на некое џемперче или кардиганче од Певекс, ама се воздржувам некако. Си викам, ако ако, ти потроши ги сега ама после твоите знаеш дека нема да ти дадат, и онака не сакаат да одиш, после сликај се со едно џемперче во Скопје, кога другарките твои ќе си уживаат во Струга. :D Еве, да дособерам уште 200 денари и одма ги претварам во евра за да не ги трошам и евентуално ќе ги дадам кај некој на чување.

    Одамна не сум пишала, затоа се расприкажав волку, ама мислам дека кажав се што ми тежеше последниве денови на ум. Останете ми поздравени. :*
     
    На Chica.Loca, pamelche и Waka-waka им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.472
    Се наспав конечно после долго време. И потпишувам со две раце дека најубаво се спие во поладна просторија. Под јорганче топло, а носот ладен :) Уште кога го видов сонцево, на среќата и немаше крај.

    Дома типична саботна атмосфера, сите на куп, се е разгаламено и се си е така фино и мазно...се додека не е :D Многу си се сакаме, ама по можност на кратки интервали или евентуално на далечина. Такви бурни карактери, не се пожелни на едно место.

    Причина плус да се спремам на брзина за доза фотосинтеза низ улициве. И нека потрае вака времево, барем уште една недела.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Се е кажано.. :swear:
     

    Прикачени фајлови:

    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.