[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Да сме пазеле денес што правиме во 13 часот и 14 минути, таму нешто американско поклопување, бла бла... |(

    Јас порано си легнав со намера порано да станам, затоа што осеќам грижа на совест за глупиот, уште несигурен дали ќе се полага ради малку чкљ професор, колоквиум. Моментот е што се разбудив точно во 13 часот и 14 минути :D , после спиени 12 и пол саати, и ме интересира дали духовно ќе се разбудам годинава, или можеби духовно се разбудив викендов. МОЖЕБИ се разбудив од мрзата, можеби отварам чакри, можда, можеби, кој знае...

    Ај ојдов пити да јадам. :hai: :makeup:
     
    На LilBaby, Divinebutterfly, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Толкав пост напишав за неправдите пред се, мудростите, вредностите, за растењето, учењето од она што ни го носи животот со тек на време, менувањето на перцепциите и сфаќањата за се околу нас, толку парчиња од својот живот споделив и моменти кои никогаш нема да ги заборавам, и таков пост што просто беше нешто од најдоброто од мене... и компјутерот ми се згаси.

    Сега, кажете ми, има ли потреба да пишувам за неправди? Ма не, и боље што се згаси иако го привршував моето дело, научив дека за некои работи што се толку јасни нема потреба ни да пишувам, иако сакав, баш сакав да се искажам во пост филуван со моменти од детството, и моменти од денешницава...

    само што ова, мислам дека никогаш нема да го научам.
    [​IMG]

    Суров е животот!
     
    На ell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.731
    Пол:
    Женски
    На Cataleya и sunfemina им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.950
    Допаѓања:
    164.176
    Мачорот ми се гали од лаптоп,моментално имам една бушава,сива опашка на екран,ама не пречи,слатко изгледа. И две ушиња што ѕиркаат.
    Ако се прашувам јас, цел живот, секаде би била облечена како џокеј и во пижами.
    И би пиела чај.
    И би сакала.
    Но,него најмногу.
    Ноември со електрични празнења и мазохистички судбини.
    Портокалова светлина.
    Осамено Скопје...
    Мене ми поминува. Почнува да ми е рамно,но малку сум разочарана. Ќе помине и тоа.
    Најслаба точка од сите точки е тоа што сум нетрпелива за едни работи,а крајно трпелива за други работи. А сакам некогаш да е обратно.
    Морам да се тргнам од некои луѓе зошто стварно ме дразнат,празнат.
    И така...треба да имам убава вечер,а не знам дали сакам,ма не знам ни што сакам од вечерва...
     
    На AngelOfArh, ell, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.432
    Се мразам себеси.
    Моментално.

    Ужасно се мразам.

    А знаев дека пак се вака ќе излезе.
    Сама сум си крива, по милионити пат.
    Ми заврши колоквиумската. Колку се радував на тоа некни! Ги броев часовите до последниот колоквиум!
    Добив супер поени по сите предмети, презадоволна.
    Наместо да се радувам на тоа, не, јас мора и тоа чувство да си го расипам.

    После 4 недели невидена со моите, јас место да си отидам дома и да си уживам со моите, јас останав во смрдливово Скопје за да си поминам време какво што немав во последните месец дена со дечко ми.
    Ауууф, која грешка!!!
    Ми иде да се убијам колку сум глупава!!!
    Ми иде да се треснам или фрлам од негде, оти мислев дека овој пат, бар еднаш, ќе поминам нараат време, без кавги или дофрлувања!
    Но неееееееее!

    Дотичниот нема никаков план како да го поминеме денов, воопшто ни не се замара, нему му е битно повеќе дота да си игра со другарчињата!
    Па ме прашува зошто плачам??!?!?!?!?!? - Плачам оти гледам дека курот не те боли за мене, гомно едно!
    Да сум го изневерила, или да флертувам, курвам кај ќе стигнам, па да кажам да, заслужувам ваков однос! Али не, и тие ваквите поарно се третирани!!!

    ПМС е во прашање, али вака више не оди.
    Јас не сум на пат најдена за било кој да се однесува вака со мене!!!
    И да, првенствено си се сакам себеси, па после било кој друг, и да, така и треба да биде!

    Се нервирам оти мислев дека ќе биде подобро, а не е.
    ПМСов е кучка!!!!

    А јас според неговите кажувања, сум најголема!
     
    На creshicka, Springy и Nymeria им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Чувството ко ќе ги завршиш сите први колоквиуми ^_^
    Дај боже да се сите успешни :angel:
     
    На Plavusa.17, Gordana10 и pamelche им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк сакам да направам некоја промена, да ја скратам косата така малку повеќе :?:

    Ми велат, дека кога човек нешто внатрешно не може да промене се менува надворешно.
    Сакам промена, било каква.
    Физичка, внатрешна...


    На подобро да е.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Понекогаш нависитина сакам да сум машко, посебно во оние денови од месецот.
    Знам дака можеби дебило и излитено звучи муабетот, ама навистина така се чувствувам.
    Некогаш е полесно да си маж, у секоја смисла на зборот.
    Помалку болки,маки, драма, а поише пари у џеб и поише време на располагање.
    Не дека се жалам, ама досадно ми стана веќе од некое женски проблеми и навики.
    Башка јас и не сум баш типичен припадник на женскиот пол.
    Никогаш не сум ни помисла како ќе изгледа денот на мојата свадба,што ќе носам, и секој детал од тоа случување. Додуша не сум ни фан на свадбата како случка, мислам дека може сосема поинаку да се изведе, барем во мојата глава.
    Ни еден од тие детали не ме фасцинирал, дури ни сега, одбивам да размислувам на тоа, и не го сметам за вредно губење на време,само второто, губење на време.
    Не читам хороскоп, се ужаснувам од помислата на тоа да ги окарактеризирувам луѓето по хороскоп.
    И не ми е ни битно што се во подзнак, месечина, и други тракатанци...
    Не сум фанатик на штикли, имам сосема доволен број, и не ни сонувам за плакар со над 100 пара на штикли.
    Не сум спортист, ама уживам во одредени спортови, итн, итн...
    Да се разберме не дека жалам што сум женско, ама некогаш не ги сваќам некои одредени типови на жени, и никако неможам да си најдам задничка точка со нив.
    Ми смета одреденото сваќање за поимот жена кој некој ужасно многу сака да го наметне во нашава земја и едноставно неможам да не изреагирам непријатно во тие ситуации.
     
    На Artemission, sweet-cherry, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не, не е ништо друго освен уште една ќари-пари фора!
    Избираат затскриени начини и се ставаат во улога на хуманитарци и цркви, нормално лажни, па им погаѓаат слаби точки на луѓето за полесно да им дадат пари. :envy:

    Ми ѕвони сабајлево некој на врата, јас уште сонлива се прашувам кој би можел да биде сега...гледам дома нема никој друг, се мислев и дали воопшто да отварам кога никој не ми се најавил. |(
    Ама ајде..решив да отворам и гледам еден човек во црно одело, ми тутна во рака нешто.
    Отварам, гледам верски календар и ми кажа нешто во смисла "Ова е подарок за Вас, од православната црква...".
    Го држам во рака календарот и го гледам човеков со прашалници и тој продолжи "Ако сакате, колку можете, колку имате..луѓето даваат..некој по 50, некој 100 денари.."
    Мене не ми е толку важен и потребен, но знам дека моиве по дома си зимаат околу нова година таков верски календар од некој од дневниве весници, сигурно и годинава ќе има...ама што е сега ова на врата?!?
    И се вртам зад мене, ми текнува дека синоќа некој ситнеж само ми остана во новчаник, не знам ни јас колку. Отварам и гледам 4 денари...
    Му викам "Немам пари извинете"...
    Toj: "Aма и ситни ако имате не е проблем!"...
    Јас "Во ред, имам само 4 денари ако ги сакате.." (му ги подавам)
    Тoj: "А НЕЕ! Јас мислев ако имате покрупно, па ќе ви вратам поситно" :^)
    Jaс: "Епа немам пари Ви реков"
    И тогаш смени поглед и ми вика "Eпа дајте ми го календарот, покасно ќе поминеме пак кога ќе имате" и ми го грабна календарот од рака и си замина.
    Каков "подарок" беше ова што да ви раскажувам, за помалце од 50 денари тешко дека некој ќе го добие :lol:

    Ах да :o ...требаше порано да сфатам! Убаво си имав изградено став и мислење дека повеќе пари на врата од мене никој нема да добие ни за "болни", ни за цркви, ни за празници, ни за ништо! Ако сакам, ако имам и ако можам има кај да отидам да им дадам на тие што стварно им требаат, а не на бесрамни измамници :!: .
    Дефинитивно на непоканети и ненајавени повеќе врата не отварам! :fubar:
     
    На EleMental, Monna.Monna, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  10. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Се ми е испомешано во главата.
    Зошто е толку тешко сонот да биде реалност?
    Се будам сега..Среќна целата,дека таткоми дома..Го гушкав во сон , плакав, го бакнував, му се радував..
    За да ме разбуди ебен повик и да ми даде до знаење дека тоа не е вистина.
    Ми недостигаш татко, ми недостигаш ,сега сваќам колку многу..
    Ќе ти дојдам на гробишта,ти дојди ми на сон..Гушкај ме така силно како преѓеска.
    Те сакам :'(
     
    На creshicka, Abeja, PeaceLoveBasketball и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Главата ме боли, боли ли боли...и не сакам да пијам апче за главчево, подобро е малце самиот организам сам да се справува, да се челичи...Класикава, незаменлива е, ужасно ме релаксира, вриштит Вивалди тука, убаини.... :angel: :music: Сега, што има врска ако пак некој се живцира од музикава :D :wasntme: Не само што знае да смирува, туку знае и да живцира :D Чудно е колку многу истата музика, зборува за минатото, колку може да биде самата инспирација за уметност итн., прекрасно чувство :angel: А мож и главчево ќе ме преболи, концентрирајки се на музикава :geek: Убав е животот.
     
    На ilipili и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Како да ти кажам дека не, немате совршена и најјака, непобедлива љубов како од стиховите на Балашевич што се утепавте од варање меѓусебно и на крај пак од немајкаде завршувате еден со друг, се искористувате, ви поминува меракот и си идете дома?
     
    На Hipster и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  13. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Нема бе, нема спас од вакви луѓе. :o Дал да плачеш ил да се смееш. :D Трагично и комично.

    Туку ај нека им е по ќеифот, јас ќе терам други правци.

    Времево камен, јас мислиш за Сибир се спремам да одам. А го сакам снегот, едвај чекам да заврне, сув снег под нозе да ми крцка. Уште да сум на некое планинско место, со убав поглед, покрај камин и чајче да ме згрее... Ќе си се филмам јас макар и на кратко денес... отидов да си пуштам филмче, некое зимско, ме фати носталгија за снегов... :angel: :angel:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Само едно сакам да кажам... Како што е Господ, никој не е.
     
    На Name, Glossy-girl, Annie.mk1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    13.287
    Пол:
    Женски
    Ги сакам оние искрички љубов кои суптилно и прикриено летаат помеѓу мајка ми и татко ми и по 22 години.
    Нивната утринска навика на пиење на првото кафе заедно, без разлика колку е рано или доцна, ми е посебна.
    Или кога мајка ми на татко ми му вика зошто не си ги истресол алиштата, а тој срамежливо признава дека е крив.
    Во мојов живот на прсти можам да избројам кога сум ги видела да се пољубат во уста, ама сакам и јас да имам љубов како нивната и почит како нивната.
     
    На ludoto19, innablood, Divinebutterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  16. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денес сум среќна цел ден се смеам без врска по мојата теорија си го продолжувам животот..
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... се гордеам многу со братот! Значи кое чувство го имам кога го гледам колку напреден е и колку соништата негови стануваат јаве. Среќна сум што неговата голема желба заедно со неговиот огромен труд го доведоа тоа ова ниво каде е сега. Светот му е на дланка. И уште помило ми е што сите имаат само пофални зборови, суперлативи за него. Може ви досадив, ама јас сум повеќе среќна и исполнета за него отколку за себе, зашто е уникатен. :) :inlove:
     
    На CaperucitaRoja, bittersweet, Name и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Пред проблемите до недоглед можеш да ги затвораш очите, но кога повторно ќе ги отвориш тие пак ќе бидат пред тебе... .
     
  19. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    900
    Нема ништо поубаво од цел ден поминат со внукичката. Ја обожавам!!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Прво полувреме губеа наште (за тоја шо ставив на ливче дека ќе победат), сега второ им ги дадоа 2 гола, сега уште еден барем и супер ќе е. Стискајте палци. :D

    Едит: Дадоа уште еден гооол :dance: :dance: :dance:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.