[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.731
    Пол:
    Женски
    Не дека е важно,и дека на некого ова ќе му значи нешто..
    Се повлекувам од форумов...
    Причината едноставна,не сакам никој да ми дише во вратот :bandit:
    Ви благодарам...и ве сакам.... :hai:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Скалата на возраста во последните години целосно е искривена .. Веќе не постои разлика помеѓу девојче од 12 години и девока од 19 години . Денеска кога видов на фејсбук едно девојче кое се имаше сликано со штикли , друго пак објавува статуси од видот : Погледни ме во очи и кажи кој кого изгубил , трета ставила слика изпрчено газе и тагнала некои си машки ..... Искрено ми се згади . Толку ли децата останаа без совет од своите родители .. Неморалноста постојано се зголемува а не ме чуди дури и ако почнат девојките на 15 години да се верат и венчаат .... Ако не се свестат лугето брзо ќе настане голема криза...... Жално е што многу малку родители се свесни што се прават нивните деца на интернетот . Им се восхитувам на родителите кои во денешно време ќе израснат дете кое ќе биде свесно за последиците кои може да ги остави.
     
    На Stoimenovska, La.Reina.Del.Sur и Lov3 им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    Луѓе за кои веројатно има посебно место во пеколот:

    1. Оние што пред 7 години купиле нешто од Манго или слична продавница, и уште ја влечат со себе истата кеса, зашто фенси изгледа, може некој ќе помисли дека секој ден си купуваат работи од таму.

    2. Тие што ставаат слики на инстаграм од себе, и ги тагнуваат со: girl, pretty, beautiful, smile, classy, expensive.

    3. Сите оние чесни и невини 20 годишни девојки што те гледаат како да си најголемиот грешник во историјата ако почнеш да зборуваш за било што поврзано со секс. Не дај боже да пробаш да раскажеш некое искуство. А најдобриот дел е ако сакаат да кажат тие некогаш нешто, и срам им е да го изговорат зборот секс. И следи некоја реченица како: Ејјјј Дарко и Марија вчера имале.

    Ми се повраќа малку од сите овие.
     
    На SparkyAngel и Oxymoron им се допаѓа ова.
  4. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Полека се претварам во друга личност.Сеуште сум многу емотивна,чуствителна,плачка,но не го покажувам тоа пред друѓите.Сите мислат дека сум храбро и силно девојче,девојче со самодоверба,ама јас се претворив во една обична кукавица.
    Признавам дека во овој мој краток живот направив мн глупости,бељи,гревови.И ете сега се борам со самата себеси,се покајав,побарав да ми простат,се извинив,ама довербата спрема мене сите ја изгубија.Сакам да можам да го вратам времето и се што направив да не го направев.Точно е тоа дека со тек на време болката малку се намалува,ама таа болка,спомените секогаш ќе останат.Секогаш ке остане еден белег.
    Сега сакам да продолжам напред колку и да е тешко.Останав без него,тој што ми беше татко,брат,пријател,подршка,ми беше се и ке треба мнооогу време да го заборавам,иако знам дека целосно никогаш нема да го заборавам,сепак треба да научам да живеам без него.
    Ке се борам за себе,за мојата иднина,нема да бегам од проблемите,туку ке ги решавам,да ги направам моите родители горди на мене.
    Денеска ми беше малку полесно.Излегов со другарка ми,се прошетавме,малку поразговаравме,се смеевме,барем на кратко заборавив на се.
    Ама ова е животот,каков и да е,таков е,мора да го живееме,сепак е еден и краток е.Сепак сум среќна што Господ ми дал живот и ми дал добри родители,среќна сум што имам покрив над глава и што не сум сама иако немам идеален живот,а не сакам којзнае што,само да биде тој со мене,покрај мене,ама ете го нема него повеќе,а јас иако сум сама,иако го изгубив,животот продолжува напред. :)
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Нема поубаво чуство од тоа да си цел ден со луѓе што ти значат... :)
     
    На EleMental, thelittle17 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    одејки накај Центар видов на сред улица згазено гулабче ;( и не е ова прв пат да видам изгазено животинче и така оставено душичка
    значи поголем ЗВЕР од човекот не постои :devil: :@
    да даде Господ тој што го изгазил да го изгазат него и да го остават на улица да скапува :!:

    што толку слушав гласини од секаков вид поврзани за салонот Никол, не ме исплашија воопшто и веке неколку дена се мислев дали да одам или не и ете денес решив и отидов
    ми отвори девојка вработена таму, сопственичката била на пат, и не е нешто посебно дури не ни личи на салон :!: -соработуваат со Авон за разлика од другите и приметив дека има затемнети соби-претпоставувам за што се. Да отидам на масажа, маникир, педикир, ЛПГ или сл ок, ама да работам таму-НЕ и точка а како што ми изгледаше вработенава не е од СК така да би ми звучело логично да ги тераат на проституција и се уште постои самопочитта и достоинството во мене кои ми велат дека нема што да пагам толку ниско за да ако ми се даде шанса да почнам со работа таму.
     
    На Dala му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк мислам дека и во очињата имам срценца. :wasntme:


    Љубов извира од мене ^_^
    Сакам вака кога сум среќна и исполнета од ситни нешта.
    Највредно е ова чувство.
     
    На kravce, thelittle17, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Во страшно ненормална средина сум израсната...се чудам како можам да останам волку смирена на овакви работи,мирно да гледам како почнуваат да си одат од дома,незнаејќи кога и дали ќе се вратат...или пак можеби навика,навикната сум на овакви драми уште од кога знам за мене,па веќе не ме ни потресуваат воопшто...и после некој ќе ми рече како може да си толку ладнокрвна,да не чувствуваш скоро ништо...епа како да чувствувам кога се што имам гледано од мала е како некој се расправа,се мрази,секој ден си посакуваат едниот или другиот да цркне,во средина каде што никогаш немало љубов,разбирање,почитување...

    you don't want to be like me
    don't wanna see all the things I've seen
    I'm dying, I'm dying
     
    На vendiii, zarah, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Не дека сакам да звучам ко Блер Волдорф или дека ја идолизирам, ниту сакам да звучам ко некој богат сноб, ама навистина, од каде тоа дека среќата со пари не се купува? Материјални работи не можат да те направат среќен или не се важи како среќа освен ако не е нели бакнеж од саканата личност, прошетка на дождот и слични такви поетски работи. И љубов со пари се купува, милениче со пари купуваш и таа љубов е стопати поголема и поискрена од било кој партнер на светот.
    Исто ко предрасудите за пластичната операција, или кога дебелите велат дека облините се секси само затоа што не можат да бидат слаби.

    Луѓево се преокупирани со прикривање и оправдување на наводно погрешните постапки, се замараат за прикажување во што е можно подобро и поневино светло пред светот наместо да си уживаат во себе и своите недостатоци, или барем ако не можат да уживаат, да се соочат и да си признаат. Површна сум/материјалист сум/дебела сум/преслаба сум/ваква или онаква сум, па што? Ако уживам во тоа, зошто би претставувал нечиј проблем, а најмалку мој.
     
    На EleMental, kravce, Monna.Monna и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Кој ќе гледа Europe Music Awards нека крене рака.
    :hai:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе нозе не ме држат.
    Станав во 12,излегов од дома во 12,30,да се видиме со една другарка тука во маало,до 1,20.Во 1,45 искочив да идам накај центар да се видам со друга другарка,да шетаме по продавници да си најде она фустанче.Отидов,се сретнавме,шетавме 2 саати.Се јавува друга другарка-и она ќе дошла.Дојде кога бевме во МекДоналдс,седеше со нас.Сите три отидовме накај плоштад.Таму ми се јавува трета другарка,ме прашува кај сум,они биле кај Бисер,сакале да ме видат.А ние планиравме да си идеме сеа.Таман.Еднава си иде накај дома,а ние две идеме накај Аеродром,се качивме во 3ка.Јас не платив карта.Другарка ми има слободна.Доаѓа контрола,прашува дали имаат карта,а мене тогаш ми текна дека уствари не платив.И ми вика ајде со мене симни се.Другарка ми таман да се симне,вратата БАМ пред нос.
    Си платив фино лепо казна(памет за друг пат.) 200 денари.
    Интересно,а ?
    Е сеа станува поинтересно.
    Другарка ми се симнала на следната станица и тргнала накај мене.Јас се качив во 5ка да си идам накај дома.Во моментот ми ѕвонат тие што не чекаа кај Бисер.Кај сте ?? :)
    Еве идам,викам,чекајте не,се искомплицира,ќе ви кажам.И ѕвонам на другарка ми и и викам чекај ме на МекДоналдс станицата,таму ќе се симнам.Она вика ја тргнав накај тебе.Ај се договоривме кај МЦ да се чекаме.Ја не се симнав кај МЦ,него кај Бисер.Се сретнав до другиве другарки,и тргаме по неа.И се јавувам,и викам кај си,а она вика-понатака од МЦ,дојдете.Отидовме скоро до 3 бисери,и алелуја се сретнавме сите.Ми се изнасмеаја и сеа ме заебаваат бре.А како бев нервозна...
    Е,се изнапишав.
    Интересна сабота. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Како е можно луѓето да ги интересира се за останатите а за себе не?Не ми е јасно што е толку интересно за да се чепка во животот на соседот,пријателот,да се зборува кој што кога со кого.Ах брее луѓе прво видете се вие па после зборувајте за другите.Да знаете дека никој нее совршен како што мислите вие дека сте.За жал повеќето од нас не го разбираат тоа и се ситат на грешките и несреќите на тие што се околу нив.Никогаш нема да ми биде јасна причината за тоа,но знам дека јас нема да дозволам да сум таква спрема некој бидејќи сум почуствувала на своја кожа како е па никому не му го посакувам тоа.Зошто некогаш не се стават луѓето во позиција како би им бил нив ако им направеле така како што тие прават? Ама нее егоизмот и користољубивоста не ги остава да постапат правилно и човечки за жал.Ехх за џабе се нервираме ние што не сме такви кога ништо не можиме да смениме,нив треба да им дојде паметот ама за жал некако тешко оди тоа. Не се правам некоја светица или кој знае колку добра личност да не ме разберите погрешно,никој не е совршено добар,туку само се водам низ некои свои правила во животот.Не сакам да навредувам и да се мешам во животот на другите без причина,а уште помалку мене да ми го прават тоа ама ги нема сите убавини нели?
     
    На Lepaaa, kravce и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да одам да наполнам неколку торби со алишта од продавница.Сакам да одам на пример на масажа,сакам да добијам и маникир,па да си се опуштам.Па на пример вечер да отидам во кафана,па од таму во некоја дискотека.Утре кога ќе се разбудам да се облечам да ја запалам колата и да ја фурам шемата.. Незнам ни што кажувам,ама едно знам,сите наведени работи би ги правела.Ама нема бре луѓе!
    Незнам кој дел од немам не е јасен м?
    Очајно звучам знам,ама пустото,сакам да видам живот бре,неможам повеќе вака.Неможам! Доста ми е ова,доста...
    Па и за учење имам вечерва,налет!
     
    На PeaceLoveBasketball, Trnche, EleMental и 9 други им се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Арно рекле...семејството не може да го бираш. Што ти се падне, тоа.

    Ете, јас завидувам на оние кои си имаат нормална комуникација со своите, што си функционираат најнормално. Би сакала да сум како нив.
    Стварно не сакам веќе нервози во врска со тоа, наполнета сум со бес. Пред секој можам мислам да бидам нешто, пред нив не можам. Не сакам да звучи некако филмски, како демек никогаш доволно добра за нив. Ама тоа е вистината.
    Џабе, бидете си свои. Родители никогаш нема да можете да импресионирате. За нив секогаш се што ќе правите ќе изгледа погрешно. Џабе се и оцени, и завршени три факултети пак ќе биде иста приказна. Ова не зборам генерално, иако можеби така изгледа. Ете моите се такви...
    Но најпосле ете, тоа си е мој карактер и јас поради вас не го менувам. Така да си знаете! Како што вие умеете да ме симнете најдоле што може јас повеќе не се разочарувам поради вас.
     
    На PeaceLoveBasketball, Ognenija, SparkyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  16. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Знаете шо ми рече вчера еден, хм, па не толку близок човек?
    Ми рече дека забележал голема промена кај мене. Му се чинело дека или се гледам црно, или немам никаква комуникација со луѓе. Јас ништо не реков. А шо би рекла, кога е во право? Во право е и за едното и за другото. Не знам зошто, ама да, последниве недели, можеби и месеци, не ме напуштаат лоши мисли.
    Се плашам да не направам нешто глупо, па после да биде касно.
    А чудно е како тој човек шо го гледам само 2-3 пати во месецот приметил дека нешто не е во ред со мене, а оние шо ме гледаат секој ден не.
    Како да сум невидлива, како сите да заборавиле дека постојам.
    Се чувствувам празно.

    Ми треба разговор со некој на кого му верувам, а такви нема. Чувствувам потреба да му кажам на некој за се` шо ми се случува во последно време. Не сакам се` да чувам во себе, не сакам повеќе да се повредувам, не сакам да ги кријам раните на рацете (да и тоа го направавив), нека исчезнат веќе еднаш, нека исчезнат и овие чувства, мисли. Не сакам ништо да чувствувам повеќе. НИШТО! :doh:

    Не е во ред да размислувам вака, посебно не за годините шо ги имам. Или пубертетот премногу ми удрил в глава, или сум психопат. Имам се, семејство шо ме сака, пријатели (барем мислам дека ги имам :?: ).. Ништо ме ми фали, а јас пак се чувствувам празно.

    Ми треба помош, а не знам од кого да побарам..
    Не сакам мајка ми да дознае за сето ова, таа толку многу верува во мене, а јас сум само идиотка шо незнае шо сака.

    Не сакам да биде вака повеќе. :shake: Не смее!

    И извинете за долгиот пост, и негативноста во него. Морав да се испразнам негде. :|
     
    На vendiii, Chica.Loca и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  17. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Сакам да живеам во осумдесетите.Тогаш да се родам некаде.Па да си растам така,убаво,без сите овие технологии.Па што? Колку поубав живот имале тогаш отколку сега.Да си растам во осумдесетите,тоа сакам.Ама во минатото враќање нема.За жал :?:
     
    На SparkyAngel, happY-smiLeY и blaa им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ах ако излезам вечерва пресеќна ќе бидам
    кој ме тераше цел ден да не се приберам,а што е најлошо немаја појма дека бев надвор од градот,а татко ми дознааал :|
    ќе ги видам сите светци сега
    Држете ми среќа ако не излезам тоа значи дека нема да присуствувам на роденденот на дечко ми;( ;( ;( ;( ;(
     
  19. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Колку е убаво кога ке погледнеш насекаде земјата покриена со жолто-црвенки листенца,кога се шири мирисот на созреаното овошје,кога ќе си облечеш топла облека и излезеш да сеташ по меката покривка на земјата,и се чувствуваш исполнето и среќно,чувствуваш како повторно да си се родил :) СДК секој нов ден носи нова приказна во животот :) :)
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Жал ми падна утрово кога ми текна дека ти залепив мастика вкоса :/
    Ама многу ме туркаше девојко ме однесе со се маса
    што да ти прам сама си го бараше :/
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.