[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Сите тие кретени кои ги познавам што не знаат да се извинат кога ќе згрешат. Ве жалам... и се жалам себе си што воопшто сум дошла во ситуација да бидам засегната од такви. Ако не знаете да се извините, не знаете ни што е љубов... до тогаш, ве молам не ја сквернавете.
    Стварно згрозено не можам да поднесам луѓе кои здраво не си ги прифаќаат и признаваат грешките... и уште и друиот виновен ќе го направат и нешто тука глумат гордост,некоја големина...извини,собери си го егото, се заплетка у него,се сопна, крш се стори море...
     
    На JoxyTheFreak, Hipster, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ти си тоа што си а не она што другите го направиле од тебе.
     
    На CharmedGirl и anabel-a им се допаѓа ова.
  3. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Toa и што најмногу го мразиш со мала мотивација може да ти биде најсаканото нешто.
    Проверено!Докажано!
    Пријатно. :!:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Долго време не знаев да дефинирам што е среќа.Кога ќе ме прашаа дали сум среќна, секогаш различно одговарав зошто всушност и не знаев што точно е тоа што ме прави среќна.Сега сфатив.Среќа е кога стоиш пред фонтана на желби, со паричка во рака, пробуваш да замислиш желба, ама баш ништо не ти паѓа на памет.Е тоа е среќа - кога имаш се што си посакувала и немаш што повеќе да посакаш... :)
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    оф душичка ти иако не те познавам жал ми е навистина
    баба ми беше болна од рак на белодробните крила, знам како е
    ако навреме и е дијагностициран можеби и ке се излечи(зависи кој дел од телото е заболен)
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Веројатно на некои личности никогаш нема да можам целосно да им докажам колку ги сакам и колку тие всушност ми значат мене во животот. Ништо не е комплетно без нив. Пуста празнина, дефицит на важни делови во сложувалката наречена живот.


    Какао со циметче, најслаткото јаболко на свет до мене и рандом песнички за убав почеток.
    Ги сакам овие понеделнички утра, особено кога сум ослободена од некои обврски.
    Да не ме разберете погрешно, јас многу сакам обврски! Го сакам секој вид на активност, ама верувам на сите некогаш ни треба растеретеност од некои работи.

    Ми фали хиперактивност, ми фалат многу работи.
    И знаете што? Ми фали и некоја еуфорија. Макар и онаа досадната предновогодишна :D.
    Китење на елка, растркалани по соба лампиони, светки колку ти душа сака и милион насмевки.


    И одамна немам сретнато топол човек.
    Некој кој со самата појава или речен збор ќе те ,,стопли''. Ќе те успокои барем за момент.
    Штета, баш штета. А колку би било се поубаво и ... поновогодишно :D.
    :^)


    Толку многу мисли, стандард расштракани...
    Колку само работи сакав да кажам и пак ништо не кажав и се осеќам недоречено :drunk:.

    И ве молам не ја лајкувајте онаа Лајла Грејс на фејсбук, цитатите и се ..... да не речам очајни!
    Џст донт си д поинт.

    Ноќеска сум ја сонувала Шилеа, пеела на Макфест една песничка. :rofl:
    Оф, боже, боже :emo:.
    Поздравче до тебе :f:.



    Живели за денов, вива ла шумеќи таблети!!!
    Без вас ништо.
     
    На bittersweet, Doozy, La.Reina.Del.Sur и 21 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Здраво :geek:
    Не знам како и што ќе напишам, пробувам да си го најдам моторчето што ми го стартува мозокот, но изгледа пропаднало во кафето. Ќе се активира кај и да е...
    Го сонував Џекс од СОА, овај Чарли Ханм, гол со пешкирче само на себе како ми се нуди. Видете, јас не сакам плави мажи, ама за Џекс си имам посебно место во срцето :wasntme: . И...го одбив. За да одам да се видам со другар ми. :x Сакаше да се видиме вечерта повторно, а јас се мислев. СЕ МИСЛЕВ БРЕ! :@ What is wrong with me :( Ќе ми се појави ли пак шансата? Ах бре Џекс, оваа моја совест ни во сон не се исклучува :doh:
    Туку, точка на неделата ми е, како да се скријам од друштвото за роденденот. Да лажирам болест, патување во странство, трудноќа...што и да е. :^) Дојдете ми денес, дојдете ми за 1 месец, 3 торти ќе ви дадам, ама оставете ме да си тмурнеам сама на денот. И така секогаш ми е за никаде. Она, апла облачен ден |( Ќе си дојдам од работа, во пижами директ, и во кревет. Нека замине побрзо.
    И трета работа, мили жени феминки, сакам да се тркалам во снег, да правиме снешковци чудни со брат ми, да го чистам снегот од патеката и да ми биде црвено на образите, а ладно на дланките, а во душата толку убаво, како да ја чистам самата од тешкотиите. И ќе се радува и М, најубавата (кучето :D ) како најмало детенце, со најискреното срценце. И стуткани во полумракот пред светлото на оганот, ќе ни биде тивко и мирно и убаво. Пролет е за љубов, лето за забава, есен за романтика, а зима за семејство. Зашто каде и да си во светот, најтажно е во Јануари да не си со семејството.

    И ете јас, пак ги избрзав месеците. Ми се брка Ноември побрзо :D Ноември, знаеш дека те сакам, ме будиш колку и да ти се противам.
     
    На DeMelo, julie77, slavica999 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Времето минува, состојбата не. Sad story.
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Утро, кутро.

    Кафе цел бокал и тапа чувство во гради. Кога сме кај соништата, Анабелка ме сонувала како пеам. Во периодов, тројца ми кажаа дека ме сонувале во различни ситуации и констелации. Енергија, се’ е енергија, кога ќе видиш.

    Сакав да кажам дека ми се оди на Метелкова, впрочем, ми се оди некаде. Ама срцево пушта љубовни писма за Јапонија и плаче, како никогаш до сега.
    Интима, истурена како кафе на подот. Па што. И онака, веќе ништо немам, а имам се’. Време и чекална на животот. Сите мапи се непознати, а мене ми студи. Задутре правиме година и три месеци. Знаеш? Па така, сакам да ме стоплиш. Како џез албум на Ела Фицџералд. Како шолја какао во студен декември. Како калчунки од баба, со две бои волница и две сонца во нив. Просто, истекувам од емотивната река и влегувам во некое ново море, непознато. Не ми се пишува она што треба, ами она што сакам. И некако, сеедно е. Крајот на светот можеби навистина наѕира. Ама не на оној апокалиптичен начин на кој мислиме сите. На друго ниво, од кое јас морам да се заштитам, зошто понекогаш сите болки на овој свет си ги нагрбувам, небаре којзнае кој шаман и гуру сум, а не сум. Обичен човек сум, со маани и проблеми, со размисли и мисли и предомисли и шишка ко Елвис Присли, и така натаму...

    Ми принедостига убаво расцветан цвет, во градина, да видам и фатам. Така пред некој ден ги милував жардињерите на улица Македонија, оние што ги ставија по пешачките зони. Ми треба таква, мека невиност да донесам во својот систем, кој закрчува, се пали и гаси, замира, па се крева. Уморно е тоа, впрочем, секој го доживеал.
    И ете. Ќош, и во него хартиено авионче. Го искарале зошто летало слободно, па сега одлежува казна со лет во место. Зборовите ќе останат недокажани.
    Да...
    http://www.youtube.com/watch?v=TWYoIoqJURA
     
    На TheCandy880, Lepaaa, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Не знам дали треба да ми пречи, или треба да се навикнам а не знам ни дали воопшто можам да се навикнам.

    Знам.. Сите ние сме различни, на различен начин живееме, секој од нас различно е воспитан..
    Некој попаметен, некој помалку. Некои со една, други со друга цел во животот, но сите меѓу себе отстваруваме некаква комуникација.

    Е да, тоа е она што изгледа дека не е комплицирано но е, е и тоа како.
    Странци да сме со мимики ќе се разбереме, не пак ние што си имаме ист мајчин јазик.
    Не е до јазикот, до паметот е.

    Едноставно не ми иде со сите муабетот.
    Некои се толку заморни, други "филозофи" невидени, трети косата ти ја креваат со некоја уличарска узречица која ја користат и каде треба и каде не треба, четврти се камелеони ги гледаш и одма се присетуваш дека гестикулациите и начинот на говор му прапаѓаат на некој друг.

    Сакам да кажам ЖЕЛНА СУМ ЗА МУАБЕТ!
    За еден квалитетен, искрен, НОРМАЛЕН муабет.
    Без преправања, глуматања, уличарски изрази и препи*авања.
     
    На DeMelo, julie77, srcka2002 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Добро утро. :)
    Сдк. дека ги сакам оние утра, кога сама се будам. Е тогаш ми е најубаво, без разлика дали е рано или касно, јас се осеќам наспана...
    Инаку вчера кај 10 саат вечерта, најдов цеде со слики од 2009 год. Тогаш сум истрижана до ушите, како Хитлер без мустаци сум. Абе се траќав на земјата од смеење. Сега кога ќе ми текне уште се смеам... :rofl:
    Ако соберам храбрсот ќе би ставам некоја.. :talk:
     
  12. Belieber15

    Belieber15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    88
    [СДК] Сакам да кажам дека треба да се бањам, а јас се смрзнувам.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека тетка ми од Србија ми кажа како се испитува нивото на шекерот во крвта-а на овдешниве матични доктори да им кажеш ,одма реакции ке има -па како тоа, па што ке ти е |( па затоа најдобро е приватно-од приватниве Адриа лаб го вршат тоа-да не ме разберете погрешно, ова не е обична лабораторија, ова е испитување на внатрешен шекер оти обичните анализи знаат да покажат погрешно се вика ИНСИПИДЕН, на клиника на времето го вршеле со конзумација на чаша шекер со вода, па на секои 30-60 минути боцкање :sweat: а во Адриа лаб е преку крвта-ако сакаат и цела крв нека ми ја земат, ама страв ми е од резултатите и тоа многу :worried: вчера цел ден на Медитација тоа го мислев, ама подобро е да знам отколку да незнам :!:
     
  14. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била на скапи летувања, или на зимувања, никогаш не сум имала тон играчки...Не сум собирала по 100 евра за сведителство, ниту пак сите патики ми биле марки...Не сум излегувала по најскапите дискотеки, не сум била по фенси родендени...
    Ама секогаш сум имала топол дом, и јадење на маса, цело лето сум го преседувала со братучедите, каде што во едно базенче се шлапкавме, или со баба ми што секој ден ми започнуваше со млеко и ѓеврек.
    Играв камај-камај, жмурка, брканица но со уште 20 деца...
    Сум добила многу топки од снег по глава, којзнае колку снешковци сум направила, и колку санки сум искршила...Пиев вода од црево, а не се разболев.
    Имавме толку малку, а сепак бевме среќни...
     
    На Ann.94, Doozy, GarpovaV и 31 други им се допаѓа ова.
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cдк колку ме нервираат луге што ти титкаат за ти да им се јавиш |(
    Aко сакаш да ме слушнеш јави се :envy:
    Hе ми се верува дека уште вака прават лугево...
     
    На Doozy, Kathlin и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк какви мисли имаш,таков ти е животот,значи бидете позитвни луѓе,а не само нешто мрчите :)
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Урбанизам и ренесанса.
    Урбана џунга. Чиниш светот ти се превртува, незнаеш до каде си стигнал.
    Ваму таму и онаму. Но, никогаш тука. Се чувстуваш како проголтан од некои идиотски принципи на водење успешен живот. А, времето не застанува. Ја гледаш таа џунга насекаде владее.
    Така за мене во овој 21ви век, студен ноемвриски ден 2012 во периодот урбанизам и ренесанса.
    Не ги сакам студените денови.
    Ниту боите на студенилата што следат.
    Ќе гледам пејзажи наоколу. Шарени, прешарени. Онака.
    Го пронајде патот до исполнувањето. За секој сончоглед сонцето различно свети. Во зависност од тоа каде се посадени. Во право сум, не?
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Вчера отидов со мајка ми на гости, се беа збрале луѓе кои се всушност од истото планинско село. Цело детство го поминале заедно на 1400 м надморска височина. Кажуваа случки кога било зима, сите седеле на лед, со нив имале 1 кило шеќер, си ставале во рака лижеле и се смееле, и кога една од нив паднала од ледот во река, колку сите без размислување рипале во реката за да си помогнат, наредна случка ме изнасмеа кога еден од нив фраер отишол кај баба, да си бара жена, а момиве го гледале низ прозор, и и' велел на баба: С дај ми една од твоите три ќерки, а баба му викала: ќе ти дадам стап ако дојдам по тебе, иди порасни па врати се. :lol: Па како биле овчарчиња, за блиски средби со волци, како оделе по собори и се тепале за женски, нивните патешествија до школото кое било со километри одалечено во соседното село, како јаделе леб и сиренце, како се бранеле едни со други, како собирале печурки и боровинки за да продаваат да спечалат некое париче, за љубови по сена, збаранети љубови, ма ме изнасмејаа. И на крај им некој рече: ех што сме имале?! Јас им реков сте имале ЧИСТО детство за кое можете да зборите, а што да кажеме сега расипано е се', вредностите поместени, децата осакатени оти мама и тато им купуваат диплома, им наоѓаат работа и се тотално неспособни да го направат самите, сега сме зтрупани во други, кримнали, опседнатости, компјутери, значи вие сте имале сe' што едно дете треба да има детство полно приказни, начин на живот кој ве натерал сами да се снајдете во животот, сте се спуштиле од планина, завршиле училисша, изградиле куќи, и родиле деца и сега седите овде после 40/50 години зборите и се смеете. Ете видете што имате.
     
    На mamma-mia, bittersweet, Doozy и 29 други им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Скратени часови по 10 минути и губење еден час. Оу јеа :rock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.