[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Огинот го запалив, ја грее собата, јас седам на стопот со едната нога испрчена, пред мене лап топот, штотуку подгреан компот од дуња, тетратки и пенкала расфрлани. Ги ставив задачките и решенијата математика да се спуштаат додека пишувам овде.
    Мразам физика. НЕможам да ја научам, не ја сфаќам едноставно.
    Мразам италијански јазик. Не ме влече, несакам да го знам. Знам да кажам дека имам убав телефон, да убав ми е, знам да кажам како ми е името и презимето и колку години имам и доволно ми е тоа од италијанскиот. Не ми треба граматиката глупава. Божем јас некогаш ако идам во Италија, ќе ме прашуваат мене таму грамитка, а . Како и да е, неверувам дека некогаш и ќе одам во Италија.
    Го мразам и наставникот по историја. Го мразам и фактот дека немам книга географија, па кога ќе ме скорне ќе ми пише ќец.
    Мразам и втора смена на школо, кога немам за ништо време.
    Мразам и тоа што и ова ливче спортска нема да го фатам.
    Многу работи мразам.
    Ајде доста, ми се симнаа задачките математика, ќе ги решавам сега.
    Ариведерчи.
     
  2. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Се ежам од убавината и пријатноста која ни ја нудат малите,секојдневни и незабележителни нешта.
    Денеска се ми причинува задоволство,се што слушам,гледам,мирисам и вкусувам.

    Многу значи,кога после напорниот ден,наместо да фаќаш автобуси за дома,привлечен од таа,неописиво убава,можеби и магична миризба на костени,ќе прошеташ и ќе го гледаш градот.
    Бучава,метежи,турканици,луѓе кои не можам да разберам каде брзаат,но сепак,на некој чуден начин,тоа ти дава чувство на сигурност и среќа.
    Како да си заштитен,меѓу таа толпа од луѓе,сите слични но различни,со различни проблеми и јадови,кои одат на различно место,на различен начин.
    А само јас уживав,во напорниот ден. Подоцна се почастив со топло чоколадо,одамна заборавен омилен пијалок кој го обожавав како малечко девојче.
    А и се чувствував како малечко девојче,кое не брза никаде,чиви проблеми,покрај гладните и сиромашни луѓе се незабележителни,како малечко девојче кое сеуште не го видело сивилото на животот,и гледа во сивилото на асфалтот.

    И да,нова сум на форумов.
    Се надевам дека ќе се читаме :)
     
    На Moira, kravce, Trendafilka и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Ми фалат средношколските денови многууууууууууу.Сите зафрканции со професорите,сите лудости после завршувањето на часовите,лакирањето по одмори со моите школски,сите забави за викенд со целиот клас,смеењето за мали работи,договореното бегање од часовите кога имавме испрашување, сите супер поминати пракси...........Средношколските денови се денови со најубави спомени.
    но за жал бргу поминуваат ;(
     
    На butterfly33 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Имам ѓаолски број на лајкој :devil: :D
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Колку и да пеат пиленцата на гранчињата на дрвцата, колку и да е небото сино, сонценцето жолто, а животот розов, кога ќе се појави еден од најголемите таленти во животов мој, за кој скромно можам да кажам дека негов најголем успех е моето створение, денот автоматски ми тргнува надоле, а притисокот нагоре.

    Не го можам и не го можам и не го можам.
    Крај.
    Посебно не кога ќе го видам двапати во еден ден.

    Абре кај што не го садиш, таму никнува со неговите глупости. Бреј, бреј, бреј, колку само самоконтрола имам да не му се изнадерам, да не му рипнам и да не го испретепам кога го гледам целиот смален и згрбавен, натчовечки напор вложувам ЖИМИ СЕ.

    Ме обезбеди човекот и овој месец со скапано грозје, полускапани калинки и моркови. Плус ми даде уште 160 денари, оти немаше ситно.... Кој родител е тој бре што нема на своето дете еднаш во живот да му рече, еве ти сине илјадарка, купи си нешто. Не не, немал ситно. Зема да ми дава ситни денарчиња, му викам не ми давај, молим те, ќе ти се најдат тебе повеќе ситни. Ми рече дека му дале 2.800 денари денеска, и мислам дека ме излажа - купчето со илјадарки имаше минимум 5-6.

    После, му текна пак, и пак се врати, па ми даде уште едно шише газиран сок. Колку пати да објаснам дека газиран сок не пијам веќе трета година, затоа што нели, не ми годи на системот. Ама не, јас не знам, он знае што е најдобро за мене. Мераклика сум си била по сокчето...... ООООООО свети Ѓорѓијоо, ООООООООО! Мисли си друже. Изгледа исто колку што сум мераклика и на калинки и моркови. |(

    Како можев да заборавам, се жалев дека не ме прашал дали имам чевли и чизми. Епа еве, ме праша кој број носам. Живо ме интересира каков модел ќе добијам. :D

    Така така, и јас еден ден ќе немам ситно да му дадам за леб, и за лекови, и за доктори. Го нагазиле годините веќе, не е стокилажен вол. Пу бе пу, пу пу пу пу! :envy:
     
    На ilipili, tigerlady, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  6. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Имам чувство дека никогаш нема да бидам среќна повеќе... веќе многу долго се измачувам :(
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Си ветив некои работи, еве едната не ми се оствари, се трудев ама изгледа не било доволно. Другата беше да не се нервирам и да не сум негативна, па штом не можев првото, ќе гледам ова второво да си го остварам :)
     
    На Divinebutterfly, rosebush, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Го знаете она чуство кога се смееш а не знаеш зошто?
    Е јас цел ден го минав така... Ама барем сватив зошто.

    Денов ми е полн со спомени. Слики, песни, алишта, дрангулии...
    И така ми текна на ланската Нова Година... Кога ради двајца типаци настана тепачка во цел кафич а јас деген разбрав после два дена дека тоа било поради мене. Се истепале за мене... Мхм и?! :^)
    Не ги сваќам таквите луѓе. Која им е целта? Не ме ни интересира, Бог знае колку ;]

    И денес решив да си го вратам мојот живот. Здравата исхрана никогаш не требаше да ме напушти т.е. јас не требаше да ја напуштам. Но не е касно за да ја вратам... :)
     
    На Libera, kravce, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ми се бројат саатите до полагање :o: , а мене книга не ми се фаќа сега :sweat: . Се друго би правела, освен да учам. :worried:
     
    На aaaaa и creshicka им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Не знам зошто...веројатно како кога сонувате нешто силно и толку живо, што кога се будите не сте сигурни дали било јаве или сон, ми искрсна од нигде негде страшно жив спомен од одприлика овој период од годината.

    Јас, во средно. Втора смена. И бидејќи се стемнуваше рано а историја имавме чинам последен час, гасевме светло и сакавме да ја исплашиме. Т.е. да си помисли дека сме киднале. Деца бре |(
    Тогаш сепак идејава ни се чинеше генијална и секако многу смешна.
    Со изгасено светло седевме мирни ко бубачиња подолго време затоа што немавме поим кога ќе наиде. Тук таму ќе се чуеше нечие кикотење, или другарка една ќе промрчеше - „абе дечки идиотски е ова, дајте да упалиме светло....“ на што идеше нашето „абе ќуууути таму! ќе не чуе!“.
    Па другар ќе пробаше да не исплаши со „бу ха ха ха ха ха...“.
    Надвор светулки од нечии станови, луѓето си кулираат по дома, веројатно со нозете на табуретче а ние заробени во клас чекајќи го „цветон“ да не испрашува, си молчевме.
    Имаше некоја есенска магија во тоа. Некоја топлина. Единствена грижа ни беше, ете токму тоа - како да го избегнеме испрашувањето. Или како да тркнеме до другиот клас и да прашаме кои прашања ги поставила.
    Или на која страна од дневникот се паднало да испрашува. Одпозади. Однапред, од каде?!

    Некни така собрани, ги правевме истиве муабети. Колку ни било у суштина е*ено добро и фактички сконтавме дека секое време си носи свои гајлиња, свои проблеми, но и свои убавини. Се изнасмеавме колку сме биле глупи во тоа време, а можеби и не. Па тогаш стварно беше проблем ако добиеш кец на испрашување бре алоооо!

    Сега се радуваме на секој нов прстен. На нов професионален успех. На ново меше. На некое ново постигнување...животно. Селење. Доаѓање. И сега е есен и свеќите или поточно греалките ме потсетија на оние светулки од становите карши гимназијата....само ние троа, поискусни. Во суштина сме истите. Само поголеми :) И ич не ни е гајле дали Ружа ќе испрашува :P

    Јас одам кон иднината без проблем. Но не би рекла дека спомените ме влечат назад. Напротив, со задоволство си ги носам со себе затоа што ме прават она што сум денес. Тоа е таа симбиоза кога минатото не ти е на терет. За мене лично е само една голема, животна гимназија.

    Пред некојси Велигден, не ми текнува кој, еден чика таксист не носеше во диско и помина од кај нашето школо. Со другарките подзаќутевме и воздивнавме „еј најубавото време“
    Чичкото таксист не поправи - „не е најубавото, но е највпечатливото...секое време си носи свои убавини“.

    Ептен, ама ептен беше во право.
     
    На Sanniii, antonina, Ariel и 23 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Колку е само реално ..малце ме замисли текстов во сликава
    Колку и да сме свесни дека треба да го живееме секој ден како последен и дека треба да пробаме баш се,
    треба да бидеме свесни дека никогаш не треба да си дозволиме еден ден да ги страмиме нашите деца
    затоа какви личности сни биле во младоста !
     

    Прикачени фајлови:

    • majka.jpg
      majka.jpg
      Големина на фајлот:
      29,1 KB
      Прегледи:
      409
    На Ella.313, La.Reina.Del.Sur, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Колку отсекогаш сум им се восхитувала на балерините. Не на оние само прогласените туку оние професионалните. Значи балерина во права смисла на зборот.
    Таа грациозност, извајано тело, силни мускулести нозе, прекраснотии. Знаете јас отсекогаш сакав да станам балерина. Таа ми е единствената неостварена желба. Сонот ми се сруши, поради фактот што многу е болно стоењето на прсти. Стално им се раскрварени, и тоа ме исплаши. Доколку ја прашате мајка ми нешто да ви раскаже за мене кога сум била помала, ке ви го спомене ова со сигурност.
    Жално е што знам дека тоа неможе да се случи никогаш а толку многу сакав/ам. Додека имате време борете се да ви се оствари она што ви е голема желба и не дозволувајте било што да ви застане на патот. Без разлика за каква желба се работи, колку да немате поддршка од домашните, вреди се обидете и покрај фактот дека има 50-50 шанси да сте успешни. Мене конкретно ова ми е желба од детството, и не знам дали би била успешна во тоа, и за жал нема никогаш да дознаам. :worried:

    [​IMG]
     
    На Mishela, cinderella5, antonina и 11 други им се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Во животот треба да бидете упорни, на пример како луѓето што праќаат барања за игри на Facebook...
    Пих!
     
    На cinderella5, Magnolija, antonina и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Мислев супер е што се сеќавам на се и кога се карам со луѓето се им кажувам па се чудат на моите способности за меморирање све и свашта... ама не. Не е, за мене болно е, тешко е, подобро да не се сеќавав на се, често сум посакувала некој ден да добијам амнезија и да ги заборавам сите и се. А често па и да добијам таква специфична некоја амнезија да се сеќавам само на тоа што ќе посакам, на убавите нешта, а лошите да ги заборавам. Ех, да можеше така...немаше да се мачам вака.
     
    На Trendafilka, Miss.Ricci и marama им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Љубезните продавачки во Македонија се вид во изчезнување. Треба да ги заштитат со закон! :!:
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Толку ми убива сива маса и толку ми убива лезет кукумјачење по бивш дечко...не можам да ви опишам колку. Од една главна причина,зошто глупава женска главо ТОА НЕ Е ЉУБОВ, тоа е потреба за себепотврдување!
    Особено зошто он ја откачил неа или се себеиндетификува низ него... па онда рика да ја прифати, за да ја валоризира соодветно и откако ќе ја постигне целта, по куса постапка те некој месец, неа почнува да и биде досадно, да не сфаќа кој курац бара у врската и да ја укакува и пак да прави драма!
    Ко она, користење на фрази и понашање кое би било прифатливо за тој бивш дечко. Ма дај... МА ДАЈ... лејм. |(
     
    На TheCandy880, sadangel и Bianka им се допаѓа ова.
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК после напорен ден сонот од неколку часа беше прекрасен
     
  18. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    За една недела мојот омилен бенд настапува во Будимпешта, а тоа е најблиску што се приближиле до Македонија, и мене ми требаат суви 9.400 ден само за настанот (со превоз и нокевање) 8)
    Одлично!
    Уште да најдев 10.000 денари што ми се онака...одповеќе во џебов, и плус да додадам дека треба да се прехранам а и да имам онака кеш за не-дај-Боже....
    ООоооодлично! ;)
    :headbang: :headbang: :headbang:

    А да, и немам пасош :!: сеуште....па додади уште плус пари за итната постапка на изработка на пасош
    :headbang:

    А им ги знам сите песни, сите текстови, сите снимени спотови....имињата и презимињата на сите членови.... ;(
    Whyyyyy? ;( ;(
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.214
    Допаѓања:
    111.422
    Пол:
    Женски
    Собава е ко да паднала бомба во неа, да беше мајка ми тука со сигурност ќе го кажеше ова, ама со сигурност. Битно е што и во главата ми е хаос, за тоа е виновен дечко ми, дефинитивно. Смеј се ти миличок, ќе те насмее еден ден мојата насмевка. Сега единствено што ми паѓа на памет е да му ја легнам во кревет, покриена преку глава и да заспијам ама да спијам до утре сабајле, а утре сабајле да биде пак како вчера што беше. Аман, имаат ли луѓето осет, вие директори во кожни фотељи, за вас зборам! До кога ќе се однесувате како морони?
    Го имав најпрекрасниот викенд на свет, и знаев, ама сигурна бев дека ќе пукне тиквата, не многу касно, денес, само денес. Додека мислев дека ипак има надеж и за мене така фино си паднав на чименто што за малку не искршив коски. Знам дека не е до него, знам дека си ја сака работата, ама до толку па да се запоставувало цел надворешен свет заради една проклета работа. Испити од магистерски неположени, социјален живот во колапс, планови со љубовта на мртва тачка... Колку си ти успешен човек си се запрашал ли љубов моја, дали границата на успехот се бележи со завршени проекти на работа, чукања по рамо од намќорон во кожна фотеља, непроспиени ноќи и прокоцкани викенди. Успех е да создадеш семејство, да ги поканиш пријателите на скара во двор во сабота попладне, да ја однесеш саканата барем еднаш на романтична вечера, да прочиташ нешто убаво за твоја душа, да ги расположуваш твоите блиски, да ги постигнеш успесите за кои си сонувал, и сето тоа во слободното време од работа, која исто така те прави успешен, но само доколку ги има и овие претходниве, инаку си човек робот кој не знае што е живот, кој нема никогаш да дознае што е успех бидејќи нема да може да забележи кога ќе пристигне, ќе биде преоптоварен со својата работа.
    Сите бонуси на овој свет, сите покачувања и сите тапшања по рамо нема да ми значат ништо кога ќе легнам вечерва пак сама, без тебе, во ладнава соба. Мојот бонус ќе биде твојот бакнеж за добра ноќ, прегратка во среде ноќ и добро утро кога ќе се огласи алармот, мене парите не ме прават човек.
     
    На cinderella5, kravce, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Од сите краеви највеќе го сакам оној на колоквиумската !
     
    На cigarce, cinderella5, SparkyAngel и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.