Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Си се смеам во себе,ете тоа сакам да кажам....и истовремено :clap: мислааааааммм,бравоооо.Ке се препознаат дотичните.

    Инаку денот нека е проклет,не ми е убав. ;( Еден куп грижи имам ,од каде ли да почнам.Овој пат ке си ги задржам за себе.Мило ми е што со мачето мое се е во ред,само тој ме подржува во се.Љубов е не е шала,така и да продолжи...Си го сакам тоа е, а и тој мене де. :*

    Вечерва чуствувам ке бидам како зомби.Не ми е до смеење ниту пак до радување,има причини за среќа ама не мои...нека им е со срека ним.Навистина нека им тргне работата.

    А јас....јас сум невозможна.И тој ме знае,само што не ме кара. :|
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Девојки, ајде да не полниме повеќе офф-топици за ова, бидна што бидна, доволно е, да продолжиме понатаму со темата како што си беше, зашто пак ќе треба да се заклучи вака.
     
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Девојчиница мили знаете колку се радувам кога ќе видам како некоја ме позздравиллааа во сп ех како мало дете на рингишпил.
    Сите ве читам, а некои си ги сакам повеќе што да прам имам омилењаки не ме карајте ,тој што вика дека нема ЛАЖЕЕЕЕ ајт создравје
     
  4. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    СДК дека сум фасцинирана од турската музика...се заразив, дали е од серииве, дали јас имам нешто турско во мене можеби од тоа што сме биле под турско ропство...незнам...знам дека многууу ми се допаѓа музикава.
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Петок. Секогаш се радував на овој ден, а денес и не ми носи некоја голема радост. Потребен ми е одмор. Голем одмор. Понекогаш сакам да избегам од тука, да бидам малку сама, да размислувам, да се журкам, да пијам, да се глупирам. Сакам да се вратат некои моменти кои ги доживував во минатото. И да, не е крај на свет знам дека можат повторно да се случат, но исто така знам дека нема да се случат со истите тие личности. Во нашите животи постојат ветрови донесени од судбината, тие дуваат кога најмалку очекуваме. Понекогаш имаат сила на ураган, а некогаш само ќе не погалат по образот. Во секој случај, не можеме да негираме дека тие постојат, затоа што често ни ја носат иднината која не можеме да ја избегнеме.

    Животот е како река кој никогаш не се враќа. Понекогаш е голем, понекогаш е мирен. Крилата на животот ќе летаат, некаде, некако во вечноста. Животот никогаш не умира, твоето срце, врз твојата душа. Слободно како ветерот, смирено како длабокото сино море. Животот сеуште e бесмртен во средината на светот и твојот ум!

    :(
     
    На Elennaa и girl.23 им се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    СДК БЛАГОДАРАМ...

    Од кога искрено не сум го слушнала овој збор....
    Секој ќе те искористи и треба да се радуваш ако добиеш едно тивко изговорено `фала`, ради реда...
    Луѓето заборавија и на ИЗВИНИ и на БЛАГОДАРАМ.

    Еве, јас ви се извинувам на сите ако некаде со мои постови сум навредила некого....и велам благодарам до сите кои искрено на било кој начин ми помогнале на овој форум.... :) ;)
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    4.596
    После недела полна со колоквиуми, денес, после колоквиумот МАКСИМАЛНО го искористив денот а и сонцето... Мора да признам, умот на фемина ми беше :lol:

    Девојки, имајте убава вечер.. И после она вчера, само ќе кажам дека заедно сме посилни!!

    Ве љубам :l:
     
  8. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека цела ноќ не сум склопила око.
    Ми шушка нешто на тераса, кучево извади глава од под ќебе и почна да лае и мене толку ми треба, кога ме фати еден страв.. Се пикнав под ќебе и ќутенката, абе не се помрднав. Пак нешто шушка, си викам- леле готово, судениот ден ми дојде.
    Mи тропка некој на вратата и ја тука се мочам од страв, ја земав бејзбол палката што ми е во соба, на прстиња одам и ја отварам вратата нагло, ко на филмовине и правам фаца крш(поубаво е објаснето у спојлерот)
    [​IMG]

    Мижечката мавам у празно со палката и слушам ми се смее некој, ама здраво се изнасмеа, хистерично. Тоа да ти бил татко ми.
    Се вратил порано од пат и се обесил на тераса со мечуле бело, големо колку него.. Сакал да ме изненади.
    Во истиот момент баталив и срам и се, му се обесив на врат и двајцата паднавме од тераса.
    Ама, пустиот само тој настрада, јас бев фактички врз него. И целиот тој момент проследен со лигите од кучето што ми седи надвор и мајка ми на врата со сукалото. Па кога почна да вика и таа да го гушка.

    Комедии бре, или трагедии... ?
    Лудо ми е семејството, ги сакам.
    Смотани се и на моменти се расправаат, се навредуваат без да размислат.. Ама се додека се сакаат, ајм гуд! 8)
     
    На Shelea, BeYourself, Abeja и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.573
    Сдк проклето одвратен ден,ќе си се пикнам во куќарката да не ширам негативна енергија,пошто стискајќи се цел ден више почнав да пукам по шевови!
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу се радувам кога ги гледам резултатите од вложената работа. Сите 5ки, добро, ама денешнава што ми ја стави денес во дневник математика ми е најмерачка од сите, морам да признаам. Математика 5. Најмногу и се радувам, зошто најмалку време посветувам на математиката, а пак имам 5. Ми го разубави викендот во кој имам мноооогу за учење и ми даде мотивација :D :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Човек да неможе да ужива во петок и во престоечки викенд. Сета смеа ќе ти ја истераат нa нос. И тоа се оние "шефови", новопечените, кои без тебе не знаат ни во тоалет да отидат.
    Па уште и нови мерки работни од понеделник ќе имало, слични на диктатура, мислам дека ни доручек ќе несмејам да јадам, бар така доаѓа. А за неа сигурно не важи она шопингување во тек на работното време и каснењето на работа. Дека она е шефица со стаж 1 месец повеќе од мојот нели :devil:
    уфффф ми доаѓа да си соберам парталите.

    Али добра вест имам. Не ми бил згрешен бројот на цв-то. Конечно бев на интервју и одам од понеделник на пробна работа. Една смена старата работа, втора на новата. Па чувајте ми среќа, време е малку да ми се насмевне во професионалната сфера.
    Тоа сакав и да ви го споделам вчера, но место среќа јас тагував тука. А денес се чудам и мислам дека лажните слики во модни критики се сосема нормална појава, спрема останатите психопати кои постојат на светов.

    Ќе уживам во викендов, ќе денсам со новото фустанче, ќе пишувам труд којшто е при крај па дај боже да го предадам наскоро и да стекнам нов префикс пред името, кој сепак ништо не значи и џабе ми е во државава. Ама да се рече дека го имам нели.

    Имајте убав викенд и вие феминки кои вчера увидов дека сме баш како едно големо семејство. И во тага и во бес и во смеа.
    [​IMG]
     
    На LivingGlam, BeYourself, Miss-Independent и 16 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    СДК - денов не чини. Не чини ни мојата тастатура. Не чини ни тоа што цел викенд ќе го поминам со оваа. Не чини ни маусот.

    Не чини воздухот. Не чини здравјево. Не чинат финансииве.
    Не чини една промена што ќе се случи викендов. Не чинат чувствава мои.
    Чинело, не чинело.... Гураме
    И зборот „Чини“ не чини.
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Да се крстам со две раце, фала богу што дојде струја. |(
    Цел ден нема еј, цееел ден. Смрзнавме дома!
    Среќа што ние се грееме и на струја и на дрва, а сироти оние што само на струја се греат. :worried:
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    ^ Ќути, комшиќе. I was about to say that.

    Смрзнав, уште не може да се стопли. Па и без тв и пц не се издржува. Мразам кога нема струја, мразаааааааааам!

    И, што беше финтава, воскресна Наташа?
    О, Нате, Нате, ќерко божја, ние треба да сме среќни што те имавме тука и што можевме одблиску да ги видиме твоите проповеди. [​IMG]
     
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    СДК....конечно дојде викенд :whew: Мислам дека 55, а не 5 работни дена имаше неделава.

    Кај да е, ќе пропушам. Жими све, ќе пропушам. Почнува веќе да ми пречи да бидам дежурен пазач на канцеларијата. Пошто нели, јас не пушам, и автоматски не ми треба толку многу пауза како на другите. А „другите“ се сите колеги и колешки од канцеларија, сите до еден пушачи. Таман ќе најдеш време од еден тон обврски до ве-це да отидеш-секунда пред тебе станува колешката и и вика на другата: „Одиме на цигара?“. И ај враќај се назад и чекај си. Во меѓувреме се јавува некој шеф или раководител, и бара одредена информација од тебе, т.е. те заглавува со работа минимум половина час. И додека колешките си пушат и си го прчат тоа што го немаат, ти се забавуваш со она што ти дале да го сработиш. На сред работа се враќа колешката од цигара, и се чуди на тоа што ти го дале. Ама да се разбереме :!: , само се чуди, не помага. :devil:
    И таман си завршил и мислиш дека нема да можеш до ве-цето да стигнеш, ја викнале колешката (пошто ти си имаш обврски) нешто до горе. Или до доле. Ватевр. И пак не можеш да мрднеш. И се враќа конечно колешката после 45 минути, ти ја чекаш со низок старт пред врата, а она влегува со муабетот (накај другата колешка): „Ќе одиме на цигара?“ :devil:
    Добро секојдневие имам, нели? :^) Или само така ми се чини?

    Да се разбереме-немам апсолутно ништо против пушачите-АМА ПРЕТЕРАВТЕ-ова се однесува на милите ми колеги и колешки од канцеларија. Навистина почнува да пречи. Се осеќам малку дискриминирано што сум непушач. Ама ова е нешто што ми се случува долго време, па гледам дека добра варијанта би ми било да пропушам сега на стари години. Башка може некое килце ќе симнам... :wasntme:

    Ај да не биде само мрчаторски пост, зашто не сум мрчатор-пресреќна сум што е 2-ри и што после долго време ќе видам една мнооогу драга и посебна личност :hai: :dance: :party: енд ајм лукинг форвард то ит.

    Уживајте во викендот феминки!! :)
     
  16. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    СДК поетеси навалете :!:
    http://www.fakulteti.mk/news/11-12-02/multimedijalna_infuzija.aspx
     
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    СДК дека има многу ретардирани, психичко болни умови, желни за внимание т.е искомплексирани... :)
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.374
    Светов отиде у неповрат.
    Сум читала за употребата на ботокс,силикони во естетската хирургија разни видови на третмани демек за разубавување :^)
    Ама цемент да ставаш :fubar:

    Да жалам за деформитетот кои го здобиле или за интелектот кои го поседуваат :^)
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    ,,Волк, волк.... ,, - Нема волк.
    ,,Волк, волк....,, - Нема волк.
    ,,Волк, волк...,, - Волкот те изеде.

    Знаете како оди приказната, нели. :D

    ,,Умрев, умрев,,
    - Умри де. :fubar:

    Срамота е ма, ти личи на годините, уште си мажење и деца раѓање си стасала. Не се сакати со сила, МОРИ! Бре, бре! :fubar:

    Морав, извинете. :D

    Викам јас секој мора да си најде издувен вентил. Ама на некого му треба издувна канализација. Па комотно може да го грее цело Скопје со своите зелени, издувни гасови. Миризбата ме плаши, само тоа... ќе корне, ќе кутка.

    Јас дома, Дориан Греј ме чека, сакав нешто друго да кажам ама ми летна мислата.

    п.с. Вчера ја имав честа да ја запознаам Штрумфетка!!!!! :hai: Да знаете дека е многу мило, мало девојче, ептен ми е ќеиф и се изгушкавме! :D И се тупивме цимерајски, и си дрдоревме така убаво, ни беше многу интересна во зборувањето и ја чекаме да дојде година во Скопје па да се гледаме почесто. :D Ја прошетавме малку ваму, малку таму, ја наранивме и напоивме, ја испративме и сега ја чекаме на следна посета. :*

    п.п.с Ми текна што сакав да кажам. Баба ми ми најде кондом во ташна. Па не сум јас крива што вчера си делеа, јас фино лепо си земав, ју невр ноу каде може да сретнеш некој, и сеа госпожата ми ставала некои јаболка внатре.... Е, па, сарпрајс бабо! :rofl:
     
    На bittersweet, calliope, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.722
    Прекрасен ден поминат во Скопје .
    Секогаш кога одам таму се враќам задоволна и полна со еденргија иако сум спиена цели 2 часа :)
    Сакав да се видам со некој таму ама немавме време , наваму натаму и летна времето ..дури посакав денот да има повеќе од 24 часа.
    Морам да признаам дека во некои моменти се почувстував како прваче пред вакцинација :lol:
    Се потсетив на екскурзијата пред една година ..сите знаевме дека ова ние нешто како последна вожња заедно па се изнаплакавме на крајот ...Пеевме , гласов ми е фатен :wasntme: Официјално имаме и еден пар во класот му посакувам среќа , ме изнасмеаа и тие. :D
    Во трета година најмногу се зближивме и еве уште трае тоа иако мислев дека нема збор и договор . :$
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.