[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    ГЛУПАЧО ЕДНА ...НЕ ГЛУМИ ЗНАЧИ ..ТЕ ЗНАЕМЕ КАКВА СИ И ШО СИ ..И СО КОЛКУ СЕ ИМАШ ПЛЕСНАТО..НЕ МИ ГЛУМИ НАИВНА ЛИЧНОСТ ... САМО СИ ОБИЧНА ***** ( ај да не кажам - си знае она )) како да ние овде ке ти :clap: на твоите лаги
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Слободно Скопје, заробени умови. Да веруваме во нови херои!

    И би, градот убав, што никна, само некако како што не треба... Се смирив. Ми требаше хармонија од одредена топлина предизвикана од мандарини, бадемчиња, чај со нозе ставени до парно, мала ноќна музика, да слушнам дека љубовта сепак наѕира од долапот на животот, и да си го гушнам денот и покрај грдата болка во врат.
    Вчера на твитер наидов на тешки срања по повод моето име и презиме, начин на кој пишувам, и слично. И ок. Зад добар коњ прашина се крева, беше старата? Не сум коњ, ни кобила, ама некои луѓе сериозно си немаат други активности во животот, и нормално, јадат тоалет хартија. Нејсе, и тоа помина, Скопје е слободно, умот ни е во катанци, но лебот и даље се јаде, музиката се слуша, врнежите заслабуваат, а ветерот се засилува, па кој како си милува.

    Општата состојба е одлична. Да, со петка на раче, ко забаваче. Ме мрзи да одам да го направам она што треба, ама затоа прокрастинирачки уживам да се долгачам низ кревет, да местам алишта кога нема потреба, да направам чучњеви и колут напред, и ехааа, супер да ми е!

    Тој, е на конференција во главниот град. Ми купил укравче со рубини. Мојот камен.
    Ќе си пукнам, ко жаба вљубена. :*

    Вие, бидете најдобри. За себе. И менувајте светогледи, зошто ги има многу. Жално е да си точка во толку голема вселена и да не мрднеш со прст!
     
    На Doozy, mims-89, Hopeful и 18 други им се допаѓа ова.
  3. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Scumbag brain, цела година не сум се разбудила во 7 и пол насабајле, чак и тогаш кога сум морала, и сега, денес, на роденденов мораше нели. Па и се вртам се вртам и не дава да заспијам, не дава! Па подочњаци да имам, на човек да не личам. Пу бре. Ја запечатувам 18кава како најдобра година досега. Ја оставам позади мене позрела и спремна за нови предизвици и сеќавања. Нека 19ката биде уште подобра!
    Виртуелно ве частам, ама кој сака нека повели на торта, имам торта цела со чоколадо! :?: :*

    [​IMG]

    ПС - Занемарете ја таа 60ката на сликата :D
     
    На Doozy, Hopeful, La.Reina.Del.Sur и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денот беше планиран да започне во 9 часот. Ама...

    I. Синоќа останав до касно да гледам филм. Случајно го фатив на Хртватска телевизија. Па кога видов дека приказната е за еден суров живот на девојка...неможев да му одолеам. Си наоѓав некоја утеха во нејзиниот лик. Уште колку ли јас ќе ја доживувам суровоста на овој живот? - Секако, повторно прашање без одговор. Нема врска. Како и да е, не се предавам. :muscle:

    II. Кога видов дека едно цел саат повеќе сум заспала. Рипнав така од кревет, збунета и право во када.
    Па секогаш најдобро се расонувам со туш. И уште не сваќам. Како два аларми сум ги стопирала без да знам :?: Абе кога спијам, спијам како мечка во зима. А кога не спијам, око не склопувам по цела вечер- ко вампириште. :devil:

    III. Најболното нешто денес. Болките во грбот и вратот. Ауу, нова перница му е мајката или што??
    Добро еве ќе признаам не е до мојата прекрасна перница туку до мене. Не спијам мирно. Една нога на ѕид, друга испаднала од кревет- на лево, телото некако испревиткано, перницата стуткана во некој ќош а главата пронајди ја во целиот хаос- НАГРАДНО ПРАШАЊЕ? 8)

    И покрај нередот во мојата соба...и покрај тоа што ме чека учење мене помила ми е Фемина и шолја кафе. Сега да не се фалам, ама ова ми е најслаткото кафе што досега сум го пиела. Ама сама си го направив! :!:

    И еве го чекам доручекот мајка ми да ми го направи. Како да ми е роденден денес, жената од сабајле сите желби ми ги исполнува. :angel:
    Информација: Не сум веќе на диета! Па неможе јас само да гледам како другите со ќеиф си јадат :( А и не се замарам. Не е потребна диета. Само сакав...стомачето да го нема. Оти ме чекаат прослави, родендени и такви ствари... :emo:

    Денес не ми се зборува воопшто, ама затоа пак ми се пишува многу. Колкав само реферат напишав за едно доброутро.
    Девојки уживајте и во денешниот ден, не се предавајте...не ја губете надежта. Можеби токму денес ќе ви се случи долгоочекуваното. :|
     
    На julie77, Ella.313 и kikav им се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш јас сум таа личност која секогаш губи. Зошто јас сум секогаш понижувана од страна на една недорасната глупача. Зошто?! До кога вака бре луѓе.. и мене не ми е лесно. :shake:
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Што ли се случува, како магнет привлекувам тажни приказни....
    На враќање од факултет пред еден час ми се случи несекојдневна приказна....
    Си одам по тротоарот баш кај Бирократ и одеднаш една женичка постара така во години ми се обраќа, не ја заслушав од прв пат и и викам: како? - Ми рече дека имала болен маж инвалид, некои деца, внуци за гледање мали и нешто друго ми кажуваше, ама не ја разбрав убаво.
    Ми се пожали едноставно, фацата ја издаде дека навистина и е потребна помош, па немав срце да си заминам и да ја узминам како да не побарала помош...
    Извадив од паричник 20 денари и и ги дадов за да си купи леб, ми се заблагодари и секој по свој пат си замина. :hai:
    Можеби требаше уште десет да и дадам, ама поарно неколку отколку николку.
    Си викам зошто Господ ми ја прати мене? Како да знаеше дека нема да ја одбијам, се обрати на вистинската особа.
    И така, денес направив уште едно добро дело со кое се гордеам, не дека е којзнае што, ама тие 20 денари нејзе многу и значат.
    А, ако ме лажела за тоа само за да ми земе пари(што не верувам) сигурно не ни очекувала дека ќе и дадам нека е на нејзина чест, Господ гледа, виде дека парите од срце и ги дадов, што се вика одделив од мојот џепарлак за да и помогнам зошто навистина се сожалив па која било приказна да стои зад нејзината потреба за пари. Можеби навистина и требале, повеќе него сигурно, ама и да не е вистинската причина таа што ми ја кажа, нека и послужат, еден ден Бог ќе ме награди за доброто дело што го направив, зошто добродетелта не се заборава, таа еден ден ќе ти се наплати, како што и злото се наплатува така и тоа.
    Ова е уште една моја хумана постапка, некако набрзо се собраа, испаѓа дека во СДК пишувам само за хуманост, ама навистина, хуманоста е таа што не прави луѓе, ако не си помагаме еден на друг, кој ќе ни помогне?
    Човек на човека му е волк според Хобс, ама и човек на човека му е пак човек во вистинска смисла на зборот.
    Поуката која што ја извлеков од денешниов ден е дека: без разлика во каква ситуација да се наоѓаш, дали финансиски нестабилна или некоја лоша ситуација, секогаш постои излез ако побараш помош.
    Еден ден ќе решавам проблеми и ќе давам помош на други преку вербална комуникација, што се вика ќе бидам лекар на душата.
    Пак да се навратам на жената, можеби таа еден ден исто давала помош на некои сиромашни или била во подобра финансиска состојба и не сонувала дека еден ден ќе биде во ситуација таа од случајни минувачи да бара пари, ама ете се случило, животот е непредвидлив, не знаеш каде ќе те одведе и што ќе ти донесе.
    Јас сум сигурна дека таа ми ја запамети фацата, па и да ме сретне некогаш случајно ќе ме познае, исто и јас и ја запаметив тажната и напатена фаца, па и да ја видам некогаш ќе се сетам на човечноста во мене и на мојата хуманост во студентски денови...
    Крај на мојата денешна приказна. :inlove:
     
    На Glossy-girl, Monna.Monna, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам, ја сум луда. Крв да не видам, иначе збудалувам :|
    Сега даваа пред минута, две на телевизија, како даваат крв во осми септември , морници ми поминаа, кога ми земаат крв ко луда во таван гледам, и пак се ежам и од моја крв. Аман, и секогаш како за инат се наоѓам во такви ситуации кај што има крв. А видам крв одма, се стресувам, морници ми поминуваат, цело тело ми се грчи. Имам другарка, на систематски во 4-то одделение мислам беше, како ке ја боцнат у ист момент се онесвестуваше.Па да ништо чудно ако и јас гледам да ми се деси. :fubar:
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Цел ден сум во некое слоу емошион расположење.
    Толку бев бавна што бев свесна за секоја измината секунда, секој момент, како времето да беше застанато и јас можев ексклузивно да го доловам секое најмало делче од него.

    НЕ знам и јас оти, одамна не ме дрмнала таква фаза.
    Знаете после напорна недела и многу денови со обврски, долго го очекувате оној еден кој ви е слободен?
    И си правите планови вака ќе правам така ќе правам и некако подобро се чуствувате. Замислата која си ја создавата за тоа како ќе си го искористите времето после сите тие стресови ви дава мала енергија за да живурката.
    Така и ас си викав ќе се наспијам, ќе станам одморена и свежа.
    А реалити уствари поштарот зазвони во 08 и ми ги скрши сите соништа. Секој обид да сврзам подол сон потоа беше неуспешен.
    Си викав на брзаница ќе раскренам малку, оти за среќа чисто е :$ , и ќе го искористам денот за прошетка.
    Каква брзаница |( , за да ја забришам работната површина во кујна , дезинфицирам вц и да поминам со правосмукалка обично ми треба пола саат. Денес со мојата слоу емошион фаза цели два часа,една генералка ќе можев да удрам со тоа време.
    И сега пак се подвикав во спална и си лежам. За греови ненаспана и уморна од многу работа.

    Се трудам да смислам што ќе зготвам и што треба да испазарувам.
    Пиза бурек, потпржени тиквиња и црни патлиџани, оривче...чудо некое на ова поле имам барем инспирација.
    Само да се мрднам од креветов, се ќе направам :D

    Туку вчера имав една гостинка.
    Прекрасна девојка со која имам многу сличности и очигледно добро се разбираме. На жалост живее во друг град а и она како мене растртгната помеѓу работа, школо, домаќинството...но мило ми е што вчера ми пиша и пројави желба да испие еден чај со мене.
    Она беше многу добра пријателка на една моја поранешна многу добра пријателка. По некои настани и двете го прекративме пријателството со третата личност, но за среќа нашето познанство не пропадна во вода.
    Напротив има потенцијал да се доразвие и мило ми е за тоа.

    Вечер друга другарка ми иде на гости и многу сум среќна за тоа.
    Пред четири години кога дојдов сама во непознат град и она беше во слична ситуација. Тогаш запознав неколку прекрасни девојки со кои до ден денес одржуваме интензивно пријателство, макар и виртуелно.
    Тие пријателства ми беа толку искрени,вистински...
    Јас девојкава од Полска, една од Англија и една од Шкотска :inlove:
    Првава после една година замина Америка но за среќа се врати назад после две години. И иако живее во друг град, од време на време иде ме посетува и останува на по некој ден.
    И онаа втората иде еднаш годишно па се дружиме.
    НА жалос третата, таа од Шкотска сеуште не е вратена после заминувањето, но сеуште го негуваме пријателството виртуелно. И се токмам јас да и одам :devil: .
    Другаркава ќе остане неколку денови и мило ми е поради тоа. Инаку она работи како топ модел :wasntme: , па ми делува мотивирачки да се придотерам, нашминкам...и онака да шетнеме на некое фенси место.

    Во последниов период запознав многу личности.
    Се зачленив во една организација која организираше средби на личности од најразлично делови на светот. Јапонија, Индија, Кореа, Шпанија, Италија...засега се површински контакти и пријателства но уживав во една таква мулти култи средина и плус сите зборат само на англиски.
    Со нетрпение го очекувам другиот собир.
    Како за една флека, многу се распишав.

    Јас одам да испазарувам па да засукам ракави да готвам.
    Да ја пречекам гостинката како што доликува, со полна трпеза.
    Имајте убав ден феминки.
     
    На kravce, Hopeful, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... мисламмм не знам дали ви имам кажано ама момците ме сакаат. :wasntme: Има сеуште добар дел од нив иако со обврски, дистанцирани физички и во контакти ... сеуште не ме заборавиле. Не можеш лесно да ме заборавиш ... Како што знае да каже едно мое пријателче кој воедно има и симпатии кон мене - Тебе машкиве те сакаат, каде и да влезеш оставаш силен впечаток ... не може да биде на тебе рамнодушен никој. А друг пријател ќе кажа - Ти имаш посебен шарм, ти си посебна. :wasntme: ... Љубоморни сте ?? :emo: :wasntme:
    СЕ ШАЛАМ! :D :D
    Муабетот не беше тоа :) ... иако има некоја вистина, ама јас не сум јас за да си се расприкажувам често за мене и како тоа ме сакале или не, дали сум совршена, кога не сум нели, зашто никој и не е совршен.
    Убаво е да си се цениме и сакаме себе си. Нормално влијае на самодовербата, на енергијата која ја зрачиме ... ама едно да знаеме не сме ни совршени нити најубави или најсакани. Секој за себе е посебен и секој е посебна приказна. Сакам реални луѓе со реална слика за себе. Да знаат до каде е лимитот на нивната самобендисаност. Не сме сами на светов и не сме единствени. Како што спомна Шиела во постот сите сме точка на овој универзум кој го исполнуваат милиони, милиони ... такви точки.
    И за крај ...
    What you hate in others is what you do not accept within yourself. What you love in others is what you love within yourself.


    И не ме земајте здраво за готово со првиот дел погоре. ;)
     
    На bittersweet, BoaVista, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Сакам да кажам...Сакам да кажам....Што сакам да кажам? :^)
    Ах,да ми текна!Сакам да кажам дека воопшто не ги сваќам луѓето,кои ако може да се наречат „луѓе“ се однесуваат толку сурово со животинчињата невини си се шетаат слободна на оваа планета!Како?!Како?!
    Зошто не им се враќа?Зошто не им се случи на нив истото?Зошто?Ако тие се луѓе,другите се исто така живи суштества,само што се многу повредни!Ако мисли дека е зборуваат или не одат исправено,не размислуваат како нив...Нека знаат дека и тие имаат чувства,дека и нив ќе ги боли ако ги удрат,а не...

    За тие само треба да им се врати со иста мера! :!:
     
  11. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Кога и да прашам штипјанец каде има најубава пастрмајлија, истиот одговор - секаде е убава, абе кај и да јадеш секаде е убава. :D
    Така вчера се најдовме рандом во Штип, а јас ја јадев најубавата пастрмајлија некогаш, по сеќавање на маж ми кој пред неколку години ја јадел на истото место - Irish pub, убава атмосфера зачинета со нашата годишнина од брак. :)

    Убаво е кога нештата непланирано се случуваат, никогаш и сум немала големи планови живеејќи го мигот, некои луѓе ми велат дека сум премногу релаксирана, некогаш тоа го кажуваат и во негативна конотација демек не ми е гајле за ништо, а зошто, затоа што не се замарам со секакви тривијалности, можеби ме прати луда среќа во животот, а можеби и самата сум си заслужна за тоа, кога не го форсирате животот, тој сам ќе ви го покаже патот. ;)
     
    На anabel-a, Serafima, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Скопје не станал Г(р)аден само по себе, некој е крив за тоа. И кога некој ќе плукне за нечистотијата, почнете сами од себе како се однесувате Вие спрема Скопје и зошто е нечист, а Скопје ни е дом - бетон, ама полн со приказни, историја, убавини на кои не можеш туку така да одолееш. Многу детства се запишани, Љубови пропратени со изгазени есенски ливчиња, шеќерни памукчиња, печени костенчиња, музика по ќошиња, убаво е Скопје, Наше е, треба да си го чуваме..
     
    На Peppermint, anabel-a, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  13. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    253
    Многу мразам кога има сонце да седам дома
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Моментално лежам на местото кај што лежев со него пред точно 366 дена. Го сменив креветот од тогаш, ама и ѕидот до креветот ме потсеќа на него... Дури и ѕидот мириса на него... Зошто не го заборавам неговиот мирис? ... Пијани од љубов, лечење мамурлак со секс... Искрено „Те Сакам“ ... прекрасни мигови...
    Најубави.
    Совршени.
    Неповторливи.
    Уште го памтам постот што го напишав на фемина лани на 13ти Ноември.
    Ист беше денот ваков сончев...
    Прекрасен, можеби малце потопол...
    Можеби мене ми било потопло на срцето...
    Ме болеше глава, смрдев на вино, и бев среќна во неговата прегратка...
    Уште го памтам по главната улица како доаѓаше накај мене и не ме баци зашто му смрдеше здивот... Мала тајна, и мене ми смрдеше...
    Памтам колку бевме среќни... Памти ли и тој?
    Блазе си му ако не памти...
    Јас го памтам секој детал... и шалчето...
     
    На antonina, bittersweet, Noemi и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Првиот успешно положен колоквиуммммм ^_^

    Јупиииииии :party: :D
     
    На bittersweet, anabel-a, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Овие две недели ми поминаа многу бавно а сепак бев презафатена, на училиште од утро до попладневните часови. Колку само труд вложив за тие 5ки, леле :tmi:. Затоа ме немаше, ама еве сега сум овде.

    И баш денес ми текна, ХАРИИИ ПОТЕР, никогаш нема да го заборавам, филм кој ми оставил најголем впечаток. И не, не ми се интересни последните делови, туку оние првите.
    Е сега така фино лепо ќе си седнам и ќе ги изгледам првите три дела (по 100ти пат)... :wasntme: . Ах, колку ми се најинтересни...

    [​IMG]

    Вие имајте пријатен остаток од денот. :hug:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    СДК не верувам во случајности.Можеме да се претвараме колку сакаме,ама некои работи не се случиле така сами од себе.Некој добро испланирал се,во детали.И за нашиот почеток,и за нашиот крај,и за сето она што се случува помеѓу.
    Ах да...зависи од која страна и како го гледаме светот!
    https://www.youtube.com/watch?feature=p ... OMMFx1NZt0
     
    На Adi888, zarah, Mrs.Cuper и 15 други им се допаѓа ова.
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Кога мислам дека сум најслаба,ми се случуваат неколку предизвици за да сфатам колку уствари јас можам да се сносам со сите проблеми и препреки.
    Кога мислам дека се се средило,оп пак се враќаме на почеток.
    Сега сум во онаа фаза кога успевам да се справам со се околу себе.Онаа фаза наречена поклопување на сите коцки и сите ситуации.Сега ми е потребно трпение и секако правилна одлука...

    Им кажувам чао на моите колоквиуми,се ми е положено,искрено се сомневав за еден ама ете го поминав и тој.За ваквите ситуации секогаш мислам дека имам трошка среќа пред останатите.Како да знам што ќе се падне на колоквиум бре,од цела книга го учам она што спред моја логика би се паднало и оп се паѓа.

    Пријатно кафе со убаво друштво,ми се случи утринава.Како да доаѓа нова фаза во мојот живот,со нова личност.Не кријам,убаво се чувствував :$
    Време е за музика,време е за кафе,време е да го пуштам сопствениот мозок далеку,да прошета и пак да ми се врати.
     
    На L-enna, Doozy, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Ги сакам долгите телефонски разговори доцна во ноќта.
    Сакам кога слушам како дишиш на телефон, како ми зборуваш за некои музичари.
    Сакам кога слушам како заспиваш, а потоа се будиш бидејќи знаеш дека јас сум на линија.
    Сакам кога слушам кога ми кажуваш дека ти е убаво.

    Сакам кога ми кажуваш што сакаш.
    Сакам кога ме тешиш кога ме боли мешето.
    Сакам кога ми ѕвониш кога ќе станеш и кога си легнуваш.
    Сакам.
    :inlove:
    [​IMG]
     
    На kravce, L-enna, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  20. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Иронија на квадрат,цинизам,сарказам се што ке посакам од едно машко
    па како може така,ке сум го запамтила дрн дрн дрн
    е ај пробај да си имаш со мене работа па ке видеме ]:)
    премногу ми е и што ја гледам твојата идиотска фаца секој божји ден |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.