[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Некои пишуваат дневник, некои книги, а некои на фемина :D Главната разлика е што тука бате имаш фора околу 10 минути да си ги сфатиш грешките. После веќе нека кинење страници и кажав ама не мислев. Е, си мислела мила. Си мислела. Фемина ми е како временска машина. Можам да прошетам низ живототчево кога сакам.
     
    На kravce, anabel-a, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Добро утро.
    Еве сум јас, станав пред пола саат не отидов на школо.
    Добро, оправдано ми е, у 3 ноќеска ви ги гледав спомениците низ Скопје.
    Убаво е Скопје доцна навечер, нема возила, не е раздвижено. Добро, освен некои батковци шо се клацкаат и ваљда, накај дома си одат.
    Убави се и Велес навечер и Куманово морам да признаам. :!:
    Сите шетаат, гледаат преку ден, јас со моите уникат во ниедно време шетам. Ама добро, па сите се сликале и означиле дека се у Скопје, па и ја да не се двојам и ја се сликав.
    Оо..Боже сачувај.
    Имајте убав ден.
     
    На Doozy, PeaceLoveBasketball и rosebush им се допаѓа ова.
  3. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Има некоја убавина и кога ќе се разбудиш попладне,но наспан,среќен и задоволен,протегајки се како детенце,маченце,уживајки во чистата и мека постела.
    И денеска ниедна обврска не завршив,но не се загрижив ни најмалку. Од обврските,не се живее.
    Неодговорна сум,па што? Неможе секој да функционира како програмиран робот.
    Патем,кој ужива во предавањето на професорите,бизнис,социологија,сметководство,се едно исто. Подобро ми е кога ќе си прочитам некоја убава книга,која „утрото’’ ќе ми го разубави. Ќе научам нешто и од тоа.
    Зарем не е поважна една животна лекција отколку сметководство?!
    Можеби нема да бидам сметководител де,ама човек ќе бидам,и од тоа нема ништо поважно.

    Уште од малечка,кога имав цела колекција Хајди книги и книги со приказни од сите држави,па се до сега,со душа му се посветив на читањето.
    Да читам,научив уште на три години,а кога почнав да одам во училиште,секој ден од библиотека си земав по една книга и уживав во нејзе.
    Што убаво кажале,библиотеката е светилиште за душата и паметот. И со секоја прочитана книга,духовно се збогатувам,си ја одмарам психата и заборавам на своите проблеми,се до последната страница,на која,ако била некоја мошне добра книга,неретко пуштам и солза,како за изгубена љубов или добар другар кој ме научил на многу важни работи.

    Добро утро феминки,имајте убав и пријатен ден :coffee:
     
    На kravce, zarah, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се прашувам, како ли да ја разбијам оваа монотонија..

    Грлото ми го суши, и ноздрите ми ги затнува, ме нервира..
    ..ми здодеа да одбројувам денови, месеци, јас сум слободна во својот ум..


    :doh:
     
    На kravce и pamelche им се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк јасна сум кога се во прашање желбите, а колку сум храбра во одлуките тоа.. кога како.

    Топлово временце го бакнувам во чело и му пејам "Ме љубиш ли и ти" :) , не поради тоа што само сонцево ме љуби во образ на усни, по врат туку чисто онака оти Каролина ми пее во слушалки. :)
    И да потрае топлово временце, оти ехее до март, април има уште многу денови и еден куп празници за дебелеење.

    А сега адио отидов да се пуштам во времето без скрипти и учење, само во Папокот на светот.


    Ќе ја сецнам "Ме љубиш ли и ти" да ме буди наутро, :) да си се потсетувам на соновите со многу љубења.
    :hai:
     
    На rosebush, kravce, PeaceLoveBasketball и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Денес е ден на љубезноста... ставете насмевка на својот лик и бидете љубезни !
     
    На PeaceLoveBasketball и starbucks им се допаѓа ова.
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    .. МРАЗАМ МИКРОБИОЛОГИЈА!
     
  8. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Човекот го минува својот живот во размислување за минатото,желби за сегашноста и надежи за иднината но има денови кога човек се запрашал што всушност претставува животот....?????Дали претставува трка со времето,во денешно време не знаеш што носи денот а што ноќта,сега си тука со твоите блиски пријатели но утре не знаеш каде ке заминеш.Дали претставува борба со злото денес си среќен и леташ од радост а утре злото ти тропа на вратата.Дали да се живее за љубовта на која полека и се губи трагата во човечките срца.СДК Животот на секој човек е книга со комични и трагични настани но напишана од различни писатели
     
    На Serafima и Katerinceee им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Епа да дечки, настинав. Што да се прави, настинав. Незнам зашто настинав, ама ете настинав. Настинав, и сега дремам. Ама стварно незнам зашто настинав. Уствари и не ми е прв пат, да настинам. Ама ете, настинав. Како, зашто, што, кога настинав-незнам. Важно настинав. И уште многу пати ќе настинам, исто како сега што настинав. Додуша, сега ми помина настинката скоро, ама пак сум настината. И така, сега сум настината. Баш ми е чудно што сум настината, но настинав.
    И ви кажав дека настинав? Епа еве сега ви кажувам, настинав. Знаете дека настинав? Добро, јас само да кажам дека настинав, ништо друго. Ама настинав.

    Ми иде да си лупнам така две-три. Ќе пукнам.
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Убаво ми почна денот, се изначитав и изнагледав работи за Скопје. Трендо, Господ да ми до поживее, не знам кој им го прави дневниот избор на песни на офф.нет ама животот ми го продолжија.

    Се распишале сите поезија за Скопје, фрчат слики на сите страни. Го замислувам Скопје денес завиткан во смог и магла како се чепари на својот празник. За мене, Скопје секогаш ќе остане стар господин со цилиндер и црвен каранфил.

    Ме вчудоневидуваат ситни природни феномени, зјапам во пурпурно-розе небо и жолти листови низ матна река. Дигам раце од тврдоглави и неразбрани личности. Ќе дадеш совет еднаш, два пати ама третиот не. Си имам и јас свои гајлиња, твоите ти ги оставам тебе. Моите ги решавам јас, тие врзани во бело марамче и турнати под перница.

    Еве со лирикс, да се распееме. Ај бе Флешмоб на песнава, на сред плоштад околу Ацета. :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=nV38RaE7vO4
     
    На Moira, kravce, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    После една ужасна вечер се разбудив во прегратките на мајка ми и сестра ми. Топло ми беше, па секоја болка за момент престана.
    Ми се јавија за да ми навестат едно изненадување ама ко да заборава тој дека јас навистина сакам да е изненадување, без никаква најава претходно.
    Се утепав барајќи го на ФБ најпијаниот и најсимпатичниот момак од свадбата и никаде го нема. Може и нема ФБ ама ќе биде причина за одење на гости :wasntme:
    Не сум ви пишала убава и весела свадба беше. Многу млади, многу играње. И да- сакам дечко играорец со големо трпение да ме научи и мене на некое оро. Опа, иха!
    Свадбата беше убава ама пред свадбата беше ужас. Фризерката која патем ми е многу блиска ми ја утна скроз фризурата т.е се растури дур си дојдов до дома. Миење и одење кај друга која ме ограби за едно пунџиче, може и не ме ограбила ама јас навикната дека не плаќам никогаш за на фризер па многу ми дојде. Време за шминкање 5 минути, време за сестра ми 5 минути. Ресторанов некаде далеку по ѓаволите, појма немаме и каде ама го најдовме.
    Невестата и младоженецот убави, млади, весели.
    Него она со подвезица фрлање е дека тој што ќе ја фати нареден се жени или дека ќе соблака некоја цура? :rofl:
     
    На tweety26, La.Reina.Del.Sur, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  12. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    СДК кажам дека се ме нервира во училиштем.....всушност колку и да се трудам сите наставнички ми ги расипуваат оценките.....мислам.....мн се злобни да можев ке ги избркам од работа. Абе тие не знаат што е да се играш со иднината на детето...невозможни се се ме нервира кај нив нз уште шдо да кажам за нив ...а и да кажам дека немаат душа ,ја изгубиле по пат за накај училиште!!!
     
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    СДК,многу е тешко да се избалансира измеѓу другарки и дечко.
    Едната страна никогаш не е задоволена!
    А јас упорно се трудам да не се одалечам од другаркиве.
    И упорно се трудам да имам нормална врска и да останам во друштото мое,ама не оди.
    Се нервирам многу :x
     
  14. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    погледом ме скини,страсно у тишини,нека затреперим ко лист на вјетру,на јастуке ме стави,рукама обави-мази ме још тихо у ноч......... :lol: :lol:
     
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Секогаш кога гледаш да угодеш на некој, не го гледа вложениот труд, туку одма замерка наоѓа!!!
     
    На kravce, Serafima и Neytiri им се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сдк,

    Порано се плашев да не ги загубам најсаканите. Плачев, тагував да не им се случи нешто, но најмногу се плашев од осаменоста што нема да бидат до мене, што би останала сама без нив.
    Не знам денес е некако се различно.
    Дали можеби созреа дел од мене?! Искрено, не знам...
    Знам едно, дека денес повеќе се плашам од тоа, ако јас порано заминам еден ден од нивните животи. Ако мојот живот е пократок од нивниот... Денес само таа болка ме ранува.
    А сега го посакувам и се молам за потполно спротивното.
    Ако е потребно би останала сама, но никогаш да не видам ни една солза на нивните лица за мене. Тоа би ми била најтешката рана на душата.
    Не знам... изгледа полека вкусувам дел од вистинската љубов.
    Можеби онаа вистинска љубов која се жртвува!

    Сдк,

    Денес за прв пат слшнав една голема клевета, која ни најмалку не е вистинита. Кружи наоколу, но некако за прв пат ни најмалку не ме заболе.
    Мислеше дека ќе се нервирам?
    Е нажалост, НЕ. Помина тоа време. Еднаш беше така, но не повторно.
    Да, многу се радувам што мислиш на мене. Се радувам што несвесно ме однесе Онаму каде не мислеше дека ќе отидам. Што ми даде поука да малку да размислим за себе.
    Посака победа, но веднаш доби пораз.
    Ќе бидам трпелива и смирена. Ќе победам со љубовта и добрината кои не сакаш ни да ги видиш, ни да ги слушнеш :sun: !!!
     
    На Micheleljubov, stylishh, Deemy и 11 други им се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Го знаете чувството кога другарка ви ве тера да шетате низ бутици,а вас ви се оди ама пак кога ќе помислите дека не можете да си купите ништо не ви се излегува од дома а само за атер нејзин одите?Епа денес јас си шеткав од продавница до продавница,си пробував чизми и по некое блузе со надеж дека идниот пат кога ќе излезам ќе можам да си купам барем нешто од тоа,а не само да се лигавам на се што ќе ми се допадне.Денеска ја сретнав најљубезната продавачка до сега,беше толку љубезна што за прв пат се осеќав ептен лошо што нема да купам нешто.Времето милина,сакам секој ден да е ваков,нема да е на одмет нели :wasntme: :D.
    Деновиве сум растрчана наваму натаму,се спремам за пат кај либето и кај свеки и свекорот ми идни ,хех колку чудно ми звучи кога ги викам така,ама морам да се привикнам сепак :D .Сакам да одам таму,се чувствувам ко да сум дома што така и треба да биде нели.Свеки е доста добра жена и ептен се однесува добро кон мене,можеби ко ќе им влезам во куќи ќе се смени,ама сепак не верувам бидејќи има толку чиста душа што тешко дека ќе ја расипи некој.Па од нејзината утроба излегол моето либе кое што ми е душа чоече :D .Деновиве ме дрма ПМС ама прв пат да сум толку расположена цело време,ако мене ми одговара а сигурна сум и на тие околу мене :D .Ете така се изнапишав нешто без врска ама битно си кажав се шо сакав :* до ситее.
     
    На kravce, Serafima, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.192
    Едвај чекам да излезат Клетници и Големиот Гетсби!
    Едвај чекам повторно да учам.
    Едвај чекам да се свијам и да си читам книга. Надвор ладно,дома топло.
    Едвај чекам да дојдам до крајот кој го гледам на оваа етапа...
    Не се разубедувам, навистина прееска си размислував...реално во моментов...не ми треба никој за да ми ја стопли ноќта. Да,можеби потребата од топлина и споделување се јавува во време на ладни ноќи и споделување,па онда се прави таков дебакл од врска на пролет... Ми треба сериозна промисла претходно зошто спонтаноста може потоа да ти ја напукне душата. Не верувам дека она за кое имам потреба во моментов може да го покрие нечие присуство. Може само да ми ја замаскира пукнатината, може да ми го оттргне вниманието и лажно да се поутешам дека ова е мојата смисла и дека сум комплетно среќна потоа. Како знам?! Затоа што бескрајно љубев и ме љубеа, ништо недостигаше од тој агол, но откако нештата едноставно исчезнаа или ги дистрактиравме... останаа сите мои потенцијали кои сум ги успивала и тешела додека сум спиела во нечија прегратка мислејќи дека е доволна, без да погледнам колку реално можам да отидам напред сама. И знам дека ќе имам бескрајни ноќи на недостигање од неговото присуство, знам дека ќе имам потреба да се погледнеме во очи...но одлужувањето на истото кога моите празнини во душа ќе бидат пополнети од вистински нешта, неговото присуство само ќе предизвика катализирани емоции и полна среќа... Тој не е виновен,а ниту јас...него не му недостигам јас,иако и тој мисли како мене,дека среќата ќе ја заокружиме еден кон друг,сега... Него му треба светот,се уште,а и тој му треба на светот.
    И периодов гледам многу очајници кои гласно лелекаат по партнер во лошо време подготвени за гушкање и хранење на ега...си велам и што со првото мартовско сонце?! Што со првите хормони за летно лудување? Раскин?! Колку сте мизерни и всушност многу,многу душевно осамени... Гледате од каде доаѓа феноменот на почетокот на летото има најмногу распаднати врски? Од човечката глупост, себичност и неисполнетост.
    Личност Б го прави тоа во моментов и ме јаде,ме разјадува, ме труе... ме обзема. Ме запрашува што ти бев јас тебе?! Јас ти бев тебе болка и лек...јас не ти бев ништо,а можев да бидам се. Јас сум виновна, признавам,еве сега... Јас не зборувам за тоа што сакам и што правам,во што уживам... Оние кои ме сакаат знаат што сакам,еве ќе кажам што сакам, што ме научиле дека сакам... Сакам правда, сакам живот, сакам слобода...сакам долго да спијам, сакам кафе, сакам весници, мирис на весници и книги, сакам мирно да молчам,а потоа силно да дискутирам, сакам мирна вечер во театар, сакам пиво, сакам да се испукам (буквално на Стенковец), сигурно не си го знаел тоа не?! Зошто не зборувам за тоа,ама еве сега сум принудена. Сакам да отсвирам со стариот пријател и да се трогнам од неговата приказна која ѕвонливо знае да ми ја раскаже... Сакам бескрајно да шлапам и никој да ме замара...тоа е мој свет.
    Ти пријателе мислиш ли ти дека Хемингвеј ќе пишувал така ако не учествувал во шпанската граѓанска војна или пак Толстој ќе можел да пишува така...иако бил болјар живеел со народот и работел со народот ?! Дали мислиш?! Не мислиш...и болиш...и испаруваш.
    И не сакам утеха со празни нешта. И не сакам да освојам за да живеам, сакам да докажам на себе си повеќе,се што сакам да освојам,е себе си,никој друг. А ти докажувај се пред својата мајка...

    Пред конечниот сон не сонувам за прегратка од позади, колку што сонувам да заминам од тука и да играм фудбал во правлива ледина и да направам промена во светот и за себе. Не сонувам за пари и многу чевли, не сонувам за висока мода, не сонувам само за туристички патувања, не сонувам за тоа да бидам највпечатливата и најпосакуваната девојка во просторијата...сонувам за светот и луѓето и мислам дека е најголемата грешка која ја правам во животот,ама тоа сум јас...Сонувам да заспивам на земја и среќни луѓе околу за тоа што вчера јаделе мувлив леб,а денес имаат и ориз. Мислам дека се тоа е спореден ефект на мирот кој го носи реализираноста потоа...

    И знаете што, ме боли пиратерија... викаат слободата на размена на информации носи до повеќе знаење... јас велам слободата на размена на информации води до големи ега... Како бре мојот татко, самиот има илјадници книги зад себе и никогаш не се чувствувал угнетен ради недостиг на информации и се изборил за своето место под сонцето?!
    Ме мрзи да роварам по фемина да си го најдам едноставното мислење од неколку збора со кое една твитерџија ожнеа три полиња,а моето е пред година и нешто... туку ајде...
    Не сте умни, имате само интернет и при тоа сте безобразни во неговото користење.
     
    На Buttterfly, Nymeria, Trnche и 14 други им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Душичка моја е :l: :l:
     

    Прикачени фајлови:

    • 121113-1931.jpg
      121113-1931.jpg
      Големина на фајлот:
      151,1 KB
      Прегледи:
      563
    На Libera, Chocoholic, catsruletheworld3 и 46 други им се допаѓа ова.
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Ако сум ја Диво Црешиче, па сум најслатко кога тој некој ке се потруди да стигне до мене :angel: :wasntme:
    [​IMG]

    [​IMG]
    :*
     
    На Libera и EleMental им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.