[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Денеска еден месец со новиов ми дечко,што мие прв официјален
    а и прв што не мие на кеф
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    13.296
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам неа. Моја поддршка, мое рамо за плачење, мое битие за споделување на среќа.
    Немам голем круг на блиски луѓе, на прсти ги бројам, ама Таа завзема место блиску до врвот.
    Кога морав да викам- ме оставаше, кога морав да се искажам- ме сослушуваше, кога бев доле- ме креваше. Кога бев среќна- се радувавме заедно.
    Тука сум за неа. Таа знае.
    Сега е нејзин ред да вика, да плаче. Ако. Нека помине само.
    Што и да и кажам, Таа веќе го знае. Затоа ќе бидам нема, стоејќи рамо до рамо со неа. А се преколнувам што не можам повеќе.
     
    На La.Reina.Del.Sur, kravce, teddybear и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само ја ли не се припотресувам којзнае колку за журки? Значи ноооонстоп се организираат луѓе, ако не секој ден во неделата, барем од четврток до недела имаш фора да отидеш мора да има минимум едно место кај што се дешава нешто за кое се облакаш во кратко фустанче, штикли, набацуваш аксесорис и нешто врз себе за да не ти биде ладно и цепаш. Не знам зошто толку припотресување кај врснициве, веќе на факултет почнавме, а се осеќам ко први вакви искачања да ни се во прва средно |( И ја се радувам и сакам да искачам, кој нејќе, ама не се напнувам и преоптеретувам со тоа постојано :?:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Омилен ми е празников...најпатриотски си го чувствувам...мојот град, моето убаво Скопје, кичесто Скопје.

    На моменти толку многу не го сакам и сакам да отидам некаде далеку далеку, на моменти знам дека само овој град има улици за моите чекори. Моите први чекори ги направив по неговите улици и знам дека и последните ќе бидат. Дома си е дома...
    Толку многу спомени, толку многу приказни на секоја клупа, секое аголче, секоја зграда...новиве тинејџери нека напишат и покрај секој споменик :lol:
    Кога ќе ги видам сите тие нови згради, од една страна сакам се да снема и да е она наше старо Скопје, а од друга страна душава ми се полни од среќа што Скопје-то мое најмило, расте, заедно раснеме , јас во Скопска голема девојка, он во метропола.

    Омилен ми е во:
    -мирисот на липи, ах тоа е во сржта на градов.
    - јапонските цреши на Максим Горки, моето омилено место, како во бајка, како во рај е.
    - Матка, Водно, неделите прошетки со мама, тато, дада и кучето :inlove:
    - Магијата на гратскиот парк, на едно место толку многу разлики во години, толку многу љубов. Дечиња мали разиграни, џагор на нивната смеа...баби и дедовци седнати на клупи им се радуваат на нив и уживаат во животот, млади заљубени на другите клупи...
    - Кебапчињата во Дестан, абре јадеш кебапчиња и кромид и уживаш 8)
    - Аце на Плоштад, поминуваш и со глава високо, срце пуно гордост секогаш поминуваш покрај него.
    - Вардар, мала, загадена, смрдлива река, ама единствена, најубава, градов беа неа не е тоа тоа.
    -Улица Македонија, нафурани провинцијалки што ни го окупираа градов и дечковците, ама за смеење и фаќање сеир секогаш ми е омилена улицава.
    ....

    не го сакам зошто му го уништија сјајот со споменициве, зошто тешко е да слушнеш некој да збори на скопски дијалект, не го сакам зошто го уништија ноќниот живот, зошто е ослободен а заробен од сите страни.

    -и како лудо дете од 6 години секогаш ќе трчам низ соба со рацете во вис на песнава :!:
    http://www.youtube.com/watch?v=2AdLp8d84mw
    Скопје да си ми долговечен, многу денови и спомени да имаме заеднички, имам многу јас на тебе да ти пружам и ти на мене, взаемно ќе се сакаме, засекогаш.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Мачорот го пуштив да се пари. Пошто нели, толку се еманципираа и мачкиве што веќе Февруари не им е шема. Се е по малку ретардирано, нема јас или мојов мачор да сме исклучоци.
    Ама го нема веќе неколку дена, помалку од недела. Се чудам сама на себе колку ми фали мојот крзнен злочко да ме гњави посабајлечки, па и само да ми шета по дома. Знам дека ќе се врати, ќе си се појави од никаде, ама па многу ми фали тофтето мое. :(
    За да биде уште полошо(а не требаше) најдов едно малечко маче заглавено под кола, и нормално, си го качив дома да го нахранам ко што треба. Се најаде муцето, си прилегна, си реков таман да го здомам додека се врати дембелиот мој... Ама плачеше по мајката пустото, го пуштив пред влез и си тргна накај паркот. И утредента.... го наоѓам удрено со камен, мртво, оставено на сред парк.
    Колку треба да немаш душа да утепаш мало маче бе? Колку???
    И реков, посебно место во пеколот за сите што се иживуваат со улични мачичи и кучичи. Говеда гнасни.
    Сега сум благо потресена и реакциите кога ќе видам мачка и куче ми се ненормални. На врвот на тоа, имунитетот под нормала, афта во уста и ни грам сила за пилатес. За никаде сум. :|
    И додека пијам гадни солени раствори и се трујам со витамин б од 1 до 100, во себе се молам побрзо да дојде нова година. Колку што лошо почна, толку за инат повесело ќе ја испратам оваа 2012.
     
    На rossonerka, La.Reina.Del.Sur, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК нашево време е најубаво, секој си прави што сака, си кажува секој што мисли...Незнам кое е тоа задоволство некој да се меша во нечив живот? И зошто истите кои се мешаат во туѓ живот, ако наидат на спротивставено мислење, одма се лутат, не прифаќаат поинакво мислење од нивното? Како незнаат до каде треба да одат со таквото однесување спрема другите луѓе? Па не можеме сите исти да бидеме, исто да мислиме, едноставно невозможно.Кога е премногу, премногу е, некогаш треба на истото да се потенцира и укаже,па макар последно да е.Се изреволтирав, веќе ништо не ме изненадува.

    И ако некогаш на некого му е криво, што друг успеал во животот, наместо да подзборува за тоа, нека биде подобар од другиот, нека го надмине.Треба човек да биде задоволен од себе си како личност, со тоа нема да има никаков проблем со другите луѓе.
     
    На Deemy, Moira, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  7. srcula

    srcula Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    48
    Требаше да биде прекрасен ден, со најубави планови уште од сабајле,а се испадна наопаку... мразам вакви денови.... :@ :@
     
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    13 Ноември, богами ден за паметење. 6 сетило дека крајот на денот ќе ми биде уништен, се случи. Зошто јас од 30 ученици, морав да седнам со неа? Епа не е фер, ќе се бунам па што сака нека биде. Мораше со таква вошливка да ме седне, и да ми рече `Дури во осмо одделение ќе има разместување`. Осмо еј осмо.. :o
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Брзината е карактеристика што не си ја љубам многу , а како за некој инат си ја употребувам често несакајќи или да кажам не внимавајќи.
    И згрешив на сестра ми нешто и тоа не сакајќи ...и кажав дека ми смета нешто ама не доброго кажав по се изгледа , и ја напнавме и ни беше криво и сега ми е и ај да се олеснам и да ги прочитате моите глупости и да учите да не брзате , особено со оние кои ги сакате повеќе од се.
     

    Прикачени фајлови:

    • sorry.png
      sorry.png
      Големина на фајлот:
      99,9 KB
      Прегледи:
      394
    На Serafima, teddybear, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Колку често си го поставувам тоа прашање - Колку треба да немаш душа да утепаш мало маче бе? Колку??? Ама оди па најди одговор. Кога и да видам такво нешто (да убиле маче,куче - раниле) одма почнувам да ги колнам со најлошите клетви што ми доаѓаат на памет . Па дај бре, имаат ли малку душа, што би им направило едно мало маче :( .Какви ѓубриња постојат. Слична случка ми се има и мене случено, бев на одмор и на една другарка и го оставив едно мало маче. Кога се вратив отидов да ја побарам за да го земам, а она ме пречека со едно ладнокрвно - го пуштив , јас го побарав и го најдов со 2 скршени ноџиња и гребаница на носето.И да, нормално дека работниците го направиле тоа од спротива кога успеаа да убијат 2 кучиња.Абе имаат ли прст да стават на глава да размислат што прават бе и зашто?? А ако ги прашаш ке ти одговорат - Спие на местото каде што мочаме, дефинитивно ова ке го одговорат.Едно вц не си ставија. Туку ај да не се враќам во минатото зашто тоа беше пред околу 3 години. А да, пред некој ден на мојот мачолко му извадив железна диабола. Како куршум беше, туку знам кој го направи тоа, и ако уште еднаш ова се деси ке ги пријавам, говеда, валда добро постапив што на местото го ишишав - со пинцета му го извадив, му ставив со памуче алкохол и му го исчистив убаво. Сега му пораснаа влакна, прасенце мое.Многу си го сакам. :hug:
     
    На Inhume, PeaceLoveBasketball и starfish им се допаѓа ова.
  11. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Си ја обожавам факлутетскава библиотека. Можам и да преспијам таму ако ми дозволат. Денес сериозно заборавив дека треба да си одам дома. Да можам ќе ги соберам парталите и таму ќе се вселам, меѓу полиците со книги, да можам да си читам по цели денови и ноќи.

    Сега бегам да си ја доправам специјалната плејлиста која што ќе свири утре додека се спремам за колоквиум..

    https://www.youtube.com/watch?v=fH3zWxcyrN4
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    [​IMG]
     
    На Beauchamp, Buttterfly, zarah и 14 други им се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Се воздржувам од размисли колку нешта имав-имам сила да направам, а живот не ми дава па не ми дава. Та ми остава само пуста надеж и уште попуста неизвесност која со секој минут и те како знае да ти го заеби денот. Секој ден неизвесноста се изживува врз тебе, психички те малтретира и ти се заканува користејќи ја светскава криза како совшено оружје. Да бев сама или сами, ајде секој ќе тера ќе води некако како знае и умее, ама кога имаш толку малецко животче за кого си целосно одговорен, се ти изгледа и пострашно одошто е. А можеби и е? Кога ама кога ќе може малкуцка човек да здивне? Вечити борби, нагорнини и надолнини, па кој преживее нека раскажува. А кога само ќе погледнам кои џукели се радуваат на благодетите на добра работа и сл ствари , ми иде да се отвори земјава и да ме лапне да ме нема да не гледам сеири од некој недоквакани, неписмени, подуени егонарцисистични пауни. МА доста е веќе. Како човек да се бори за напреднина со вакви зданија? Ај де кажете ми го иљачот, дебело ќе наградам кој каже
     
    На kravce и ilipili им се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Пак ќе учествувам во флеш моб. И тоа со гангнам стајл. Ќе биде лудо, знам.

    [​IMG]
    Интересно, нели?
     
    На Stoimenovska, DzingrlakaDzikica, imelda и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Психички нестабилна со никаков апетит и желба за било што.
    Само нека дојде утре да ја прегрнам милата моја и да се исплачеме двете, барам утеха во солзите..
    Премногу губам важни личности од мојот живот, моето срце не може да го поднесе ова.
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Тоа што Ноне и Боки 13 се откажуваат од пејачката кариера е исто ко ја да се откажам од јахтата, пошто ја немам!

    ... така де.
     
    На mims-89, antonina, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК дека има премногу жени кој сакаат да имаат деца а на оние на кој бок им го подарил незнаат да го ценат тоа и ги малтретираат каква е таа мајка ужасно беше да се гледа таа слика и обидот за помош не вредеше таа продолжи.
     
  18. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Искрен совет.

    Никогаш,никогаш немојте да започнете врска со тврдоглав дечко,ако не сте родени поетеси.Ете,јас не сум и 300 реферати му пишував да се смириме,па да се надеваме ќе попушти. :lol: Што да правам,неможам без него.
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.088
    Како да се справиш со двајца тинејџери и еден во менопауза :headbang: .
    Како?!
    Ситуацијата е алармантна.
    Хелппппп!
     
  20. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]
     
    На crazylady, Cacy, La.Reina.Del.Sur и 18 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.