[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Discussion in 'Кафе-муабети' started by Wild.Child, Oct 26, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2011
    Messages:
    2,399
    Likes Received:
    6,337
    А знаете што ми е најболно?
    Што една минута е до мене, ме бакнува и се смее...а буквално наредната го нема, заради некоја мочана машина...И јас останувам празна како кутија.
     
    Kathlin, cinderella5, Lov3 and 2 others like this.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,824
    Едно нешто не можам да разберам.

    Како можеш да ставиш лајк на фотка на која што се гледа дете, бебе, што и да е, со ептен тешка болест, со тумор, аномалија некоја и слично?
    Демек ти се свиѓа - ШТО?

    Не пореметија лајковиве, дефинитивно.

    Денес денов = Скопје во сите падежи. А јас си гледав пред малку стари фотки и си хмкав, се насмевнував.
    Тоа е тоа време, кога пазаревме во стоковна куќа Илинден. Стоковна куќа Мост.
    И секогаш ги бутав нозете во тие калапите горе за кондури кои ги мереа бројчињата...нормално дека си ја заглавував :D
    Па ќе ти купат родителите не 3890 ствари, туку една. И се радуваш со недели.
    За останатото чекаш мама да ти сошие или да ти исплете ново џемперче. Јас секое ново џемперче од неа си го ставав на столче и си го гледав долго пред да го облечам. А искрено и таа...па нејзино дело е.

    Сакам ретро. Да ме прашате не би ме мрзело ни касета да вртам со молив за да ја вратам на почеток.
    Ниту да чекам песна на радио за да ја снимам, по можност без да ми убацат некој џингл ко „радио....Буба Мара“ :D
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,916
    Likes Received:
    102,780
    Gender:
    Female
    Знаете , сонувам да дојде денот кога ќе се облечам во насмевки,и ќе покажам на целиот свет колку сум убава.
    А во меѓувреме одам да си легнам,се надевам дека ќе сонувам како молзам овчички и трчам по планински ледини.
     
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Joined:
    Jan 29, 2011
    Messages:
    618
    Likes Received:
    2,033
    Ахх топли напитоци, ве обожавам :coffee: Ме опуштаат и веднаш се чувствувам подобро.. Чајчиња, какао, млеко со какао, кафиња .. И јас сама не знам колку испив денес, и сега да има некој да ми свари не би одбила :lol:
     
    cinderella5 and EleMental like this.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Joined:
    Apr 26, 2012
    Messages:
    2,467
    Likes Received:
    11,107
    Gender:
    Female
    СДК
    На крајот на денот случувањата како слики ми поминуваат низ главава, слики од луѓето со кои сум била и сите случувања поврзани со нив.

    Горд е татко ми што има деца како мене и сестра ми, ја постигнал и надминал својата цел како родител, а ние како негови деца останува да бидеме негова поддршка и да го наградуваме со нашите успеси во животот.

    Мајка ми е приказна за себе, приказна за која не сакам да зборувам и пишувам. Приказна која ја создавам во својата душа и ја чувам само за себе.

    Сестра ми денеска беше ведра и позитивна..но дали беше среќна??? Беше ли? Кој знае..

    Тој.. . Е тука малку запрев, ми треба време да размислам што да кажам (напишам) за него. Јас не го познавам, рано е да се каже но во глобала ми остави убав впечаток...
    Тој е едно културно, добро и воспитано момче. Можеби ќе имаме прилика подобро да се запознаеме, кој знае..

    Таа.. . Таа припаѓа тука! Нејзиното место е покрај човекот кој заслужува да биде среќен. Всушност и таа заслужува да биде среќна. Се труди да ми биде добар пријател и јас го ценам тоа.

    И сосема на крајот мојот љубен!
    Тој не и припаѓа на приказната од погоре, тој е нешто посебно, нешто како воздишка на крајот на еден тежок ден.
    Тој е оној без кој јас не можам и не сакам да си го замислам животот.
    Во оние слики кои на крајот од денот ми поминуваат низ главата тој секогаш цврсто ми ја држи раката!
     
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Joined:
    Jun 14, 2012
    Messages:
    752
    Likes Received:
    1,912
    Дојде другарка ми, ко божем ќе правевме проект. Ама...слабо
    Затоа пак испукав еден тон пуканки и го јадевме нашиот омилен компот од праски.
    Се смеевме..онака за секојдневни работи. Мубает на место. ;)

    Никогаш не сме биле најдобри другарки. Уствари чекајте...грешка се изразив. Никогаш не сме се нарекле 'најдобри другарки' а всушност знаеме се` една за друга. Но, тој називот најдобра другарка го носи друга.
    Мене не ми е битно тоа. Важно е дека на секоја жена и е потребно да зборува со друга жена! Тука ние си го најдовме заедничкото.
    И помогнав многу оваа вечер. На ова ладно време само на едно џемперче стоев на улица и ја советував како да сум некој стручњак. Е баш е разочарана од таа 'најдобрата другарка' :talk:

    Дечкото и го зема. Епа така е. 11 другарки во друштво. Ако на пример Петко и бил дечко на едната, кога ќе раскине со неа ќе се смува со 5-6 од останатите другарки.
    Епа ова не се другарки. Ова се некои суштества кои неможам да ги дефинирам. :x

    Еве сега пример што ми се случува. Другарка ми х х х х знае повеќе од мене за тоа колку мојот дечко има учење за колоквиум. И просто се удира со глава од ѕид дека таа има повеќе информации од мене.
    Абе чекај, ниту имаш контакт со него ниту ништо.Финтата ти е само...онака да ме направиш да се почувствувам sad. :fubar:
    Значи колку малку ме познаваш девојко...И добро упороно не пробувај да ми се пикнеш под кожа.
    Еднаш јако ми згреши.
    Кога еднаш ќе ме повредат длабоко, тој човек е ИЗБРИШАН ЗА МЕНЕ!!!
    Oкеј те гледам само како едно физичко тело пред мене... толку заслужуваш :hai:
     
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Joined:
    May 10, 2011
    Messages:
    1,637
    Likes Received:
    3,742
    Толку расфрлани емоции што лебдат над мене и во мене ...
    Толку нејасни прашања и толку моќни чувства. Па и не се потребни прашања. Чувствата се тие битните. . Тие сокриените. Оние што на глас никогаш не ги признавам. Баш тие затоа што никогаш не било лесно да се проголта тагата ниту пак болката.
     
    crazylady, zarah, julie77 and 6 others like this.
  8. rosalka

    rosalka Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2012
    Messages:
    122
    Likes Received:
    40
    Gender:
    Female
    СДК само ова:
    [​IMG]
    I hope it ends.. :geek:

    Добра ноќ! |-)
     
    Serafima and Ann.94 like this.
  9. LaBella

    LaBella Популарен член

    Joined:
    Nov 6, 2010
    Messages:
    1,055
    Likes Received:
    1,102
    Gender:
    Female
    Eeee кога ќе ми текне порано трчај по снегот во школски да си ги пречекам другарчињата од одделение да ми дојдат на роденден, од 16 - 20h :!: , потоа роднините - абе живи радости. Други се годините сега, други се радостите. Сега си се радувам на најблиските што искрено ми честитаат, што моето злато ми се јави дури предвреме да ми честита :lol: ...а за испитот во четврток, па некако и не му ја мислам, роденден ми е бе! :D

    http://www.youtube.com/watch?v=XxaR7Ybpmpg

    Ајде да ве послужам торта, славењето не може да ми помине без вас :) :party:

    [​IMG]
     
    tessi, kate21, cigarce and 23 others like this.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,984
    Пак ми ѕвонеше денеска, да ми каже дека за него си купил трењерки, сакал и за мене, ама не ми знаел конфекциски број. Сакал и патики да ми земе, ама немало број. Сакал уште некое витаминче и минералче да ми донесе, ама далеку бил сега. Сакал и некој денар уште да ми даде, ама уште не раситнил ништо. Сакал и да ме види, ама си одел накај дома, не можел.

    За кој проклет муабет ми ѕвониш и ми го реметиш мирот, објасни ми, глупак еден?

    Ебате родителот ебате, цел живот го мина со мотото Јас сум родител, АМА... Аман заман, аман од тебе!

    Не можам веќе да пишувам за овој, ми се качува притисокот и осеќам дека ме боли главата кога ќе се присетам на него.

    Денес ми рекоа дека сум била или многу безгрижна или многу горда. Изгледам и се однесувам совршено нормално и добро, дури и одлично, та дури човек да ми позавидел - одлични оценки, одлично семејство, одлични другарки, сум имала шанси да најдам одличен дечко и еден ден да бидам одлична во мојата професија, се ми е мене одлично. Една другарка ми вика дека од страна сум и изгледала како да сум најсреќниот човек на светот, дека некогаш и се чинело дека немам време за грижи поради некои баналности, поради тоа што сум обземена во мојот мал, среќен свет.

    Ах само некогаш да знаат луѓево со кои мисли се борам, колку се навраќам назад и колку се нервирам за некои глупости, колку можат баналности да ме извадат од такт, колку пати сум преминала преку некои постапки ... Ама не значи тоа дека треба да седнам и да плачам. Не дека немам причини за плачење, предност им давам на тие за смеење.

    Се запишав јас, а баш сакав да ви пишувам за еден фин момак.... Можеби нареден пат. :)
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Joined:
    May 12, 2010
    Messages:
    4,733
    Likes Received:
    5,154
    Пишав нешто во лутина ама си го избришав. Не вреди ни букви да трошам за тоа. Плус и кога си ги читам постовите некогаш, не ми се допаѓаат тие нервозните, лутите, така да... стварно не вреди.
    Се расположив и после еден мубает овде :geek: :rofl: убаво ми се наоѓа форумчево :)
     
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Joined:
    Sep 1, 2010
    Messages:
    359
    Likes Received:
    563
    Тууу цел ден да се скитало .... ц.ц.ц :x
    Кафиња...шеткање...по гости...пазарење...пак шетање, и ете денот отишол. Море и ноќта.

    Ама со убав човек ми почна денот и со истиот убав човек ми заврши :)
    Денес два пати сме искочиле.
    Убаво е тоа што не сме се договарале да излеземе, туку онака спонтано: Сакаш да излеземе? - Да, сакам. -Епа за 10 минути симни се ќе те чекам. -Важи.
    А уште поубаво е што он го прави првиот повик. Оној со кој поканува. Значи сака и убаво му е времето што го минува со мене...хххммммм :mm:
    Морам утре јас да го направам тоа. :nod:
    Еј, изгледа хемијата се развива се повеќе и повеќе мегу нас. А Бога ми и физиката. Ми се свиѓаше бакнежот.
    Имате една феминка на форумов што штотуку не се вљубила. :inlove:
    Ај за арно нека е. :D

    Туку, како да си ги лакирам ноктите? Бела основа и од озгоре што? Мустаки? Шах поле (т.е. Формула1 знаменце)? Или црни кругчиња како бројчиња од 1-6 на коцки?

    А да си легнам? Ќе заспијам со недосушени нокти :lol: |-)
     
    Nine25, srcekrsacka and pamelche like this.
  13. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Joined:
    May 13, 2011
    Messages:
    727
    Likes Received:
    1,818
    Во целава темна ситуација, во ноќта добив малку светлина од него. Благодарам!
     
    kravce likes this.
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2011
    Messages:
    1,552
    Likes Received:
    8,266
    Gender:
    Female
    Сдк дека ми се смачи од Фарм Вајл, Покер, Фудбал и све остало што е од Фејсбук. 15 часа осечкувам исвестување, и кога ќе стигне што да видам барање за Фар Вајл. Ма идете у три љепи. Ај со здравје, уште посабајље фино љепо се инанервирав. :bow:
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,753
    бев вчера да си го земам резултатот од ПАП тестот-уреден е :) а пред тоа ми извршија ехо, ама јас не носев пари со мене и нели вчера ем да си го земам резултатот, ем да платам за ехото-докторката не сакаше да ми наплати :!: фала и што ми заштеди 400 денари :* до неа, ова втор пат ми се случува да отидам на лекар а по некоја случајност да не сакаат да ми наплатат :lol:

    двајца луге што ги познавам се покажаа дека не се такви какви што се прикажуваа дека се и тоа од посилниот пол :!: ги знам кои се и со едниот најобична комуникација а другиот игнор е лекот :!: иако премногу ме потсека на еден бивши-копи пејст се, секако тој не знае, знам јас

    а понекогаш многу ме нервираат некои ликови што се наметнуваат да ми изигруваат стројнички :envy: како една жена со која учевме Италијански прв курс, и испадна дека има книги за Менаџмент што би можеле да ми се најдат во животот, и нели ги копирам, па и ги вракам реши да ме запознае со некој си што таа го познава
    типот требаше да ми се јави, не го стори тоа, и некако женава ко да и е криво зошто е тоа така-е добро де,ако сакал ке ме исконтактирал :fubar: е бог да чува и брани.
    значи без маж во Македонија, жена не може да функционира :^) Балкаништина :swear:
     
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,809
    Likes Received:
    52,996
    Ја усовршивме убавината во правењето ништо, наоѓањето задоволство во малите работи, среќата во ситниците. Не знам дали од мрза или од можностите кои ги немаме, па сме принудени и на трошки да се радуваме, во сенка на големите работи што ги сакаме, а времето ги потиснува како никогаш да нема да се случат. Или ќе се бориш или ќе прифатиш, а некако се почесто се наоѓаме во ситуација да прифаќаме се што ни се сервира, креваш раце дал од немоќ, одсуство на мотивација, бодежите на реалноста.

    А мојов мозок не запира, си дрдори со себеси непрекинато. Безцелни, долги разговори. Од работа на готвење, од готвење на серии, од серии на книга, од книга на вежбање, од вежбање на пеење под туш импровизирани песни, од туш во кревет со слушалки и музика. Треба овој мој мозок да замине на планина и само да паузира во тишина, воздишки и погледи.
    Тој, шефов мој, вели дека сум сериозна, дал од очај или во шега ми понуди и друго работно место. Не си ги знам способностите да раководам со огромна група луѓе кои само дрдорат. Доволно ми се моите дрдорења во глава. Импровизирам повторно.
    Фреди Меркјури-Ај вант ту брејк фри. Музика, гурам документи од маса. Ај вант ту брејк фриии, (се качувам на маса) ај вант ту брејк фри фром јор лајс, јор селфсатисфајд ај донт нид ју (го шутирам мониторот, влегува шефот во офис) гад ноус и вант то брејк фри (му се вртам нему со телефонот фиксен кренат високо во раце) ијв фолен ин диспер фор нот д фрст тајм, енд дис тајм ит филс лајк д ворст (фрлам телефонот накај него)...(завршна точка кренати раце во воздух кон прозорец, а обезбедувањето зад мене ме влече) Ај вант ту бреејк фриии. |(

    На ум, штрудлата од Коритсаки во добро утро, денсинг квин на Абба
    [​IMG]
    сакам да бидам дел од мјузикл :$
     
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2011
    Messages:
    3,333
    Likes Received:
    15,499
    Сфатив дека сите пижами ми се со точки. Сите, без исклучоци.
    Добро сега, имам и едни со крава натртена и машна на опашката( :^) ), ама и на тие долниот дел им е точкест. Бели, розеви, виолетови.. Се прашувам од каде таа пасија кон точките?

    А точки од луѓе и околу мене.
    Толку се мали, дури неприметни. Точкест ум - толку затворен, плиток, декадентен.
    Ми се чини и јас да се сторам точка, па можеби ќе се пронајдам и конечно ќе се вклопам некаде.

    Јас отсекогаш сум го наоѓала најдоброто и сум го вадела најдоброто од утрата.
    А сега се изгубив целосно. Не само во утрата, него и во деновите што минуваат.
    Се ми е брзо, ништо не ми е повеќе така луцидно како порано, а јас упорно пробувам да бидам во чекор со се..

    И знаете што?
    Имам еден вујко, прост алхохоличар со натпросечен коефициент на интелегенција.
    Нема семејство, нема пoстојано место на живеење, нема ништо! Нула, зиро!
    За работа, пари и слични материјални работи нема потреба да зборувам, се подразбира дека е тотално обземен од лудоста кон алхохолот и е потполно незаинтересиран за ништо друго. А баш штета, колку само тој човек можел да извлече и да добие од животот!!! Жалосно што се може да ти направи алхохолот, жалосно...

    ***

    Денеска решив да пеглам коса после 100 години и автоматски времево се расипува.
    Па да.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,614
    Likes Received:
    290,520
    И - Под водоотпорен ----чект.

    Очигледно открив една нова карактеристика на мојот и под.
    После 2 и кусур часа на 40 степени во машината за перење, си функционира без проблем. :emo:

    Синоќа ми притребаа слушалките, и барај барај иподот на вообичаените места каде што обично ми стои, го нема.
    И наеднаш ми текна :tmi:
    Кога бев да пазарувам го носев со себе, и потоа на место во ташна или јакна го ставив во џебот од панталоните.
    Дојдов дома, раскренав работите што купив, се пресоблеков и панталоните директ у корпа за нечисти алишта. Корпата ми се виде полна и директ во веце со се неа и пуштив машина.
    После два и кусур саати си ги спружив алиштата да се сушат, заедно со нив и моите панталони и иподот во џеб.

    Не за друго, роденденски подарок ми е од малиот, од пред скоро 4 години.
     

    Attached Files:

  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,809
    Likes Received:
    52,996
    ^ Не баш конкретно за твојот случај, ама со натпросечна интелигенција во ова наше општество и ситуација, можеш само да побудалиш од несфаќање од околина, од неисполнување на идеите, од немање инспирација, поттик за дискусија, ниту пак човек кој би можел да те разбере...од имањето толку многу во себе кое истото немаш како да го изразиш, да го извадиш од себе
     
    ilipili, crazylady, Sara123 and 2 others like this.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    7,100
    Likes Received:
    6,361
    Gender:
    Female
    Пред мене имам пример за тоа како пороците можат да ти го уништат животот и да те лишат од убавините што самиот живот ти ги нуди. :( :doh:
    Станува збор за прв братучед на мајка ми кој отсекогаш бил проблематичен, уште од неговата 20та година, т.е уште пред да се родам јас, но за жал и до ден денес не е сменет.
    Прво ќе започнам со неговиот живот пред сигурно повеќе од 10 години. :o
    Се ожени со една девојка и после свадбата таа со поклони му замина странство и повеќе никогаш не се врати. Дали на време го препознала каков човек е или и тогаш имал проблеми со пороците па да си се спаси избегала не знам како и да е, еден пораз во неговиот живот е тоа, кој верувам му оставил траги.
    После тоа, не знам дали имал женски, ама знам дека почна да се дрогира, да пие, да пуши, да учествува во некоја тепачка и да си има работа со полицијата.
    Помина некое време тој сигурно имаше 30 години, повторно се дрогираше, но започна да оди на лекување т.е на рехабилитација од зависност и после некое време како демек се излекувал и повторно нема да и се врати на дрогата. Ахам да :fubar:
    Во тоа време запозна една девојка т.е жена и после некое време таа остана трудна и направија свадба.
    Значи уште една свадба во неговиот живот, но овој пат со уште поголемо значење зошто овај пат не беше во прашање само заеднички живот со жена, туку во таа жена растеше нов живот кој требаше да му го смени животот засекогаш.
    Живееја заедно во еден стан под кирија, се роди и машкото бебенце, тој беше пресреќен, но за жал не успеал да се радува целосно без придружба на наркотици. Тој никогаш не се одкажал од дрогата, но ја земал во помали количини, дали за тоа знаела жена му, не знам.
    Помина речиси една година од свадбата и се јавија првите проблеми.
    Двајцата невработени, немаа пари да плаќаат кирија, бебето бара јадење, пелени и облека и жена му виде не виде, неможеше да издржи повеќе така си замина во другиот град кај нејзините.
    Тој остана повторно сам, го гледаше син му од време на време. После замина и тој таму во другиот град, но пак се врати, дали се скарале, дали не го пуштале повеќе да седи или не сакал да биде дома-зет, па и без работа требало да живее на нивен трошок.
    Си појде дома пак назад кај неговите, веројатно утеха пак побарал во дрогата.
    Сега веќе после 2 години бебето е поголемо, а тој е одвоен и за неговите родендени, не е присутен кога бебето станува дете, не го гледа како расте, не му се радува на првите зборчиња, лишен е од тоа да го слуша зборот тато, а сепак е татко.
    Веројатно тоа му ја кинела душата и проколнувал се што му се испречило на патот и сиромаштијата, т.е неговата невработеност и дрогата која го одвлекуваше во се поголем пропаст....
    Па така поминаа едно 3 или можеби 4ри години откако се роди тоа невино суштество, а тој живееше без него и кога повторно се врати жена му да живеат кај неговите, :!: него го фатија полицајци кај што тргува со дрога. Го наместиле некои и повторно потона, мораше да лежи во затвор т.е уште не е излезен од таму, мора да си ја плати казната..
    Таа повторно си замина и овој пат решена дека нема да сака да го продолжи животот со таа пропалица кој ќе и донесе само несреќа, си го зеде детето и повторно си замина кај нејзините. Не знам колку е ова вистинска љубов од нејзина страна, да го сакаше можеби ќе го почекаше да излезе од затвор и да му помогне да се излекува, но не можеш да и судиш, го сака најдоброто за нејзиното најмило...
    Тој сега е уште во затвор, а таа во другиот град, па баш пред два дена со договор преку центар за социјални грижи се договорија да го пуштат од затвор на еден ден за да се види со син му, со социјален работник договорија место и време, зошто повеќе од 3 саати не смееше да помине со син му.
    Сите му пратија играчки на детето, баба ми, мајка ми, другата баба, неговите правилни баба и дедо, а татко му требаше да ги однесе. Појдоа да се видат, не можам да замислам каква била средбата, во исто време преовладувале и радост, но и тага кај "проблематичниов", од една страна го гледа син му после долго време, а од друга му е жал што ќе оди повторно назад кај тие четири ѕида.
    Има слики од средбата т.е од крајот на средбата кај што се поздравуваат, ги гледав како го гуши малото невино суштество на кое сега косичката му пораснала, а и самиот тој пораснал зошто го немав видено можда 2 години. Сликата ми измами и насмевка, но и очите ми се наполнија со солзи.
    Не знам дали детето знае што се случува околу него зошто е мало да сфати, но сигурно ќе ја памети оваа средба кога татко му дошол и му донесол полно играчки, зошто само тоа го викал: пуно играчки, пуно играчки. :(
    Откако ви ја раскажав цела приказна, да се вратам на главното, тоа што сакав да го кажам е дека, покрај болестите кои постојат што можат да ти го уништат животот, постојат и пороци кои ти го одземаат животот на побрз начин. Дрогата е најлошото нешто што може да му се случи на човекот...
    Да не беше порокот, сега тој ќе уживаше заедно со син му и ќе го гледаше како расте, но тој одлучил да оди по тој пат, се надевам дека затворов ќе го опамети и нема повторно ни да помисли на дрога, но на крај тој одлучуда што со својот проклет живот. :^)
    Детето ќе иразсне, можеби еден ден ќе сфати колку е проклет животот ако паднеш во мрежата на пороците, :!: се надевам дека приказната со татко му ќе му биде доволен показател да не оди по неговиот пат, туку ќе му биде поука.
    Дај Боже да израсне во добар човек, мајка му ја има најтешката работа на целиот свет, во исто време да биде и мајка и татко, и посакувам да го изведе на прав пат колку и да и е тешко.
    Животот е суров, а во вакви случаеви најмногу се оштетени оние кои што се како детето, се раѓаат во семејства каде што ќе патат, цел живот осудени да растат или без татко или со татко кој има пороци тоа ти е исто како да си без татко, без да ја почувствуваш татковоската љубов во вистинска смисла на зборот.
    Се надевам дека вистинскава животна приказна од моето окружување носи силна порака.
    Нема потреба да се повторувам, пороците те носат на дното, во краен случај ти го одземаат животот или во вистинска смисла или како во приказнава, ти го одземаат животот, а сепак си жив. :worried:
     
    Annie.mk1, teddybear, Doozy and 14 others like this.
Thread Status:
Not open for further replies.