[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк да можев ќе му ја вметнев реалноста во очи,пред очи чисто колку да виде дека тие околу него бргу ќе го напуштат.
    Да не живее во замисла дека "пријателите" вечно ќе живеат сами па ќе продолжат да се врткат околу него,не нема.

    ~~

    Спиење од 22:30 од 10:30, одморив и собрав сили, вчера беше напорно-успешен ден т.е. мислам дека беше успешен ќе видам резултати за некој ден. Но надеж има, се надевам.

    А :!: и колку да е ладно, некои луѓе тоа не го приметуваат бидејќи тие се вечно-душевно ладни.
    Луѓе без топлина во нив, во срцата.

    За таквите нема спас, иако пробувам со топли зборови да им ги растопам замрзнатите чувства, но залудно е знам, гледам.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    http://www.youtube.com/watch?v=jxCgq2hfNoI
    Да, нештата некогаш се надвор од сечија контрола. Како и животните патеки, понекогаш. Дома, мириса на праз, на кифлички, на радио во дневна е пуштен Славе Димитров со Делфина, тато решава крстозборки, мама прередува сметки, даде е на работа а јас се трудам да не бидам змеј, зошто не сум убаво наспана, имам подочњак до колена и страв колку за цели шест нови светови да се урнат и изградат. Зошто? Зар е важно, ама не е тажно. Напротив, ќе донесе мноооогу нови радости. Во петок и одиме на Нате на роденден, се мислам дали да и земам вино и една марама. Ќе се прочепкам интуитивно после. Може ќе излезе некој розев зајак од срцево. Магичен. Сфатив дека ме истоштуваат луѓе што паничат, што се’ им е фрка, брзаница, а всушност, бегаат од сопствениот хаос во себе. И мене ми е тешко, па лесно, драма невидена, па си ги прибирам емоциите и не вриштам. Или барем се трудам. Си читам антологија на монголска поезија и се фасцинирам на пејсажноста што тие мудреци ја создаваат. Мекост на срцево и топло околу половината. Секоја ноќ го сонувам. И тој мене, ми рече дека морам да издржам, за нас. Колку е сета таа Љубов една невидена магија и чудесија! Уште да можев да ја опишам, ќе беше добро. Денес правиме една година и три месеци, просто и едноставно. Во суштина, обично, човечки и со доза далечина. Само што, ете, не сме заедно и си скајпаме и очите ни будат израз на мачори кога гледаат коковчиња преку стакло. Оближување и гушкање до кршење коски. Така. Само луѓе што вкусиле далечина, ќе разберат. А и не мораат.
    Надвор човек може да рине меланхолија со лопата. Да изгради замок и во него да ја чека својата судбина. Или да ја напише. Јас, мојата ја споделувам секојдневно, несебично а скришно, пробувам да не бидам патетична, а сепак сум, ревносно се борам со сопствениот егоизам кој понекогаш ми го крши филмот, ми го осветлува па отемнува, и на крај заспивам со мислата дека љубам некого. Дека играм низ животот со боси стапала, па душата ми шета лево десно.

    Гордоста, никого не направила паметен, ете тоа си осознавам... Треба некогаш да си ги разнишаме струните. И ќе се роди песна.
    Надвор од нашата контрола, ко Ања што милува да испее.
    Ви посакувам убав ден, убава ноќ.
    Ш.
     
    На anabel-a и Libera им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.198
    Аеродром на вода, докторите протестираат (извинете,поддржувам штрајков,ама па...јаките доктори со опроштење! |( ) мирно, стечајците од Охис протестираат и све тоа глатко и мирно, пола Европа протестира жестоко,ние другиве си ужиФкаме.
    Туку езероно чунки море е,па нема да се загади...и така ќе го зголемеле бројот на туристи... Оф муко...ООООФ економска логико! *оди да си ја искине дипломата*
    Јас ишкам темни мисли. Помрачено сонце, помрачени мисли. Не допирај ме.Се расправам со некого, тој ми зафрла заводнички погледи,а ми оди да му ја свирнам една преку брк!
    Моите се борат и ме боли заради тоа...сакам еднаш да ги видам стварно среќни.
    И јас барам ваква работа!
    http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/i-jas-i-jas
     
    На kravce и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си студент по право кога длабоко во себе знаеш дека латинскиот јазик не е мртов.
    (жива вистина)
    :D :D :D
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кога некој си сељак те прашува на фб: Како факултетот? Има ли петки?

    Дишк. :headbang:

    Ексик нека е и факултетот ако имам петки. Па до толку неинформирани луѓе да постојат, бе. Не ми се верува. :x
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    И... почнаа да се чувствуваат промените за кои пишував овде.
    Вака, јас животот го гледам ко една климава скала, ко една од оние стратешки игри, расцепкана на неколку нивоа.
    Од секаде демне опасност јажето да се скине, макар и најдебело било. Затоа и секојдневно стрепам за здравјето на најмилите.

    Не е време да потклекнам пред индиферентноста и неодговорноста на административниот апарат.

    Ти благодарам мамо, што ме научи како да се однесувам со купиштата обрски кои ми претстојат! :bow:

    :l:
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вие како сакате, ама ја не сум од оние што ги преферираат жешките, сончеви, летни, пред свежите, студени и есенски денови на нашето секојдневие, не не. Јас сум од оние кои се восхитуваат на шаренилото лисја по дрвјата надвор, кога отварајќи прозор вдишувајќи од воздухот сакаат да соберат што е можно повеќе од себе, што го сакаат мирисот на печени костенчиња, чад, и сакаат магла зошто им изгледа мистично и необично. Ја сум од тие што се поенергични во овие денови, отколку во сончевите, каде секое излегување преку ден на пеколот мислам дека ќе се онесвестам и нозете да ми се сечат, косата да ми се лепи на тело и шминката да ми се расипува од солените капки на лицето. Што имам сила да шетам и шетам се додека не измрзнам со моите високи чизми, новото бело фенси капче, капутчето или јакната и омилените аксесорис за сезонава. Зборам за низ градов, и за преку ден, што не важи за на одмор и вечерните искачања :D
    Еј да, и уште еден положен испит со солидни поени. Па, не е лошо како за почеток. :lol:
     
    На Miss.Ricci, kravce, L-enna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Аман бе луѓе,не ставајте до толку ќумур ли,што ли ставате по тоа ќумбињата.СМРДИ,СМРДИ луѓе,разберете! :headbang: :fubar: :headbang:
     
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Им пресметав на моите дека во нивната триесетгодишна пушачка кариера претвориле околу 19,800 евра во чад. Тие испратиле околу 1.207.000 денешни денари во воздух. Вдиши....фффуууууууу чадот....

    Нема да навлегувам во детали што се можело да се купи со тие пари, во што попаметно можело да се инвестира или едноставно да се стават во банка....

    Но денес немаше да се притресуваат секогаш кога комбето на ЕВН поминува покрај нашата улица, или ако стигне писмо од банка на наша адреса.

    Луѓето кои ми зборуваа што е успех во животот, чии параметри за исполнет живот ги прифаќав безусловно со години наназад, денес сваќам дека се поразени на неверојатно дебилен начин.

    И кој ве ... сите вие што ќе вртите очи на оваа моја пресметка, знам дека сум во право!
     
    На Umbrella22, ozbilnazena, mims-89 и 52 други им се допаѓа ова.
  10. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    СДК... не ми е битно за 500км меѓу нас, јас го сакам, а и тој мене... да тешко е, нема кој да ме гушне и бакне коа ми е најтешко а и него исто ама ќе издржам уште малце ... Ќе дојде Нова година ќе ги запознае моите па ако и тогаш се противат јавно кажувам дека бегалка ќе бидам :D мала шала ... само нема да можам да издржам до мај месец да седам тука а тој таму и да се гледаме еднаш во месецот ... може ова е малце претерано сериозно меѓу нас ама доколку сеа не се трудам да го задржам после џабе ми е...
     
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Секој убива. Некој со поглед, некој со омраза, некој без чувства, а некој со чувства. Некој од алчност, некој заради моќ... некој заради немоќ. Некои убиваат за да им биде полесно, а некои за да ја почувствуваат болката уште подлабоко. И дали баш сите што ги убиваме навистина умираат? Постои ли нешто што се нарекува бесмртна љубов? Има ли таква љубов да умреш за неа, да се родиш пак за неа? Има ли? Би одел ли секаде каде што одат саканите? Макар и значело да одиш во смрт? Има ли толку храброст во човечките срца да се откажат од сопствените чукања за да го следат оној што го сакаат...

    Среќните краеви постојат само во бајките. Крајот никогаш не бил среќен. Кога ќе дојдеш до крајот, си дошол до разделба освен ако не одиш заедно со саканиот. Со крајот доаѓа и изговарањето на зборот збогум, за првпат и последен пат изустен зошто после тоа повеќе ништо ќе нема... Ништо нема да постои... Или можеби ќе постои?

    Се прашувам има ли такви љубови, толку силни и ненадминливи кои по секоја цена сакаат да победат макар го достигнале и својот крај?...

    Навистина ли толку можеш да се врзеш за некого и да не можеш да го пуштиш никаде без тебе? Што мислите пријатели? Дали и љубовта е само бајка од филмовите или сепак постои? Што би рекле вие? Верувате ли дека љубовта е таква сила што може да оди и после смртта?...

    Јас би рекла дека може...

    Ништо не може да ја порази. Гази и во темните предели и таму каде ништо НЕМА и ништо не ПОСТОИ... Таа е СЕПРИСУТНА...

    Таа е насекаде, во првите погледи и насмевки, во првите солзи и страдања, во сите умирања и раѓања и на крајот, таа е во последните воздишки, во мракот... онаму каде го допираш крајот и го започнуваш невидливиот почеток.

    Таа те следи и тогаш кога ти не ја следиш неа зошто од неа не можеш да побегнеш... Оди каде сакаш ако решила да се насели во твојата душа таа ќе те обземе, таа ќе те завладее и заради неа ќе бидеш подготвен на лудилата за кои порано не би ни помислил.

    Таа е прегратка која никогаш нема да те пушти... И кога спиеш и кога сонуваш, и кога си буден и кога си тажен и кога имаш илјада причини за крај и кога имаш само една, и кога имаш сили за почеток и кога имаш сила за борба. Таа е тука. И за неа се ќе направиш инаку никогаш нема да знаеш како е да се живее.

    И ќе умре оној кој нема да ги убие оние што ги сака. Оној кој нема да се убие себеси, зошто тој и никогаш не живеел. А ќе живеат оние кои барем еднаш умреле љубејќи, оние кои би умреле уште милион пати зошто тие сакаат да живеат, да знаат што е тоа да се живее со полна душа, што значи да си СЕПРИСУТЕН, што значи да те ИМА... и кога те НЕМА...

    Таквите сакаат да оставаат траг зад себе, траг што ќе се постила и после 50 години...траг што ништо нема да го избрише... траг што ќе биде втиснат во сеќавањата. Таквите ќе сакаат да знае светот дека тие љубеле... до смрт. И пак да се родат би го избрале истото...

    Љубовта е чудна сила...

    Не ризикувај да не ја запознаеш...
    Таа секако ќе те побара...
    А каде ќе те однесе?
    Важно ли е?
    Што е важно кога љубиш?
    Ти знаеш до кого си... И кој е до тебе
    и што уште треба да знаеш?

    Ќе те носи во рајот
    Ќе те носи до пеколот
    Ќе те носи до сите краеви... и ќе те раѓа во сите почетоци

    Еднаш низ едни очи, другпат низ други...
    Но никогаш низ различна душа.
    Постојат две половинки на овој свет...
    Кога ќе се спојат повеќе ништо не може да ги раздвои.
    И само тие можат да се најдат откако повторно ќе се изгубат.
    И само тие можат да се разбудат од минатото да продолжат во сегашноста да одат и до иднината.

    Тие се СЕПРИСУТНИ...
    Тие се парче ЉУБОВ
    Тие знаат дека среќните краеви постојат само во бајките.

    А дали им треба на нив крај воопшто?
    Тие се еден до друг...

    И може ќе завршат за сите други
    Но едни без други
    НИКОГАШ...

    Заедно насекаде.
    Во почетоците.
    Во краевите.
    Во животот.
    Во смртта.
     
    На Moira, kravce, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Људи моји, денеска бев на заболекар! ^_^

    Да, да, се радувам оти ме заболе заб и отидов да го правам, дека немав асално отидено на заболекар со векови. И, знаете што друго, конечно го сменив матичниот заболекар.
    Си имам работа со фина теткица, ептен фина, што смета дека имам мало усте и скромно збиени забчиња.
    Да не ви зборувам за тоа како ја надминав мојата гадливост со картончето за снимка на забите во устата пикнато на последниот заб. :party:


    .. И вака денес започна мојот ден, будејќи се со болка во забот што ми фрлаше црни завеси пред очи и зуенки во ушите ]:). Си дојдов дома, книшката и правец на заболекар. Успат, си купив и нов телефон.

    А Велес, наутро, ладен и сив.
    Го вртев во брзи чекори кон автобуската за да си фатам автобус кон дома, на клупата во тресенки под мостот, онаму, на автобуската станица ги дочитав последните страници од книжето.
    Се претркував со луѓе, ме стигаа, ги стигнував, чекорите ни се изедначуваа.
    Сето тоа проследено со забоклук на кој се трудев да не му оддадам внимание.

    А градов мој, уште посив, уште постуден, воопшто не ме чека да се вратам.
    Сакал или не, му дојдов, со скршен заб и никаква коса, да си ги лечам раните, таму кај што ми е местото..
    ..колку и да го одбивам, знам дека е тука лекот за моите рани..

    .. И овие два дена што следат сум ослободена од школо, но сакам да одам у Петок, чисто, да знам како е, да станеш наутро од дома, да се облечеш, да одиш на час и потоа повторно да се вратиш дома.

    Јас никогаш го немам доживеано тоа чувство.
    Мене четврта година по ред наместо каминче, ручече и лаптоп ме чекаат цимери, греалка и примитивно скромно собче во кое атмосферата опаѓа и се крева без престан.
    Не знам дали го сакам или го мразам, но, ете, и него не можам да го одбегнам.
    И тоа стана дел од мене.
    И тоа прави јас да сум Јас.

    http://www.youtube.com/watch?v=wLKWwSHpUr4

    Бидете љубезни.
     
    На kravce, L-enna, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Ноември.Месец,дел од годината кој најмногу ми се допаѓа.Ноември,декенври,јануари и февруари.Време кога надвор е студено,во ноември листовите од гранките на дрвјата се испопаѓани.Во декенври,крај на полугодие,крај на оваа година,китење на елката,нова година,во јануари,зимски распуст,божик бадник..Во јануари се запознав со него и секој ден се гледавме,надвор беше студено и тоа многу,ама ние сепак се гледавме...Многу прекрасни спомени и со него и со најблиските мои.И оваа година е такво времето како што е секоја година,студено,есен,зима,новогодишни празници,зимски распуст,ама оваа година е поинаку.Го нема него,ги нема моите најблиски...
    Јас многу негативно размислувам.Другарките ми викаат да се смирам дека ова е привремено,ама јас неможам да се смирам.Бидејки се во прашање 3 години,а за 3 години многу работи можат да се сменат.Се плашам дека го изгубив...Се плашам дека се заврши и дека само спомените останале.
    Ама јас од што немам што да правам,за да не паѓам во депресија учам.И затоа фала богу барем оценките ми се добри,всушност не се добри,туку одлични.Ова е среќа во несреќа. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не можам да функционирам без кафе. Не сум истата личност :D И сакам да го пијам бавно :!: како сега :P И то.
     
    На tweety26, kravce, wolf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Се гледа бре дете од фамилија :rofl: повеќе родители се распрашуваат за мене, него момци :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На tweety26, Neytiri, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Хуманитарна акција-да му помогне ме на девојките кои трчаат по зафатени машки да си најдат слободни ! ;)
     
    На moonlight-girl.55, Stoimenovska, Ognenija и 4 други им се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Деновиве ми се по исполнети од било кога,ваков живот сакам,исполнет.

    Незнам како на мене гледаат луѓето,не ме познаваат воопшто а веќе донеле заклучок за мене.Вие незнаете колку личности до сега ми кажале дека за мене имаат мислење дека сите работи сум ги гледала од многу високо. |( Врска немаат,воопшто не знаат каква сум а и немаат потреба да знаат.

    Денес,конечно признавам дека имам сестра близначка луѓе,не во изглед него во душа,на карактер.А сте ме запознале мене а неа,разлика нема.Интересни ми се оние моменти кога ми кажува за некоја ситуација а јас ја критикувам бидејќи лошо постапила,а таа со поглед ми кажува да не ја карам бидејќи и јас истото би го направила.

    Се наоѓам во една чудна ситуација,незнам како да постапам,незнам дали да пробам или да не пробувам воопшто.Ама си сакам кога ми обраќа внимание.Убаво ми е кога ме прашува дали имам време за да пиеме кафе.Убаво ми е кога ми кажува дека премногу му се допаѓам а јас само слатко се насмевнувам.
    Толку.
     
    На Moira, kravce, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    5.828
    Пол:
    Женски
    е вака ми е многу убаво кога го пуштам мозокот на пасење :D ,си пијам кафенце на раат и со умов патувам некаде далеку,сега за сега на кај Париз заминав,ах камо да бев навистина таму...
    ве поздравувам со песнава и ви посакувам да имате прекрасна вечер
    http://www.youtube.com/watch?v=OAMuNfs8 ... ure=g-hist
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Мноогу ме нервираат групите и статусите на ФБ од типот :

    - Напишала Пена парти, а она дома садови мие.
    - Напишала ноќно капење, а она се бања без струја.
    - Напишала во 6 саат статус НАЈЈАКО СИ ПОМИНАВМЕ, а она станала за на нива.

    ... ги има уште, ама овие ми текнуваа во моментот.

    Не стварно, шо ви е поентата со ова ??? Сакате некого да исмеете ??? Ко демек они имаат помалку од вас па за жалење се ???

    Епа баш напротив. ВИЕ сте тие ЈАДНИТЕ !!!
    Со тоа шо ќе наречеш некого ГЛУП, не стануваш ти ПОПАМЕТЕН ! ;)
    Само покажуваш на колку ниско ниво си паднал...
     
    На sweet-cherry, kravce, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ^ Колку сум сакала да прокоментирам секогаш кога ќе наидам на ваков статус, ама ај.. Си викам белки ќе им дојде паметот. Не знам стварно што им е поентата. Па пишуваат вакви и во онаа групата Убави мисли, мудрости. Порасните.
     
    На Lov3, bluegirl7, LittleFairy и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.