[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Се прашуваш и се чудиш како може после се да се радувам за тебе? Ми велиш дека тоа е глупаво, дека глупаво се чустуваш и дека ова е глупава ситуација. Па да, глупаво е, но... милочок, па зар ти заборави дека ја отсекогаш бев онаа „добрата“? Заборави ли колку пати ми го повтори она.. „Не ми се верува колку си добра, подобра личност од тебе немам сретнато, сите се кучки и бедни ку*вички, а ти...Ретко се наоѓа некоја како тебе.. волку ДОБРА!“
    Епа да, како што можеш да видиш, јас сеуште сум истата, но не потполно. После тебе многу работи сменив. Морав. Неможев да дозволам повторно да ме повреди некој кој ми нуди лажна надеш. И не дозволив!
    Ти благодарам што ми го покажа суровиот, болниот, но вистински и реален свет на љубовта. Ти благодара, што ме научи да ги познавам и да бегам од таквите како тебе, што ти го нудат целото ѕвездено небе, а зад себе оставаат само рана на срцето. Оние кои сите ги нарекуваат женкари и сите ги „мразат“, а сепак желни се за нивните погледи и би направиле се за да бидат во нивната прегратка. Ах.. Се внесов премногу за женкарите, да кои не треба ни да се спомнуваат воопшто, но... Да се вратам на моето.. нашето.
    После неколку години ние сме другари, секој тргнат по свој пат. Сега имаш девојка која ме уверуваш дека ја сакаш. Искрено..Не ти верував, после се што знаев за тебе, не ни можев да ти верувам. Но успеа, ме премисли, ме увери дека ја сакаш, дека си сменет, дека не си тој истиот, идиотот кој само сака да смува некоја, затоа што има добро тело, посевно добра задница. Дека веќе ти здосадило тоа, дека се уозбили и сега сакаш да сакаш некоја, онака вистински, а и да бидеш сакан. Ах.. Понекогаш си мислам.. камо да не се случеше тоа помеѓу нас, камо да се запознаевме дури сега, кога си сменет, кога ке можеш да ме сакаш, а и јас тебе, секако, како што те сакав и тогаш. Но потоа се враќам во реалноста, каде ние не можеме да бидеме заедно, каде неможеме да бидеме ништо повеќе овен другари. Сеедно.. Јас те преболев, сега навистина можам да бидам со тебе само на пријателство. А бидејќи уште одамна го чекам денот коа ќе слушнам дека си сменет и сега вистински сакаш, но и дека нели.., сега си ми смао другар.. ЈАС СЕ РАДУВАМ ЗА ТЕБЕ и твојата срека во врската со девојката која успеа да те смени, со онаа која те „натера“ да ја засакаш, онака вистински. И нема повеќе потреба од чудење зошто се радувам за тебе. Кажав доволно за да сватиш самиот. Те молам запомни-јас секогаш ке бидам среќна за тебе! Колку повеќе се менуваш и колку посреќен си ти, јас толку повеќе ке се радувам.. се додека знам за тебе!

    Лелеее изгледа претерав малцее :tmi: Знам дека е долго ама морав некаде да си се искажам :)
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    [​IMG]
     
    На Stoimenovska, creshicka, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Намерно го ставам текстот во СДК за да биде виден, и да и се помогне на оваа девојка, прочитајте го и со кило шеќер или парче облека многу можете да сторите..

    http://www.kukuriku.mk/zdruzenie-za-spa ... cki-zivot/
     
    На sweet-cherry, imelda, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Љубам а во Скопје ли е девојчево? Како може да се донира од др места?
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам да си го чуваш и сакаш детето, ама да го размазуваш до тој степен што буквално ќе те гази а ти ќе се смешкаш додека го прави тоа и уште ќе го правдаш?
    Па и се што ќе посака на тацна да му се сервира по секоја цена? И аман заман никако допир со други луѓе болест да не фати, па да не јаде ова да не јаде она... па надвор никако да не настине...
    Ја бре коа бев малечка се санкав на снегот цел ден водена од глава до пети, играв со кал по цели денови во маалото, трчав, јадев што ќе ми паднеше на памет па еве ме здрава права девојка...
    Ама не бре, ќе се разболи душичето, наоблечено со триста под кошулчиња и боди та и хулахопки дебели, на собна температура од 50 степени...

    И да, нај ново нешто што слушнав, голем дел од денешните мајки примале инекции за да немаат млеко и да не го дојат детето бидејќи ќе им свиснеле градите (facepalm x300000).
    [​IMG]
    Божем со тек на годините нема да и свиснат, едни ци*ки никакви и се по битни...
    Извинете ама таквите родители за мене се просто штракнати. Brainless bi*ches.
     
    На LilBaby, La.Reina.Del.Sur, Nine25 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк типон ми е неостварена желба више4 год по ред... :^)
     
  7. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    СДК доста ми беше учење за денес, конечно си легнувам да спијам!!! |-) |-) |-) |-) |-)
    Лека ноќ! :)
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Да во Скопје, јави се слободно на броевите и прашај..жално е 23 годишна девојка со толкава товар и борба. Ах животец! Не мачи понекогаш многу, ама не сакам ни да помислам колку и е тешко на девојкава..

    Еве овде може да следите пишува дека веќе се јавуваат за да се помогне на девојкава .. https://www.facebook.com/pages/SPAS-ZA- ... 21?fref=ts
     
    На ilipili, DigY, PeaceLoveBasketball и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Имав лош ден, напишав безброј зборови полни со чувства и сите ги избришав.
    Се почувствував голо и се засрамив.
    Напишав премногу, а не сум сигурна дека сакам толку да откријам за себе.
    Можеби некој ден...
    -----------------------------------------------------------------------------------
    На крајот од денот тој е повторно покрај мене.
    Бескрајно му благодарам!
    Сакавме да прошетаме, да не фати воздух и малку да си ги избистриме мислите.
    Сосема неподготвени не фати дождот, тоа воопшто не ни пречеше. Шетајќи по една од маалските улички до нашите носиња дојде мирис на тазе месено лепче.
    Погледнавме околу нас и во една од куќите видовме фурна, си купивме две жешки погачи и по пат, без оглед на дождот ги грицкавме како да сме само јас и тој и како ништо друго да не се случува.
    Сега сме дома, јас сакав само да ги споделам чувствата и случувањата со вас, после ова одам да му се придружам нему.
    Филмска ноќ, јас и тој, безброј бакнежи и после незнам колку време ќе заспијам во неговата прегратка.
    Имав лош ден, но ноќта нема да може никој и ништо да ми ја уништи.
    Добра ноќ драги мои!
     
    На bitter-girl, zarah, Loritaa и 14 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.882
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде го прашувам - Кај беше, што правеше, со кого, како... Го прашувам од причина што ме интересира, пошто нели го сакам, а он па ми вика, аууу инквизицијата стапува на сила.
    Само му одговорив, кога ќе престанам да те прашувам и да се интересирам тогаш да му ја мислиш, а не сега да ми кукаш.
    Од тогаш збор ми нема речено и си одговара ко попче. :emo:
     
    На Peppermint, AIT, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    СДК конечно си се истегнав на креветчето. Убавини. Топло чајче и овошје до мене. :) Убаво поминат ден денес. Не сум седната како што треба од кога станав. Ни кафе не си се напив дома, а ритуал ми е секое сабајле :D не функционирам ако не се напијам од дома. Ама ете со една колеска се договоривме дека надвор ќе пиеме. И стигнав само да си се спремам и да ја фатам вратата. Па се најдов со неа, па седнавме на кафе и муабет, и додека треониме помина времето, го фативме нога под нога патот накај аеродром, колешкава имала закажано на лекар. Среќа брзо завршивме. :D Мразам болници, мразам тетки во бели мантили. Па не ни се одеше дома па мавнавме една тура по продавниците низ бисер, јас си најдов едни чизмички и си купив, (ако вчера си купив чизми) :) од бисер пак тргнавме пешки накај дома.Јас незнам стварно шо ми е мене проблемов со одењево пешки секаде, ептен сум се разодила :^) Па успат пак на кафе со колешкава и други пријатели, и конечно после добри 5 саати стигнав дома. И таман седнав да се одморам малку ми текна дека утре треба да излегувам бе, со колеги :!: а нешто у последно време тоа вечерното излегување мисловна именка стана кај мене, па сфатив дека јас уствари немам и незнам шо да облечам. И пак и се јавив на колешкава да ја замарам да дојде да ми најде шо да носам јас утре на тоа фамозно колегијално кафанско излегување. Ама па она исто не знаеле шо да носе па ме натера јас кај неа да одам :D и така ете дур да трепнам пак си се најдов на улица одејќи накај неа. Неа и најдовме шо да носи утре, ама за тоа утре она ќе дојде мене да ми буричка низ алишта и да искомбинира нешто :) И на крај излеговме на чај у мало со една друга колешка и еве ме сеа дома конечно облечена у пижами и спремна за спиење после долгиот и убав ден :) Туку зборот ми беше, ако се слабее од пешачење, јас како шо сум тргната манекенка ќе станам :D
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Моите ме имаат учено -Кој тебе си камен ,ти него со леб!
    Ме треснува по глава ,еднаш.Па уште еднаш.Па третпат.
    И тогаш укапирам дека животот не е романтична комедија.
    Денес се однесував по правилото-Кој тебе со камен ,ти него со цигла -па нека го боли и него.
    Всадениот систем на вредности и чувство на морал не се промениле,ама вака полесно се носам со човечката злоба и расипаност,и не цмиздрам веќе секогаш кога некој ќе ме повреди или згази.
    Ех ,да бев само малку поинаку воспитана полесно ќе се снајдев во денешнава џунгла.
    Кога би можело тоа и дома да го практикувам.
    И да ви кажам,ништо,ама ништо не боли повеќе од тоа кога ќе видиш дека сопствените деца не те почитуваат.Гризење за срце е благ збор за да се опише чувството. А ти прегризеш јазик,стегнеш душа,и се тргнеш да не им пречиш.Во што ли ќе израснат Боже мој,во луѓе или...
     
    На Annie.mk1, Peppermint, La.Reina.Del.Sur и 12 други им се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.433
    Се бара да се врати џентлменството повторно во живот! :!:

    Па мајка му бе, денес никој не се најде да ми ја крене торбата во воз!
    Значи, јбг, не барам да ми ја носи 100 метра, туку 3 скалички само да ја крене!
    Али не, нема, јок, ач.
    А едни дечки, ваљда колку мене на возраст, дремеа пред возот и веројатно ме меркаа, али никој не се понуди да излезе кавалер бе!
    И така, јас инатлива колку што сум убава :wasntme:, ја качив на воз, па ја кренав над мене за да си ја сместам на тие решетките горе, сама! :!: :D
    А торбичката тежеше сигурно 9-10 кг, што е една петинка од мојата тежина само.

    Машки, машки ... Абе ги има секаде околу нас, али уствари, НИГДЕ ГИ НЕМА! :D
     
    На creshicka, La.Reina.Del.Sur, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Што сум приметила на форумот во последно време?
    Сите ние учиме многу, многу, се жалиме за колоквиумска, или па обратно од нас, оние кои веќе научиле, се жалат и си ги кажуваат проблемите во врска со тешкотиите за наоѓање на работно место, нервози со шефови...
    После, се жалиме за тоа како поголем дел од луѓето засекогаш ќе останат плитки и без чувства и како денес реткост е да најдиш некој, кој не мора да е, ама да е твоја крвна група (не читај буквално) за да можеш да го сакаш без да помислиш еднаш дека ќе си заебен од самата личност.
    После, како ние сите сме благодарни на нашите машки другари, како и повеќето феминки, што секогаш знаат да не насмеат и во најтешкото време и да ни дадат нај оригинален и искрен совет;
    следува сега, нашето женско катче, со нашите најмили жени за кои глава даваме, сите ги имаме значи, а дали е една, две или пет, зависи, ама тие ни се наша крвна група која никој не може да ја раскине.
    После следува најбитното, дома, нашето дома, за некои од нас најтоплата тема за пишување а за некои од нас, болка во гради.
    Секоја од нас во оваа тема се празни и исфрла од себе секакви информации за да ние подоцна читајќи го тоа добиеме некоја си слика за самата личност, виртуелно, ама сепак толку блиско и реално.
    Колку само интересна е самата комуникација тука.
    Јас лично, не можам ден без оваа тема, се навикнав, значи едвај чекам да видам на која од вас како и поминал денот, кој кого изнервирал, или што слушнала прочитала, гледала, па да осознаам нешто ново како оној Феникс (само еден од многуте примери) да не беше фемина, немаше да знам пошо кога читам тука, читам со саати и уживам максимум!

    Сакам да верувам во искреност и верност, многу сакам, дури и мислам дека верувам, ама секојдневието е многу тешко, самите личности се станати многу тешки и комплицирани, пред очи ми се расипуваат односи со луѓе за кои да ми кажеа пред некоја година, ќе им удрев бокс, луѓе, кои мене лично ми биле предраги, кои ми биле мое секојдневие, и се тоа падна во вода, а зошто?! Ако сте приметиле, обично се паѓа во вода за најситната глупост, а тешките работи и случки се минуваат заедно, па ќе дојде на крај едно мало ситно грутче, и бам, како гром од ведро небо, се срушува пред тебе без некоја силна причина.
    Крвта не е вода, е не е, нафта е денеска.
    Односите каде што не треба по дифолт да се раскинат, каде најтесно, најхрабро и најсилно треба да се браниме и одржуваме се кршат како топло парче леб, не сакам, ама бев сведок на доста такви односи и раскинувања дома, значи просто не можев да си поверувам, но тоа е таа реалност, реалност каде и најблискиот ти љубомори и ќе ти напакости за глупост, а ти си бил тука за најтешкото негово, сте го претрпеле и поминале тоа пусто тешко за на крај да дојде ред од пуста љубомора, крв да пукне на сите страни?!

    Нема чудење повеќе, тоа е што е, дојде тоа од што сите се плашеле порано, со мајка ми можеме само до зори да си кукаме, и да и ги слушам маките, ама жена моја најмила и најсилна, си застана цврсто и веќе не може животот да си го крати со нервози и маки за луѓе кои едноставно се веќе...прозирни и бледи.
    Тато секогаш ќе ми биде поим за психичка сила иако од еден мој нежен збор одма му идат солзи во очи...
    Дома ми е најубаво, и секогаш ќе биде, тој однос што ние сите го постигнавме, и покрај се, можам само да заплачам добро сега и да кажам фала Господе!
     
    На Cataleya, Angel.girl, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Иритирачки е кога човек ќе знае дека личноста на која тој/таа, му/и помогнал/а, не ни ја заслужила таа помош.Воопшто не ми е криво, само не е заслужена помошта, ич.Штета што нечиво преголемо его, прави истата личност да биде оставена на цедило, а не пак да заслужи нечија помош.
    И уште нешто, премногу вистинито, некој што пред многу време кажал „ се што сакате другите луѓе да ви прават, правете им и вие на нив“, кратко и јасно.
     
    На Loritaa, julie77, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    СДК овој пост е инспириран од moonlight-girl55 :D

    Година 2010. Рано наутро, студено, се качувам на возот откако убаво измрзнавме сите надвор, фаќам купе и сам сум внатре.
    Од толку непроверени фаци што се качија и што веќе беа во возоот, белки јас сум и се видел најприфатлив некако и ме прашува една типка дали било слободно. Чисто формално прашање, формален одговор. Да слободно е...
    Јас бев седнат на средното од трите седишта, ги извадив слушалките од телефонот на кои слушав музика и ја прашав дали и треба помош со торбата да ја качи горе. Се насмевна и само ми кажа не е проблем, можам.
    Убаво се истетерави, ама ај не и беше пријатно да и помага некој изгледа.
    Си ги вратив слушалките да слушам музика, таа седна на спротивната страна до прозорецот, ја закопча јакната и со ташната во скутот заспа за минута ипол. Скоро инстант.
    Ејј душичка, си реков, премрзна надвор чекајќи го ќоравиот воз и на топло веднаш во хибернација.

    Набрзо после тргнувањето влезе кондуктерот, коњ* од човек, ја тресна вратата, среди со билетите и излезе. Јас имам слабо искуство со возови во нашата државичка, и не знаев дека релацијата има станици на 10 км, глупо сецкање, но и тоа ќе се издржеше да не беше лабавата врата во купето.
    На секое тргнување од станица ќе се отвореше и ќе треснеше, на секое кочење, се затвара и пак треска.
    Првиот пат кога се случи тоа, девојката рипна цела исплашена, па на втората станица исто така.
    Јас едвај слушнав поради музиката, но и ја приметив реакцијата и си велам ааа нечемо тако....

    Таа повторно се потпре, склопи очи и јас полека се преместив на седиштето до вратата и ја притиснав вратата со нога. До крајот на патувањето кое траеше повеќе од 2 часа, вратата не тресна уште еднаш.

    Јас собрав малку промаја на тоа седиште, но таа спиеше како бебе :$

    Кога пристигнавме, повторно ја прашав дали може да и помогнам, таа пак ми се насмевна и со некоја трема во гласот повтори не е проблем, можам и сама.

    Постои џентлменство. :!:

    Ретко е, ама живо. :!:

    * Длабоко се извинувам на коњите на овој свет што ги споредив со луѓето.

    Не се испофалив многу :wasntme:
     
    На Umbrella22, WildCherry, bittersweet и 35 други им се допаѓа ова.
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724

    Good guy EleMental. :D

    Кај сте феминки the hunter is back. :P

    Колоквиумите си поминаа како што се' си поминува во животот, одново знамето на слободата се вее. :)

    Само кратко да пишам колку да ми се регистрира присуството и дека сум жив и здрав. :lol:

    Ќе пишувам повеќе во наредните денови, но пак ќе се вратам на обврските од кои ми зависи животот во иднина. :P

    Поздрав и лека ноќ, свиркајте си и уживајте си иако ладна зима е на повидок.

    http://www.youtube.com/watch?v=cSnkWzZ7ZAA
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  18. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Ептен се задомаќинувам, пу пу пу :lol:
    Инспирирана од новите серии на мастершеф, испробувам нови рецепти, буквално ја цртам храната кога ја сервирам на чинии, острам ножеви на камен, па и престилка си купив! Абе уште капа ми фали!

    И така, работам синоќа на новото дело, сецкам кромид, сецкам компир, сецкам морков... се залета кучето кон задната врата, лае та лае, што ти е бре кој има надвор да те нервира? Отварам вратата оно прво шлајфува на плочките па лета надвор, и лае немој ќе убие некој! Гледам една момичка од комшиите ја испраќа некое младо, се кикотат, се гушкаат додека не срипаа кога се фрли овоа моето со шепите на оградата :o :D
    Викам, Сара ма ти ле си? Дај поместете се подоле на патот некаде, да не ве слуша џукелата моја. И ни збор, си тргнаа дечките. Види како слушаат, а ќе ми рече некој младината денеска е безобразна, а они ете, поштување кон постари, не да се сврти да рече ај глеј си работа ма ти, патот е на сите, они душички се тргнаа :angel: ... тогаш си го забележав ножот во десната рака, кренат нагоре во воздух :o
     
    На bittersweet, Lilliana, Stoimenovska и 51 други им се допаѓа ова.
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Аман бре. Јас ли сум едниствената, што има толку несреќа во животот?
    * Решив да си ги растам ноктите, и како за инат ми се скрши палецот, и за џабе мачењето сега треба да ги сечам сите.
    * Со заштедените 100 денари, решив да си ставам кредит, и како за инат сум го погрешила бројот. Еве цел еден саат чекам да ми стигне порака.
    * Вчера 65656 пати си реков ајде преед да одам нашколо да научам Германски, и не научив заборавив.
    * Пред година ипол ми купија нови наочари (за видот) и,вчера сум ги заборавила во ташна и ми се смачкала рачката.
    :doh: :swear:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.