[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Колку е добро кога се на семинар наставниците.

    2 часа изборен,и 2 часа физичко денес.Јеа ! :rofl:
     
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    weweee...Ноктето се скршило, мислам дека треба да паднеш во депресија! |(

    Ах бре луѓе, појма немате вие што е вистинска несреќа...
     
    На Deemy, Stoimenovska и eli25 им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк не треба многу да бидеме среќни...само треба да мислиме позитивно,и тоа што го сакаме универзумот ке ни го исполни. ;)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Една колешка од факултет ме донесе вчера до дома, па ја поканив на кафе. Фино и паметно девојче на кое многупати му се восхитувам.
    И ај ус кафе свртеивме муабет што има ново, што ни се случило во изминативе месеци, од летото наваму.

    Она си кажа за својот практикум во Америка, кратката романса со еден тип таму...а јас за сите мои случувања кои ме пратеа во изминатиов период.

    Девојчето донесе една констатација: Јас да сум ти била магнет за луѓе со психички проблеми :D
    И плус ми рече дека добрата страна е што годинава е при крај, а во 2013 не може да биде полошо.
    Бидејќи дното е веќе постигнато, сега само подобро :tmi: .

    Она си замина и јас се замислив за тоа што го кажа и заклучив дека е на жалост во право.(не само фактот што работам во институција каде што се сместени такви лица, туку и приватно |( )

    Некои луѓе, колку и да ги сакаме или да ни се блиски, на жалост се како пијавици.
    Лоцираат поцврст,постабилен и му се закачуваат, цедат животна енергија од него.
    Близок ти е, го жалиш или сакаш па ај свесно или не му дозволуваш да се храни од тебе. Ќе си го потрошиш скапоценото слободно време за по стоти пат да ти кука за една иста безвезална ствар,ќе им вршиш разни обврски, по стоти пат ќе објаснуваш едни исти процедури.
    Али на неколку лица во моја близина им е препорачано психијатриско лекување или веќе беше извршено лекување во институција.
    Иако сум свесна дека секој проблем е најголем за лицето со кој се соочува и дека е лесно од страна да се суди, али ги слушнав и видов овие проблеми и сеште не можам да сватам такви слабаци.
    Свесен си за постоење на проблемот, ги чуствуваш неговите последици, препорачано ти е лекување а ти после толку години сеуште си во фазата на негирање и убедуваш дека сам ќе го решиш.

    Ма идете у бестрага сите.
    Ако сте решиле да тонете, тогаш тонете али нема да дозволам и мојата животна енергија да ја трошите.
    Си имам доволно обврски и свои проблеми.
    Сум имала низок праг на толеранција.
    Не, туку бројката од сто прпуштени шанси веќе е искористена и ја ставам точката.

    Дали е до болеста, до депресијата...или не знам што но толку самоориентирани луѓе не сум видела. Вечно се се врти околу нив и нивните проблеми, ти си присутен во нивниот живот само за да им служиш.
    Болен човек треба да се лечи и се додека е процесот на лечење човечки е да останеш уз него и да му се пружи поддршка.
    Нема да се молиме, не сум ве родила па безусловно да ве сакам.
    Ако нејќете, како ќе ви даде господ така, но подалеку од мене.

    И да почнав да бришам луѓе од круг на пријатели, следни се од круг на фамилија.
     
    На bittersweet, Peppermint, Hopeful и 16 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бидејки добив совет кој гласеше дека треба да ја истакнам мојата женственост,еден мал дел исполнив вчера-промената беше и тоа како видлива
    си ја скратив косата-овој пат со странични шишки и обликувана ,вегите исчупкани-друго е сама кога се кубеш- друго е професионалец кога ке те среди сепак искуството е пресудно, и дури сега свакам дека навистина вегите ми го отвараат лицето-визуелно секако :D дома си ги истакнав трепките, малку сјај и руменило и се си дојде на свое место баш бев ко ова :$
    еден од потпретседателите не можеше да ми се изнагледа, се околу мене се врткаше дури и на еден од другарите го чув кога му велеше-погледни ја, а јас се обидував да не се замарам со досетливи коментари од страна и само игнор 8) сепак, тоа го направив за мене не за некој друг-мала промена, секогаш добредојдена
    и ке има отворена трибина, Груевски и компанија ке бидат таму денес , и претседателот предложи еден од новите членови да биде ПРОТОКОЛ(девојка) а за машките лесен беше договорот, па таа немала бела кошула, и храброста во мене излезе на површина и реков еве јас-имам и бела кошула секако :D(ништо тешко, само насмевка покажуваш каде треба да се седне, да се подаде вода и сл) чекам понатамошни инструкции 8) срам ми е многу, ама треба да се пресрамам :$
    и баш имав можност да се зближам со девојка со која се дружевме како помали 2 години е постара од мене ама што доживеала кутричка :x ни на најголемиот душман тоа не му го посакувам :!: а испадна дека и се допагал поранешниот претседател-школски другар ама дефинитивно не е цвекенце за мирисање туку е испод мира-триста вира :lol:
     
    На senza.parole, Sara123 и Abeja им се допаѓа ова.
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не знам од каде да почнам.

    Ајде од таму да ви заблагодарам на сите за вашите честитки за мојот роденден, дупло се да ви се враќа! :bow: Длабоко ви се извинувам што ви немам вратено и тука и на фб некои од вас што ми го честитаа, немам пристап до интернет, освен од телефонот, и тоа колку да проверам нешто, на кратко само ... :)

    Е дури сега не знам од каде да почнам.
    Уствари знам. Од таму од каде што ќе израдувам многу девојки кои ме читаат редовно, мислам дека уште има такви, се надевам не исчезнаа заедно со моето изчезнување од форумот. :D

    Имам нов маж во животецот ми. И овој не го испуштам, затоа што наместо јас да го барам, тој ме најде, баш како и што си ветив на себеси овој пат. Баш како што и тука пишував.
    Не го испуштам. Ме врати во живот, ме потсети на тоа колку радости сум пропуштила во тие две години со Иван, ми мавна десет шамари ( фала богу не во буквална смисла :D ) за тоа колку сум била во заблуда и ми ја врати насмевката на лицето. Само да ме видете, абе ќе снесам ... :rofl:

    И не знам дали е до него, али се ми е поубаво во животот. Во студентскиот ми е преубаво, со цимерките сме одлично, на факултетот е добро, не одлично, али се држиме, 57 кила сум, уште со петката напред ( :D ), конзумирам само чиста среќа, си дојдов дома после два месеци и тоа е ... Тоа е она што сакав да кажам пред да одам да го пијам првото кафе дома после долго време. Колку да ве известам за што ќе читате од Мистериозната овие денови. Само убавини. Ќе се читаме почесто овие денови, барем до недела.


    Ве гушкам сите. :)
     
    На Umbrella22, Elenaaaaaaaa, bittersweet и 45 други им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Дека ми се смачи од ѕвездиве што постираат а ла „немам ич шминка“ слики само затоа што фацине не им се како дело од Пикасо...

    И да, ми се спие... ;(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^ Колку ми е мило мистериозна девојко што видов пост од тебе,па ти не си свесна. :hug:

    Денот ми започна со една убава крофна,со чаша сок и една цигара(тоа веќе го знаете) :D
    Другарка ми,вчера остана на спиење кај мене,сеуште спие на креветот до мене,и кога веќе почнав да ви збрувам за неа ќе ви раскажам една случка која што само ќе ви потврди колку сум среќна што ја имам во мојот живот.

    Пред околку 3-4 години (пред моите да се разведат),со другарка ми се договоривме да си купиме нови исти телефони.Скапи беа,околу 15.000ден.но со оглед дека во тој период имавме многу пари на мајка ми не и претставуваше никаков проблем да ми каже дека ќе го добијам.
    Не се сеќавам добро,но периодот за да купиме телефони се оддолжи.Јас веќе имав големи проблеми дома и моите наскоро се разделија.Периодот ми беше хаос.
    Мобилниот што требаше да го купам веќе го заборавив.
    После некое време другарка ми во школо дојде со новиот телефон,оној истиот што и јас требаше да го имам.Многу се израдував кога видов дека има нов телефон.
    И реков "Со здравје да си го користиш,многу е убав".
    Ми кажа "Фала ти ама не е ми е нов,бидејќи не е ни мој,се сменивме со телефоните со братучед ми и некое време овој телефон ќе го користам.Ама види вака,на 3-4 денови ќе го менуваме,ќе го носиш ти па јас".
    Ме излажа знаете,телефонот беше нејзин,нејзините и го купија,до ден денес го користи,еве го стои на маса и го гледам.Но за да не се разочарам јас таа ме излажа.Никогаш не го земав да го користам бидејќи после некое време од тогаш,немав време да размислувам за скапи телефони и скапи нешта.
    Не е тоа важно.Сакав само да ви кажам зошто толку многу ја сакам.Една е,единствена е.
    Многу ја сакам,многу..
     
    На bittersweet, BeYourself, Monna.Monna и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Денес правев писмена македонски.Тема:Моите тинејџерски желби :^) Фина ни е македонски,малце постара ама со млад,оптимистички дух.Многу си ја сакам.Зашто ни го прави тој предмет омилен на сите.И ѕвонеше за одмор и јас и уште 3 другарки и ја даваме писмената и ние уште требаше да излеземеи останавме малце.Едно дваесетина минути.Си нараивме муабет со нејзе малце,за темата на писмената и така. Како што реков, жената си е со оптимизам у душа,онака баш фина жена. :lol: :)

    Требаше да се потпишеме анонимно за искрено да ги оценела и ја се птпишав вештерка.Мори морбидна една :fubar: :lol:
     
    На CIA и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Подобро се чуствувам.Сега ми е полесно. Од терапијата што ја примам ке ми биде уште подобро.Важно одам напред и правам големи чекори.
    Знам и чуствувам дека овој стресен период ке помине,знам дека во школо ке бидам одлична како и порано.Знам дека ке успеам. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Добро утро, добар ден, денот да е радосен.
    Мене ми почна со ова:

    Фала мамо и тато! :*

    Денов, морам да го фатам во залет. Одмарам, па на чај во Чаршија. Имам да купам некои ситници што ме радуваат и вечер ќе си гледам филмови а ќе го прочешлам сега и распоредот на Синедејс. Да. Четвртоци во мирис на цимет и јаболка, типично есенски, семејни, стоплувачки. Што вредат повеќе од се’ на светот.
    Го љубам. Ми кажува како си се бодрат со негов колега, што исто има сериозна врска и си разговараат за одлуките, иднината. Безрезервно го гушкам и љубам деновиве, иако многу ми е тешко зошто немам секојдневие покрај него и не можам да му го топлам креветот. Си го замислувам како се откраднува наутро и јаде еурокрем, па ми се враќа во кревет и со здив полн чоколада ми го бакнува челото и ме препокрива. Умирам за тој миг. Т.е да се поправам = живеам за тој миг, кога ќе дојде... Како сакам да му отрчам во прегратки, ах... Љубов.

    Еве и дома ја имам. Мириса. Поинаква, ама исто толку силна и топла.
    Ве гушкам, штрудлачки :*
     

    Прикачени фајлови:

    • cats.jpg
      cats.jpg
      Големина на фајлот:
      476,6 KB
      Прегледи:
      359
    На bittersweet, anabel-a, ludoto19 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Денеска попладневни предавања на факултет.
    Туку прееска кога одев накај автобуската постројка гледам една жена со фризура како рог :^)

    Првен помислив дека не сум загледала добро, се приближив накај нејзе ама не ме лажеле очи, тоа косичето цело стуткано нанапред таман горе над челото.
    И не беше неуспешен обид пред испагање косата набрзина да се врзе, шноли шноли еден куп за рогчето да си стои така исравено.

    Моментот кога го прифатив необичниот фриз, втор шок.
    Гледам си ги нацртала вегите со милив, но уникатноста нејзина беше дека внатрешниот дел беше исцртан до носот, т.с еден цм од носот беше опфатен во некоја фрики форма :rock:


    А еден тип ја муабети муабети
    Флертуваа бре :rofl:

    Се загледав да не има деколте, ама не, јакната закопчана.
    Како можеше типов да не зјапа во рогот и тоа шарките од моливот, мора да се концентрирал на нешто друго.
    Бусот ми дојде, не открив .
     
    На CIA, anabel-a, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам многу често ги испревртувам работите, дали во буквална смисла или не, сепак , се дешава. Ама многу имам да пишувам, така да да не почнам, и да си се насмеам пак на глупоста да другарка ми на час англиски, кога е нешто треснато треснато е - An old boy (сакаше да каже man).... :rofl: Па да, сега си шмизла ако дечко ти е старо момче :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    СДК.. Го сакам плакарот на Пени!!!!! :yawn:

    Друго,

    Чекам автобус целата замислена..
    Дојде автобусот и се качив - автобусот се затвори. За неполна минута, надвор забележав една многу драга личност што не живее тука. За жал немам ни нејзин број, ни начин на кој можеме да комуницираме. Животот не одвои малку сурово. Дошла тука,а јас не знам и не верувам дека знае да се снајде и да дојде до кај мене сама. Но беше касно да се симнам затоа што автобусот тргна. Си реков, морам да ја видам, ќе правам што ќе правам и ќе ја видам на еден или друг начин. :!:
    Се симнав на следната станица, но додека автобусот да застане времето поминуваше многу споро, ми се чинеше дека чекам цела вечност.
    Откако автобусот застана со трчање се враќав назад со надеж дека ќе ја видам.
    Трчав со ташната и кесите во рака целата задишана. Додека ја барав со поглед можеби 3-4 личности ми заличеа на неа.
    Но видов не видов пресудив дека тоа е плод на мојата фантазија, од преголема желба да ја видам.
    Не ја најдов. Си заминала. Криво ми е што не бев побрза, вусшност криво ми е што се качив во автобусот..или не.. криво ми е што бев толку смотана. Да не ми паднеа работите од кесите додека трчав, и да не ги збирав можеби ќе ја најдев. Но најверојатно секунди биле во прашање.
     
    На Nymeria, Heleny и kravce им се допаѓа ова.
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    И многу често знаеш да му паднеш на кондура на наставникот :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Миксер за кафе бил, не оној класичниот. :!:
    Овие дома па се загрижија, пред неполн месец земале миксер на Бош, фрлиле некој денар повеќе за поквалитетен и сега беспари добиле уште еден. Ама за кафе ееее!

    Дома саде 3 мешалици. Блендер, миксер и овој пењо правачот. Лелееее, трбушни плес. :wasntme:

    Ако сега не станам курварица овааај куварица, никад значи!



    Мерак голем имам низ кујна да се шуњам, си ја љубам храната повеќе од себе, уживам во неа и Ај донт кер ват деј сеј, ај ем ин лав вит ју! 8)
     
    На Hipster, Monna.Monna, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека ова веќе е неподносливо. Кретенизам на нивоу, бе. Станувам сабајле, за на работа, се спремам, во ВЦ surprise од мачкиштата мои (имам две преслатки мачиња :angel: ). Ајде уште од сабајле во гомна. Ко да им е мала кутијата од 50X50. НВМ, се спремам и излегувам. Долу во малската продавничка да си купам кафе 3во1, и таа кокошката шо работи таму (а, воедно е и газдарица, нели?), ми кажува дека од денес баш 3во1 е поскапено. И тоа за цели 5 денари |( . До вчера беше 10. Нејсе, зедов и така поспана и викам: И една кутија цигари. - Аааа, тоа ни е појадокот. :fubar: За да биде појасно: Во таа зграда сум под кирија. Во продавница влегувам еднаш дневно и купувам цигари и кафе. Не практикувам емотивни зближувања со продавачките од локалните продавнички токму поради тоа што сите си мислат дека ако си купуваш редовно цигари од таму, тогаш имаат за право да ти коментираат за појадокот, изгледот, газдата... :!: Што е најтрагично, немам кеш и и викам да платам со картичка. И почна да ми кажува како не може, многу провизија им земале, ама ќе ме запишела, коа ќе сум се враќала, тогаш. Хелоууу.
    Идам на работа и каснам малку, не ми замеруваат, се јавив да најавам(правила). Ме фати стомакот, не можам да се исправам, а не па ли да работам. Очиве почнаа да ми паѓаат, не да ми се спие - умирам. И ќе си одам дома, треба да ми дојдат гости, и пак со нив до 100 саат, и некако бескраен ми изгледа посраниов ден. Ужасен, ужасен ден. Па, барем сонценце да имаше малку. Барем малку.

    Оу, фак оф, ведр. Ју кант гет ми.
    Оувер анд аут.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Рани куче, да те лае!
     
  19. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Не фаќаш книга.
    Чувство на вина.

    Продолжуваш да не фаќаш книга...
     
    На MidnightFlower, la-chicka, sparklie и 20 други им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Домашни миленичиња: муви. |(

    Досадни се. :@
     
    На sweet-star и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.