Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Знаев, знаееев, затоа и не ја жалев :rofl:

    Мајка ми работи во сендвичара во едно скопско средно школо.
    Вчера ми кажуваше за некое дете од 3та година, од кога почнаа студовиве, значи негде октомври, па до ден денес, во школо оди само по еден тенок дуксер. Се нашол некој фраер да го мајтапи, да му кажува каде можел да си купи ефтини јакни, овој само си ќутел. Дошол со некој другар да си купи за јадење, и другаров го прашал, ти зошто не јадеш? И детево му рекло, не бе, ќе си ги чувам парите, може ќе ми притребаат за јакна да си купам.
    И после јас ќе корнам коси зошто немало број од патиките вредни 100 евра. И зошто не сум имала пари да искачам секој викенд, да се качам во такси кога ми се брза, да си купам уште 2983746 шминки и козметики.

    Мама вика, два дена по ред си плачам за него, од тага, и си плачам за тебе и за сестра ти, од среќа, зошто имате се што ви е потребно.

    И вредноста на се автоматски ми се зголеми. Си ја сакам јакната, и капутот. Најубави ми се.
     
    На Shopaholic77, Hopeful, Chocoholic и 33 други им се допаѓа ова.
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Да ми е живо и здраво ПРВОТО ВНУЧЕ! :inlove:
     
    На FortuneTeller.xD, Hopeful, Chocoholic и 37 други им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Понекогаш сме толку безсмислени и само мелеме непотребни работи, се губиме во реалноста. Како осамен брод на сред океан изгубен во едноличност. Губејќи ја насоката по која треба да се движиме. Се бараме самите, себе во својот живот и во животот на другите, бараме љубови, среќни, постигнување, а некогаш си остануваме и на истото место и само потонуваме. Понекогаш почнуваме работи и се запрашуваш дали ова сум јас? Во некои работи бараме постојаност, како за пример во Љубовта и Среќата и очекуваме да трае, а всушност се’ е непостојано, легнуваш и’ не знаеш дали ќе се разбудиш, па и она што е твое не знаеш дали ќе биде твое. Ах живот глуп. Ти поставува сопки, чиниш толку лесни а всушност големи. Кога сме мали, се’ ни е розево, жолто, шарено и убаво, ама кога ќе пораснеме не маваат реалните бои на Животот. Се губиме во хаосот и во фрагментираноста. Дволичност, болноумство, лудилото, убавините, креативноста, добивките, загубите. Се некако пренегласено е во денешно време.


    Денес ќе се изолирам од сето тоа, и ќе си поживеам во мојот свет, си купив неколку книги, ќе си го читам Тагоре и нема да мислам дека постои реалност.
     
    На Hopeful, Chocoholic, BeYourself и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... некаде прочитав (а убијте ме, немам поим каде, ниту чија беше мислава, можеби и од форумов беше) дека до 30-тата година од својот живот, девојката читала книги кои ја приближувале до реалноста, а после третата деценија - книги кои ја оддалечуваат од истата.

    Јас во душава имам 56 години и јавно, јасно и гласно кажувам дека - ќе читам само книги кои ќе ме оддалечат од реалноста.
    Премногу ми е кисела за мој вкус.

    :|
     
    На Hopeful, crazyinlove19, caroline.costa и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Life is like a tetris . Do something good , it disappears . But the errors they accumulate . In the end everyone loses.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Следи напорна недела :tmi: :tmi: кој ќе учи цел викенд лелеее.... Вие битно имајте супер викенд :*
     
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Е брао Венди бар си докажав на себе дека има нешто човечко во мене . Па и за вас за сите ... Таквите изумираат полека ама сигурно . И нејсе што некој гледа филмови , пореметена психа , комплекси или нешто друго .Страшно е кај оди веков ...

    Една желба имам за Дедо Мраз

    Дедо Мраз сакам да останам нормална , ваква каква што сум . Плиссс :( . Се гордеам со себе а и со вас . Се сплотивме као никогаш .

    Туку нешто се засекирав еврото паѓа бе ...
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    хм повеќето од нас, заборавот го прават толку едноставен, толку прост и лесен чиниш тоа се подразбира, чиниш сосема е природно да испратиш човек кој ти бил се таму, па да ја затвориш и заклучиш железната врата. Би сакала да сум дебелокожец, би сакала да сум инаетџика, да сум моќна и нечуствителна и да молчам, да бидам глува на мојата љубов и моите чувства. Оти кога на сон ќе ми дојде, кога ќе ми текне дека позади таа железна врата постои жив човек од крв и месо, човек низ кои вени тече мојата љубов и нашите спомени ми доаѓа се да искршам пред мене.

    И го правам тоа стандардното, ќе седнам на подот, ќе ја потпрам главата на некој стол или на некој кревет и по милионити пат ќе проверувам дали добро е заклучен тој свет на заборавот и за миг ќе се потпрам на таа тешка врата за да го слушнам звукот на биењето на неговото срце, миризот од нашите сонови... Па ќе ги закрпам пукнатините на таа блокада што ме чува од не знам што, за да можам да продолжам понатаму. Да чекам да ми се отвори некоја друга врата, да сонувам за нешто возможно.

    Нечија рамнодушност, за жал, може да биде многу помоќна од нечија љубов. На што еднаш си навикнал, тешко да се одвикнеш. Некои навики се толку слатки што дозволуваш да те кутнат во мекиот кревет и да се клањаш само на нивното царство, не дозволувајќи ниту да седнеш, барем малку да се исправиш, се додека не те фрлат во некоја си здодевност. Во црна, тивка дупка, каде ништо друго не ти останува освен да се сладиш со остатоците од таа навика, која те одржувала во живот, која ти дала пат без ниту еден трн, за на крај да ти врати на кубен.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    СДК Сама си приготвив шпагети, сама си ги јадам сега и не дека се фалам, ама поубави немам пробано во живот. :mm:
    Ете толку :wasntme:

    И се сама си правам во последно време и смачено ми е веќе |(
     
    На Chocoholic, Abeja и k.i.m им се допаѓа ова.
  10. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Форум Фемина=Малечката невеста. :rofl:
     
    На Lady-Cha му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Нешто се случувало на форумов...
    Што?-не можам да сфатам.
    Можда ќе е некој љубезен и ќе ми објасни!
    А почнувам да се каам што сношти се превртував во креветот.
    Можев да сум тука и се да дознаам.
    Женска љубопитност, јбг...
    А денес ми рекоја дека не била секогаш позитивна особина...
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Како мала, многу често гледав чавки. И секогаш си викав: Колку чавки, толку петки. Колку чавки толку петки. Стоп сите се мои! И оп, цуп, ете ти петки.
    Годинава не видов се до денес, кога се враќав од школо, чавки колку сакаш, летаат ли летаат. И почнав да си пеам, да се надевам дека ќе се исполни. Јадна ја, ќе ми треба светско чудо за да завршам со сите 5. :wasntme: Само што, во себе си пеев, ми беше глупо, на глас да пеам, а околу мене луѓе. :angel:
    Иначе, уиш ми лак, почнав да ја читам Шагринска кожа, стигнав до 12 страна, од можни 300. 8) Полека но сигурно, одам кон целта. :rofl:
    И значи, највеќе мрзам, кога некој ќе ме разбуди од спиење. Утре од сабајле кој ме разбуди, ќе го стрелам. ]:)
     
  13. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    :^) :^) :^) ?
     
  14. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Епа ја оживееаја Ананди, со помош на боговите, и овде исто... :lol:
     
    На softqueen и Shopaholic77 им се допаѓа ова.
  15. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    СДК повторно се вратив на феминаа оу јееес
    СДК 2 [​IMG]
    А што се случува овде може ли некој да ми каже по ЛП? Ги прочитав погорните коментари но пак не разбирам :^)
    Го запоставив форумот долго време , и не сум во тек со случувањата :!:
     
  16. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Јас може незнам многу, ама до сега дознав нешто од нешто, па да си кажам...
    Е*ем ти цел машки род, пи*ки во душа бре!

    Ете така, од најмало до најстаро.....сите да ти биле гомца во различно паковање, бирај бирај и кога ќе го отвориш, ќе те засмрди, печат очи. Од овие на радиус од 10 метра, по дома што ми се врткаат.....па се до оние на другиот крај на светот.
    Прво и основно, секогаш ама секогаш се ставаат себе пред другите, своите потреби и задоволства пред туѓите (па макар и да те створиле, да си дел од нив).
    Друго се плашат, повеќе од нас и тоа многу повеќе....ја немаат онаа храброст која ја покажуваат јавно.
    Трето ама и најбитно без жена неможат ни во задникот да си брцнат!


    Ете така, мажиња мили драги :!:
    Вакви - такви, пак ве сака вас Гоу :*
     
    На Divinebutterfly, crazylady, SuperGirl2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    СДК е сега ми е подобро!!Ми беше добро и предходно но сепак нешто фалеше,сега веќе е ок.Безразлика што и да се случи,без разлика колкава и да е кавгата или безразлика за што и да е...родители се...едни се...Колку и да сум лута,колку и да викам јас вака јас така,јас не попуштам...неможам...Не ја поднесувам таа неудобна атмосфера дома,кога некој со некого не зборува...едноставно неможам,ме притиска,ми смета...
    Сега навистина е како што треба да е..Мило ми е поради тоа :)
     
    На Chocoholic и Izaabella им се допаѓа ова.
  18. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    СДК дека нова сум на форумот. Се зачленив чисто така за дружба. Сега за сега не ми треба некој совет но кога ќе ми треба се надевам дека ќе ми помогнете.
     
    На Lady-Cha и tinkerbelll им се допаѓа ова.
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Сакам да кажам дека си ги замислив сабалје кога дознав што всушност се случило, Михајло и Биклката, кај што си пијат кафе, и Михајло и вика "Билке... пак збеснаа овие", а Билката таква цела со разбирање како што гледа на сите да им угоди, ја замислив кај што ги брани сите :D
    Поздрав еден до нив гоооолем.
    Исто сакам да кажам дека хороскопот за Декември тапа ми е дотука бидува...
    ич не ме бендиса значи. |(
     
  20. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Едноставно понекогаш сакам да заборавам се`.
    Да вградам нов чип во главава, да се најдам на друга локација, живеејќи сосема поинаков живот!

    Толку веќе не можам да слушам расправии, прави и криви страни. Оние моменти кога се` е добро, само залажуваат. И не нудат постојана среќа, илузија се..
    А, проклето многу боли кога знаеш дека утре ќе биде исто! Нема надеж, изгубена е некаде во сенките на поразот.
    Сега, и да молам за помош, да молам да се спаси таа од мизеријата, од бизарниот негов ум, џабе е.. Веќе не гледам ни каде би можела да се обратам.
    На сите страни, свртени грбови.. сите негуваат презир во душата, нудат лажни насмевки..
    Па не ми требаат такви. Ни на мене, ни на неа..
    Прават да биде се` уште поболно.. зошто те потсетуваат на тоа дека луѓе нема.. ;(


    И..
    Форумов ми е единственото место каде што можам да ги прикажам своите негативни, мрачни мисли. Во реалноста секогаш сум онаа која што ги држи и чува другите. Столб сум, потпора.. Никој не би ни претпоставил дека позади ова корисничко име се кријам јас. Тотална спротивност, позитивност до небо.. Затоа, кога ќе се сетам на она вчера, дека некој поради својата болест се обиде да ми го уништи единственото катче каде што го пронаоѓам вистинскиот мир и црпам вистинска испирација од луѓе кои што се навистина прекрасни, ми се вришти! Срамота е едноставно, срамота..
     
    На Divinebutterfly и MandyLane им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.