[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ме немаше долго време, не само овде, туку сегде. Можеби не требаше да се вратам, но неможев да ја поднесам самотијата во којашто живеев, откако ќе ги заспиев моите две ангелчиња. Незнам можеби требаше да го изодам и тој пат, за да сватам дека не треба да верувам секому. Но доста за тоа. Јас сум во моево прекрасно Скопје, со луѓе околу мене коишто ме сакаат и си ги сакам. ве поздравувам со срце полно љубов и ви ветувам дека повторно ќе се дружам со вас.
     
    На Bozica1980, kravce, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  2. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Го сакам зимото, снегот кој паѓа, трепкањето на новогодишните светилки, целата еуфорија околу нова година насекаде растрчани луѓе, топлината на домот, кифличките и руската салата како заштитен знак за нова година :) , елката со украсите. Некако периодот околу нова година ми е многу убав дома има посебна топла атмосфера, а оваа нова година ќе е посебна за нас.
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy, Monna.Monna, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Денес си купив нов мобилен телефон ... Alcatel Android ... многу сум среќна и ве сакам сите :inlove: :*
     
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    http://www.youtube.com/watch?v=0wiVqrg7a4U

    Иако денес денот беше напнат од сабајле, кога ке јас слушнам песната и кога ќе ги видам тие насмеани очи веднаш се смеам :) А зошо професорите на факултет мислат дека они се господ а ние студентите обични смртници м? :?: Повеќето од нив само дремат во тие нивните топли кабинети, си пушат цигарчиња и се досадуваат на нет, па и не прават коа ке подразмислам некоја корисна работа бе :!: Па и се доволно безобразни, наспроти сето тоа нивно образование, знаење и општествен статус нели де и знаат така некултурно да те избркаат од кабинет (со образложение колешке чекај гледаш дека имам работа, зафатен сум) иако ти пред тоа најкултурно си му се извинил шо го "прекинуваш" и му одземаш минутка од неговото скапоцено време. И така ради најобичен потпис си седиш и си дремиш бааги време пред кабинетот на дотичниот. Идиоти се некои бе. Ништо не им вреде.
    А и денес денов некако гаден. :( Ништо не ми се прави. Не ми се излегува, ама морам. Си стојам на договорите, неможам да извисам у последен момент. И едвај чекам утре да си отидам дома и да се изгушкам со моите. Сестра ми ми фали. :) Љубоморна сум им на тие што живеат заедно со сестрите. Јас мојата едвај чекам да заврше средно за да бидеме заедно. Синока останавме до касно на телефон и си ги кажувавме маките и се смеевме истовремено.Срцка бе, се шо и тежело со денови ми кажа. Ми кажа дека сите пари си ги потрошила и сега веќе немала нејзини пари. Ама мене ми го платила тоа шо сум си го порачала,ме частела за положените колоквиуми. :) (а не беше баш ефтино, сеа јас морам неа нешто да и купам, иако она не бара ништо од мене). Леле тогаш колку сакав да сме заедно мада и да се караме, и да се лутиме, и да не си збориме, само да биде до мене легната и такви лути да си се кривиме :D Полесно е кога тежината ќе ја споделиш со некој, а посебно кога тој некој е сестра ти :)
     
    На kravce, Johny и sunfemina им се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.433
    Елементал бравос, ете ти си веројатно еден од 5% преостанати џентлмени, не реков дека целосно ги нема, али дека се вид во изумирање, тоа е точно. :D

    Само што, јас реееетко, ептен ретко наидувам на некој ко тебе.
    Ете, во мојата 2 ипол годишна вожња со воз, па да се потсетам, али мислам оти едно 2-3 пати само некој се понудил да ми ја симне торбата/ите од горе кога сум се симнувала. И тоа, еден постар чичко, кој очигледно не си ја загубил културата со текот на времето, па иако му реков дека нема потреба, тој пак ми ја симна. :) Може видел колку тешко сум ја качила горе, не знам. :D

    И вториот пат, тоа беа едни Роми, помали од мене, имаа едно 16-7 години, рибари, беа со татко им, или чичко им, не знам. Се качија во Неготино или некоја станица таму, одма заспаа оти станале во 3 саат сабајле за да ловат риби. Јас си читав нешто од тие моите книги, не ми се ни мешаа во читањето (нешто што најмногу го мразам, кога читам некој да ме замара), али ги слушав што зборуваа. Спомнаа дека повеќе ќе им се исплати да отидат другиот ден со кола, помалце пари ќе дадат отколку да одат со бус од Шутка до железничка, па и карта за воз да вадат. Дури накрај кога ја затворив книгата пред Ск, ми рекоа дека било супер што сум учела, тие веќе 3-4 години оделе по риба и не се школувале. :|
    Дури и браво ми рекоа. Мака ми падна многу. Беа покултурни од многуте дечки што ги знам и што би требало да бидат попаметни.

    Али ете, тоа е тоа. Некогаш добиваш помош од оној од кој најмалце се надеваш. :)
     
    На kravce, Cacy, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    Рани куче да те лае, епа што, да не сакаш да ти мјаука?! :rofl:

    Денес сум расположена, почнав некако порозево да ги гледам работите. Се разбира, додека не ме фати пмс. Ама подобро нешто отколку ништо.
    Пак сум качила некое кило, чудно и што не се некои десетина со оглед на тоа како јадев периодов, свиња не ми беше рамна. И затоа почињам пак со некаков режим, една недела барем. После пак ќе си бутам. :rofl:
    Ама од утре тоа, денес ќе праиме пиенка, а богами и јаденка дома. :)
    И така, денес ќе помине денот некако, а за утре останува да се види... :hai:
     
    На Cacy, ilipili, Loritaa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.473
    Тортата се пече, мирисот на чоколадо се осеќа во секое ќоше од куќава, а мене ми влага во ноздриве како доза адреналинче што ме тера еуфорично да си рипкам по дома. Дебилче mode, добро познат на најблиските :rofl:

    Роденденските торти од секогаш биле дело на мајка ми. Се имам изјаснето и во друга тема мислам...една од поомилените традиции ни е по дома. Никогаш на памет не ни паднало да купуваме, а не ми го ни прават кеифот купечки торти кога ќе ги споредам со овие на госпожа мама.
    Бонус момент, си крадеш од филот додека се прави и ги гребеш рабовите од садот со лажица :D

    Дома имаме рецепти што моиве ги собирале со години. Од сечени делчиња од весници, до разно разни списанија и кувари. Толку многу што еден ден можам да отворам каков ресторан и да сакам.
    Кога сум веќе кај тоа, ете уште една желба на роденденската листа. Ко што сум гурманче, искрно се надевам дека еден ден ќе ја остварам.
     
    На Moira, kravce, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Кога човек се вложува во врска,брак,роднински врски, живот, не може и не треба се точно да искалкурира.
    Зависи многу од другите какви луѓе се.
    Има само вистински и погрешни.
    Ако има премногу емоции не можете да ги отурнете од себе.
    И да ви кажам никој не настрадал од премногу љубов и внимание.
    Сето останато ..е замлатување.

    :yawn:
    Зошто денес не се разбудив како друг човек?
     
    На Moira, kravce, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Која е средината помеѓу глупав и паметен човек?
    Навистина ми се заминува од тука... Јас, јас сум разочарана од се...
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    I'll never be the same, if we ever meet again!
     
    На Miss.Ricci и Smilly им се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    An apple a day keeps the doctor away, but if the doctor's cute then forget the fruit!

    Инаку,да јас добро,ма одлично сум.Лепа ко' ванила што ми е мене прелепа и то.
    :f:
     
    На Hipster, kravce, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Кефој кефојјјјјјј :party:

    Си го положив и вториот колоквиум и сеа ќе си крчораммм 8) Хепииииии ^_^
     
    На zarah, sweet-cherry, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Превозбудена сум за концертот на Мизар и Laibach, и воопшто ништо не ми се прави до тогаш .. возбудено седам и чекам да дојде сабота :D
    Оваа вечер ми е резервирана за читање на V for Vendetta, кафенце и излежавање .. Обврските и учењето ќе ги одложам за наредната недела ..

    Поздрав со мојата омилена :

    http://www.youtube.com/watch?v=-rFi0lUrDJA
     
    На Trnche, kravce и L-enna им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво од дождот надвор, а јас под кебе во кревет на топло, со рум штангла во рака и добар љубовен филм.Ах,вака можам до 101 и назад. :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Аха, имаш 30 и кусур години, и сеуште немаш дечко за сериозно и не си подготвена за мажење. Кажи ми повеќе за тоа колку имаш време и колку годините не ти поминуваат?! :^)
    До 30 бираш, после 30-тата те бират. Кариерата била на прво место? -А те топли ли таа навечер? :?:
     
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    СДК денес сум убаво расположена, воопшто не се изнервирав, добро, малку бев некултурна и го подиспцув еден идиот што ме испрска со колата, ама тивко :wasntme: .

    Им го гледам и крајот на обврскиве, уште ден-два, па од понеделник здравје, мислам дека се ќе завши и ќе бидам раат, па ќе можам слободно, без грижа на совест дека имам незавршена работа, да се оптегнам пред камин и да читам книга, Џејн Ер ми остана недочитана зашто се зафатив со други работи :tmi: .

    Инаку, дали овој месец или од први, не знам точно, ќе почнам на курс по германски. Во мојов град некако се оди бавно и се случува подоцна, но барем се случува, па многу се радувам што ќе правам нешто што го сакам, а јас германскиот го обожавам :inlove: .

    А денес ми се носи црвен фустан, додуша јас секогаш сакам црвени фустани, но денес особено имам желба да облечам еден таков, штета што немам за каде.
    Ваков фустан сакам
    [​IMG].
    Поздрав!
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    А што е толку погрешно да се стави кариерата на прво место? Не сака секој да има маж и семејство, некои едноставно си бираат самечки живот. Кога не се деца запоставени заради кариерата, зошто да не е на прво место?
    До кога бе со размислувањава од баба ми? Земете омажете се на 20 и гледајте деца ако толку ви е тоа врв во животот, има луѓе што сеуште сакаат да си го осетат животот без да полагаат сметки на некој друг.

    И да, подобро да ме „лади“ јака кариера отколку цел живот да се каам зошто не сум пробала да ја изградам заради маж ми.
     
    На Cacy, crazylady, Tenkai и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Мислам дека секоја жена, во себе крие, по некоја „мазохистичка црта“, без разлика дали тоа го знае или го признава.
    Па, така и во љубовта, кога ќе наидеме на некого, односно, тој ќе наиде на нас, инсистира и ни оди по ќеиф, нас тоа и не ни е некој предизвик. Всушност, можеби, жените се тие кои ловат. Исто, како и лавиците.
    Или, кога во некоја врска, оди се под конец, нема некаков поголем проблем, тука е жената - од ништо да направи нешто, некоја драма со или без причина, сеедно.. Во спротивен случај не би била жена.
    Најверојатно, од тука произлегува тоа, како некои жени со години патат по некого, се уште се заедно со некој што не ги заслужува, вложуваат во некоја врска на „стаклени нозе“..и ред други приказни на невозвратена љубов или љубов во која, се разбира, жената сака повеќе.
    Но, да се навратам на почетниот дел, за маченичката во нас. Мислам, дека жената е таа која знае да сака со и до болка.
    Ама, секое правило, има исклучок. Постојат и такви жени, со повеќе машки карактеристики, кои не мораат да поминуваат низ овие искуства. Ако е така, блазе нив.. или не.. сепак не се потполно женствени..
     
    На Moira, kravce, Miss.Ricci и 7 други им се допаѓа ова.
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ти набројам колку познавам што си умираат со голема кариера, една копа пари, сами во голем стан со мачки? :?: Само затоа што секогаш за нив е рано и мислат дека е бабски вака да се размислува. Ноу хард филингс. :)
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    А јас да ти набројам колку има што се во мизерни бракови само за да не умрат сами, колку има што се откажале од својот сон заради „љубовта на нивниот живот“?
     
    На mims-89, Trnche, BlackSwan5 и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.