[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57

    Искрено, без да се сфатиме погрешно.. Јас пак, токму таквите размислувања, од стравот дека ќе нема кој да те грее навечер, ги сметам за крајно „ниски нагони“, животински. Најважно е да ги задоволиме своите потреби за љубов, да сакаме и да бидеме сакани..а за другото, ако дојде - ќе дојде.
    Токму од таа причина, што некои луѓе не сакаат да го изберат (за нив) полесниот пат, или сметаат дека во животот за нив само љубовта кон другите не е доволна, тие сакаат да вложуваат во себе, да напредуват многу повеќе од колку што замислиле, и секој ден, од ново и од ново да се вљубуваат во себе.
    Таквите луѓе, кои доколку прво не се испробаат, до каде можат да отидат и како што кажав, доколку прво не се спознаат самите и не се заљубат искрено во себе, не си го дозволуваат тој „луксуз“, да имаат некого покрај себе.
    На крајот, нели, прво треба да се сакаш самиот себе, за да може другите да те сакаат.. :)
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк утре купувам карта за String Forces и едвај чекам да дојде денот,
    да останам на само со моите мисли и нивните песни на концертот.

    Да побегнам малку од се` што се трупа и создава купишта од непотребни, гадни мисли.
    Не можам да глумам дека се е полно-рамно. Како некои.

    За мене може да почне викендот, вечерва мир , утре топло чајче и неколку реда убав муабет со В. и прошеката со парк мислам дека убаво ќе ни дојдат.
     
  3. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ау како ме нервираат тие што кукаат за 3ка, а другите оценки им се сите 5 :@
    Добро, што кукаш, седни научи, обврска ти е да учиш, што да не ке ти дадаат да работаш дома, ручек правење ово оно? Некој се бораат за 2, а и ги остават на полагане, она за една 3 ке ми кука, да си научела!
    Ме нервираат и оние, аууууу само да имав петки, ке си шетев по цел ден, колку пари сакам од дома ке ми даваат, па добро, твоите оценки 2 и 1 да не се од седење дома,м? Што, јас оти сум одлична со сите 5, па ми даваат да шетам колку ми душа сака или ми даваат многу пари? Слегнете долу малку на земјата, несакам јас многу ракети.
     
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ...топло какао со млеко....турнеа на DEPECHE MODE наскоро како што стојат работиве непара да ќе имам пари за да одам. AGAIN AND AGAIN факинг хистори ис рипитинг.

    Дождливи денови ,минаа моите месеци оние на лавот кога има сонце кога ја црпи енергијата од него кога ја има насмевката и чиниш се полно рамно му е.

    Монотон период , кога незнам што со себе си и зошто а камоли со другите .
    Очекуваш нешто а ниту н од тоа нештото, кучето ми фали ама што ако ми фали |( ќе го вратам НЕ .
    Со него сме на различна бранова должина или д а кажам јас сум таа што е спротивна од очекуваното и од правилното, милното и очекуваното очекување.
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Ако зборуваме шта би било кад би било ке може до утре да се цитираме :angel: Овде играт многу фактори. Јас зборувам конкретно за девојка од 35 години, секретарка, без образование, која сонува за кариера и цел живот не мрднала од мртва точка, па и тврди дека не е спремна за брак?! :^)
    За се има исклучоци, за секоја ситуација- факт.
    Ако зборуваме за кариера во права смисла на зборот, океј, ама 30 и кусур женичка, која сонува за кариера а работи како обична секретарка, и мисли дека има време, и не е подготвена... немој да ме јебеш! :D
    Самотијата, НИЕДНА кариера ја пополнува. ;)

    И не е страв дека нема да се најде некој со кој ке се има заеднички живот, па затоа има бракови во раните 20-ти години, туку неодлучноста во 30-тите и летењето во облаци е благоречено- глупо.

    И твоето цитирање Нумерија беше непотребно, дури и навреда си сфатив дека моето размислување е бабско ;(
    Ако некој се пронајде во постов мој, што да кажам освен ајм сори. :)
     
    На kate21, Mishela и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Миг кога мојата душа ми држи монолог, а јас немо и се покорувам и послушно потврдувам. Сака да ги разопаша тие завои кои ја стиснале. Сака повтор на екстаза од задоволство од еден заборавен призвук кој му дава нова димензија на зборот уживање.
    Јас уживам драги мои, а повелете уживајте и вие.Само препуштете се...
    http://www.youtube.com/watch?v=OQZU2qTOgMU
     
    На Moira, kravce и zarah им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    :D
    Какви навреди ма, таман работа, баш убава дискусија се разви :)

    Абе, за пропаднати случаи во заблуда друго е, не беше разјаснето во првото мислење. Во главно, за луѓе со потенцијал е греота да се откажат заради комшиски муабети од останување немажена, барем тоа е моето мислење и си стојам до него.
    И таа неодлучност и летање, пак повеќе би ги оправдала од пристапување во брак само колку да не се остане сам.

    За љубов секогаш има време, ама за кариера не. Дека кариерата не ја исполнува празнината од самотијата, точно, ама пак, никој не гарантира дека ќе останеш сам и никој не останал сам против своја волја. Секогаш има нешто под површината, не може да се пресуди со само гледање од страна, има милион причини поради кои луѓе БИРААТ да бидат сами. И да, голема е разликата помеѓу самотија и осаменост. Првата лесно се пребродува, а за втората и милион луѓе околу тебе да имаш џабе ти е.
     
    На ell, julie77 и creshicka им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Што нема да чуе човек веќе, некогаш незнае како да реагира, дали да плаче или да се смее :| :x Уште не ми се верува.Ах, едно ќе кажам, факултетот не е се во животот, џабе ќе се фали некој со истиот, кога воопшто не ни го разбрал :x
    Едвај чекам да направам темелен муабет со некој, само да разјаснам со два -три збора некои работи, кои можеби требало порано да ги разјаснам....а од друга страна, па и не вреди да се трошат за некој кој не ги разбира.
    Се во животот се враќа и плаќа, отом - потом, не, не сум злопамтило, само штета што луѓето не разбираат дека себе си, си прават лошо, не на другите.
     
    На ilipili и Marley им се допаѓа ова.
  9. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Абе, чудно е како во некој период од животот созреваш толку брзо што дури во чудо се наоѓаш. Се чудам и не можам да се изначудам како може да постојат такви квази мажи што си ги изневеруваат девојките, а во истото време имаат јајца да и подаруваат месечини и универзуми..какви се тие мажи што носат прстен на рака, имаат жена што ги чека со вечера на маса а тие шврљаат по девојки од 20, 30 години?
    И не, не сакам да разберам, премногу ми се гади од таквите за да пробам да ги разберам.
    Почнав да пушам...не многу ама знам да запалам некоја цигара и се мразам ради тоа.
    Како и да е, онаа вчерашната слатка беше. Сама дома, на раат си излегов на балконот, сонце на тони и цигара.. :emo:
    Има моменти во кои сум сама и си зборам со Господ. Тогаш најубаво се слушаме, јас него..тој мене. Му заблагодарив за се што имам, и што ми го сочува паметот, што излегов лесно и од оваа каша.
    Сакам да научам да бидам поблагодарна, уште повеќе да ги ценам работите. Сакам да си го завршам факсот и да си бидам свој човек. Да ги видам мајка ми и татко ми горди на мене и среќни што трудот и маките им се исплатиле.
    Сакам пријатели во уште поголем број, сакам сонце сакам свежина. Сакам да го запознаам Русинот од факултетот, па ако треба да биде нешто нека биде, ако не... здравје.
    Сакам креативност и весели луѓе,а во моментов најмногу ја сакам тишинава околу мене, топлиот радијатор и мирот. :)
     
    На zarah, kravce, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Одлазиим,одлазииим са планете путујеммммм,путујеммм,путујеммм месецу се радујеммм :music: :sun: :D.Ете така дојде конечно и денот да си тргнам кај либето ми и кај свеки и свекор :wasntme: .Ах ќе си играм и со внучето негово :D .Цели 3 дена ќе си бидам со него,ќе уживкам во потоплиот крај дека во Битола измрзнав деновиве.Ќе ме нема неколку дена, да не се зачудите кај сум па да ме барате со Интерпол после : :rofl:.Се смеам јас ,не знам што ми е деновиве искрено сум ептен расположена,дури и ми е чудно ама ми е убаво на душичката :sun:.Сакам сите вие да се почуствувате барем за миг вака како мене,да ви е се убаво и да сте пре,пресреќни.Ете така отидов јас да се пакувам,па ќе се појавам по 3 дена негде освен ако не останам таму ко шо ме зафркава чичко ми :rofl:,а сакам искрено не би било лошо :wasntme:.Ајт доста ве давам сигурно веќе преввртувате очи на овај безвезен пост,ама убаво ми е бре и среќна сум да :nod:.
     
    На zarah, Trendafilka, Lepaaa и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Трауми, трауми денеска. како може такви животни да се денешните тинејџери? Дерење и навреди кон наставничка на часот абе ало. Тврдења дека треба да добие двојка само за седење на час, дека нејзиниот предмет не е важен, дека сакам четворка е одговарање. :@ Ме потцетија на денови од мојот живот што воопште несакам да ги спомнувам, животни шти рикат само незнаат цивилизиран разговор. Цела се тресев арно што се смирив.
    А и оваа мојата другарка, понекогаш се осеќам како да сме во брак, само се караме за глупости. Нејзиниот дечко почна да флертува со мене. И кажав ми вика ај де да видиме дали стварно е така или не оти човекот си пишува така скоро со сите. Ајде видоме, испадна дека е ѓубре. И викам ќе му кажиш ли дека знаиш и ми вика ти да не го сакаш? Ами да го сакав немаше да ти кажам дека флертува со мене! Не сум јас од тиа што се зафркава со другарките така. Нели ме знаиш веќе дека тоа не поминува кај мене? Пет години се знајме, се знае за мене и сега се праве на Тошо. :@ :@ :@ Ај таму најдобра другарка ми е уште и нема да а оставам... И така поминав низ сите овие емоции кога она се уклучува и ми вика: Ами јас бев да јадам само... :o леле ме изалоса улава е. :D А за дечкото, го шутна. Така нека му е кретен ненормален.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Цела недела си полагам колоквиуми, нека ви е мака! 8)
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Си се скиснав во миризлива купка цел саат, си се исушив, со се фризура со се све.
    Се намирисав, имам розево облаче околу мене сега, ги средив и излакирав ноктите.
    Си сменив постелнина, запалив и миризливо стапче у соба.

    Чувството кога циклусот ќе ти заврши.


    Have sex ALL night!!!
    [​IMG]
     
    На Chocoholic, Trendafilka, Moira и 9 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.440
    Пол:
    Женски
    Се осеќам ко излезена од некоја америчка серија, после напорниот работен ден идам на лагано ручече, ама ептен лагано, шо се вика од нога пред зграда после работа, па кафица со Феминка, Среќо моја ептен ми беше убаво кафенцево денес со тебе :* , па шопинг, долготраен и уживачки, локација Рамстор, абе од мерак да пазариш. И така јас измешана помеѓу макарони и шпагети, кечапи и мајонези, јогурти и млека, павлаки и намази, чоколади :devil: и бомбони, фино лепо се одлучив за здрави покупки за мојата диета здравје боже од најскора иднина. Па така се одлучив за мандарини и банани наместо за мачмалоуто на Нестле, за мевце и оривче наместо паштетка и саламче, за кисело млеко наместо кајмак, за кинеска зелка наместо чипс. Количка полна здрава храна, хулахопки и пластични садови за домаќинки си се сместив на каса, се куцав точно 20 минути, да не кажам дека од платата остана само последното а :tmi: И натоварена ко двогрба камила, се истегнав до Хипократ да викнам такси и пол саат се расправав со полуписмени диспечерки дека не сум кај Хипократ туку дека сум на улицата на која што се искача од Хипократ за накај Црниче, за на крај да ми се прејави и да ме препраша кај се наоѓам точно. Дома, ко права домаќинка, сместив се домаќински у фрижидер, направив ред и поредок во кујна, наполнив машина и ја пуштив да врти, шо коа е скапа :rofl: За вечера салата од кинеска зелка, за малку не напишав кисела, и нема да згрешев, многу е кисела. И сега со огромната чинија салата куцкам на форум, лајкам слики на ФБ и домакински ја студирам сметката, кај ме украле :rofl:
    Убав ден!
     
    На Mrs.Bass, Trendafilka, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Мајка ми ми вика купи си нешто, јас пак со задна намера да заштедам денар да и купам неа нешто повеќе. Си хмкаме преку скајп и цело време заборавам што сакам да кажам. И не сфаќам како луѓе во ист град прават муабет преку скајп. Бре мало е Скопје, едно кафе да испие да си се расприкажеме, да ти пофалам добра ципела ти мене добра шминка. А не преку скајп, да ни шушти.

    Понекое ново пријателство, смешка кажана недоразбрана. Имам еден календар и си шкртам денови, а не знам дали сакам да дојде крајот. Полека почнуваат со китење за Нова Година и Божиќ, само реклами за чоколади се вртат на телевизија. Па кога Антонио Бандерас прави бисквити и кроасани, еми ќе ти се пријаде. Уј, руски капи од баба ми ми се јадат.

    Така тоа, си се нишкаме јас и животчево. Јас гасам аларм насабајле, а он ме протресува во текот на денот. За петок и сабота, затоа што во недела перам. Наздравје.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Не сакам промени. Дури и ги мразам. Под промена го подразбирам и кратењето на косата, без разлика дали се работи за два сантими.

    Денес се шишав. И тоа добри пет сантими, ако не и повеќе. За мене кратењето коса секогаш била тешка работа, постојано го одложувам моментов. И сега не се чувствувам баш најдобро. Како да ми фали дел од мене. Во тој дел коса кој го скратив се кријат многу тајни, настани, бакнежи, убави и лоши моменти, многу разговори, прегратки. Тој дел коса искусил многу храна, допрел подови, искусил солзи, цапнал во неколку чашки вино и вотка. Тој дел коса беше дел од мене. Е сега е дел од, што знам, ѓубрето во фризерскиот салон?

    Си признавам, стварно правам драми од кратењето на коса. Ама посилно е од мене.
     
    На La.Reina.Del.Sur, CIA, Stoimenovska и 4 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.440
    Пол:
    Женски
    Тенкаи, една многу добра професорка, некој кој е на Педагошки сигурно ја знае, Светлана Камџијаш, страшна жена, еднаш дојде во пролет со нова фризура, сите забележавме дека блеска и коментиравме, рече дека кратењето на косата дека за неа претставува преродување. Она би ти рекла сега да не ги чуваш тие убави моменти во врвовите на косата, туку во коренот, блису до кожата за да можеш засекогаш да ги чувствуваш, во врвовите чувај ги тагите, лошите мигови и несаканите настани, откако ќе се исшишаш нив ќе ги снема, едноставно ќе паднат на подот и ќе бидат соберени во еден куп со сите други таги, мигови и настани. Одтогаш и јас почнав да размислувам така, со секое шишање одев со гордо исправена глава, пресечените врвови ги отварав за нови енергии да навлезат директно во мене, како медиум, а кога ќе се затворат како на конец кога нижам бисери така ги нижев и негативностите, додека конецот не станеше премногу тесен за овие лоши бисери и не почувствував потреба да го пресечам.
    Јас не сум филозоф, јас сум романтичар, емотивец, јас сум љубов сокриена во човечка кожа, а оваа професорка во мене ги разбуди најдлабоките филозофии на срцето, ме натера да го прифатам светот шарен, како нејзиното сари подарок од пријатели од Индија, жолт како омиленото сари кое сама си го купила од Индија, црвен како бојата на мојата коса, син како небото во пролет. Некогаш ми беше професорка по македонски, не научив од неа никогаш граматика, ама научив живот, научив љубов, научив се што знам за радоста во мене. Сега им завидувам на студентите на Педагошка на кои им предава, навистина многу недостига во Средно Уметничко. Светле, си го носи името со најголемо право, светлина е на денот на многу млади луѓе.
     
    На Monna.Monna, Roxanne, zarah и 8 други им се допаѓа ова.
  18. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    ајде евелин да прекине со јадење колку за цело едно село, бива? фаља унапреТ.
     
  19. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    http://www.youtube.com/watch?v=tMmX9G8JP38

    Песничево пуштено на на најгласно,нозете во вис,уживанции.
    Чинам Аxl мене ми пее,take it slow, the lights are shining bright мм...:mm: Па свркањето на почетокот,мозоков на пасиште си го пуштам и уживам во моментот едноставно..
    ''All we need is just a little patience" Трпеливост...па и ја имам. Се колнам дека ја имам,само незнам дали другава страна ја има...
    Како и да е,некако спокојот ми го врати песничево..
    И сега навистина цветам,не како бетон. :!:
     
    На La.Reina.Del.Sur, Glossy-girl и SweetChild им се допаѓа ова.
  20. Beyonce87

    Beyonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    38
    Сега сакам се да си кажам-се што ми лежи на срце.Верувајте многу ми е тешко,незнам што да правам,во многу тешка состојаб сум.На моменти сакам и да се самоубија.Многу ми е тешко...многу....

    Зошто јас неможам да бидам како друѓите.Зошто јас се паѓам ниско.Зошто јас неможам да си помогнам на самата себеси,зошто јас секогаш ѓи разбирам друѓите освен јас самата себе?Неможам веќе да издржам животот ми е под притисок како во пекол да живеам.Скоро секој ден патам,скоро секој ден се молам на бога да ми помогне,скоро секој ден ми се врти смислата да се самоубијам.Секој ден моите дома ме малтеритираат,ајде тоа напрај ајде оноа.Верувајте неможам да издржам.Школото па катастрофа.Класната незнаела што збори за мене.Демек јас не сум учела,можеби сум била заљубена а можеби сум имала некој проблем!Да проблемот ми е таа!Змија ни една на крајот ми стави 4ка и сега бара да учам.Јас изгубив воља за се.Ѓи имав најдобрите родители на светот,а сега незнам што се случи со нив-како ѓаволи се станати.Неможам се е дозволено на сестра ми,што и да направи се јас виновна а она права.Незнам,како мала бев многу болна,па што одвај останав жива...Што ли не правам за нив,луѓето на улица кога ќе ме застанат ми велат многу сум била културна,учтива воспитана...А тие што само ме навредуваат (родителите) онаква сум била незнам што.И јас сум човек.И јас сум душа.Нели ме жалат бар 1%?Само учи учи ќе те отепам инвалид ќе станеш..и ред друѓи работи ми кажуваат.Јас неможам да издржам,не неможам повеќе.А што да учам сега основно школо е станато какао за факултет,една лекција на пет/шес страни.Учителите па гадови станале,змии ѓаболи и незнам уште што не.Се извинувам ама и јас сум чоквек.Имам на ден по седум предмети а секој нова лекција си предава и друѓиот час се ќе ти се испомеша и не знаеш.Оцените не ми се добри.Имам пет тројки и друѓите сите четвотки.Не неможам да издржам.Ако не учиш ќе видиш што ќе ти направам....А да не сум била заљубена..Кој на дваесет и први век не е заљубен.Сестра ми е второ одд и на ден мени по дваесет симпатии а јас само еден имам.Јас тоа дете многу го сакм ама не ми е пречка да учам.Јас учам ама се ми се испомешува од притисоците.Ништо чудно ако некој ден се самоубијам...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.