[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Сигурно секој ја осетил онаа болка во желудникот која не е од лошо јадење, ниту пак од апчиња или слични ствари, туку онаа болка кога незнаеш што да направиш, бесен си и лут на животот, кога си немоќен да помогнеш некому за кој знаеш дека тагува, а штом тој тагува, ти уште повеќе тагуваш. Некои луѓе се неблагодарни на можностите кои им ги пружа животот, свесно се уништуваат, а со нив влечат и други кон бездната. Безобразно глупави и прости! Дали е карактер, дали е ген, дали е судбина, веќе не е важно што е. Но, не се даваме толку лесно, борбата продолжува...а губитникот одамна се знае! Нека се гонат кај што им е мило...од таму не ни излегле! :fubar:
     
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    СДК
    ТОЈ седеше на едната страна на редот, а ЈАС на другата страна од редот во амфитеатарот, моментот сите пишат, јас и тој се гледаме, тој ми намигнува и ми се насмевнува :$ .
    Ќе рипнев од столче :D :inlove:

    Бетер од бебе сум :D
     
    На Chica.Loca, Umbrella22, sweet-cherry и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    http://skopjeid.com/2012/11/15/se-dobli ... -sokriete/

    Леле Господе молим те погуби ме, да не го дочекам чудово.
    Па сместување? Кое бе сместување уште малку ко дочек на нова година ќе го направат. - Кај одиш? Еве на дочек апокалипса на светот.
    Ах бе Ајнштајн, Ајнштајн...
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ако пуштате музика ќе мора да плаќате такса
    друго нешто на пример.... да плајќаме такса ако пуштиме два пати вода во шољата ?
    до кога бе луѓе вака до каде ќе не однеси државава -.-
     
  5. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    АКО .....
    Ако можеш да ја сочуваш главата кога сите ја губат и те окривуваат тебе,
    ако можеш да веруваш во себе кога сите во тебе се сомневаат и да им го дозволиш тоа ,
    ако можеш да чекаш,а да не се умориш од чекање ,да слушаш лаги, а да не учествуваш во нив, или да те мразат, а да не им дадеш причина за омраза ,а сепак да не изгледаш преубаво ниту да зборуваш премногу мудро,
    ако можеш да сонуваш, а сонот да не загосподари со тебе, ако можеш да мислиш- а мислите да не ти постанат цел, ако си во состојба да се соочиш со триумфот и пропаста, а да се однесуваш еднакво пред нив,
    ако можеш да поднесеш вистината која си ја кажал ,да ја изопачат за да ги залажат луѓето ,или да ги гледаш работите на кои си го посветил животот- скршени а се наведнеш и почнуваш да ги поправаш со лош алат, ако си во состојба да ги собереш сите твои победии ги ризикуваш да ги изгубиш во еден круг :крајцарица: и почнеш одново од почеток,а за загубата да не проговориш ни збор, ако си во состојба да го натераш срцето, нервите и мускулите да ти служат долго и кога веќе не можат,да продолжат дури и кога во тебе ништо нема,освен вољата која им наредува ,ПРОДОЛЖЕТЕ!
    Ако можеш да зборуваш со масите.а да ја задржиш чесноста,или одиш со кралеви а не ја игубиш обичноста,
    ако сите рачунаат на тебе, ама никој премногу,
    ако неопростениот минут го исполниш со долго бекство од шеесет секунди ,
    твоја е земјата и се на неа и уште повеќе, ќе бидеш ЧОВЕК,сине мој !
    Радјард Киплинг
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Абре алоооооооо пари не паѓаат од небо!
    Многу ме нервираат некои дигнати личности. Секој ден мора да менуваат блуза и да одат во различно, се фалат дека купиле фармерки од 4.000 ден, се прават мис на модата и не купувале од Пренди или Певекс им било гнас или не сакале да го носат тоа парталче.
    А дали се запрашале дека истото можат да го најдат и за поефитни пари во Шутка, Пренди... и малите продавничиња за дупло помала пара? Дека истите се земани од таму и носени во бутиците?
    Минимална плата е 9.000 илјади, а тие ја трошат истата само на едни чизми, патики, кондури, парфеми.. колку да се направат фраерки.
    Абе ќе гледам да поминам поефитно и да си го наполнам мешето.

    Утре ќе си ја видам дадичка... ќе се прошеткам малку, ќе се подновам со некое парче. Нека учат утре, јас ќе си одмарам, ќе земам и книгичка да читнам викендов.
    Едвај чекам да ја видам сестра ми... како се снаоѓа, дали е добро, да си се изнагушкаме со оглед на тоа дека после поретко ќе се гледаме...

    Убаво ми е периодов. Исполнета, среќна...со личности што ги сакам...
    И ај сега кажете НЕ сте среќни?
    Среќна сум, и тоа многу. Покрив над глава, здравје, љубов од најблиските. Што друго можам да посакам?

    Ви испраќам позитивна енергија денеска, мислам дека ја имам за извоз :wasntme: .
    [​IMG]
     
    На sweet-star, Monna.Monna, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК дека животот е тркало кое се врти никогаш незнаеш што може да се чекува
     
  8. Bianka

    Bianka Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    18
    Скопје -Центар -лудило, паркинг пола уличка зафаќа на другата половина иди па вози, ко преживи причаче!
    За еден саат 2 сообраќајки видов, една нездрава незнаеше како да се одглави од хаосот кој сама го направи, друга беше скоро па заспиена на воланот, трет вози во обратен смер по еднонасочна...мислам дека ќе се самонокаутирав едно време. Па уште сите пцујат и кој знае и кој не знае да вози, ова на се личи ама на метропола никогаш нема да заличи!
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Па уште какви се скривниците, под земја :x |( Ова се е од американскине филмови :!: некаде читам па вонземјаните ќе се појавиле на крајов од годинава :D , па планета ќе не удрела...Тие се убедени дека ќе има крај на светот, а јас во сосема спротивното :rofl: смешно ми е, од кого и од што се плашат? Мислам порано или подоцна, ќе не нема и исто ни доаѓа, дали ќе го снема светот или нешто трето не дај боже ќе се случи. Мислам толку се преоптоваруваат, што навистина не им вреди.Што ќе прават ко ќе помине декември? Тек тогаш ќе им текне дека за џабе го потрошиле своето време, па и пари кои истите за друго ќе ги потрошеле.
    Како и да е, тие си знаат, важно јас се прејадов и сега мака ми е :D :sweat:
     
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    У 1 саат седнувам да учам хемија. Ако ми е! :headbang:
     
  11. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Комарци во сред ноември!Нормално ли е ова или ни комарците не се тоа што беа.Се повампирија.Суштества едни грди и никакви.А тие се една од причините што повеќе ја сакам зимата отколку летото. :@
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Не знам како се одвива процесот на парење на мачките и зошто секогаш е во ова време од ноќта, само знам дека ќе полудам од звукот сличен на бебе што плаче.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.214
    И ќе се појави некој и ќе те трогне...те сонував два пати рече, еднаш пеевме заедно стенд бај ми,а вториот пат ми ја пееше тажно ќе сера,сера,уствари липаше...
    Е ај сега?
    Универзуме,баш си прост,што би рекла Каќа!
    И нешто да ви кажам...ко што болат,печат и тежат машки солзи,ништо друго. Еднакво гласни се како да удри по масата и да рече,чекај не оди! Еднакво тешки како кога кажуваат вистина која не сакаш да ја чуеш. Не можат да прокапат како манипулативни друшки, к*рвински да се протнат и да те освојат...едноставно се случуваат кога нешто тешко им седнува на гради... Не можам да проголтам машки солзи,ме болат и мене,а како за беља пак не ми се ретка разрешница, животен проблем, мака... Често си дозволувале мажите во мојот живот да го дозволат тој луксуз и бескрајно многу го ценам тоа... доверба! И мразам жени кои се потсмеваат за истите и ги нарекуваат лигуши, мекуши,па што знам можда и заслужувате некој дибек кој квалитетно знае да расшамара,не заслужувате искреност и мора многу да сте несовесни глупачки кои не добиле внимание од својот татко никогаш во животот...за жал. Зошто стварно болат, зошто стварно пукаат капилари и во очи и во срце,во душа. Се молат сите лигушки кои не знаат да почитуваат човечки суштествија да го олеснат животот на планетава и нека се губат по ѓаволите.
    Другарче мое, се ќе биде добро...дај си време за да добиеш време,а јас сум тука за тебе,засекогаш.
     
    На Johny, bittersweet, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    После 2 саата бркање низ дома се откажувам од пробување да го облечам нудистов мој :lol:
    Пред да станам родител си замислував како моето дете ќе е највоспитано, сакано, бла,бла all unicorns and rainbows.....добри времиња беа тоа, сега кога ќе ми текне како сум си ја замислувала улогата на родител а каква е вистината не знам дали да се смејам или да плачам :)

    Сите што си замислуваат дека малите деца се ангелчиња .....немаат сопствени или им пораснале па заборавиле како си поминале, јас го гледам моето и место ангел гледам :devil:, преска го скара татко му по телефон зошто е гол, направи ваква фаца |( и ми го тресна телефонот од земја ]:)
    Му се жалам на татко ми, тој пак добро де сине, фаза е, ќе му помине и после тоа ми ја прати сликава, е се подмочав од смеење.

    [​IMG]

    Таман ќе фати ред со спиење, нема да ме буди во 3 саат сабајле да си играме одма почнува нешто друго, сега е нудист, таман сум го облекла горе, се соблекол долу, па се бркаме како white trash да сме низ двор, тој гол дури и пелената ја џитка а јас со алишта да го облечам абе циркузи сме :D
    Да не гледа некој од страна ќе си рече дека не знам да си го воспитам детето (а и јас бев таква) а како уствари да воспиташ едногодишно дете, тој што наумил тоа си прави, да не треба да му тргнам ќотек зошто не сака да се облече? :^)
    И двајцата полудуваме во овој принуден карантин, ај уште една недела и нема да биде веќе заразен, може ќе се вратиме во нормала.

    Синоќа бев со снашката на полноќната премиера на Breaking Dawn, додека брат ми прави добрини по светот јас морам да и правам друштво на снашката зошто и е срам да му ги остава децата на татко ми и да излезе со другарка, со мене другачије било, јас како чуварка да сум и.
    Никако не можеме да ја убедиме дека е во ред да излезе кога сака и каде сака без мене, таа си утувила во главата дека е срамота и точка и така место да се наспијам еднаш како човек јас гледам Твајлајт :yawn:

    И додека се жалев тука од малиот тој седнал на под и пробува сам да се облече како big boy :* а снашката ме вика на кафе и спремила некои нови колачи да ми се заблагодари дека сум и правела друштво.
    Сега мене ме фати срам што се жалев :lol:
     
    На Chocolate.me, Ammy.Lee, Adi888 и 32 други им се допаѓа ова.
  15. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Ооууу јееее :rock:
    Вие сите цела вечер мирно спиј те си, а Бубби ќе седи сама на фемина :P
    ноќен чувар
    трета смена :D

    Изгледа немав ПМС ама затоа сите крајности во однесувањето се префрлени во самиот МЦ :lol:
    Затоа го изнервирав него ... е ако де :P
    Се расправав со моите и пллус брат ми, секако. И кај и да е овој романов ќе го фрлам низ прозор ]:) И само ако се обидел некој да ми каже дека викендов планира да одмара некаде надвор од градов, или де дај Боже да патува, ќе му ги дупнам гумите од точакот/моторот/колата или што и да е!

    Тукуу....што сакате за појадок?
    Кафе може?

    [​IMG]

    еве го и кафето :) две, зошто кафе сам не се пие
    [​IMG]

    Морам да напраам нешто убаво денес, за да се искупам за кхм..кхм моето однесување вчера :wasntme: Еве, прво на вас ви пишувам, а сега одам на моите да им направам утринско кафе за пред работа :angel:
    Имајте убав петочен ден :f:
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Се разбудив речиси со липање.Сонот ме потресе толку многу што ми го одзеде здивот ,буквално се гушев а сега не можам да си дојдам на себе. :worried:
    Мојта психа не мирува,ми прави журки во главава. :fubar:
    Можеби кафево ќе помогне...
    Престанете мисли да ме мачите ,одете си.Иш.
    Не мислам на минатото,ќе мислам на иднината.
    За едно 5 години што викате?
    ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
    Се гледам себе си како стојам на прозорецот,и чувствувам конечно среќа .
    Фризурата ми е поинаква,насмевката поубава.
    Околу нозете ми се вртка мојата Микица и уште 3 слатки мачиња,од кујната допира некој убав мирис,тоа мојот маж спрема ручек да го прославиме моето вработување,синот е на факс,ќерка ми матурант,освестени млади луѓе.Фрлам поглед на комодата на неа слика со драги колеги.
    Среќна ,задоволна ,сакана.
    Многу ли сонувам?
     
    На BeYourself, Monna.Monna, DeMelo и 17 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Како беше она -ако сакаш нешто многу силно, целиот универзум ќе се обедини за тоа да го оствари?
    Зошто доцни универзумот со остварувањата кај многу луѓе? :worried:
    Дали од што е премногу голем, па тоа обединување некако иде побавно |(
    Утринска главоболка. Немаше да ми биде криво да беше од некоја чашка, вака не знам што сака. Всушност знам :(
    Татко ми ми вика -читаш нешто или само ѕвериш во ѕидот. Ѕверам и уживам. Лажам. Пробував да уживам додека низ глава ми се моткаа сите работи кои можев да ги правам во тоа време. It never stops. Озбилно ми треба одмор.
    Куќни слави со преполовено семејство. Не знам дали ме радуваат спомените или тежат, тежи и сегашноста. Колку не нема, колку сме далечни и ладни еден спрема друг. Дали да ја гледам нејзината слика како дете, обесена на ѕидот, дали да се сеќавам на купот мачиња што ги чуваше, огромните шољи кафе, ми тежи помислата на неа. Затоа што колку и да се обидувам да ја видам среќата во неа, целата грижа и болест обесени на нејзиното лице не ми бегаат. А јас сеуште си ги стискам солзите за неа...Дали им простила на нив? Дали тие мислат на неа и бараат прошка?
    Куќни слави, мајсторот за сецкање зелка, мајсторот за правење скара, мајсторот за најдобро виткање сарми... Смеа, деца, топлина. Лепче со винце, на дедо сестрата што секогаш се зафркава. Братучетка ми со солзите во школо кога таа почина. Се' нешто со себе повлекува. Со спомените се градиме, едно стебло дрво со распослани гранки. На некои зеленило, други суви, третите искршени.
    А јас сеуште се трудам да и ја научам на баба ми финтата како за толку кратко време прави купишта палачинки. И се чудам како тој толку брзо порасна. Ме радува, како и сликата кога ги гуравме количките по теписон кога беше онолкаво, малечко, сонценце. Времето не запира.

    Требаше да биде ова нешто весело :^) еве, ви се оддолжувам со песнава
    https://www.youtube.com/watch?v=QUypt2nvorM

    Заспав изморена во дневна. Ме разбуди раката на мама, ми ја тргна косата од чело и ме галеше по глава. Во тој момент бев само дете, нејзиното дете и ништо друго на светов не постоеше.
     
    На Chica.Loca, DeMelo, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  18. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    :) :D ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ КОНЕЧНО ПЕТОК.Викенд,уживанција,убаво е чувството кога знаеш дека УТРЕ кога ќе ти ѕвони алармот и кога ќе се пробудиш сфаќаш дека денот ти е без обврски и продолжуваш слатко да си спикаш...................
     
  19. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК не може еден ден да ми почне убаво и така и да тргне. Тамам си се радувам цела недела дека ќе останам сама викендов (цимерките ќе си одат), сабајлево ми ѕвони другар да ми каже дека ќе иде за Скопје и ќе останува кај нас (кај мене и дечко ми) на гости. Секој месец доаѓа и седи по еден викенд. А си планирав милион работи. Треба на дипломската да работам, имам некои документи на компјутер за средување, мислев да се избањам и гола да шетам низ дома, е*ате. Се изнервирав, пошто ја си знам како ќе ми помине викендов. Ќе дое, ај кафе да пиеме, па дали е гладен, па дали има нешто дома за јадење, па ќе седнат на компјутер, ќе се заиграат ЛоЛ, ВоВ, Диабло, и ќе станат дури во недела, ко ќе треба другаров да се враќа назад (дека мора, нели, на работа е). Па утре ќе иделе на некаква журка, ама пред журка планирале да се „подмачкаат“ кај нас дома. Ќе дојдат некои девојчиња кои не ги ни знам дека постојат, ќе се налокаат ракија, евентуално ќе се надуваат (зависи на каква журка ќе идат), ќе ми направат лом, а тамам вчера конечно се средивме ко шо треба, и шо е ова - викенд било, ќе се доспивам и ќе си ја доработам дипломскава. Yeah, right.

    Па, кога и да дое, стално ми вика, јас нема да ве замарам, бркајте си вие работа. Човек си, дошол на гости од таму некаде и сеа ќе го оставиш сам да се занимава? Нема смисла. А, треба така да направам. Да му се извинам и да се повлечам кај мене во соба да си работам. ... Не, бе, не, немам срце за така. Од друга страна, пак, мајка ми ќе ме чека. Требаше минатиот викенд да си одам, и реков овој дека ќе се вратам, ама пак се предомислувам. Дека се израдував-ќе нема никој кај мене за викендов, па ќе бидам раат. А сеа, ако си појдам, ќе ми се налути, ќе сфати дека е поради него. И нема да си завршам работа. Уффффффф, колку само се изнервирав. А петок е и наспана сум, просто не можам да си поверувам колку само ми се испомешаа плановите.

    Оуу, фак ит, аил стеј ен притенд нотин хепенд. Аил џст игнор еврибади. Маиндинг мај оун бизнис.

    Хев а грејт деј!
     
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    :hai: Поздрав девојки еве сум и јас :) Ве немам заборавено, понекогаш ве читам но никако да најдам време да ви пишам. И сега од каде да почнам? Има толку многу работи за кажување што незнам од каде би почнала :) Работата ме прероди, ме созреа, направи нова личност од мене, постабилна, поумерена. Многу сум среќна што успеав да најдам работа во овие тешки услови, но пак ќе речам и ќе бидам многу искрена без врски ништо не правиме сепак ова е нашата чудесна Македонија. Ја имав таа ‘‘среќа‘‘ да се најдам на право место и со прави луѓе кои ми помогна и на сите ви ја поскаувам таа ‘‘среќа‘‘.

    Живеам живот на средношколка и супер ми е :) не пропуштам виќенд, а да не излезам и топ да си поминам и тоа со сите процесури од почеток до крај од кафана, па кафич и накрај дискотека :) мајка ми ми вели полека не ти личи на годините, ма гајле ми е битно мене ми е топ. :)

    Се појави нова личност во мојот живот кој ми даде на знаење дека Горан не е единствениот во градот, дека има толку многу мажи кои јас ги немам приметено. Ептен ми е срцка секој ден се гледаме, се шмекаме и нема ништо повеќе и несакам рано ми е, сеуште не сум спремна да започнам нешто ново.

    Се сеќавате колку многу се радував на доваѓањето на есента? Е оваа есен ме прероди, ме врати во живот, ме научи дека живото не е совршен, дека губиш, но и дека добиваш, ме научи после пораз повторно да се смеам и да се радувам.
    Ви посакувам убав виќенд и уживајте во последните бои на есента :)
     
    На DeMelo, thelittle17, Hopeful и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.