[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    добре ми дојде црвена тетке :)
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Пак магла. Ако не е облачно и врне, магла има. И јас се чудам после оти ми се разранува главата и се чешам како шугава, кога сонце не ме има видено. Испуштив возот. Колку пати купувам кафе од неа? :^) Плус минус 230 сабајлиња по година. Отровачка ми продаде сабајле, додека се вратив по шеќер, преку две платформи туут туут(добро де не прави туут туут) стигна возот. Штикли, плус гужва, плус врело кафе во рака и трчање, не иде заедно. Си чучнав на клупичка, чекам друг воз, отворам капакот од чашата и мирисам, мммм, јас сум во кревет, само што се будам, топличко ми е, мажулето ми носи кафе во омилената чаша, мирисам, мммм, мирис на свежо кафе...и топол стиропор! А?!! Буди се невесто! :yawn:

    Ајде уште денеска. Па утре не дожд, не мраз, не магла, голи мажи нека паѓат, не станувам додека не се наспијам како човек.
     
    На bittersweet, Springy, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    254
    Вчера денот ми започна глупаво, ама ми заврши убаво. :)
    После неколку саати малтертирање по болници, толку бев исцрпена што едвај чекав да дојдам дома да се опуштам. Така целата разбрзана,испазарував неколку работи, се натоварив како магаре и правец накај дома.
    Дојдов, се средив си запалив миризливо стапче штотуку го купив од една "индиска продавница" во ГТЦ.
    Ја земав книгата што започнав да ја читам пред неколку дена и си седнав на мојата омилена фотеља, многу сакам да читам тоа ме исполнува. Порано дури знаев и некои песни, текстови да напишам но сега сето тоа исчезна, незнам зашто и како но нема никаква инспирација и креативност во мене за такво нешто каде ли исчезна сето тоа се прашувам?!
    Додека така седев и си читав ме прекина sвоното на вратата |( се прашував кој ли ми го нарушува мирот овој пат кој ретко го имам. Станав отидов до вратата ја отворив и се изненадив другарка ми цела таква насмеана, бушава :D одамна се немавме видено, како да се подзаборавивме малку , порано бевме толку неразделни, толку време поминувавме заедно што неможевме да се замислиме една без друга. Но ете и тоа помина, а си мислевме дека засекогаш ќе останеме така најдобри и толку ќе се сакаме, но сме погрешиле.
    Си седевме така, јас пиев чај она кафе, ме труеше со цигарите а јас ги откажав пред 2 месеци и кафето и цигарите и ми беше тешко да седам во просторија со чад, а некогаш и јас пушев и моите цигари некому му сметаа, но тогаш неможев да ги разберам непушачите се додека јас станав непушач :)
    Незнам што ми текна ја извдив кутијата во која ги чувам тетратките исполнети со мои нејзини и нечии глупости, еден куп споменари, лексикони, триста чуда, писма подзаборавени толку време.
    Ги листавме, читавме, и се смеевме се потсетивме на тие среќни безгрижни денови, толку многу работи се кажаа за минатото и за направените грешки и детски глупости, се почустував толку убаво потсетувајќи се и заборавив на грижите што ги имав сабајле. Денеска сето тоа не постои кое 13 годишно девојче ќе фати да пишува споменари, лексикони и други работи?! Ни на крај памет не им доаѓа такво нешто :D се разбира се се менува, ништо не останува исто.
    И така поминатиот ден со другарка ми заврши, ја испратив и кога се вратив ги собрав тетратките писмата и другите работи и отидов надвор и ги запалив, незнам што ме натера да ги запалам, а денеска кога се разбудив помислив на тие спомени и се покајав за тоа што ги запалив, ми недостигаат сакам пак некогаш да ги читам, но нема веќе никогаш само пепел станаа моите детски спомени .
    За џабе не рекле размисли за последиците пред нешто да направиш...
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ајде...конечно одам на викенд. Малку да си ја одморам главата.

    Среќна што си го остварив планот...несреќна што грло ме боли и сум на пат да закачам грип. :whew:

    Ама полнам чантата со лекови и патувааам....

    Поздрав до сите Феминки...ви посакувам пријатен викенд. :*
    :!: И облекувајте се убаво, да не завршите како мене. :headbang:
     
    На Hopeful, kravce и pamelche им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Го обожавам мирисот на промени.
    На нова книга, и кога нурнувам нос во неа, веќе ми прераскажува приказна.

    Мотивација за денов, 100 %. Прво ќе чистам, па ќе правам ориз со брокула за ручек (ме инспирираа вчера во Густо, рижотото е врвно!), ќе напишам два три реда радости, и на крај себетинтража, масажа и малку винце пред одење на роденден.
    Да, ноември е тежок месец.
    Полн новости, премини, промени, штрудли и пити, шетања и скитања, миризби. Костени и врзоп млада рукола, сеќавања и копнежи. Јулка патува за Истанбул, по љубов. Нема потреба од ништо друго да објаснувам. Вчера кога шетавме по дождот игнорирајќи го, а силно светејќи, го доживеав Скопје како град на Љубовта, а себеси како турист шетач. Си купив нови книги, во рака чадор, во мисли среќа. Си зборувавме како сме се нашле на верандата во Менада, а после тоа пиевме со Иван и како Свето Тројство, директ на ручек кај неа, Дуке Бојаџиев зборуваше за Љубовта, и ноќта беше наша... Оние, трансцендент средби полни со музика, муабет и близина? Ете таква.
    Да. Има некои луѓе што не си ги знаел никогаш, а ги знаеш отсекогаш. Толку среќа и насмевки на лицата одамна сме немале, и уживавме. И посакав добар пат и сета енергија што ја има да ја истури како топол шербет врз небото. Да ја најде Љубовта секаде.

    И гледам, утрово, позитивен блесок и на работа. Менуваме нови простории, ќе има што да се гледа, глетки, сонце, промени! Така е тоа, едно застанува, друго тргнува, животот се случува, наше е да уживаме и да го гушнеме со се раце и нозе!
    Јас, отидов да си облечам пењоар и да се нурнам во денов.
    Ќе испливам полна со радост, знам.
    Нуркајте и вие, има многу што да понуди овој свет.
    :*
     
    На Hopeful, Heleny, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    СДК колку е само тешко кога во животот ќе наидеш на тешки и потресни случаи кои се секојдневие,а од тебе се далеку доста време
    неколку пати почнав да пишувам и пак избришав,најтежок пост кој досега сум го напишала-можеби затоа што длабоко ме повредува
    што да направам? што да помогнам,да променам?
    Р А К -тој е болен :( :(
    сурова е судбината на еден 40 годишен маж кој најмногу од се досега во животот верувал во бога,каде е сега бога?
    лута сум,лута сум на цел мој живот-дали е можеби некоја казна за нешто што ни самата незнам,зошто баш тој
    добар,добар,најдобар,весел,хуман,жртвувач за своите најблиски
    освен што е рак се и метастази во бели дробови,дополнителна грижа плус ;(
    каде да се обратам,каква ли напивка да направеме,каков ли исцелител да посетеме???

    пишувам овде зошто ми е тешко,малку да ми олесни,пред него сум силна,најсилна го тешам,му зборувам да верува а кога сум сама подпаѓам на вистината,нема назад.

    не сакам перфектен живот,сакам неговиот да трае малку подолго,да живее со болеста,да биде жив,да ги гледа своите две деца како оформуваат семејства,да ја гледа својата жена како бдее над него секоја вечер

    пред некој ден ми кажа дека се плаши од тоа што доаѓа,како ли тогаш да го советувам,јаболкото во грлото не ми даде збор да изустам,премолчив и по некоја минута продолжив со својот проповеднички став дека се ќе помине,дека ке се смееме еден ден за тоа како се сме пребродиле

    МНОГУ МИ Е ТЕШКО-кога сум сама најтешко ми е,не сакам да изгубам таков човек,не сакам неговата жена а моја тетка да страда (таа вели-за мене живот после него нема) жално
    колку е само љубовта вака голема кога ти е најтешко,сите сме сплотени во едно, како јато птици и бдееме над него,учиме за ракот и се надеваме дека некој лек ке го поштеди од крајот кој не сакам никако да дојде
     
    На Monna.Monna, thelittle17, La.Reina.Del.Sur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Господ нека е со него :(
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Спијам синоќа и осеќам некој ме фаќа по лицето, отварам очи , а тоа мојот звер :inlove:
    Будна , со широко отворени очи, се довлечкала до мене и ме гали (повеќе гребеше ,ама нема веза :lol: ).
    Е многу сум среќна, убаво е да си мајка :angel:
     
    На Monna.Monna, AngelOfArh, Umbrella22 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Душа, ме разнежни да ви кажам право :)
    [​IMG]
     
    На sweet-star, stylishh, Monna.Monna и 31 други им се допаѓа ова.
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Срценце :D И јас го знам,од порано,ама сепак пак ми го разубави денот Теди :* Јас пијам кафенце,кој е за нека ме дружи :) Have a nice day all of you :sun:
     
    На k.i.m, srcekrsacka и teddybear им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Бившиот ми прае филмови. |( Нели сфати дека сум подобар режисер од него? :^)

    Wish me luck. Ќе ми треба. :worried:
     
    На srcekrsacka, PeaceLoveBasketball и Vezilka им се допаѓа ова.
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Денеска ми е 29 ти роденден и за првпат сама си направив :^: Повелете ситееее :dance: :party:
     
    На sweet-star, Monna.Monna, bittersweet и 30 други им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    На ozbilnazena, Gordana10, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Станувам, а мајка ми насмеана од 6ка до 6ка - Стана, а? И туп, ми ја става омилената чаша во раце и ми вика- Пиј! Еј си мислам женава ми сварила чајче, па да не се олади толку брзо ми го тупка. Гледам жолто, мириса на јајца... А таа се смее и ми вика -Ако лошо ти мириса јас носот ќе ти го држам само ти пиј го. Мамо ма алергична сум на јајца, ќе ми се нафрла лицето. -Ќе ти купи мама после се што ти треба за да го оправиш лицето ама сега ќе пиеш. Ко Bitttersweet што пишува како се бркале со малиот, е така се бркавме ние околу маса и на крај ме совлада.
    Па уште како да сум мало дете лижна од лажичето и ми вика -Не е лошо и полоши работи си пиела :rofl: :rofl:
    Видов не видов, испив.
    Ако ме нема, да знаете од лекот на мајка ми е :rofl: Одамна ми го збори леков ама имаше погрозен дел кој не го пишувам и се расправавме дека нема шанси тоа да го направам. Па насмеана ми вика- Ти само пиј ова, а не те терам другото да го правиш :rofl:

    Битно стави некое илјадарче на маса, па одам по чизми.

    Имајте убав ден и пазете се наутро кога мајките со насмевка ви нудат нешто да пиење :rofl:
     
    На tweety26, bittersweet, LilBaby и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Ме натажи постот на Анастасија, но воедно ми даде една поука за размислување.
    Колку ни е краток животот!!!
    Се раѓаме плачејќи, а скоро секогаш умираме и така.
    Животов ни изгледа повеќе на проткаен килим од болка, отколку на среќа и радост. Живееме брзо, динамично, не грижејќи се за ништо, се додека еден ден не дојде веста дека нешто лошо се случило. Искрено, ако не би била и оваа болка, таа или онаа болест... кога ние вистински би размислиле за некои работи?!
    Кога би се соединиле заедно и еднодушно би воздивнувале со мала и кратка искрена молитва на усните?! Чиј шепот само длабоко би одекнувал во паралела со биењата на срцето и би се прегрнувал со молитвата на другите, само тој човек да биде добро!
    Кога би ги заборавиле сите кавги, несогласувања и различни мислења?!
    А само тогаш навистина сфаќаме колку сме мали, ништожни, беспомошни... Тогаш, кога не можеме да направиме да поживее човекот макар и само еден миг! Кога не можее да направиме апсолутно ништо.
    И на крај, од секој од нас, останува само спомен. Мил, нежен, топол... која ја крактеризира душата на еден вистински добродетелен човек или ладен, бесчувствителен, тажен... спомен на еден вистински лош човек.
    Но ретко кој денес заминува од овој свет со насмевка на лицето. Тие луѓе денес се светии. Лежат во постела, а се радосни и благодарат за се. Лицето им зрачи со светлина, каква што никогаш немале и не сме виделе воопшто. Секој збор им е како нежен допир на срцето, зашто кажува, не за она што одминува, туку за на она што е вечно. Силната вера, љубовта, радоста во срцето... тие светли бисери кои даваат сјај и оддалеку.
    Советите, дека ништо не е поубаво од една подадена рака кон секој; од љубов кон ближниот, кој можеби ни е и непријател, а со тоа наше добро дело, го правиме наш најверен пријател; од една можеби за нас беззначајна насмевка кога не можеме да помогнеме на друг начин, а за некој најзначајна и светол пример во животот...
    Човекот тогаш ја кажува вистината. Тогаш станува вистински човек, свесен за вистинската смисла на животот.
    Да бидеш ЧОВЕК во секоја смисла на зборот, зашто потоа се е предоцна. Зашто веќе одминало времето, а назад нема, за тоа да се поправи!!!
     
    На stetoskop, bittersweet, anastasija85 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.216
    Јас денес решив да протестирам со докторите,ама против нив.
    Против митото што го зимаат!
     
    На anuskaNESTLE, thelittle17, Johny и 3 други им се допаѓа ова.
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.433
    Имам обврски, а не ми се излегува од пижамите.
    Сакам да си гледам ТВ и филмчиња цееееел деееееееен!!! :yawn:

    Колку сум мрза.
    А знаев дека ќе биде вака. Требаше вчера да си ги завршам работите и денес дома да си седам. :(
    Тоа што можеш да го завршиш денес, не го оставај за утре!
    Редно е веќе да почнам да се раководам по ова, али ајде.

    Плус и имам добиено :(, уште една причина ради која ме мрзи било што да правам.
    Бар Феминава еднаш годишно на тоа календарчето го погодува денот кога треба да добијам! Јуху! :D
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке излезеш на прошетка-долга неколку километри да ти се разбистрат мислите, и барем малку од малку да добиеш позитивна енергија, а за на вракање почнува да врне а ти немаш чадор и со мала промена на фризурата и си се подновила со нешто од козметика па на сред пат ти текнува дека може и кесата да ти послужи како заштита-непознати ликови те гледаат и се чудат што се случува со девојкава а ти се смееш и неможеш да престанеш :rofl: за на крај пристигнуваш дома како накиснато глувче, и ја наогаш мајка ти пред тв како заспала чекајки те :* до мамичка :)
     
    На DeMelo и kravce им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.645
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека членката manekenka10, има одговор за многу теми на форумов, само што секој одговор и е на различно место, а кога модераторите би се потрудиле, за секој нејзин одговор би можеле да најдат соодветна тема :lol:
    А јас пак ја поврзав со низок ајкју, а тоа да ти било неснаоѓање во просторот а богами и времето.

    Општи прашања
    Што слушате во моментов
    Смешни мислења
    Се мував со оженет
    Каква е атмосферата во вашата куќа?
     
    На sweet-star, la-chicka, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Денес ептен и се радував на претставата, си мислев ќе си ја гледам и ќе се гордеам со Ханушка моја, ех што доживувам, сите по ред вака да ме радувате бре другарчиња, сите по ред вака да успевате во животот. Е се радував, ама сега тажам, знам дека цеа вечер ќе ја поминам во плач на црвените столчиња на матичната куќа на великанот, ако воопшто се одигра претставата. Една минута молк? Еден век молк не е доволен да му се оддаде почит. Дади, брат му на Коле, и двајцата омилени во фелата, синовите на Поп Боро, какви ликови, успех е нивното второ име. Епа останавме ние без Дади, останавме без омилениот лик од детството, ќе им прераскажуваме на нашите деца за него, за ликот секогаш насмеан, кој ја живееше Комедијата, а не како што една полуписмена новинарка имаше напишано, него животот му беше Комедија. Ќе недостигаш на даските кои живот значат, иако веќе некое време во пензија, ќе недостигаш сега вистински мил Дади.
     
    На marama, Bozica1980, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.