[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    и така јас денес си ги исправ алиштенцата, и си ги закачувам така расположена , и наеднаш гледам долна пижама што не е ни моја ни на мм, се чудам од кај залетала оваа пужама во нашите алишта, се врати и мм од работа му викам абе оваа пижама дане знаеш чија е тој нее прв а гледам ми вика, и ја закачив да се исуши нема врска што не е наша нели. После саат време поминувам кај алиштата и како гром од ведро небо ме удри, ми текна чија е пижамата :!: :tmi: па тоа е мојата розева пижама ама се исфарбала од црните и станала темно сива :tmi: едвај се познавме :lol: незнам како ми залутала во темните алишта ама ете се десило, сега чекам пак да се соберат темни за со нив да ја ставам горната пижама и таа да се исфарба нема смисла едната да е сива другата розева, мислам не одговара :rofl:
     
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ехх.. Како си лета времето кога сум со него!
     
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Кој бе рекол дека зајците не се паметни? Епа моите се :) Си идам у 2 саат и гледам едниот под едниот радијатор легнат, истегнат, спружен се топле, другиот го нема :) Си викам кој знае кај е, и влегувам у мојата сова го гледам под кебето на сестра ми пикнат бе.Се топле и он. Будали и двајцата. И одам накај аквариумот за да им ставам храна абе секундарно се најдоа пред аквариум. Е ај зајците не биле паметни. И слушаат бе моиве коа ќе ги викнам. Добро де коа сакаат :^)
    Него зборот ми беше де, убава вечер. Убаво место, ок луѓе,добар муабет,добрар пијалок и јадење се беше погодено. А јас бев таа која мрчеше пак за излегување. Не ми се одеше никаде. Да останев дома ке плачев и ќе се нервирав цела вечер. Не згрешив шо излегов. Еве си ја исчистов шминката, па земав да видам на кој што, како, тука му се десило денес, па ке се погушкам со двете будали мои и ке спијам. добра нок :*
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Здраво :hai:
    Денес се осеќам малце евентуално :wasntme: Налудничаво, позитивно... изгледа дека ненаспана :^) Па што дека е сабота и дека јас сум пак на работа нели :geek: Не дека некогаш треба да живеам :?:
    Сакав да кажам уствари дека не памтам да сум дувала свеќички на роденденска торта, ама овој пат имав поинаква желба од стандардната (нели она сите да сме среќни, здрави, живи) и пак заборавив да дувам :worried: Се важи ли задоцнета реакција? Може ли да замислувам желби на туѓите роденденски торти? Итна ми е и битна :?: Или се важи и тоа што само си посакав? А се остваруваат ли роденденските желби? :^) Ај ќе му седнам на некој Дедо Мраз на плоштад во скут на крај краева

    Реков јас, утрово штрчам како и влакната на мојава коса. Нема електрицитет ама се однесуваат како публика на концерт, сите у вис. Колку само ќе спласнам до крајот на денов...
    Се надевам дека нема камера во офисов оти јас овај...поинакво шоу си терам денес :$
    http://www.youtube.com/watch?v=39YUXIKrOFk
     
    На Moira, Hipster, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.093
    Пол:
    Женски
    Од денес официјално ќе си го погребам сожалувањето.Сочувството ми е мртво.Ќе се жалам само себеси.Оти на овој свет никој ме не жали.А за жалење сум.И ќе се направам среќна, оти само така заслужувам.Себично знам, ама ден насмеан одамна сум немала.Освен кога се смеам на сопствените глупости оти сум недоветна, ама тоа е друга тема :tmi:
    Така, јас кутрата загреота, ќе си одам во новата дома кај мажот ми и таму ќе кукаме заедно.И тој бил несреќен.Го болело мешето.МАЖИ ! |(
     
    На ljubam, Doozy, Tenkai и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Cдк незнам зошто исчезнуваат мислења во соодветни теми,без потреба
     
  7. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    629
    Затоа што тоа е дефиниција за „слобода на изразување“ :D
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Јас треба дефинитивно да ги проверам телефониве, нешто не се арни.
    Дали е можно една сабота во месецот да работам, а два месеца по ред алармот не ми ѕвони на наместеното време и јас се успивам. Ајде прошлиот месец помислив дека сум заборавила, ама денес?
    Станав буквално 5 до 12 и гз преку глава се облеков, се шлакнав со вода и излегов ко од Дунав, а не од дома. Една ружна цигара во кола и се врти песна на радио "personality reflects name, and if I'm ugly then so are you" од некој грл бенд. Ваљда не ме видел некој по пат?
    :?: :D
    Чиста среќа сум сама и се надевам дека нема да дојде некој и да ме изненади т.е. повеќе он(а) ќе се изненади кога ќе види кој дочекува и опслужува.
    Барем во едно човек може да биде сигурен, кај мене не вработуваат на лепота :rofl:

    Уживам сега во топло млеко со нес (зошто не е обратно) и чајче.
    Туку да не тупам многу да си подработам малце за тоа и дојдов, нели?
    :hai:
     
    На Moira, Neytiri, Lepaaa и 11 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Тешко е да бидеш ЧОВЕКОљубец во ова и така тешко време.
    Јас неможам без драги особи крај мене , ете и да дремам на лап сааати да не обрајќам на луѓе околу мене внимание, да не им правам муабет едноставно онака сакам да знам дека има некој до мене си седи така и немо ми прави друштво :D за сега еве ги мајка ми и татко ми .
     
    На Serafima и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  10. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    и конечно ке си одам дома,абе си немам отидено од велигден бреее.Чувствувам како пеперутки да ми летаат во стомакот како да ке одам на некој важен состанок :D .И утре конечно фамилијарен ручек јас сестра ми зет ми мама тато и најглавните- моите две мали сонциња внучињата де :rofl: .Лелееее едвај чекам да ги видаммм.Ајде заминав јас :* :* :*
     
    На Abeja и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од заболекар, забчето клука, цревата ми свират. :sweat:
    Ми ставија лекче,ама додека да делува..од петици ме дига. :yawn:

    Убав денов, има мешунки од Божиќно расположение, мирис на снег и магла чија инертност уште струи во воздухов. Убав е, мој е. :sun: :f:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам дека вчера сум се возела со најчудните луѓе во автобус ..Единствено по ок беа една баба со едно девојче колку мене, и едни 2 девојки од негде идеа , со куфери, другото боже поможи.Еден дедо земал носот си го брише со јакната :puke: една бабетина земала ми пука балони со мастиката и она шлап шлуп џвакање :sweat: една друга земала копа у сурлата :puke: еден дедо копа во заби :puke: една баба застанала до мене и ми диши у фаца, јас од ранецот неможев да се свртам :doh: ама што да се прави, стари луѓе, за се им се простува понекогаш :)
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Мала главоболка од вчерашните згоди и незгоди. Косава наелектризирана ко да сум била на електричен напон вчера. Ма да можда и бев. Сите откачивме! :lol: 8)
    Натка зготвила цел дијапазон храна, небаре војска ќе храни. Шампањ и палента со горонзола, бело вино и лосос со портокал, крем фарфале со ореви и сирење, абе душава си ја преполнив со убавини! Сектор, фуче. Убави фаци. Обично не му давам шанса, но вечерта беше посебна. Со Шаревски се намуабетивме ко да се знаеме петсто години, цртавме срциња по кондензираните прозорци, ни свиреше со уста и се валкавме од смеење на чалмата на Нате, Али Џи шоуто во живо, тортата што се наполни со роденденски желби и сета убава енергија што проструи! И да. Го мислев цело време. Да е тука. Да е со мене, да си наздравиме и да изиграме едно танго среде соба. И му пишав целосна атмосфера, колку ни фали на сите, да се почувствува сакано, присутно. Се’ би направила за да не чувствува недостиг!

    Лудости. Денес се челичам со чај од брусница, мекнеам и ги разгледувам сликите. Мајка ми ќе ми полни пиперки за ручек, јас решив ќе гувеам уз книга и пешки ќе одам на работа денес. Втора смена, ќе се подработува колку да не е без ич. Ќе се делат пуканки и ќе има нова енергија. Знам. Промената е позитивна во секоја смисла и драго ми е што постариве колеги ја фатија без резерва. Моите планови уште тлеат, а и реално не мора да се остваруваат во некој континуитет. Не ја бркам ја среќата, си ја имам и знам каде ми е. Што е мое, веќе го имам :)
    Сакав да кажам, дека нема поисполнето срце од она што љуби и што го љубат. Во секоја смисла. Душа полна убави желби и зборови, шарени мисли, топол Дом и многу многу идеи за напред.
    И по повод мојата номинација на блогираме, добив неколку потсетници дека го оплеменувам дивјачкиот простор.
    Мене ако ме прашаш, јас гласам за #Љубов.
    И ништо повеќе и помалку од тоа!
     
    На anabel-a, DeMelo и L-enna им се допаѓа ова.
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Вчера се враќав од Англиски, некаден кај 7-8 часот ноќта. И да ви кажам ме обзема едно убаво чувство.. Се осеќаше божиќната атмосфера, се пристевик колку убаво ни беше за нова година, па колку маки имаше каде да се збираме... :)
     
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли некогаш во животот без никаква причина да посака некој да ве отфрли од својот живот?
    Ама буквално без причина.
    Ете пред само два дена тоа ме снајде.
    Сеуште ми лебдат прашалници во главата.
    Конечно сфатив, само не знам и зошто воопшто ми беше потребно толку време за да дојдам до овој заклучок.

    Некои луѓе едноставно не ве сакаат во својот живот и не е потребна причина туку само изговор за да ве отфрлат од нивните животи.

    И да, сакала или не се чувствувам крајно искористена од истата таа особа.
    Особа со која не врзува нешто повеќе од едно обично познанство. Тоа е таа нераскинлива крвна врска.

    Во името на тоа јас сиот свој живот го поминав простувајќи нејзини фатални грешки.
    Заборавено е секое нејзино молење за прошка, заборавени се сите грешки кои покрај мојот упропастија уште два други животи.

    Повторно надвладеа себичноста, која некои луѓе никогаш нема да ја искоренат и истите избираат да живеат со неа, а не со своите најблиски.
    Каков апсурд..

    Како е можно сето добро, секоја подадена рака, поддршка, утешителна и охрабрувачка прегратка, материјална поткрепа.. Се, се за миг да се заборави???
    Како???

    Ете затоа се чувствувам крајно искористена и злоупотребена.
    Не е таа крива, крива сум јас за сите дадени шанси, кои требаше да биде паметна да ги искористи и да докаже дека станала подобар човек. Таа ги фрли во вода како да се нешто незначајно, безвредно.

    Постојано во глава ми пролетува следнава мисла:

    "Ако два пати се сопнеш од ист камен, заслужуваш да си ја скршиш ногата"

    До вчера се самосожалував за уништениот живот, страдав за се она што таа ми го одзема, чувствував неподнослива душевна болка, а денеска...
    Денеска на сето тоа останав рамнодушна...

    Не чувствувам болка, ниту гнев и бес.. И да, за првпат одлично го прифаќам нејзиното повторно отфрлање.
    Таа не ме заслужува во нејзиниот живот, а јас заслужувам спокој.

    Ех.. Темава ми е како издишка, секогаш многу подобро се чувствувам кога вака ќе си се изнакажам/изнапишам.

    Убав ден!

    Простете ми за должината на текстот и ова премалку е за да ги искажам исцрпно своите чувства :$
     
    На Hayley и kravce им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    I feel that today is gonna be a good day.I just feel it. :) :sun:
     
    На blaa и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.220
    Замислете магливо утро, толку тивко, поминуваш низ два реда дрвореди,грамади дрвја, дури од што е мирен градов ги слушаш како паѓаат пожолтените ливчиња, некој меланхоличен лелеав звук на умирање, за да има на пролет ново раѓање, некоја приказна за едно лето си заминува... и се подрадуФкаш така што си у филм, а и гавранот нешто така си се радуФка ради брзиот метаболизам, плус утринското кафенце после доручекот што го исклукал.
    Шлап,кај Лилит баш на теме!
    Аирлија денот! :D
     
    На Neytiri, mims-89, Springy и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Го средував плакарот на брат ми луѓе има повеќе гардероба од мене :worried:а се жали дека нема што да носи ]:)
     
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Бура од нови феминки кои не знаат која по голема глупост да тресне го зафатила форумов, затоа личи на кокошарник и јавно ќе кажам поради нив ја губи целата смисла.
    Не знам ни дали има нешто паметно да прочитам.





    П.С. секоја чест на малите исклучоци :bow:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.