[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Доста ми е веќе од ова, од сите ми е доста. Сакам да почнам да живеам без да мислам за разни глупости и ситници кои уствари мене не ме засегаат ама ете таква сум...
    Сакам максимално да ми биде мозокот во лер,да не дозволувам ништо да ми го расипе расположението!
    Еве веќе една недела ми е ужасна, од прости преглупи причини.. љубовта е срање!
    И стварно мислам дека ми е доста, од сега ке правам секакви напори да уживам малце во животот и да не гледам толку сериозно на некои небитни работи туку да се фокусирам на побитните цели и планови во животот. Редно време ми е малце од малце да се средам. |(
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Добро, од денес ќе почнам да си го рентам накитот. И така пола друштво со ланчиња го китам пред искачање, барем да имам некој ќар од тоа. Осет да се немало.
    И фала, ама не ми требаат газолижачи у животов. На тој што сакам ќе дадам и ќе помогнам, другите џабе се трудите. Ни на крај памет не ми е, да си мењам планови и преорганизирам време за некој што се јавува по потреба.
    А денес ич не ми беше во план да се замарам со секакви работи. Недела како ден ми е еден од најубавите, баш заради фактот што не морам многу да правам. Мислам дека можам да го поминам денот под јорган, со термос кафе до мене и кило сончоглед. Уствари можам до крајот на годинава така.

    И да, конечно сфатив што сум била во претходниот живот.
    [​IMG]
    Иако инсистирав на тоа дека сум била верверичка и бев длабоко убедена во тоа, сега сфаќам дека сум живеела во заблуда. Поларна мечка е точниот одговор.
     
    На Neytiri, Moira, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК за некои луѓе вреди човек да ги цени,почитува, да ги чува покрај себе, а за некои не вреди, иако веќе и за тие истото го направил.Ама ете, барем некои од нив ќе покаже дали вреди или не, па останува човек да види со кого си има работа и дали ќе го троши своето време, потребно или не потребно.Секое зошто, има затоа.И прочитав нечива мисла „ мирот нема никаде да го најдеш,освен во себе“ , не дека јас немам мир, имам и повеќе од потребното, туку сакам да кажам дека се е во нас, нема ништо надвор од нас, само мислиме дека тоа нешто што го бараме е некаде на друго место.Од нас зависи, како ќе го најдеме тоа што го бараме.
     
    На ilipili, Moira, kettygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Имам еден другар, од оние малкуте, што не ми згрешил, дури ме утешил. Се гледаме ретко, ама квалитетно, и дискретно ќе ме распраша, како си, што си ? Кај се изгуби?? Ма гледам добар си..

    Си си здебелил.. Да, да..
    Него го сакам, дека има една чудна филозофија. А таа гласи: ако си скаран, баран, спречен, лечен, најди поле, поле широко, па земи воздух и диши длабоко, затвори очи, па диши длабоко, исклучи уши и диши длабоко, растерај мисли ... па диши длабоко ...

    Како сум жива?
    Па дишам длабоко...

    Ете тоа сакам да кажам. Сеуште го барам моето поле. Поле големо, поле широко.

    А огнот и водата добиваат паралелна брзина и во збирот љубовен постојано ce одземаат. Cе што ce уништува е заради неа и cе што ce обновува е заради неа.
    Така светот ce дели на видлив и невидлив, на неослободени земји и на земји во развој, но нема земја кај што не ја среќавам неа.

    А јас го барам моето поле. Поле големо, поле широко. Поле без неа.
     
    На Moira, kravce, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Што убаво си се прошетавме денес во Луна парк и во стариот дел од паркот. Одамна не сум била вака спокојна. Сега му печев тиква ,се надевам ќе ја погодам и ќе се погоди блага и вкусна. :) [​IMG]

    Имајте убава есен :) :inlove:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Дома сум, но како да не сум.
    Затворена сум во своето мало царство (мојата соба)
    Сама со лап топот, телевизорот и книгите... И така секој ден...

    Освен кога пиеме кафе семејно нема друг начин моите да уживаат во моето присуство.

    Денеска не е таков ден, еве дури сега прв пат се повлекувам во својата соба и се дружам со вас.

    До прееска татко ми ја имаше таа чест. Во рок од два часа испивме две кафиња, разврзавме муабети од најразлични сфери.
    Колку ми недостигало тоа, премногу ми годеше муабетот со него.
    Навистинаа се каам што не му посветувам доволно време на овој човек. Тој бил желен за муабет со мене, ја остави дури и планираната работа изгледа навистина му годеше моето присуство. :)
    Те сакам татичко! Ти умееш секогаш да ми го разубавиш денот.

    Ви давам една топла препорака:

    Бакнете ги и прегрнете ги вашите родители. Посветете им денеска маааалку повеќе внимание од вообичаеното.
    Ним, а и вам ќе ви годи.
    Имајте убава семејна вечер, драги мои!
     
    На kravce, Doozy, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Љубезноста стана толку ретка,што луѓето почнаа да ја сметаат за флерт :worried:
     
    На Miss.Ricci, kravce, Ana.Jones и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Жолто сива комбинација во паркчево долу.
    Гледам низ прозорец, мислам, без да знам на што мислам.
    И гледам само фигури како се движат напред назад, или лево и десно, зависи под кој агол ми паѓа погледов.
    И не перцепирам ништо, освен таа една точка, која не знам ни каде се наоѓа точно.
    Обично сум прецизна. Не денес.
    Кога бев мала, мислев дека срцето се наоѓа лево, а душата десно во градниот кош.
    Сега сфаќам дека душата ми е некоја точка ваму долу под срце, под желудник, помеѓу прстите и секаде каде што може да ми затрепери дел од мене.
    И ја чувствувам, ми трепери. Проклет да е немирот во мене. Го мразам.
    Мразам што сум чувствителна на секое туѓо движење.
    И сум се обидувала, сум сакала, не сум успеала да гледам само за себе.
    Секогаш ме исполнува тоа ако другиот е среќен. Особено ако јас го направам таков.
    Cut! Треба да се научам да се ставам во преден план.
    Знаете, мерак ми е кога ги читам постовите во кои пишувате за топол туш, чоколадо, добар филм или книга. Ме опушта. Тогаш заборавам на се околу мене и во главата ми се вртат убави слики. Се смешкам.
    Back to reality.
    Никогаш нема да се навикнам да бидам овде. Празна. Сама.
    Колку сака нека биде клише или досадна реченицата дека пријателството е најголемо богатство.
    Му симнувам капа на тој што го кажал тоа.
    Не сум добра во километри и останати мерни единици, но знам дека ги мразам, колку и да се малку или многу.
    Таму е/се. Ми недостига/ат.
    Една прегратка, еден поглед и смеа или тага или совет...
    Обично ислушување. Еве не мора ни да се видиме ако нема можност некогаш.
    Само да знам дека го дишам истиот воздух со неа/нив.
    Сега не можам ни филм да гледам раат. Ме притискаат странициве за испит. Ми тежат на глава и ме боли. Ни Кафетин ни Аналгин не ме спасуваат.
    А си викам, уште денес ќе губам време. Нема време!
    Секоја минута е скапоцена, поскапоцена од кој било друг камен.
    Аметист е мојот омилен. Како што е омилен и колачот со цимет и чајот ванила и јагода и жолтото јорганче и зајдисонцето и... :yawn:
    ... |-)
     
    На kravce, teddybear, Sara123 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    СДК Доста ми е од сите негативни личности околу мене, кои знаат и најмалата радост да ти ја уништат :x
     
    На Sara123 и kikav им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... круг, ко маѓепсан круг. Ни почеток ни крај ... ни добро, ни лошо ... Не знам ни сама понекогаш кое е вистинското чувство кое најчесто ме совладува?? Само едно знам дека душава почесто е уморна ... мозокот забавен. На периоди сум горе, на периоди сум долу, ни на небо ни на земја. Важно жива и здрава.
     
    На kravce, Nymeria и Sara123 им се допаѓа ова.
  11. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Незнам бе и јас тоа се чудам.. најверојатно во килограми не сум мрдната многу, затоа што салцето не тежи па не ни јавува на вага :)
    Инаку сум била и претходно на режимов пред повеќе од година и за кратко време (2-3 месеци) слизнав 10 килограми. И тогаш вака - на обем одма се забележува, а на килограми малку понатаму. Битно цел изглед ми се менува, килограми не ми е битно колку имам, битно ми е како изгледам :) А метренцево на моја страна е деновиве :) Пак ќе се мерам накај среда, да видам што ќе кажи па ќе пишам :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Недела ..ништо корисно не направив.
    Дури не ни ги научив лекциите за утре.Си викам има време..
    Почеток на нов режим на исхрана се со цел намалување на килограмите и тело кое го посакувам.
    Секој почеток е тежок но се тешам дека ке успеам во својата цел. :(

    Утре нов почеток на неделата , една од последните во оваа година.
    Убав остаток од денот :*
     
  13. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    За овие маживе,само некоја како Берин (од Бурни времиња), ништо друго :D
    Најјака беше,ко рече дека ке работела за цело семејство а керка му си ја нема видено од ко е родена :D не се занесувајте многу, сепак... то е само серија :D хахахах
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    И јас имам режим

    секој 2 ипол недели , Од утре слабеам ....


    Приметил ли некој како кај седмица мачињата и кучињата се толку дебели да ги мрзи да ги бркат колите , па кога ќе му фрлиш компирче едвај се мачи да го изеде , па откако ќе го изеде едвај се влечка со другите дебели другарчиња да легне да се одмори :lol:

    Е исти :lol:
    [​IMG]
     
    На Umbrella22, pamelche и Sara123 им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.511
    Пол:
    Женски
    СДК на имунитетот мој, враќај се во форма имам зимово многу дечиња да думкам, не ми иде на памет да идам на повојници со маска. Аха, ќе станам вујна наскоро, месецов или најкасно Декември почеток, многу ми се свиѓа таа титула, вујна, дека никогаш сум немала вистински роден вујко, освен братучедите на мајка ми, па многу ми се свиѓа таа титула, дечко ми вујко, додуша и тој на бебенце од братучетка му, а јас вујна, лелеее, има да ја размазиме, распекмезиме, има да биде ко кукле, марионетче, од раце во раце.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    254
    Во моментов се обидувам да се смирам некако, уживам читајќи ги вашите мислења во оваа тема, си сварив чајче, слушалки на мене да не мислам на претрпениот стрес од прееска. :whew:
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитвно со високи штикли поќе излегвање Не :shake: И Јас ишијас фатив вчера :D :D
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк од денес намалив со јадењето, а кога јадам малку, јас и зборувам малку. :lol:

    Поради тоа малку пишувам овде денеска, немам многу што да кажам освен дека ми се јаде па се полнам со кафе и чај :D

    Love is gone.. т.е. food is gone.
    http://www.youtube.com/watch?v=sjP2Gjnr ... re=related
     
    На Lepaaa, Rozich и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    И јас не знам што да кажам....аир не видов годинава |(

    Таман пред некој ден си реков полошо не може да биде, плус и годинава е при крај, марфи ми приредува нова сопка.

    Еми да не се чудам, уште месец и пола има додека ја избркам оваа скоро проколната година, па не е изненадување што ми приредува ништо ново.

    Завршив на хирургија, по втор пат последниве месеци.
    Тогаш беше слепо црево, и бев многу по исплашена бидејќи морав да чекам цела ноќ да се ослободи сала за да ме оперираат. Цело време мислев на тоа дека сум далеку од мама и мојата фамилија и дека кај некои луѓе макар и таква едноставна процедура завршила со смртни последици.

    Тоа е не треба многу за беља или некаков вид на несреќа.

    Овој пат за среќа немав време да мислам толку, ме средија на брзина.
    Ја закрпија дупката со неколку конци и среќа во несреќа што забите не ми останаа во рака а вилицата на две :( .

    Денеска ми паднаа некои пломби, претпоставувам како пост ефект од ударот, али забиве квалитет маде ин мацедониа...сите на број сеуште.
    Сега лежам, тоа го правам најдобро...адреналинот после ударот и првичниот шок сплавна па болките растат.



    А што убаво беше деновиве.
    Другарка ми која ми е на гости ја искористив максимално за женски муабети, шопинзи, совети за нега на тело, и парти секако.

    Целосно ја обновив козметиката за нега на лице, тело и коса.
    Не сум знаела дека во некои од брендираните продукти кои ги рекламираат за нега на нашета коса и тело постојат состојки кои допринесуваат само за краткотраен ефект . Но долгорочно гледано тие супстанци и силикони се прилично штетни.
    Природниве и органски поскапи, но сигурна сум дека се многу подобри.
    Поголемиот дел дел го набавив од аптеките, а од дм ми беше советувано да го посетам детскиот оддел каде купив креми, масло, купка...се дерматолошки тестирано, без додатни хемикалии.
    Ми беа посочени марки на шминка и за нега на кожа кои не ни знаев дека постојат.

    Во една дрогерија направив тест за проверка на влажност и масност(се надевам адекватен ми е преводов) на кожа.
    Премногу сува, осетлива склона кон лупење и црвени пликови. Недоволно влажност и масност, ми посечија да одам на кожен лекар, можеби и сум алергична на некоја состојка од пудрите или кремите кои дотогаш ги користев.
    Само да средам конциве, после забиве и таму ќе отидам :D
    Тргна работата.
    На сета мака си се шлапкам од новите креми и уље. Шта чеш :D .

    Бев на неколку забави последните неколку денови, не било лесно да се биде секси парти грл.
    Се потсетив на тинејџерските години кога пред испаѓање пола плакар беше на кревет и пробувавме најразновидни комбинации, па музиче, кафенце, се шминкаме, коси правиме и маубетиме.

    Два неповрзани муабети...Али во секое добро има и лошо,и обратно.
    Нема потреба од плачки, паника или стресови.
    Тоа е животов, кога приредува удар или пад, исправи се продолжи напред оти таму чекаат и добри нешта.
    Извинување за преголем смајлиња, воа им се радувам на забиве , па виртуелно ги покажувам. :D
     
    На crazylady, slavica999, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас ќе носам ко ќе ослабам :lol: А тие што се повисоки од 8 поќе си ги гледам него ли што ги носам :D Ама ќе им дојди денот и нив :D

    Иначе се спремив,пак треба да одам,немам време да седнам тука,ама тоа е,ќе пишам повеќе кога ќе се вратам.Засега се е во ред,а понатаму ќе видиме,се надевам уште подобро да е. Ви посакувам убава недела и се читаме наредниот викенд :) :*
     
    На Lepaaa, ilipili, I.love.your.lips и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.