[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Please, please, pleaseeee.... :wasntme: :nod:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, kravce, JoxyTheFreak и 17 други им се допаѓа ова.
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Приказна за една наставничка.


    Одличен текст,ми потекоа солзи. Вреди да се прочита.
    Работите не се секогаш како што вам ви изгледаат. Честопати за другите судиме според она што ние сме си одлучиле за нив, без да ги знаеме фактите, без да знаеме дека нашата осуда може да значи последна капка во чашата – или пак рака за спас. Зависи од нашето однесување. Затоа ви ја пренесуваме оваа прекрасна прикаска која ја објави порталот Факултети.мк. ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА НАСТАВНИЧКА

    Се викаше госпоѓа Томпсон. На првиот училишен ден на своите ученици од петто одделение им кажа една лага. Исто како и повеќето наставници на децата им кажа дека сите ги сака подеднакво. Но тоа е невозможно.

    Во прва клупа седеше едно момче по име Теди Стодард.
    Госпоѓа Томпсон го набљудуваше Теди изминатата година и забележа дека тој ретко си игра со останатите деца, облеката му е неуредна и дека не се капе редовно. Теди исто така понекогаш знаеше да биде и непријатен. Дојде до момент кога госпоѓа Томпсон навистина уживаше да му пишува големи единици на скоро сите негови писмени со црвено пенкало.

    Во училиштето наставниците беа должни пред да го напишат своето мислење за сите ученици и да ја напишат крајната оценка да го прочитаат мисењето за ученикот што го напишал наставникот од минатата година. Томпсон го остави мислењето за Теди последно и видно се изненади кога почна да го чита.

    Во прво одделение за Теди било напишано „Теди е бистро дете и секогаш е насмеан. Уреден е и добро е воспитан. Вистинско задоволство е да работиш со вакво дете.“
    Во второ одделение напишале „Теди е одличен ученик и сите го сакаат, но има проблеми дома бидејќи мајка му е неизлечливо болна.“
    Во трето одделение „Тешко ја поднесе смртта на својата мајка. Се труди колку може, но таткото воопшто не обрнува внимание, и ако нешто не промени целата ситуација многу лошо ќе се одрази на Теди“
    Во четврто одделение „Теди се повлече во себе, и не покажува интерес за училиштето. Нема многу другари, а понекогаш и спие на часовите“

    Госпоѓа Томпсон тек сега сфати во што е проблемот и се засрами. Уште полошо се почувствува кога сите ученици и донесоа подароци за Божиќ завиткани во украсна хартии. Само подарокот на Теди беше завиткан неуредно во обична кафена хартија.

    Од сите подароци таа прво го отвори неговиот. Децата почнаа да се смеат кога од кутијата испадна стара огрлица од пластични камчиња и едно шишенце со парфем до половина истрошено. Тогаш жената за да ги смири сите кажа дека огрлицата навиостина е прекрасна, а парфемот преубав и прсна на зглобот.

    По часовите Теди и возврати „Денес мирисавте како мојата мајка некогаш“
    Од тој ден жената престана да предава математика и граматика и почна да ги учи децата, обрнувајќи посебно внимание на Теди. Теди од ден на ден стануваше се повнимателен и подобар ученик. Како таа се повеќе и поеќе го поттикнуваше така тој даваше се повеќе и повеќе од себе, за на крајот на годината да стане еден од најдобрите ученици.

    Кога заврши школската година, госпоѓа Томпсон пронајде писмо од Теди во кое пишуваше „Вие сте најдобрата наставничка која некогаш сум ја имал“
    Поминаа шест година кога наставничката доби ново писмо од Теди, во кое тој и соопштува дека завршил средно оброзование, но сепак таа е најдобрата наставничка која некогаш ја имал. По 4 години повторно пристигна писмо од негогаш повлечениот Теди, но овој пат писмото беше потпишано како – дипломиран инжинер Теодор Стенфорд- известувајќи ја дека успеал да заврши факултет како најдобар во генерацијата, но дека повторно не се сретнал со подобар наставник од неа.

    И тука не беше крајот, по некое време и пристина уште едно писмо во кое дозна дека Теодор, сега успешен млад човек, а некогаш неуреден Теди успеал и да магистрира.
    И набрзо госпоѓа Томпсон се ираздува кога Теди и соопшти дека запознал прекрасна девојка со која решил да се ожени. Теди додал во писмото дека неодамна починал и татко му, па ја моли да прифати да застане на местото кое вообичаено е резервирано за мајката на младоженецот.

    Секако дека прифати, на тој ден наставничката гордо влезе во црквата носејќи ја старата огрлица и парфемот кои еднаш оддамна ги доби од малото дете во кое почнаа да се јавуваат по некоја искра надеж и верба.
    Тогаш Теди ја прегрна својата некогашна наставничка и и шепна
    „Ви благодарам госпоѓо Томпсон, поради вас успеав, ви благодарм што ми покажавте дека можам да станам некој и нешто“
    А таа возврати
    „Не Теди, јас тебе ти благодарам, поради тебе научив како да ги учам другите“.
     
    На COollLady, Ana.Jones, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    [​IMG]
    :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Ognenija и L0ve им се допаѓа ова.
  4. catsruletheworld3

    catsruletheworld3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    27
    Требаше да учам денес.... :worried: :worried: :worried:
     
  5. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам:"Никој не не познава како што самите се познаваме, и секогаш треба да го искажуваме она што и всушност сме, бидејќи тоа што е во нас, е дел од нас и треба да живее онака како што сами ќе ... ОДЛУЧИМЕ"
     
  6. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Кога од петни жили наоѓаме начин да се ослободиме од тешките синџири кои не повлекуваат надолу, трудот ни се наградува со раскошни крилjа, и од тој момент не постои ни грам огорченост во нас, ниту пак збор што може да не сопре кон возвишувањето.
    Простувам на ситните души, но не дозволувам дa играм улога во нивните извртени и сурови сценарија.
    Стој до своите ставови и идеи, и по цена да стоиш сам.
    Се чувствувам како животот да ми дал ножици со кои со сатисфакција ги сечам конците- еден по еден, и со секој чин раскинувам врска со празнината во ова општество. Не сум уште една добро изделкана марионета која ја научила диктираната кореографија.

    Ни небесното синило не е веќе граница, туку само уште една дестинација кон нашиот пат до врвот.
     
    На ilipili, Moira, Hipster и 15 други им се допаѓа ова.
  7. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Колку ме изнервираа.. Кога ќе појдеш во некоја продавница или јавен сервис било што ако не купиш нешто или ако поставиш прашање како душата да му ја вадиш а не дека е платен за тоа.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Дали само јас гледам филм на француски (без превод) иако имам само премало знаење на јазикот. Вљубеници во планините разбудете се на протести и вие. :lol: јако би било кога би било.
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Ај па ќе тупам со тоа колку го мразам италијанскиот јазик и наставнучката. Ја се испричавам, ама морам да пишам.
    Шо фајде шо седнав да учам, шо фајде шо и седам на час.
    Ем мене не ме интересира, неможам да научам, ем она незнае да објаснува.
    Утре глупава писмена, пуштете ми среќа, ќе ми треба ако не друго.
    И така, со лесно нека ми е утре како шо викат во сериите.

    :hai:
     
    На Vezilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.511
    Пол:
    Женски
    Памелче и јас истата мака ја имав со два предмета, Француски и Математика, никад не ми затреба глаголот Авоир и никогаш не ми затреба тангенс од Пи, лупетам, или што би рекла Срцекршачка харикирам. Ама тоа е Памелче моја драга, седни му ја, набубај, препиши ако можеш и откачи го глупиот јазик кој никогаш нема да ти затреба, иако јас радо би учела Италјански него ли Француски, ама тоа е.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Навикнав да сретнувам се почесто луѓе кои одредени случувања ги гледаат само од еден единствен агол.
    Неприфатливо ми е, но кој ме прашува мене?
     
    На anabel-a и Vezilka им се допаѓа ова.
  12. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Многу ми е убаво кога неочекувано се појавува сонце :D Чекаме да падне снег а сонцето ќе се подаде од некоја грмушка и убаво ќе не стопли со „забчињата’“ :) си ги наполнив батериите и спремна сум за бурна седмица од доживувања се радувам на секоја нова личност што ја запознавам, ми годи новата средина и адреналинот што го чувствувам при секоја нова случка.. откривам, истражувам не се плашам, дознавам, се пронаоѓам себеси во една нова поинаква средина каде ми е гнездото. :) Има место за сите под ова небо, и има место и за тие чија што сексуална определба е поинаква од мојата, од нашата. Голема штета кога некој е отфрлан од општеството, од друштвото итн не размислувајќи дека на секого може да му се случи дискриминација по некоја основа.
    Останувам широко насмевната и со отворени размислувања и идеи. Прегратка полна љубов од мене за вас, феминки. :inlove:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Борец! Со Големо Б достојно за животински почит! Откако го исплази јазикот и речиси престана да диши, легна директно врз истуреното ладно млеко кое му го блиснавме со мајка ми. Лижна малце, затвори очи, јас кренав раце, готова да плачам и се помирив со тоа што имаше најслатко квичење на светот и љубов колку и човек. Сабајлето го гледам :o , веднаш до куќа, слизнат за едно добри 70 посто од својата големина :worried: се тетерави тешко мижуркајќи со очичките ама радосно мафтајќи ја опашката. И ене го бре, душа е, болен неолен, остана жив и денес додуша едвај оди :D ама пак прави кругови по двор ^_^ Верувајте, на некој можда му е глупо да чита постови поврзани со нечовечки битија, ама мене ми е толку мило што Чуче мој си остана жив :angel: Старче едно, немале само мачките 9 животи, и ти си имал :D
     
    На QueenN, bittersweet, Neytiri и 41 други им се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Добро знам да проценувам луѓе според првиот впечаток. Секогаш се покажувала точна мојата проценка. Пред некое време проценив една личност од 2-3 гледања по една минута. Се уште не ја познавам, ама знам што човек е. Кога ќе почувствувам одбивност спрема некого, со многу труд правам еден обичен муабет (кога морам), па си реков не се замарам со оваа личност. Не можам да се правам фина со некој што содржи барем една од карактеристиките што ги мразам, немам ниту потреба.

    Од страна ме убедија да дадам шанса, да не се однесувам како кучка и да се потрудам и јас малку. Ајде си реков, да не изгледам како намќор ќе дадам од себе онолку колку што можам. И знам дека интуицијата не ме лаже, дека за брзо време ќе се изнервирам, ама ајде... ќе покаже времето. Барем ќе знам дека не сум избегала одма.

    Туку, знаете кој прв доаѓа, а последен си оди? Салото на спојлерите :rofl:
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    Се во животов има некоја цел.И моето постоење и вашето .И не познавам некого кој нема цел,дури и чичко Перо кој цевчи пивце пред продавницата има за цел да собере доволно за да и утре се насладува на него.Е сега можеби мојата цел е поинаква од неговата,ама за мене животна цел е исполнет живот, ако се трудиш да бидеш секој ден се подобар човек,ако најдеш ист таков човек за свој животен партнер,ако уживаш во својата работа,створиш семејство,да ги научиш своите деца на чест,чесност,хуманост,да го обиколиш светот,да створиш пријателства и познатства низ целиот свет,да ги видиш првите чекори на своите внуци и на твојот погреб да ти дојдат луѓе кои искрено се радосни што те имале во своите животи.Морбидно ,ама тоа е животна вистина.И кучето денес кое ми дојде пред врата со повредена нога,кога му фрлив леб,ме погледна со толку топлина што ме стопли како августовско сонце.Можеби тоа беше неговата цел денеска.

    А можеби за чичо Перо сето ова се собрало во едно шише обично пиво.
     
    На Moira, kravce, NoellePage и 2 други им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДиК на Кате ... денес животните се поблагородни, поблагодарни, поразбрани и поосетливи од луѓето. Имаат душа и безрезервна љубов за оној кој ги чува. Душа, само нека се опорави да му се радуваш.
     
    На Neytiri, ilipili, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    236
    Кате, давајте му топла вода со шеќер. Тоа било како инфузија, нас така ни кажа ветеринарот кога го отруја моето куче кое за жал не се спаси. :(
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Извини вака, ама голема глупача си.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Незнам што им е на луѓето кои веруваат на секого.Некоја личност ја познаваш една недела или помалку и ти и ги раскажуваш и најинтимните делови од својот живот.
    Многумина што вака постапиле потоа се каат,а богами има и за што.

    Јас сум многу многу затворена особа.Не дека не знам да си ја ослеснам душата на некого,ама многу внимавам на кого што му кажувам,и дали воопшто треба некому да му кажам нешто.Незнам таква сум,и фала богу уште немам зажалено поради тоа.
    Не сакам воопшто да ги малтертирам луѓето со некои мои проблеми и да им плачам.А многу сакам некого да ислушам,ете таква сум.
    Кога ми е тешко си ги пуштам солзите,се смирувам и си продолжувам како ништо да не било.

    Него сакав да кажам дека многу ми се оди на свадба,многу.Ајде нека не покани некоја од форумов,чисто да се расположиме,нема многу да јадам и да пијам,ќе играм :D
     
    На anabel-a, PeaceLoveBasketball и Smilly им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    ^ си ја мразам таа особина што на секому му се доверувам. Ама што да правам :| .

    Најди ми војниче и за 10 години ќе те викам на свадба ]:) :rofl:
     
    На cigarce и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.