Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Недела,синоним на смиреност.Кофа пуканки и филм,фудбал +чипс и пиво,книги и чај...
    Наместо тоа јас се изгубив некаде помеѓу ХХ и УУ страна од купиштава белешки и книги по предмети кои дефинитвно не можам да ги слушам.
    [​IMG]

    Ајт ме мрзи и макијато да си направам...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Има 12 години и пати од љубовни проблеми ????? :fubar: Сигурно не ја испратил до дома !!
     
    На ljubam и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  3. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    СДК Аиии многу ми е мило што останал жив. И воопшто не е глупо да се читаат вакви постови мене напротив многу ме радуваат, бидејќи животните ми значат многу, дури и повеќе од некои луѓе. :!: А незнам како некои луѓе имаат срце да ги отрујат. Како можат?

    СДК2 Еве ти уште една турбо недела доаѓа. Недела што незнам каде ми е главата, недела каде што се дружам само со книгите, недела во која незнам што попрво да направам.

    СДК3 Кога тие од дома знаат дека имаш многу за учење и дека треба да се бањаш, а од инат ти влегуваат па после ти чекај да се згрее водата пак. :swear:

    СДК4 Ве гушкам многу. :*
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]

    колку брзо врват годините и колку се менуваат нештата.. :x
     
    На sweet-cherry, MistiqueB, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  5. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Млада сум,доста млада...
    Веќе cе откажав од голема животна шанса заради него.
    И признавам,не ми е жал,такви шанси понатаму ќе ги има илјада,но такви како него,многу,многу малку.
    Иако,искрено,немам ни последни атоми сила во себе за да продолжам да се трудам.
    Јас почнав да се трудам и да се откажувам од многу работи,за да го зачувам нашето,сега тој нека продолжи. Не ми треба ништо,само трошка љубов.
    Но искрена.

    Се опоравува,полека но сигурно,додека сепак,ништо не е како порано.
    Сега се е во рацете на времето,часовите,минутите,секундите..

    Дотогаш ќе си уживам во оваа,прекрасна но сепак не безгрижна,младост :mm:
     
    На kravce, anuskaNESTLE, LittleFairy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Денот ми заврши со пливање, убавини. Си пуштив музиче во автобус, на play беше една Sting - Shape of my Heart, па како што гледав низ прозор, баш филмски беше.По некое време се најдов заобиколена од двајца срби кои корнеа на алкохол. Филмската сцена беше уништена. На некој начин ми дојде смешно.
    Поминувавме кај џамбо, пред влезот две 6-7 годишни мавтаа со едни балони во форма на црвено-бели бастуни. Душички, се кикотеа... На автобуската чекаа голема толпа луѓе, подепресивни лица не сум видела. Контрастот го воочив, па пак се насмеав.

    И вака беше патувањето од базен до дома.
    Убаво е кога ги забележувам малите нешта, ме тераат да воочам делови од реалноста. На некој начин го усовршуваат денот. :)
     
    На kravce, Jagoda123, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    23.272
    Пол:
    Женски
    Она ситуација кога со најверната другарка шо сте биле заедно по цел ден, само спиењето ве делело, сте се разделиле оти таја нема време за тебе од шо има дечко, ни 5 мин и сега нема шо да си кажите сте буквални СТРАНЦИ.
    Немам Коментар :|
     
    На Mishela, sweet-cherry, CIA и 9 други им се допаѓа ова.
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Не за џабе А. Ајнштајн кажал, дека ако сите беа љубезни тоа немаше сега да не изненади. Ете некого го изненадила твојата љубезност ја доживеал ко флерт, зошто е ретка.

    Денов. Подарок. Бабето Рут пресреќа на мојот локум и цвеќенце. Роденден и е. 84! Ми дари пак приказни. Р ми купила ланче со апаратче и пишува никон. Сум и фалела. Ах красни женки. Ниту блиску до моите години, ама прекрасни во секој поглед. Какви гозби ми спремиле. Не очекував ојдов да ги поздравам топло, зошто беа тука за мене претходната година.

    Таа ми фали, Тој ми фали, се' ми фали. Понеделник се надевам ќе ми донесе убости.

    Страв ми е од животов, не за џабе Голдамн рекол, животот не е фер, само е малку пофер од смртта. И сега се е три точки, мое е да ја продолжам приказната..
     
    На Buttterfly, kravce, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Ги знаете оние филмови, кога две личности го посакаат животот еден на друг и опаа, грмотевица, или снема струја, фати мал земјотрес и се будат сабајле во телото на другата личност проследено со ААААААА во огледало, тераат некој ден и посакаат толку силно да се вратат на стариот живот.
    Посакувам да се заменам со една феминка, сакам да видам како е да бидам домаќинка со полно време, не вака да готвам кога сите веќе и садови измиле после вечера, јас сол и црн пипер енос солам. Да пеглам рандом, во среда во 13 часот ако тогаш се собрало. Да пијам кафе на сабајле дома како човек, не вака од нога. Да не морам ни да се облечам ако не морам да излезам од дома. Да забележам пајажина и да ми е гајле дека сум ја видела, да станам да ја тргнам а не да чекам сабота да дојде за таа работа, стварно сакам да ми е гајле и да сум горда на чистота и да не можам да седам мирно ако не ми е чисто дома...Секој ден да е сабота. Тоа сакам.

    Lunicka, ај ма посакај и ти, ќе посакам и јас, ај да се смениме на една недела. Мажите не ги дираме, изговор имаме демек добиено, друго се може. Само не ми го пцувај шефот, оти колку и да сакам да сум домаќинка, нели ќе се вратиме на старо и така по една недела, за друго се иде, без правила, снајди се секој ден, носи ги и оние штикли што јас само по тепих ги носам, а јас да може да им речам на децата прашајте го татко ви јас имам тајм аут.

    Чекам да снема струја сега. :wasntme:
     
    На Neytiri, AIT, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    И’ се радував на неделава и мислев дека ќе уживам, ќе лежам, ќе читнам нешто, ќе гледам филм... Ништо од тоа не направив. И постојано е вака. Со душа го чекам викендот, а кога ќе дојде, немам сила за ништо. Правам безначајни работи, а пак не стигнувам да го направам тоа што сакам - да се опуштам.

    Се трудам да ги избркам од глава непотребните мисли, ама не ми оди. Пак се заморувам со глупости, со нешта за кои не вреди ни мисла да ми пролета низ глава. Зошто? Ни сама не знам. Постојано се преиспитувам себеси, своите постапки и тоа ме изморува. Зошто премногу анализирам се’? Зошто не знам еднаш да речам: Доста е, сега го пуштам мозокот на пасење и ми чуе кој што помислил за таа и таа моја постапка...

    Сепак, подобро е од порано и тоа значително. Порано ми се случувало и со ноќи да не спијам од што премногу ги анализирав моите постапки, па што ќе речат за тоа, дали добро сум направила нешто... Сега некако селектирам во глава за што вреди да се преиспитам. Некои работи и луѓе едноставно не го заслужуваат напорот на моите мозочни ќелии. Сепак, би сакала да сум малку повеќе безгрижна, едноставно да се водам според тоа дека тоа сум јас, таква сум каква што сум и дека треба другите да се прилагодат на мене и да ме прифатат, а не јас да се прилагодувам на нив и на нивните потреби.

    Ех, кога би било толку едноставно...
     
    На anabel-a, kravce, nekoja85 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    :| Од збор до збор, се што е напишано, ама баш се, е точно и за мене. Ти симнувам капа за постов.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК тажна сум. И плачам ;(
    Глуп ден! :(
     
  13. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Денот ми започна толку глупо,толку бев мамурна и толку се чувствував разочарана, сакав да ги отргнам сите лоши работи од моиве мисли но не успеав.........но остатокот од денот ми ја направи толку посебна моето срценце кое неочекувано ми се појави пред вратата,со таа негова слатка насмевка ми го стопли срцето,тоа негово гушкање направи да се чувствувам силна,милите зборови ми го смирија немирот во душата..........................Сепак денот убаво ми заврши и продолжувам со позитивна енергија............. :)
     
  14. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    премногу сум наивна. значи премногу. не можам сама да изградам мислење за личностите околу мене, туку што ќе ми кажат другите, значи од рекла-казала. треба да си идиот или прост за да не можеш да сфатиш убаво што се` се дешава околу тебе? толку ли е тешко? евелин свести се!! те вртат на малиот прст како сакаат и кој сака. епа не е убаво! :@ ајде средо дојди побрзо да заминам од овде. :(
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.126
    Допаѓања:
    166.072
    Неоткриен талент е кога на заебанција ќе почнеш да учиш програмирање со кое до тогаш си немал една ебана допирна точка и се изненадуваш и себе и учителот колку те бива! :o :D Мислам да не се фалам многу,ама...си ме бива бе! :D Јас и програмирање... ни во најнаучно фантастичниот сон немаше да го сонувам тоа и да помислам дека ќе го разбирам...
    Не знам за вас,мене животот ми е танц и боречки вештини,со философија... А од друга страна ако треба да се идентификувам со музика,онда сум некоја оперска арија...
    И благодарение на мојот атеншн дисордр на другата страна на нештата... Не поднесувам игнорантни, ограничени луѓе, луѓе со лош вкус за музика и ужасен вкус на книги! Можам да ја почитувам таа личност до таму до каде што и е добра душата, се друго ќе биде очајно тапење и некој метален вкус во уста. Навистина не ја гледам потребноста од нивната општествена корисност која ја немаат...онака само лишајски постојат у некои семе синапово епизоди... душичиња... Капацитетот на умеење е толку...се повеќе е напор...тоа ги прави среќни. Ок сум со тоа да се среќни, не сум ок со куропецање...

    Видов и оџачар. Сонував дека сум тешко болна,сонував и плажа.
     
    На bittersweet, teddybear, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    избриши ги солзите
    секогаш постои УТРЕ-нов ден, нова надеж :) :hug:

    речиси сите девојки и жени од Медитација ке одат на џој деј-се собираат на гости во друга држава -овој џој деј е во Германија, а јас не можам да одам :doh: причина-финансии, тешко ми е, криво ми е :sweat: иако се само 2 дена во прашање, ама ете, сакав барем на кратко да побегнам на Мк ама ништо
    не за џабе Наполеон рекол-пари пари, пари, и светот е мој :worried:
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    102.348
    Пол:
    Женски
    Договорено,ќе бидам мнооооогу нежна со шефот,мажот нема да ти го чепкам ама картичката ако ти ја испеглам нема љутиш :D
    Штета кај мене сега не дува ветар па да снема струја,се важи да ја угасам сијалицата????
    п.с.само не знам како ќе се снајдеш со моево старо тело,внимавај чудно е ,некогаш сопствената кожа му е тесна :D :D :D
     
    На srcekrsacka, Moira, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Уште ова ми фалеше [​IMG]
    Морам да бидам силна, морам.
    ;(
     
    На Lining и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Врти-сучи, најубо е да си се поднапиеш :drunk:
     
    На crazylady, kravce, Dushica-sk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Ѓаволот ни ора ни копа!

    Е тоа СДгоК! :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.