[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Во најава првата фамилијарна фотосесија во Шведска откога дојдов.. абе си го имаме со универзумот! Точка! Само да не се предомисли! :dance:
     
    На L-enna, anabel-a, sunfemina и 3 други им се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    И така јас си ја запознав мојата идна свекрва
    не мислев дека олку рано само 2 месеци врска...ама ете бидна
    Шмизла невидена си жено !
     
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека од големи слушалки се слуша подобро па затоа шетате со нив, али ај ја да излезам со термово наместо со јакна ако ми е ладно? |(
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    nemozam da gi sfatam ljugeto se za nekade se brzaat se nemaat vreme za nisto se se zafateni abreee ljuge jas ja imam izgubeno majka mi za edna vecer od zdrava prava koga ke sfatite deka za se ima vreme svestete se veke ednas ako se saka se se moze samo e prasanje kolku se saka.........
    zivotot nema vreme da ve ceka vas toj pominuva premnogu brzo bez da zabelezite se nadevam deka ke najdete vreme za onie koi gi sakate ednas se zivee i vredi da se ima vreme za onie sto ve sakaat i gi sakate....
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Уште малце ќе измислат и Мис најгрда жена на светот |(
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    И така ноќта доби бои на виножито.

    Ненадејно, неочекувано.

    Под импресии сум невидени, плус си рипкав онака, куцкајќи си ги штикличињата од чизмите одна од друга.

    Знаете како стилски се нарачува вотка&мартини? Чекате да ви го измешаат, да ви го напраат како што треба, како Џемс Бонд што го пие и онака, со благо потпрено брадиче велите кога ве прашуваат
    - Ок е?
    - Мхм. Совршено. Токму како што треба.

    Поентата ми е, вода вода, ама донесена во убава чаша и се осеќате ко принцеза. Ко принцеза која ја ослободуваат од кулата во која била заробена и пак не и се извалкани чевличињата бе. Ама ич. Ја чуваат ко капка роса на дланка.

    Е така некако ноќва доби бои на виножито, ако ме разумете :)
     
    На bittersweet, ilipili, antonina и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Дома имам еден тефтер. На прв поглед обичен, можеби на сите што го виделе им бил само еден обичен, дебел, црн тефтер како и сите други. Ама за мене тој тефтер е посебен. Тој обичен, дебел, црн тефтер е полн со спомени. Се мислев недели уназад да го извадам од таа една кутија во која што стое, во една посебна фиока, со посебни работи за мене ама немав срце. Секогаш викав утре. И ете, вечерва случајно во брзање ја отворив таа моја посебна фиока и големата кутија излезе од неа. Не почекав ни 10 секунди. Себично ја зграпчив кутијата и ја отворив. Од неа ѕиркаа безброј слики, албуми, безброј CD-а, сите убаво и грижливо наредени, а најгоре тој, црниот тефтер кој го мислев многу време. Епа дошло времето да се изваде тој тефтер од големата кутија и да биде листан одново. Некогаш тој тефтер го носев насекаде со мене. На прошетка, на ручек надвор од дома, на гости, на одмори.Секогаш беше со мене. Во тој голем тефтер се испишани безброј стихови од нашиот ни ангел, во тој тефтер имам безброј потписи од нашиот Ангел, во тој тефтер имам оставено безброј чувства, насмевки, спомени листајќи го заедно со нашиот Ангел. Во тој тефер имам оставено безброј солзи за тоа што остана недопишан. А има место.Има уште. Меѓутоа нема веќе стихови. Нема веќе приказни со нашиот Ангел. Тој тефтер го затворив неколку месеци откако Ангелот засекогаш си замина. Многупати посакав да го земам и да го гушкам тој тефтер. Многупати сакав да ја отворам големата кутија и да го гушкам секој предмет што ме потсетуваше на него. Во таа кутија стојат сите негови албуми потпишани од него. Во таа кутија стојат многу слики со негов потпис на задната страна, во големата кутија стојат безброј песни напишани за него, во големата кутија стојат сите карти од неговите концерти, има многу работи во таа убава, голема и посебна кутија, ама најпосебен е тефтерот за кој пишав погоре. Минувам со прстите низ него, а спомените ми оживуваат и ми носат солзи во очите. Овој тефтер и оваа посебна кутија знам дека секогаш ќе останат такви, и дека ќе бидат секогаш блиску до мене, таму кај што ќе бидам и јас!
     
    На sanjaeva и honorthyself им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Многу сум радосна. Конечно ја завршив фотографијата, што ја спремив за роденденот на другарками. Случајност е тоа што сме родени во ист ден, заедно учиме, комшивки сме, и со еден збор најдобри пријателки. :) Ја сакам како сестра да ми е, тука била секогаш за мене, а се надевам дека и така ќе остане.
    Те сакам девојко, господ е голем. Ми испратил личност која тешко дека ќе ја најдеш во вакви времиња. :hug:
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Го знаете она чувство кога ќе завршат првите колоквиуми во животот и конечно имате време да спиете повеќе од три саати и стресот се намалува?
    Прекрасно е чувството, нели?

    Само што сега помина еден наутро, јас треба да станам во седум, можев одамна да си легнам, ама се вратија. Се вратија сите работи што ме мачеа пред колоквиумите, на кои немав време да мислам поради стресот со кој се соочував.

    Почнав да водам електронски дневник.
    Саркастичен.
    На англиски.
    И се преправам дека тоа е книга која луѓе ќе ја читаат.. Некогаш. И мојот живот ќе биде исто толку волшебен колку што е реално разочарувачки, бидејќи во книгите се е совршено.
    Совршена љубов, совршена трагедија, совршена смрт....

    Го мразам Скопје. Најискрено.
    Можеби е само до мене и смогот ми го заматува умот, па секое утро додека го преминувам мостот за до факултет не можам да најдам ништо романтично и инспиративно во маглата која ме навраќа на приказните на Итар Пејо. Баш таква. Магла - волна. Прст пред очи не се гледа.
    Но, затоа пак тоа е исто толку депресивно колку што се ретките сончеви денови мотивирачки...
    Или можеби е само до мене, девојче од југот навикнато на сонце 300/365.

    Некогаш посакувам да ги снимам разговорите со него.
    Оние спонтани разговори, или да не речам монолози кога зборувам се што ќе ми дојде на ум, без да застанам, без да се подзамислам.
    Оние разговори кои подоцна ме тераат да размислувам за мојата слободна волја.
    Оние разговори кои не можам да ги прераскажам или објаснам.
    Или можеби тоа сум само јас, онаа вистинската јас пред единствената личност која не ми е страв да ме познава. Бидејќи ја сакам таа личност. Премногу.

    Да се купуваше храброст немаше да чекам можности.
    Сама ќе си ги создадев.
    Но без храброст и волја за промена ги пропуштам и оние што полека минуваат покрај мене, чекаат да ги зграпчам а јас се уште се двоумам, преиспитувајќи ги мојата способност и компетентност.

    Луѓето пишуваат од неколку причини.
    Осаменост, болка или среќа кои не знаат како да ги споделат со другите.
    Јас сум исто толку обична.

    http://www.youtube.com/watch?v=X1ag8kapwUk
     
    На Hayley, Tenkai, zarah и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Понекогаш се прашувам зашто сме толку прост народ?
    Која е причината? Кога нашата нација кршнала од правиот пат?
    Па добро, ако сте отишле да студирате во странство, ако сте излегле од скапаната Македонија не значи дека сте го фатиле господ за м*да ( се извинувам за погрдните зборови ама покултурно неможам да се изразам)
    Се собрале 3-4 дотични, Скопјанки, и се исмејуваат на девојката затоа што имала смешен акцент, затоа што била од село, затоа што делувала збунето и изгубено. Се извинувам а вие првите денови кога дојдовте овде црвен тепих да не ви послаа? Па девојката е сто пати по интелегентна од вас.
    Исфрустрирана сум од ваквите суштества. Ми се гади. Ми се гади од помислата дека две недели константно контактирав со нив додека се шуњав низ факлутетон. Ми се гади дека сум го делела Скопје со нив...

    И така денеска нервозно се тркалав низ дома, водев борба со социологијата, и пробував да се концентрирам на материјалот, затоа што колоквиумот се ближи и морам да дадам се од себе.
    Задоволна сум од тоа како напредувам со учењето а и со јазикот. Љубовта ме поддржува многу, ми дава сила и волја да станам сабајле, да се спремам, да излезам од дома и да го зграпчам денот со цела сила, да го соборам, да го изџвакам и да се вратам дома со пријатно чувство во душичкава.

    Морам да мислам на иднината, морам да се фокусирам на учењето. Колку и да е тешко, не се откажувам, ќе гризам, ќе претам, ќе клоцам, ама ништо нема да ме собори.

    И на крајов од постов можам само да кажам дека повеќе I don't give a
    [​IMG]
     
    На Acerola, Doozy, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Да живее темата модни критики :d: :D
    јас така открив :)
     
  12. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200

    мислам дека веќе има нешто такво :) :)

    вака нешто: http://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/65 ... ri-27-pati :))
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Секоја недела вечер ја завршувам со пакување, лакирање нокти и правење план за наредната недела. И тоа правење план до најситни детали, по малку е смешно (затоа на никој не му го давам да го чита и го кријам меѓу книгите :D). Интересниот дел е што никогаш не сум ги следела целосно моите планови и ту-ду листи, всушност најмногу имам стасано до среда.

    Едноставно не сум човек што работи по распоред. Со дедлајни добро функционирам, ама за следење распореди сум премногу спонтана. Ама упорна сум бе, пак правам нов секоја недела, со надеж дека нешто ќе се смени од овој понеделник, дека ќе почнам да го почитувам распоредот и ќе почнам да легнувам порано и да се хранам поздраво од овој понеделник. Па и да не ги направам сите работи, барем знам што ми останало за наредната недела :D Ајде, можеби овој понеделник ќе биде тој, ќе биде првиот, макар што не започна најдобро затоа што имам уште неполни три часа за спиење, а сеуште не ми се исушил лакот на ноктите.

    И уште една работа, знаете колку е депресивно веќе да не можете да слушате музика на слушалки? Не, овојпат не си ги изгубив, ами имам проблеми со ушите и треба да паузирам од слушање недела-две. И како да функционирам? И што да правам по автобус? И што да правам додека одам на факултет? Не знам, не знам...:(
     
    На zarah и L-enna им се допаѓа ова.
  14. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    254
    Никако неможам да заспијам, пробувам да гледам телевизија и да ми се приспие некако ама нема шанси, земав и книга да читам џабе
    вака се чуствувам во моментов
    [​IMG]
     
  15. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Сакам да ви кажам дека денес сум НАЈСРЕЌНА, конечно ми се исполни сонот после толку стресови,нервози.. Денес среќата ми се насмевна и ПОЛОЖИВ ГРАДСКА, ПОЛОЖИВ ЗА КОЛА!!! :rofl: :rock: :party: [​IMG]
    Од мене имате кругче и секако [​IMG]
     
    На Doozy, kate21, ceca-1 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Еден ваков и ќе лебдам во облаци.. :P



    Добро утро, драги феминки.. :*
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека полека но сигурно се топам :worried:
    фармеркиве ми се шират а јадам најнормално и повеке од тоа
    неможам да се гледам веке ваква болно ми е :doh: а моиве во коалиција се и само викаат по мене, а јас незнам што да правам освен да си го проверам шекерот кога ке си замине црвената тетка и тоа ке го направам па нека биде што биде :!:
    принудно ке морам да сменам и имиџ-почесто во сукњички, туники, фустанчиња(и онака бев искритикувана дека треба да бидам поженствена) пробав некои подзаборавени сукњички и убаво ми стојат ^_^ само немам навика да ги носам а и малку од срамежливост :$
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ќе шетам во парк со колешки, си ветивме мала разонода со фризби во капути. Па што.
    Денов, иако е понеделнички тмурен, мора да се фати во старт!

    Вчера толку се прејадов што ми се мјаукаше цееел ден. Со Ленка јадевме триста чуда во кинески, па на топло ладно во Пелистер. Тишина, меки муабети, тајни, болки, солзи, се’. Прочистување ми е кога со неа си разговарам. Си ветивме варено вино во термос и на Водно на крстот, кога ќе има снег, да си прераскажуваме што душа ни задржува. Ме бодреше да издржам периодов без љубовта, зошто сме имале релација посилна од било кои присутности. Неа и е ок сама. Ја разбирам, така функционира од секогаш. Јас, сакам бинарност, сакам кога сум во пар. И драго ми е што иако не сме на иста фрекфенција на љубовта, секогаш имаме љубов една кон друга, незаменлива! Ми подари ангелче во кугличка, со снег. Ми вика дека секогаш ја смирува топлината на нашите дружби. И зошто го пишувам ова? Зошто треба да се сподели таа мирност и среќа што ја доживуваме со нашите блиски. Сите разговори што значат некаква вредност, бран топлина, ми се поважни од било што друго.
    Сета суета, лаги, омраза, негативизам, никогаш нема да успеат да го допрат она што нашето срце искрено го осознава и вреднува!

    Одам да терам живот, некако. Мора, да се бори човек.
    Се’ друго е само фолирање.

    Еј да.
    Ме цитираат по кафичи. Тотално боемски и на душа радост ми создава.
    Плус, мачоров мој ми нарачува од Амазон свашта и ме смее по скајпов. Будала светска, а моја! Едвај го чекам, да си го бацуваме Скопје заедно.

    А вие, љубете. Не чини ништо. И е подобра верзија за живеење.
    Омразата, удира од глава, секој пат.
    Мене, ми има удрено, не се секирајте, не сум светица ;)

    Гушкам!
     
    На Monna.Monna, anabel-a, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.846
    Иххх,среќен поочеток на седмицата,понеделник,убав понеделник барем претпладнево е прекрасно..
    Од денес правам измени во мојот живот..
    Ја сватив вредноста на нештата,ќе ги ценам,а оние кои секогаш ме изморуваат ќе ги трганм,така сум поблиску до среќата..Направив измени кои ќе ми го олеснат животот,оние работи кои досега ме затупувале и изморуваче,стресните нешта кои им нема крај,всушност денес им ставив крај :!:
    Имајте убав ден.феминки. :* :* :*
     
  20. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    СДК дека нема ништо, ама баш ништо послатко од издигнувањето од дното 8) И тоа по трет пат :D

    Уживајте луѓенца, упорноста а не убавиот збор отвара железни врати и затвара злобни усти ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=31rrtc8GHlc

    Otis, :bow:
     
    На anabel-a, Hopeful, karenin и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.