[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... не секогаш оној кој го имате до вас било да сте во врска или брак, срцето ви го има подарено вам. Често е тоа одамна подарено или чувано само за друга личност. За жал вака функционираат работите во љубовта ...

    Ај добар ден ...

    http://www.youtube.com/watch?v=ujnH4yNqL8E
     
    На anabel-a, moonlight-girl.55, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Љубовен појадок и палачинки.. За мене и љубениот...
    Планирам да приготвам нешто вкусно и за ручек, имам време, ќе смислам нешто сигурно. Да лижат прсти и моите.
    Денеска сум некако гурмански и мераклиски расположена за готвење, а на ручек богами и ќе здрмам 2-3 чашки ракија.
    И да се поднапијам дома сум си де.. Ми е гајле.. .
    Денеска нема да се откажам од ниту едно единствено задоволство во име на убавата линија.
    Не, не.. Ќе јадам и пијам колку ми сака душата. :)
     
    На bittersweet, Doozy, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Понекогаш забораваше на себе… :(

    Понекогаш не престануваше да плаче со часови, ако случајно не го видеше Сонцето… ;(

    Понекогаш забораваше дека воопшто плачела…

    И затоа сите ја прифаќаа…

    Тие ја среќаваа секој ден, ја познаваа од малечка…

    Мислеа дека се за неа им е познато и јасно…Но се што им остана беше таа невистина. Знаеа исто така дека таа не се интересираше од какви и да било туѓи мислења…Таа дури не се интересираше и за самата себе…

    Живееше во облаците и разговараше со птиците…

    Продолжуваше напред, непринудено, со детска наивност…

    Продолжуваше да се надева…

    И кога ќе ја отфрлеа, продолжуваше…

    Продолжуваше да сака со целото свое срце и душа…

    Дури и нешто да ја спречеше, го надминуваше и продолжуваше…

    Продолжуваше да се бори…

    И секој ден, секој божји ден, подарен на оваа земја, таа живееше според нејзините правила, без разлика дали другите ги прифаќаа, без разлика дали и неа ја прифаќаа. Не правеше ништо за да ја докаже својата вистина…бидејќи знаеше дека болката е само нејзина и дека не должи никому ништо. Беше вистинска и само вистинските ја препознаваа.

    СДК во сите нас живее ваква девојка која се бори ЗА СВОЈАТА ЉУБОВ
    boza.mk
    :)
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не знам дали само јас сум таква единствена особа, личност, чудо или фрик на светов, ама си имам една многу забегана навика бе.
    Си стојам така си се загледувам во една точка и си проектирам настани, муабети, па дури и се фаќам како си прошепнуван нешто. На пример еве денес вака сабајлечки си проектирав каква ке ми биде магистерската, па како ќе влезам кај професоров, (а тој е многу и врло респектирана особа во Македонија, на Балканот и пошироко (мн ми е смешна оваа географска одредница). Кај застанав?
    А да. И така јас ке му пишам првин меил, пошто он не истакнува теми и ќе му кажам дека јас сум заинтересирана за таа и таа тема од тоа и тоа негово научно подрачје. И како он ке биде фрапиран од мојата заинтересираност и длабока научна мисла за она суштинското. И ќе ми одговори:Да,да секако да колешке :D Па јас кога ќе застанам да презентирам, абе да објаснувам и да демонстрирам се на што сум работела-сите ќе паднат од столиците :lol:
    И тука застанав. Ми претече кафето.
     
    На anabel-a, imelda, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Не знам дали знаете, односно сигурно не знаете, ама јас имам многу бурен ноќен живот. Со тоа мислам на многу паранормални, психоделични, адвенчр тајм сонови/кошмари. Сум сонувала дека ме бркале џокери, сум сонувала дека мочкам заедно со либето во еден сокак кај мене во маало, сум сонувала дека мојата фиктивна естрадна љубов ме запросил, сум сонувала многу невозмошни нешта, ама денеска како што сонував...нешто, не знам веќе каков збор да употребам за да го опишам, мислам дека нема да сонувам долги години.
    Си одев јас накај факултет, и оп, ми се пријаде. Ааајде купив пица бидејќи нели, во сон, и пицеријава едноставно се најде тука. И си влегувам јас внатре, ми се пушта тој клошарот што продаваше пица, ме изнервира, и јас траснувам врата и се наоѓам на улица - боса! И, одненадеж, дојде да ме спаси, не љубовта ми, не мојата естрадна неостварена љубов, не Џокерот од Бетмен, не мојот трет братучед што сум го видела еднаш во животов, туку никој друг освен, нашиот еден и единствен премиер Никола!!! И тоа, ме носеше на рамења до дома, до врата!
    И ме носи мене Ники, јас си стојам така на рамо кај него и си викам: Абе премиеров па и не бил толку лош. И си почнавме муабети да си тераме, а јас ќутам не му кажувам дека ми оди споменицине од глава да му ги треснам, случајно да не останам без „превоз“ до дома. И така веќе при крај кога бевме, му кажав се што мислам и излезе дека тој не бил крив за ништо. Ете си викам во право бев, инаку немаше да ме носи до дома.
    И мене со таа мисла ми заврши сонот, бурно се разбудив.

    Ајде сега некој да ми протолкува :D

    Се прашувам што ли сака да ми каже мојата потсвест сега? (Нимеријааа, земи си партиска книшкааа, ќе се вработиииишшш...) Бегај ма потсвест, којзнае на каква позиција ќе завршам после ваков сон.
    Ама сериозно, уат да фак?

    Па нормално е да си зборам сама со себе после ова, денеска и не очекувам нешто продуктивно од мене, ко што не очекувам нешто продуктивно од владата на пример.
     
    На L-enna, julie77, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сериозно сум зачудена за девојчињата, не знаат што е ХПВ, а знаат да ги раскажат сите турски серии и да дремат по блогови за мода. Едуцирајте се. Осбено за ХПВ мора да знаете има тема и тука на фемина.

    П.С и што е со темине бе, какви мастики џвакате, дали спиете со пуштена коса, сериозно сум запрепастена, дај бар форумов нека биде и опуштен и едукативен и се, ама немојте бре вакви теми! Џвакам орбит со вкус на ова и ова, леле не знаете како ми мириса здивот, кога ќе хукнам сите стануваат попаметни! :x
     
    На mims-89, Stoimenovska, JuLleE и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Cдк нe си единствена и јас си правам такви филмови,цели настани,желби,разговори :D
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК што ли да чинам, кај ли да одам за нова година. само тоа ми е у памет моментално а до НГ има уште месец дена. нешто овие денови многу надалеку почнав да планирам. ко да не се знам себеси...ваква ко што сум променлива џабе се мачам :D
     
  9. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Отидов кај баба и дедо, да ги видам. Ме пречекаа со топла супа, крупни зрнца од калинки и прекрасна зелена салата. Баба ми го фали дедо, вика дека салатата е за кралицата. А дедо како и секогаш, на каучот си седи, си пишува. Ах колку ги сакам! Едни од најпрекрасните луѓе што ги знам!

    Ај имајте и вие убав ден! Оптимизам и насмевки само. Ојдов јас на кеј!
     
    На Hopeful, tweety26, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Зошто ќерко, зошто ќе си идиш, што се случи? Нели утре после предавање, имаш презентација?
    Не можев, не можев да издржам а да не заплачам, зар после се, ко санта мраз ми се топи врската пред очи...

    Не можам мамо, и заплакав, морам да си дојдам, не сакам ни една минута повеќе тука да седам...
    Се осетив послаба од кога и да е, во тој момент се мразев од дното на моите пети.

    Неколку часа претходно, правиме заедно палачинки, се гушкаме и бацуваме, нашето фамозно заедничко љубовно готвење, на крај кога седнавме на трпезата, се сведи на караница од општ вид, која по дифолт не смееше да се случе, значи над јадење, греота е, кој кретен треба да си за да почниш да мрчиш и после за некоја секунда со висок тон да се караш, за нешто што се случило пред 1 ден, безначајно, за кое веќе сме збореле?! Кој кретен треба да си?!

    Со едниот залак во уста, тешко голтнав и почнавме одново.
    Како не ти срам му реков, зар сега најде за таа глупост, некња ни беше годишнина, што ти се случува, едноставно олади, ама не, тој негов внатрешен немир и таа дива страна секогаш надвладуваат, а секогаш вели за мене како сум дива, немој молим ти се после цело ова да го слушнам тоа!
    Почна одново, врескаше со полна уста, со секакви зборови што не требаа да се кажат,а јас само го гледав и воопшто не презборев пошто секој збор е залуден, тој не слуша, на него во тој момент не му е битно што ќе кажам, не му е, ме повреди страшно, а не требаше да дозволам да допре тоа до мене, но после цела година заедно, зар тоа заслужив?
    Да не бидам груба, но јас сум му повеќе од семејство, татко му нема желба да дојде да го виде, едвај два збора прозборуваат кога сме таму на ручек, и јасно му има кажано дека од него ништо не добива, мајка му ли која треба да ја молиш да ти дојде во новото дома на гости или па брат му, билка која не мрда од дома, со кој се 180 степени различни, или кога ќе размислам не се ич?!
    Останува без пари по месец два, јас од Неготино се макнам со торби со јадење, јас му давам пари, јас го слушам кога му е најтешко, јас секогаш сум тука за него, јас му помагам, и на крај, на крај да дојде ред да се почувствувавм како вчера, што ми се гаде од самата помисла на тоа језиво чувство што тој ми го создаде?!
    Тајм аут.

    Со солзи во очи, за минута сум се спакувала, и еднаш во мојот живот не заборавив ништо, си викнав такси и летнав накај автобуска.
    Тој со цел ум, или без ум, веќе според мене, ми пуштил некој си песни и си свирка, СЕ ОД ИНАЕТ...
    Моментот кога мене искрено, ми се гадеше од него, пред да заминам, се завртив и кажав толку многу тешки зборови и навреди, и за ни една не ми криво, секоја една беше на место, дури и малку беа, но не вреди, и дотичниот на крај ни тоа не го апсорбира, си го тераше својот див филм...

    Ете ме синоќа, дома во 9 навечер, тато и мама по мене на автобуска, со кутрето во кола, ги изнагушкав и правец накај дома.
    Со мама разговор одма фала Богу, и се што рече за него е дека не му личи на годините и ми рече мирно и тивко, пази ќерко, пази што ќе земеш, додека имаш време уште, немој да згрешиш, немој да дозволуваш да те повреди некој на кој си му се, а не цене...

    Главата ми е центрифуга, незнам ништо што ќе правам, не можам да мислам на него, ме боли внатре одма, многу страшно ме боли, а не треба да боли, не треба.

    Се смирив уште вчера, смирена сум и денес, сакам само да се одморам, сакам да си ја оладам главата и да размислам добро еднаш засекогаш.

    Интересно е што во моментов, почнав да ја гледам серијата Lipstick jungle, и знам дека нема да направам грешка каде што наместо мојата кариера на прво место, да го ставам него, тоа синоќа го размислував гледајќи ја, и сфатив дека колку и да живееме заедно и да сум домаќица на некој начин, а и он е, не викам не, јас не се гледам себеси како му готвам или средувам низ дома, се гледам на брзајќи на работа, со мобилен на уво, на состаноци и различни стратегии, сакам кариера, и сакам да бидам успешна, а за жал тој тоа никогаш нема да е.
    Сакам мои пари, јас сум навикната на еден живот, а со него живеам сосем друг живот, дома кај мене не се пази кога е ефтина струја, не се пази, колку ламби сијалици се уклучени, дали болјерот е нонстоп уклучен или колку кој збори на мобилен, колкава сметка, а со него пред да живееме заедно, знаев и се обврзав на компромис, каде што болјер се уклучува само кога има ефтина струја, каде сијалицата гори само кај што најмногу треба, каде тв, не смее да стое уклучен ако никој не го гледа, или не дај Боже да ја заборавам па ламбата надвор...за кого таа свети воопштп?! Би рекол тој..

    Се навикнав и на тој живот за него, а не беше мал чекор тоа за мене, се навикнав и на неговите, кои се доста различни од моите дома, но ги прифатив одма, се прилагодив на нивниот муабет и стандарди.
    И после се, да го дочекам ова, е не, не иде така тоа.

    Денес, како и синоќа, и утре, и друг ден, не верувам дека ќе се јави, ни пак јас, (ова е прв пат толку долго да не решиме караница) немам желба да го чујам, немам што да кажам, само знам дека што и да одлучам, ќе биде за мое добро, пошто гледајќи за неговото добро до сега, не донесе ништо добро.

    Како што би рекла Саманта Џонс: I love you Richard, but I love me more.
     
    На slavica999, Doozy, L-enna и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    До кога луѓе кои ни ги знаеш ни познаваш ке ти пикаат нос у животот и ќе те прашуваат за најинтимни работи бе? Ова ми се случува втор пат у месецот и немам веќе трпение кон такви личности. Некам да ме замараат, тормозат, гњават, масираат мене, за тоа шо нив им е досадно у животот и тој некој кој ги интересира не им обрнува внимание, па ми се пуштаат мене со еден тон прашања.
    Значи сите шо не ме знаат не сакам да ме гњават со прашања од типот имаш ли дечко, со кој си, дали тој и тој ти е дечко, а шо правиш со него, а од кога сте заедно, а ти упорно одговараш НЕ СМЕ бе алооо како да ти објаснам да ти нацртам ли. Тоа дали сум јас со некој и од кога и како и шо правиме ќе си остане лично за мене и евентуално уште за 2 блиски личности. Сите други неќам да тормозите невини личности со идиотски и банални прашања.
    Благодарам на разбирањето :emo:
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Со имунитет паднат, отечено грло и ситни кавги, не можам да се опраам од периодов. Па и капак на се, внука ми ми рече дека не сум и недостигала. И тоа со ваква фаца ]:)

    СДК оххх Боже колку е тешко да залепиш насмевка на лице, а душа ти се кине....
     
    На srcekrsacka, AngelOfArh и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Крај да се немало на купувањето хулахопки :tmi:
    Ми дојдоа мал милион мисли што можев да ги запишам и пробав...ама ни зборовите не се тоа што беа. Ми недостасува една Јас што едно време Тој ја будеше во мене. Без предрасуди, потполно разголена и ослободена. Кога не внимаваш што на кого му кажуваш, да му угодиш, да не го повредиш, навредиш, да не ја скршиш сликата што некој ја има за тебе. Каде и да е, каков и да е, му ги должам тие моменти. Иако градев ѕидови околу себе, за да остане само на тоа, го памтам, во мракот зад грб кога ми дошепна тивко дека убаво му мирисам, низ Скопјево додека безобразно се смеевме, танцувањето еден до друг, стравовите и желбата да побегнам што е можно подалеку од него... Па, побегнав :) Каде и да е, каков и да е сега, сликата останува иста, тој ќе биде оној манијак што ми глумеше по телефон :D , што ми праќаше разголени фотки :wasntme: , што се жалеше од онаа слика која другите сакаа да му ја наметнат нему...оној што мислеше дека го сакам, а мене ми беше само прозорец, огледало на таа што ретко пак ќе имам шанса да бидам.

    Делчиња од мозаик, делчиња од живот. Мал милион мисли делчиња од милиони спомени. Сериозна, насмеана, културна, воздржана, иронична...јас. Како во туѓа кожа понекогаш.
     
    На bittersweet, lunicka, slavica999 и 21 други им се допаѓа ова.
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Сонувам за денот кога ќе ми тргне математика.Абре до толку да бев ццц...денеска на математика пекол па и како минутите поспоро да поминуваа а сега за домашна пак проблеми :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Цврсто сум убедена дека силата на секоја жена е во нејзината коса. Дали ќе и е долга, кратка, бушава, права е сеедно. Но мајке му стара, таму ќе да е силата. Откако почна да ми опаѓа косата како и самата јас да се изгубив. Но ете таа се поправа а и јас се враќам во колсек. (Читај метафорично за ова со силата!) И насмевката, ах да не ја заборавиме најубавата насмевка. Да се врати веднаш!
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.517
    Пол:
    Женски
    Среќо, иста сум мила моја. Имам да ти раскажувам, улалалаааа..... Мора под итно пак кафе :!:
     
  17. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Сум ви кажала ли дека јас сум мало девојченце заробено во тело на возрасна девојка? Не знам за каде целиот живот сум брзала да пораснам. Гледам деца преку улица играат криенка. Искрено ми се наполни срцето :) Се потсетив на старите времиња... Кога јас играв криенка,кога играв ластик, кога играв со топка, кога сме се смееле на глупостите кои им ги правевме на соседите, дури и кога сме се карале меѓу себе за тоа кој треба да ја земе топката од дворот каде што паднала. Се беше толку невино. Беше толку искрено. Тој наивен детски свет беше совршен.. :(
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Цел ден се обидувам да сврзам две прости реченици... и не успевам...

    Се губам, имам чувство дека се се врти, се се движи а јас стојам од страна и гледам, се обидувам да се пронајдам некаде. Се обидувам да си ги средам мислите, да си ги средам чувствата. Го мразам чувството на вина а токму така се чувствувам, виновна а никому не сум згрешила.

    Сакам да успеам еден ден, да речам да тоа сум јас, силна и храбра жена која успеа да оствари се што сакаше, се што сонуваше.
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    време е да се разбудам и да се соочам со реалноста колку таа и да била тешка..А изборот е нешто најлошо што мене може да ми се случи затоа што на крај останувам со празни раце...
    Исто така СДК дека ми се смачи од луѓе кои постигнуваат се преку нечии грб без капка пот народски кажано "Се прчат со туѓи Крилја"...Калимеро нема правда |(
     
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Конечно можам да кажам дека сум наспана.
    Си легнав во 4 сабајле,станав попладне во 2,а воопшто не чувствувам дека ми се спие.Баш сум расположена,што ми е драго и нема да дозволам ништо денес да влијае на моето расположение.
    Ви посакувам Добро Утро на сите,а јас одам да уживам во моето утринско (попладневно) кафенце :* :lol:
    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.