[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Ја живеам наубавата приказна...

    п.с. Богатството човек го наоѓа онаму каде што никогаш не си го барал, тогаш кога ќе се откаже од потрагата
    :)) :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, L-enna, kate21 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денес имавме на замена наставничка по македонски јазик.Жената е многу начитана,образована,одмерена,културна.Да ти е мерак да ја слушаш кога зборува...Зборувавме на една одредена тема.На таблата ни напиша 5 збора- одговорност,поставување цели,почитување,екипна работа и урамнотежување-сите поврзани едно со друго.Побара од нас објаснување за секој од зборовите.Не бевме доволно вешти да ги објасниме зборовите точно,па таа почна со нејзиното објаснување,кое уживав додека го слушав,и скоро целото го запомнив.
    Одговорноста е една од најважните човечки карактеристики,темелник на се.Некои луѓе се одговорни,некои не се.Да си одговорен значи да си ги исполнуваш обврските,да водиш грижа за се` што ти е важно.Неодговорноста е една од нај неубавите карактеристики.Кога човек е неодговорен,не му е гајле за ништо и е често понижуван и недоволно почитуван од средината.Значи,одговорноста е тесно поврзана со поставувањето цели.Секој човек во животот си има поставено одредени цели.И секој одвојува малку од своето време од денот за да направи нешто што ќе му помогне да ги оствари истите тие цели.Но,дали можеме да ја реализираме нашата поставена цел ако не сме одговорни ? Не можеме.Нема да одвојуваме време за тоа нешто,и едноставно ќе заборавиме на целите во животот.Почитувањето,пак,е најважната човечка карактеристика.Почитта кон другите дава впечаток за нас како големи,културни,фини и одмерени,добро воспитани луѓе.Доколку некој не почитува некого,тоа значи дека не е човек.Сите луѓе треба да се почитуваат меѓусебно.Како што се одговорноста и поставувањето цели во тесна врска,така се и почитта и екипната работа.Ако не се почитуваме нема да можеме да работиме тимски,а тимската работа е една од најбитните фактори кои водат до постигнување на нашата поставена цел.Но,ништо не можеме да оствариме доколку не си ги урамнотежиме обврските и слободното време.Не може цел ден на работиме,треба да си посветиме и малку време на себе и своите најблиски.Треба да си го испланираме денот и по тој план да се водиме,и се така.Наводно,вака ќе сме стигнеле до остварување на одредената цел-некаква професија,патување,било што...Тоа беше тоа.
    А,да,и ме прашаа која ми е одредена цел во животот.Јас не сакав да откријам,се` во свое време. ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=1UUYjd2rjsE

    Имајте убав ден :hai: :inlove:
     
    На Miss-Angie92 и pamelche им се допаѓа ова.
  3. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Како што вика мојата мила наставничка по македонски "Пубертет не дрма".Ете така,незнам дали е до мене,ама во последно време де сум среќна,де плачам де се смеам...
    Денес,другарка ми официјално ја доби и последната можна петка.По физика.И глупо ми беше затоа што цел ден тука ми се фали и прчи како имала све петки,а јас тука математика и француски маки мачам да поправам четворка.Другава па ми другарка, цел ден нешо не и иде,па на мене се истура.Хвала вам лепо.Издувен вентил сум ви јас.Кога ќе ви се насобере нешто,ела кај мене да се издувате |( Другава па,ич не дојде,болна била нешо.Ај,побрзо да оздраве.А што расположена станав :) Ама јас сум глупа што секогаш сум ФИНА И ДОБРА со сите,кога они мене ме рачунаат само како издувен вентил! :hai:

    И големи се шансите ова да го прочита она,ама веќе ама баш ич не ми е гајле :!:
     

    Прикачени фајлови:

  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Се фаќам себеси како сум меланхолична во овој период од денот.
    Само зјапам во мониторот и мирисам марамчиња од камилица.
    Потсеќам на човек во лудница, знам.
    А читам тек тук за некоја си тоалетна WC шолја со 72.000 Сваровски кристали.
    Абе да ти се се*ам во шолјата.
    Буквално.
     
    На L-enna и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ама ми е мука да преведувам од хрватски на македонски. Не дека не знам ама не е општо туку за предметов ми треба и има некои зборчиња такви никакви што ме мучат. Ама ај ќе издржам на никого не му е лесно со учењето.
     
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Земам да напишам нешто - шкрапам, типкам по тастатура, трошам пенкала и на крај се тоа е избришано, листовите се искинати и завршуваат во оган.
    не знам ни самата што се случува.
    Мислите ми се страшно испобркани.
    Од една страна се плашам дека едногодишниот труд на кој му се посветив и повеќе од што требаше ќе пропадне во вода, од друга страна си велам „Па нека оди се по ѓаволите!“...
    А длабоко во себе, несакам да пропадне - сакам да успее. Така како што до сега се водеше успешно, успешно да заврши. Зарем ова мораше да има неславен крај?
    ...искрено се надевам дека утре ќе ме разбудат добри вести!
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Колку држеше диета, а види пак колку си била дебела. :rofl:
    Мајка ми кога му даде еден поглед, со земја ќе го срамнеше. Ееее по толку години брак нема веќе што не можат да си кажат еден на друг. Татко ми и мајка ми, циркузи се понекогаш. :lol:
    Само се надевам дека и мојот брак ќе биде толку солиден, дека ќе останеме цврсти и покрај сите камења со кои ќе не мава допрва животот. :)
     
    На kate21, anabel-a, zhap4e и 6 други им се допаѓа ова.
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Нешто не ево ред или мене така ми се чини?Многу брзо лета времево. :^) Уште еден месец полугодие,а како да беше пред еден месец кога горевме од топло и излегував надвор.Неделата поминува во еден здив.Денес понеделник,и кога ќе помислам дека е четврток,веќе е недела.Денот поминува за миг.Школо,дома,школо,дома.... :( Веќе почнувам да се загрижувам дека премногу брзо ќе поминат годините,дека за неколку месеци веќе ќе бидам полуматурантка.А кога времето е исполнето,уште побрзо оди.Јас навистина сум загрижена. :(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Како да му докажете на некој што порано ви се допаѓал дека повеќе не ви се допаѓа? :^)
    - Лесноо... Само избришете го од фб :tmi:
    Алал да му е на моето пријателче и на неговите дваест и кусур години... :|
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мммм просто е, кој не ризикува не добива. Значи мече овој пат ќе ризикува.
    So it begins...
    :emo:
     
    На Stoimenovska и kravce им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Мече доста прокрастринираш,че те тепам море хеј!

    Него,муабетот ми беше...све,све,ама како што сум среќна кога ќе си купам нови чарапи,за ништо друго не сум среќна така. И чувството на стапалце у нов чорап...ма да...ултимативно! :D
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Никој не може да ти ја плесне вистината в лице како мало дете! Опасни се тие малечки суштества. Ај што ќе ти го речат, туку и како прекажуваат :o Ќе запамтат нешто за тебе и ќе го кажат кога не треба, најчесто пред многу луѓе, па ти мисли му ја :talk:
     
    На Markusa2, bittersweet, Stoimenovska и 11 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Синдром стадо.

    Каде сите, таму и ти. Важно да се биде дел од групата, макар што е сочинета од овци.

    Дволичност на тони, очај, и подголтнување на секој свој став поинаков од овцата со најсветкаво руно.
     
    На kravce, lunicka, MSkorpionka и 14 други им се допаѓа ова.
  14. sweetgirl1106

    sweetgirl1106 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека многу се натажив откако го прочитав текстов...

    Писмо од дете,зависно од дрога,пред самоубиство.

    Драги мамо и тато

    Мамо и тато имате ли претстава колку солзи сронив додека ја составував содржината на ова писмо.Во ова писмо ќе ви ги опишам сите мои работи од мојот 16-годишен живот.Се родив на 18 декември 1983 година.Бев многу слатко детенце, опкружено со љубовта на моите родители.Растев во мир до 8 години, потоа ти тато почна да пиеш а јас и мама страдавме поради тебе.Ти ги трошеше парите за алкохол,се враќаше доцна дома,ја малтретираше мама,а моите страдања беа од ден на ден се поголеми.Истерав некако до мојата 12 година.Бев очаен во училиштето,еден другар ми понуди од тоа,злото од кај се дотерав до овој степен.Бев наркоман четири години.Кога бев во криза бев принуден и да крадам но мили мои за ова не кажувајте никому. Кажете им отпосле на сите се најдобро.Раскажувајте за нашето среќно минато,за нашите мигови поминати во среќа и забава.Но,сепак тато,те молам,во името на моето сеќавање,чувај ја мама.Сега жалам што судбината не раздели,но ќе бидам среќен ако мојот случај не им се случи на другите луѓе кои го одбрале погрешниот пат на животот.На вас мои драги родители,ви благодарам за се што сторивте за мене и што ми ги дадовте тие 8 години во мир и радост,но истовремено ве молам секогаш да ме носите во вашите срца и во вашите најдраги сеќавања.Ветувам дека јас секогаш ќе ве гледам и ќе ве сакам од небото и со восхит ќе се гордеам со вас за тие 8 години.Збогум мои драги мама и тато...

    Плачам! ;(
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Епа ете ме и мене дома а со мислите таму кај него и миговите поминати во неговите прегратки,тивките воздишки од задоволство и убавина и бакнежите кои што секој пат се се подобри и подобри.На секое ме прашуваше дали ми е убаво,па и мајка му и татко му како да дошла кралицата Клеопатра се однесуваа :tmi: :D .
    Свадбата како и сите други,но во малку полошо издание.Музиката ги повторуваше песните,келнерите требаше да ги чекаме цели 20 минути за да ни донеси за пиење,па дури и чашата мо ја фати на крајот :tmi: ,а сликата за да си ја земиме го баравме сликарот низ сала |( :) .Невестата немаше воопшто шминка на себе,но ја красеше прекрасната насмевка која што ја правеше толку нежна и убава и нивната искрена љубов ја красеше свадбата.
    Утрово се прегрнавме и испративме до наредното видување со него,со моето совршенство,со тој што ми е се.
    Кога дојдов дома се вратив во реалноста и моето задоволство и среќа ми отидоа во вода :worried: .Стрина ми за прв пат ме изнанеади толку негативно што не знам што да мислам.Ми постави еден куп прашања од типот што ми даваа да јадам и како им е дома на дечкото |( :^) .ПА жено не ме оставија гладна фала богу и имав покрив над главата,а дома не е важно како е наместено,бидејќи како и да е во куќата ако се нема разбирање,толеранција и љубов тогаш џабе се парите.Па таа вели аха ќе те видам како ќе живееш,не се живеј само од тоа.Мене јасно ми е дека денеска се се гледа материјално,но искрено ми е поважно да сум внатре исполнета и среќна одколку да имам еден тон пари ,а срцето да ми е ладно.За жал многу не го разбираат тоа ,но зарем и таа што ми е толку време втора,мајка што секогаш ме учеше дека човечките вредности пред се,а сега пак зборува инаку.Јас никогаш нема да дозволам било кој да речи нешто против моето душле,тој е најдобриот на свет и доколку некој не го почитува тогаш го бришам од мојот живот.Кога и реков дека му е убаво ,а и плус сега ќе реновира и што планира да направи не знаеше што да речи.ЕПтен сум разочарана од неа,се чувствувам толку лошо и за прв пат не сум присебна за да знам како да реагирам на ова,знам само дека нема да дозволвам никој да го потценва него.Таман помислив дека се ќе ми биде во ред и сум среќна секогаш излегува нешто како ова.Ама тоа е кога веќе не можиме да смениме ништо и ние да наредиме како ќе ни се одвива животот.
     
    На Adi888, lunicka, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Кога комшиите ви имаат гости, не им одете на гости! Воопшто не е културно, а и непријатно е.
     
    На kravce, lunicka, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Сите оние девојки што носат штитници на дланките,а тренираат аеробик. |( Сакам да ја опитам, мала, колку дигаш на бенџ?! Мислам смешни сте... ставете од тоа греачите за нозе и денсајте ко деца на приредба,немој да ми се занесуеш дека си у бедес филм,жити бога...
     
    На mims-89, Neytiri, sadangel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ако сакаш некого, пушти го нека си оди, ако се врати супер, ако не... ќе му се јавиш кога ќе се опијаниш ;)
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ете така и јас си ставив една!
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, Glossy-girl, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Чувството кога на тестот по математика појма си од задачата, ама си лупаш некои глупости колку да не биди празно. Демек, се помачив професорке дајте ми бодче :D :tmi:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.