Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Гледајте на крт во живо емисија, мислам дека овој е Иван исцелител, комедии, сега зборува за какање и мочкање кај децата, една жена го праша да и го излечи детето и мочало а имало 4 години, немате поим како објаснуваше и колку "стручно медицински" им приоѓаше на проблемите. Лелеее знаев дека е забеган ама не до волкуууу :rofl: се сечат зглобови се стават штрафови, се обновува рскавецот, самиот пациент си гледа како се осеќа ако сака иде на лекар се снима, еден вика бил ќелав и овој му вика па видете вака кај некои луѓе им паѓа коса кај некои не. Има многу причини зашто им паѓа, најчесто е генетска ситуација, ако дедото на мајката бил ќелав можно е детето да е ќелаво, тоа било генетска малформација, самиот ген во влакното имал информација да создаде 100 клетки и тој кога ќе создаде 100 клетки готово ќе падне :rofl: ;( , и ако бил намален кофеинот ќе паѓало косата, и од гел за местење флизура можело да паѓа, од некој чешел, косата има функција расте па стагнира итн..забегантус
     
  2. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Тоа е од вчера. 3 девојчина и 2 машки биле :D И паметни биле се јавиле од мобилен телефон и подоцна ја скршиле картичката и ја фрлиле ама сепак ги фатиле :)
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не верував дека ова некогаш ќе го кажам, ама сакам дожд :rain: :rain: :rain:
    Од кога не заврнало, да ми тропа на прозор, а јас да се топлам под ќебе :) Непослушна есен :)
    [​IMG]
     
    На Smilly, sweet-cherry, nenuska и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    СДК убијте ме што пак за ова ќе зборнам, ама ја намирисав н.а.т.а.ш.а на форумов, и тоа сум 100% сигурна дека е таа. И неможев да молчам!
     
    На WildCherry, MandyLane, Ann.94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека многу го мразам тој е**ен дочек на Нова Година...таа една вечер,која обично си има некое правило дека треба да ја поминеш со друштво,оти ако не ја поминеш ќе те сожалуваат дека немаш со кој да чекаш |( ...Па тоа нервирање за џабе,каков фустан ќе носам,леле немам штикли што ќе одговараат со фустанот,каква да ми биде фризурата,каков накит одговара со овој фустан,шминката да ми биде нападна или не и тие триста работи за кои ќе се нервираш со денови за на крај кога ќе отидеш да те приметат само првите 5 минути,потоа никој не обрнува внимание како си облечен и шминка,фризура а и секако за 1 саат ќе почне фризурата да ти се пушта,шминката да ти се рашлакува,па на крајот од вечерта ќе останеш и без шминка...па тие пари фрлени за џабе кога никој нема да гледа јадење туку сите ќе гледаат да играат, да се веселат и после сето тоа во корпа ќе оди (освен ако не се соберете друг ден)...и исто барање на место каде да се чека...дали кај некој дома или пак во стан,дали во ресторан или дискотека,па нема место ваму,нeма место таму....Дури почињам да се нервирам од самото прашање Каде ќе одиш за нова година,што ќе носиш :@

    Се на се,сакам таа вечер да си ја преспијам дома,или пак сама да си гледам филмче со пица,ама знам дека нема да биде така,дека ќе се договрам да одам некаде со друштво и знам дека нема да си поминам нешто нај нај,ама ајде да се отиде,да не речат после сум се двоела или чудно да ме гледаат оти не сакам да одам никаде.
     
    На BlackSwan5, Gea, firequeenn и 6 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    СДК...Вчера таман дојдов да си пишам импресии од концертот на Еминем гледам цел форум во жалост, е ај да не биде моето невкусно не напишав ништо ама потчитнував од време на време и излезе баш онака како што и си мислев.....once a liar always a liar.

    Како и да е да се пофалам дека одлично си поминав на концертот, 64.000 публика, невидена атмосфера, само Lil Wayne малку ми го расипа уживањето ама и он се трпи поред Еминем, кој беше одличен и clean & sober, на прошлиот концерт не се ни сеќава толку бил high.
    И покрај огромната гужва моментот кога ќе го слушнеш гласот на Еминем во живо....priceless :inlove:
    немам ниедна саглам слика оваа е од интернет ;(
    [​IMG]
     
    На Wild-GirL, Miss-Independent, crazylady и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.579
    Сдк мора да си или тежок вмро-овец или да си луд за да го гледаш миленко шоу у петок навечер. Јас ни едното,ни другото не сум,барем мислам.
    Каков избор на музика има човеков у емисијава...ауф. Оф роуд до врвот на Плачковица...до сам врв со џипчиња хамер,па направи импресивно качување на едно сирото ридче и тоа и до таму му беше тешко да се искачува и го направи со џип (вика ако можам,е ај да видиме,тоа камерманите више се качиле до врв и од таму го снимаат...предизвикот ќе беше ако го искачеше пешки лешперу еден белосветски!)! И све тоа зачинето со песната борн ту би вајлд! Диво,диво! Па 50 мажи понеле една јадна жена да ги служи јагнешко во тони,печено,мрсно јагнешко,а во ноќта со доза на драматичност во неговиот глас,5 степени е,имаме логорски оган,како БИ ЈА ПРЕЖИВЕАЛЕ НОЌТА (дај Миленко,даааај!)...и рано наутро,Миленко вика...печевме компири,сега да видиме дали можеме да ги појадуваме за да преживееме,ако не ќе јадеме од ПАШТЕТИТЕ кои ги понесовме со нас! Зошто печеш компири ако имаш паштети идиоту еден?!
    Туку сеа ја сфаќам поентата,му парира на премиерот у роуд шоуто. Како Груевски да го прошета светот,а при тоа да не му биде судено...се разбира со роуд шоу за да ни ја презентира земјата.Кога можат мисиците,може и тој...се исшифтав од едно на друго,ама шта ќеш...Штета што емисијава е од 2009...
    Дап,тежок ден...глуп ден...уште еден ден кој ме поучи за човечката глупост,примитивност и ооо,болеше. Болеше!
    Одам да матам свест,читам книга и размислувам како да бидам игнорантна дури и кога некој ти брцка во око!
     
    На caroline.costa, enca.69, BoaVista и 6 други им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Уште мирисам на чоколадни вафли, макијато со ладно млеко и неговиот нов парфем.
    А собата ми мириса на ванила од ароматизирани свеќи и воздишки што лебдат зад алиштата обесени на врата.
    Толку ми е топло на душичката што во моментов ни ќебето не ме мами да се мушнам под него. А јас многу си го сакам моето ќебе. Во комбинација со омилената перница и шарената навлака.
    Ќе спијам ко бебе, а можеби и ќе сонувам во црно бело.

    Денов ми е мед.
    Вечерва ми е љубов.
    Љубов еј ... скоро ќе заборавев што е тоа.
     
    На WildCherry, Miss-Independent, mamma-mia и 13 други им се допаѓа ова.
  9. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    срцево ми плаче... ;(
     
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Надежта е мостот што нé води подалеку од губитокот и неуспехот. :!:

    Имајте добра ноќ, ме чека напорен ден. :hai: |-)
     
  11. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Петок навечер. Јас пробувам да учам. Или пак почнувам, а не ми иде. Ме дирка малку кратково време што го имам.
    А кучето ми се лути зашто, не му посветувам внимание. Прееска ја носев до надвор и ја вратив откако си заврши работа. Сега ми се нацрта во скут и си заспа. Нејќеше да се симне, ме остави парализирана, да не можам да мрдам :) Ја преместив и ме гледа така чудно, во смисла, ‘Ти мене не ме сакаш, кај тебе во скут‘. Срце.

    Навистина, клишето ноемвриски дожд не се случи. Можеби првите денови, и на денот на мојот роденден, нели, од што сум лошотија. Но неисе, нека биде декемвриски снег. Дозволено е.

    Ме иритира, кога внимаваат на секоја моја постапка, кажан збор, насмевка во вистински или погрешен момент. За да ме анализира од некој си таму којзнае каков манијачки агол. За која цел? Онака? Ма ајде. Не знам зошто на некому му претставувам неиспитана територија или енигма. Фала Богу дека не сум отворена книга пред секому, ама пак прашалник? Озбилно?
    Непредвидливоста во мојот карактер која што влијае на моите чувства и мислења е голема варијабла. Некогаш варира, некогаш стагнира. Јас сум индиферентна во однос на делот со контролата. Или пак неспособна, не знам.
    Па не сум толку сложена. Само со прости луѓе кои живеат во бајка, не можам да се разберам. Веројатно давам и таков фидбек.

    Не знам, се чувствувам убаво мојот антиталент за многу работи, креативност во апстиненција, со многуте проблеми на грб, ги чувствувам некако лесно, не дозволувам да ми влијаат. Но на сметка на повлеченоста. Се повлекувам во себе, за да не сум терет, иако сум.
    Сакам да сум на планина. Да му дозволам на чистиот ладен воздух да ми ја олади и главичкава, некако е премногу оптоварена. Да викам силно, а да не ме гледаат налудничаво. До оној степен да ми се познаваат вените на лицето, жилите на вратот, да останам без глас, да излезе цела бљувотина, на која не и‘ е местото во мене.

    Или пак мене, не ми е местото во оваа бљувотина.
     
    На WildCherry, MandyLane и LyckliG им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Ме фаќа малку страв... :worried: што ли ќе биде :sweat:
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Епа гради ме заболеа од смеење.
    И покрај мала нервоза и трка со времето, целиов ден ми беше една огромна позитива.
    Како капак, пред 30 минути стига рандом порака од дечко ми за брилијантно име за нешто што планираме да правиме. (Не, не дете. :D )
    Кај го ископа во два по полноќ и јас незнам, ама битно можам да го замислам: Му светнува идеја и цел задоволен и узбуџен го бара мобилниот низ темница за да сподели. Е замрев кога прочитав! :D

    А си најдов и партија!
    Најсовремената демократска партија во Македонија: Коалиција за Успешен Развој и Евроинтеграции.
    И нивниот слоган:
    • К.У.Р.Е. ќе ги пополни сите дупки!
      К.У.Р.Е. ќе ве среди за час!
      К.У.Р.Е. стои зад секој од вас!
      К.У.Р.Е. е вашата иднина!
      К.У.Р.Е. е во вашите раце!
      Гласајте!
    Малку незгодно што одма на нови членови го даваат во раце, али ајде, ке се жртвуваме за Македонија.
    Пи.ес. Станува збор за давање раководство!

    И пред да бегам одовде, daily dose of cuteness!
    [​IMG]

    Nighty night! ^.^
     
    На FortuneTeller.xD, Theodora, Magnolija и 10 други им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    I can`t sleep! :D
    Убаво ми е, задоволна сум и исполнета.
    Добар почеток на месецов, и уште подобар крај на работната недела. :$
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    А само еден град на светот има улици баш за моите чекори...
    И само тој град ќе ме прими в прегратки в срце штом ми застуди...

    Баш така се осеќав вечерва, тропкајќи со штиклите додека се враќав дома. Таман. :)

    Магла, задушеност, студ, валкан студ. Тоа ти е Скопје.
    Никакво, а прекрасно. Создадено за моите чекори.
     
    На Go-Girl, Srekicka, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу убаво саботно утро.
    Исполнето со слатки обврски.
    Со многу малку сон, што и не е ни битно, затоа што петочната вечер не можеше да биде поубава, т.е можеше, ако дојдеше тој, ама ајде пројде. Смеење, зафркавање со личности што ви се мили.
    Си ја дочекав саботата.
    Семејно расположение, барем овие два три дена, каде се забораваат сите домашни и било какви проблеми. Растрчани насмеани и расположени си се спремаме од сабајле. Сакам да ги гледам вакви, во совршена меѓусебна комукација, и ме обзема некоја чудна топлина и убавина, и си викам, Боже, ова е моето семејство ... на моменти будало на моменти уште побудало, но тие ми се најсветото нешто во животот.
    Јас од сабајле го впив и сонцето, ме грееше додека одев по улица полузаспана и му се смешкав.
    Нека ве грее и вас.

    Пс. Среќна слава на сите кои ја слават Сцета Богородица Пречиста.

    Имајте најубав ден, баш затоа што сте најубави.
    :)
     
    На bittersweet, la-chicka, irenna и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ајде и јас да се изјаснам дека сакам снег.Официјално објавувам дека ми е смачено од оваа пролетно, декемвриско време.
    Сакам снег.
    Сакам ладно.
    Сакам зимска атмосфера. Чудно,аама стварно се зажелев за снег и ладно време.


    Тоа е се поврзано со зимата и снегот.

    Сега да ви се пожалам малку и на вас. :tmi:
    Многу ме боли глава,. од што незнам..

    И.. Го обожавам чувството кога во петок навечер се спремам за во град.Се китам,се шминкам,комбинирам облека, ставам парфеми и светам целата. Одеднаш јас повеќе не сум јас :lol: Целосна трансформација :tmi:

    И подготвена за супер провод,излегувам од дома и одам во поход по супер провод.
    Влегуваш прво во кафиќ да се стоплиш со едно чајче или макијато,whatever и сите гледаат во тебе ко да виделе марсовец.Се воодушевуваат и неможат да поверуваат :o whatafuck !
    Од страна некои 8мо одделенчиња ме коментираат и ми ја дигаат цената.
    Одам во wc-то и се фрцкам додека другите ме набљудуваат :lol:
    Потоа овиме во клуб со другарките и супер си поминуваме.
    Дечкото на врата што е од СЕКУРИТИ не почести една пијачка и ни се смешкаше цело време.
    И него го воодушевивме. how yes no :)
    Играме и крадеме погледи во клубот и забораваме на се друго...а да !
    На крај се качувам во такси и едвај издржувам да стигнам дома.
    Си легнувам со шминка,оти не сум способна да ја извадам и заспивам во истиот момент.

    А станувам сабајле со отечена глава и целосно неспособна за извршување на обврските..
    Да.
    Ме боли главата.Многу
    многу
    многу

    Ама ај не ви се жалам веќе.
    А да! се извинувам и за дооооолгиот пост,се заборавив пишувајќи :tmi: :lol:

    еве и неколку слики кои ме потсетуваат на милата зима :lol:
    Ја чекам со цело срцеее.
     

    Прикачени фајлови:

    • winter-city.jpg
      winter-city.jpg
      Големина на фајлот:
      97,2 KB
      Прегледи:
      269
    • 331.jpg
      331.jpg
      Големина на фајлот:
      262,9 KB
      Прегледи:
      269
    На MandyLane и Hipica им се допаѓа ова.
  18. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ќе имам прекрасен ден, знам уште од сега.
    Кафенце+цигарче+Ареа за добро утро, па малку депилација, тој е сам дома, се може да се случи.
    А вечер Бени+тој, или Бени+екстази+афтер парти, ќе видиме. Сеедно БЕНИ!

    И да си го направам постов уште попразен, да продрорам за времево. Сакам и јас снег4е бе. Да е ладничко и да сум изнаоблечена со шалови и капи и ракавици и тој да ми се смее зошто ми е црвено носето и да ми го баци.
    И да чекаме автобус и да ме гушне и да ми ја стави главата кај него во врат, и да дишам Black XS или One Million, нека е клише колку сака, му ги обожавам.
    И секој муабет е пак за него, дали тоа се заљубувам?

    Еве една песна, и за вас, и за него. Уживајте!(Декември е башка).
    http://www.youtube.com/watch?v=G3eQ71NY ... re=related
     
    На Ema.Sk, Divinebutterfly, MacaLove и 2 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    Денес саботава убаво ми почна :) Ме разбудија во 8,ама за убаво изненадување :)
    Првото кафе саботно го исполнува новиот стан.Не е којзнае колку голем(т.е.прилично е мал :lol: ) нити којзнае колку среден,ама цел месец вложување во сите детаљи,со максимум љубов и од моја и од негова страна,е богами го сакам.Не е којзнае како среден,мене ми е чист ,убав и полн љубов!
    Денес ми се најавија куп гости.Сакам гости ,сакам кога ми е полна куќата со смеа,само не можам да ги истрпам оние некултурните! Денес ќе ми дојдат моите две колешки со кои две години се немам видено а бевме неразделни.Велат им фалат моите совети,зошто само јас ги трпев цели 5 години нивните љубовни маки со саати.Сега се средени и мило ми е :)

    Синоќа,откако водевме љубов,лежев и ми текна на сите наши филозофски размислувања во оние темите Дечко со факултет,дечко со професија? Да,лесно е да исфилозофираш и со мозокот да напишеш така и така,како документ за заверување кај нотар,точка еден член два.........ама тоа само да го напишеш.Кога сакаш губиш глава и единствено ти е битно да го зграпчиш што повеќе ,а не да го оттурнеш зошто нема факултет да речеме.Сакаш и нема поубаво од тоа,кога ти се возвраќа исто или повеќе,е само тогаш си исполнет ,се друго не те стоплува и ништо друго не јаполни душата како љубовта.
    .Ништо повеќе не воздига!Ви гарантирам бе!Пробајте,а се друго само по себе ќе си дојде ;) Само малку повеќе опуштеност,навистина сме стегнати во последно време,сите околу мене,околу вас.

    Девојки одам да се средам,па да ги пречекам кокошкиве мои,последен пат се изгубија,е ајде де, не ги сфаќам цел живот во Скопје го минаа и пак не ги научија автобусите.Дури еднаш отидоа до екстреми да го погрешат смерот на автобусот,па место Карпош се качиле 2ка и отишле Автокоманда бе,па одозгора ми викаа по телефон како со саати ме чекаат ме нема :lol: Одам да спречам пак да не се деси таква работа :wasntme:
     
    На bittersweet, caroline.costa, Magnolija и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Денес е мојот најубав ден од животот :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Doozy и peperutkaa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.