1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    22 работи кои секоја жена треба да ги запомни

    Еве список на работи кои секоја жена треба да ги направи:



    1. Земете што сакате, но да не нанесувате штета на другите.



    2. Бидете љубезни, но не секогаш претерано фини.



    3. Немате обврска да разговарате со странци, но ако тие изгледаат фино, зошто да не?

    4. Секогаш кажете и' на вашата мајка дека ја сакате кога таа ќе ви каже по телефон, дури и ако сте мрзоволни и нервозни.



    5. Обидете се да бидете трпеливи, дури и ако сте неверојатно нетрпеливи.

    6. Не дозволувајте иднината која доаѓа да внесе немир во вашиот живот.

    7. Речете не кога сакате да речете не. Тоа е ваше право.



    8. Срамете се од блесавите работи кои сте ги направиле во минатото, но не бидете престроги кон себе.



    9. Во ред е да жалите за работи кои сте ги пропуштиле.

    10. Вашата баба можеби не се сложува со вас за милион битни работи, но сепак поседува многу мудрост.



    11. Вашите браќа и сестри не се совршени, а не сте ни вие. Сакајте ги и не се грижете за тоа што ќе добиете за возврат.

    12. Бидете добри кон вашиот татко. Тој некогаш не знае што зборува, но ви го посакува најдоброто.



    13. Одржувајте ја куќата чиста и уредна. Ќе се чувствувате подобро и ќе бидете подобри кон себе.

    14. Правете нешто креативно секој ден. Вие ги знаете вашите потенцијали, не се плашете да ги користите. Оставете го стравот зад себе. Искористете ја инспирацијата и прифаете дека најверојатно ќе направите нешто лошо пред да направите нешто добро.

    15. Вежбајте, хранете се здраво. Треба да внимавате на вашето тело.

    16. Не оставајте љубомората да навлезе во вас. Таа е бескорисна, отровна емоција.

    17. Убаво облекувајте се кога ќе остарите. Откријте што ве забавува и никогаш не дозволувајте тоа да го занемарите.

    18. Создадете дом исполнет со топлина.

    19. Немојте да ја изгубите смислата за хумор.

    20. Бидете силни.

    21. Во ред е да се чувствувате осамено, и да се прашувате зошто немате група на незадоволни пријателки како што гледате на телевизија.

    22. Можеби сте правеле грешки, но тоа не значи дека сте лоша личност.

    МИСЛАМ ДЕКА КЕ НИ БИДАТ ОД КОРИСТ

    ПРИЈАТНА ВЕЧЕР :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК секоја чест на оние луѓе кои при било какви тешки препреки во животот, знаат да преминат преку нив како воопшто да не се случиле :bow: Премногу храбро и достоинствено :bow:
     
    На Stoimenovska, Cacy, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Кога повторно ќе добиеш на фацебук покана за нова глупа игрица

    [​IMG]
     
    На Anabelle, Stoimenovska, Cacy и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да сум добро. Онака како што се претставувам пред другите.
    Ставам маска да ја скријам болкава во себе, но се повеќе тонам.. тонам во сопствените проблеми и грижи. Веќе немам со кој да направам искреен муабет. Сите бараат совет од мене, бараат поддршка, рамо за плачење, а на никој не му текнува да праша како сум јас. Мака ми е од се што ми се случува, а јас принудена сум да останам силна, исправена и со голема насмевка на моето лице, бидејќи во спортивно ќе се најдам на дното.. Далеку ми е од совршен животов, секој ден се повеќе и повеќе сум разочарана.. Како можеше се волку лесно да пропадне.. Понекогаш размислувам да кренам раце од се, но тоа не е онаа Ане која се бори до последниот здив, тоа нема да бидам јас.. Тоа ќе биде некоја кукавица длабоко скриена во мене.. Јас се знам како борец, како личност која не се предава и не потклекнува пред животот... Се држам исправено покрај срце искршено на милион делови... Кога би можела, ах коgа би можела воопшто не би била себична, би го дала мојот живот за неа, таа да живе............. ;(
     
    На Moira, slavica999, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Какви се не луѓе нема да запознаеш. Па кога веќе завидуваш, завидувај тајно да не те приметат а зад грб што сакаш мисли и збори, не дека нема да знаат каква си, туку нема да се обрукаш до толку, ама да не можеш да се воздржиш и јавно да го искажуваш тоа пред сите постојано, онака хистерично и неконтролирано :| просто сум запрепастена до кај стигна човечкиов род.
    Аманте бе луѓе, сите глеаме да си го најдеме местото под небото, сите глеаме отприлика кај сме меѓу другите, ама не сите се натпреваруваме со секого. Ризична игра е тоа, просто е болест да не можеш да си најдобар, а да патиш да бидеш.
    Дајте го својот максимум и просто бидете задоволни со себеси, не сме сите исти!
     
    На kravce и SimplyElegant им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    ...Се што ми треба е само неколку искрени зборови и прегратка... неколку... :doh:
     
    На Stoimenovska, Cacy, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Го знаете она чувство кога чувствувате бес спрема некоја личност ?
    Кога предолго молчите, предолго собирате ? Кога едвај чекате кармата да проработи ?
    Кога едноставно ви е преку глава од се, кога водата ја прелила чашата ?
    Го знам и јас. Со душа го чекав овој ден, се молев да дојде што е можно побрзо.

    Физичко, 7 час. Кошарка. Преубаво.
    2 екипи, по 7 деца. Мераци.
    Јас и таа спротивен тим.
    Топка лета накај неа. Гледам дека ќе ја удри, ја следам топката. Не помислувам да викнам, не викам. Викам јас, но нема глас.
    Бум - топка во чело.
    Душава ми ја обзема топлина.
    # so happy.

    Зборов ми беше, има карма. Верувам дека има, како поинаку би можела да ја наречам денешнава ситуација. На вистинско место во вистинско време ? Може и тоа, но првото повеќе ми се допаѓа. Фактот што сега сме квит, што ќе има за што да ја зафркавам додека ме зафркава и она мене.
    Најинтересно, јас немам џумка на главата.
    :lol:
     
    На Sara123 и pamelche им се допаѓа ова.
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека секогаш мораме да бидеме подготвени на промени, да се прилагодуваме на ситуациите и околностите,но никогаш да не се загубиме себеси.
    Она што ја чини нашата основа како личност, нашата есенција е она што не прави какви сме треба да остане непроменето.
    Поради НИКОЈ тоа не треба да го правиме, бидејќи покасно ќе и се пребацуваме на личноста поради која сме се смениле карактерно.
    Многу од луѓето се обидуваат да ги повредат личностите околу себе,да го изиграт нивното поверение, да ги направат несигурни во себе.
    Тешко е да се остане имун на сите случувања околу нас, да погледнеме од страна и ги примериме основите на животот, сфаќаме дека повеќето од вистинските вредности се губат.
    Мораме да се обидиме да останеме надвор од тој круг кој ни го наметнуваат личности кои не ги ценат луѓето.
    Светот е премногу изменет,со тоа и луѓето во него.Болната завист е насекаде околу нас,вистинските луѓе потклекнуваат под товарот на животот кој во многу случаи не е ФЕР!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    На Elennaa, Plavusa.17 и Greeen им се допаѓа ова.
  10. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Најстрашно е што ова е само почеток.До кај ќе оди...
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Стварно не можам да сфанам како можат да доаѓаат у 8 сабајле на факултет со кило пудра, ж‘та, лилјакова и црна сенка на очите и дреч кармин. :x
     
    На creshicka, Stoimenovska, PeaceLoveBasketball и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Фаќам гитара и не знам која песна да ја свирам.
    Секој ден по неколку филма спуштам, ама еве никако некој да гледам. Барем не до вчера.
    Колку пати само седнав да го читам Достоевски, па после Емили Бронте, ама никако не им успева да ме заробат меѓу редови.
    А да пишувам... милион само започнати параграфи.
    Изгубена некаде среде мисла.

    Ете таква сум последно време.
    И.. толку. Ни ова немам волја да го допишам.

    Ама сум среќна. И весела. Детинеста... а на сите повозрасна им делувам -- ја скратив косата до рамена.
    Колку ми е убава.

    Тука сум, ако ме нема :)
     
    На kravce, Hipster и Libera им се допаѓа ова.
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денес имав ненормален ден :D бев да слушам предавања од црвен крст за сида ама искочи и за некои други работи :D ни извадија пластичен машки полов орган па се учевме да ставаме кондом :D ок треба да го знаеме тоа не викам не ама чудно изреагиравме сите така одеднаш +во презентацијата имаше слики од женски полови органи и тоа онака убаво како жената си се отворила :D за ова има да се смејам уште 3 дена :D
     
  14. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Неможам ни ја да сфатам.Додека ја одам и спијам они се веќе нашминкани,средени :)
    Можеби ние сме неодговорни :P
     
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Одвај ја чекам утре таа гушка(и персирам на прегратката) што ќе ме стопли во ера кога сите други луѓе се ладни. Мраз! Не дека јас по улица сум слатка, мила и љубезна. Намќор сум и со нос до небо. Ме видела пријателка на мајка ми, и и‘ вели сум го имала истиот од. А јас па, сакам да сум сосема поинаква од мајка ми, со мала доза гордост и без его. Ама ете, за волја на природата гените одиграле своја улога.

    Сакам да пишувам за работи на кои би им давала колоритност и живост, да живеам од љубов, да не се ракувам, туку да гушкам. Очи како џамлии, меки дланки таман за ежење на текстурата на кожата, коса неуредна во кок и рамни шишки. Наместо тоа ние сме извештачени со многу пудра и вештачки трепки, тесни здолништа, гломазен црно бел накит, исфенирана коса, ташни, а не торби.
    На Природава и треба природа.
    И капка спонтаност.
     
    На L-enna, cinderella5, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Денес трчав сегаде. За да не задоцнам на предавање, по воз, за да не доцнам многу на друго предавање. Спринтер не ми беше камен, како сум се растрчала во чизми на мини-штикла по калдрми и низ плоштади. Си ја скинав хулахопката од толку трчање и сега палецот ми ѕирка. Како што јас го ѕиркам животот и како што црвче ѕирка од јаболко.

    Некогаш нема ништо подобро од гледање на луѓе. Ама онака мерачки седиш и ги зјапаш. И некој ќе те зјапне назад, дете ќе ти се исплази, ќе ти подари некој невина насмевка. Во Скопје една од омилените активности ми е да им смислувам приказни на луѓето во автобус. Кога ќе ми текне колку време сум потрошила на тоа. Треба фантазија и креативност за тоа, а фала богу го имам тоа во изобилие.

    Вечерва пеглам и слушам кантри. Дожд ми тропка по прозори, собата мириса на омекнувач. Ја сфаќам убавината на малите радости, учам како се живее со себе си. А тоа е трипати потешко од тоа да живееш со некој друг.

    [​IMG]
     
    На bittersweet, moonlight-girl.55, Buttterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога денот ке ти започне со разговор кај психијатар, а мегу другото следува прашањето дали носиш мини :^) :D ке си речеш што е финтава да не има скриена камера зад мене :? :lol:

    инаку судбината понекогаш не поштедува од познанство со нови луге кои очиглегледно не треба да ги запознаме-како што се вели, со сила убавина не бива :!:

    убаво е кога ке си го обновиш несесерот со нови мејк-ап производи :$
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    ЖивотиЊи... секаде околу мене само животиЊи.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам ужасно, Разочарано, Сакам да одам негде да прошетам и да си ги разбистрам мислите.
    Немам сила да зборувам, немам сила да јадам, и ПМС е тука без него нигде не одиме.
    Факултетот ми оди добро, не можам да се пожалам. Но едно нешто фали.
    Ми фали љубов, ми фали прегратка, ми фалат искрени и топли зборови.
    Нема да ја барам среќата, нема ништо да очекувам, нема ме најде таа мене првен.
    Ми треба тој до мене.
    Но не, тој сепак не е тука. ;(
     
    На Angel.girl, Annie.mk1 и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    И да си кажам, оти некажано греотка е да остани. Болни тупења и оговарања, леле моја мајко мила, јесте да некад секој би забегал на страна за миг, ама некои па толку навлегуваат бре мајката чиниш најбитен составен дел од животта си им. Стокери ќе да некоја си врста. А јас па, камен ли бре камен. Туѓинава својот арач си го даде. Бар нешто корисно ука да се фати покрај самотија која баш за битни настани на скана луѓенца и те како е присутна и крајно болна. Туку кај отидов, муабетот беше дека кога некој тупи тупи што буквално ти иде да му тупниш една да се сести колку иступил у тоа животот и дека џабе зборува и се фали кога бе братче а уста отвори-подобро да не ја отвараше. Кај зина сета интелегенција во вода пропадна ни траг ни глас мори сестро. А тоа што овој пат те поштедив и замолкнав е само некое си мое себе-казнување оти според моите најстроги критериуми задоцнив, па не можам сега за сега да ти ми свирнам една песна прописна и лесна за тоа што и како треба, ама нека. Ако е задоцнето да не е заборавено. Ама најважно е да си човек мајку му стара, со осет и сите нишани и се по ред да си, а не компулсивно-опсесивно безосетна и љубоморна. Жалам човечено си тебе, ама па тој умот си го има си знае да си можчи да си ја тера песната.Таа неговата де.Ми жмигна во знак на разбирање, јас и либево му кимнаве додека од зад грб твој ни кажа оти си знае тој што и како со тебе, а ти па збирај надежи оти од љубов си го ослепила.Ако му побелела косата пред време не значи и дека оќорел.Ствар генетика само.А ти, значи од се срце секоја среќа-на приватен план де, пријателски, а веќе ако се гледаме конкурентно, е бога ми друго оро е тоа. Да се разбереме, им се воситувам и тоа крајно на луѓе кои се кренале од прашина, на оние особено кои биле затупени во малограѓанштина, без никаков осет, ни за облека, камо ли за говор и манир, ама гледајќи од оние кои знаеле повеќе и подобро, мрднале од мртва точка, напреднале и се створиле во луѓе за восхит од кои некои наредни ќе учат.
    Ете си така, секоја ви чест и добра ноќ женки.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.