[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Тврдиме дека сме еманципирани, напредни, евоулуирани суштества од старите закржлавени сваќања и ставови, но сепак срамотно е да имаш вонбрачно дете, сеуште.
    Се срамам што живеам во ваква затуцана, фарсантна средина, и понекогаш се згрозувам, од таквите умови, и тоа жалосно млади личности.
    Останав зачудена и згрозена денес, повеќе отколку секој друг обичен ден.
    И сакаме да бидеме како нехомофобични, како да ги разбираме оние кои се поинакви, од нас, а еден млад 30 и нешто годишен човек се осудува да коментира за некоја што решила да има дете без да влезе у брак,од неа познати причини, па уште и лут зашто жена му седела со неа пред зграда?
    Лоботомија нема да им помогне на таквите!
     
    На bittersweet, mims-89, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    До 31 декември ќе слабеам.
    Секоја вечер си заокружувам.
    Дајте ми поддршка ]:)
     

    Прикачени фајлови:

    • 121119-2340.jpg
      121119-2340.jpg
      Големина на фајлот:
      185,4 KB
      Прегледи:
      494
    На Stoimenovska, Cacy, simon4etooo и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Прекрасна студена есенска ноќ.
    Партизанска е распослана со суви кафено-жолти лисја.
    Како мало дете со нозете ги шуткав ги поткревав во воздух и гледав како лелеаво паѓаат на земјата.
    Јас и тој се топлевме држејќи се за рака, ни недостасуваа само уште жешки печени костени за есенската идила да биде комплетна.
    Иднината е најубавата тема за која сакам да зборувам со него.
    Душата ми се смее кога зборуваме на таа тема, исто како да разгледувам сликовница во која на секоја страница и на секоја слика не има нас.
    Чувствувам топлина која од срцето се движи низ целото мое тело.
    Толку многу сум среќна што ТОЈ е само МОЈ!
    Ми годи секоја ваква прошетка, секој миг поминат со него.
    Имаме исти планови за иднината, нели е тоа судбина?!
    Седма есен заедно...

    [​IMG]
     
    На kikav, MandyLane, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... додека лежевме вчера и без зборови го набљудував неговото лице, со прстот нежно поминував по средината, од челото до муцето, мислејќи на сосема рандом работа, како има просто совршен профил, за разлика од моето чпрто носе, песната што ја слушавме ме понесе и ме донесе до солзи, од сознанието колку многу го љубам и истовремено - колку е само животот краток. Помислив - како следниот пат кога ќе ја слушаме песната можеби ќе бидеме веќе старци, и додека си трепнал - животот за секунда поминал, а мене ми е премалку сето ова време, иако дистанца од 50 години изгледа така смешно далечна... не е.
    Тврдам дека не е, и станав истовремено и тажна и љубоморна што животот е така еден и кус, а мене ми е премногу краток за мојата љубов и за сите работи што сакам да ги сторам за него, за нас...
    И не сум во ПМС, не знам ни зошто сите по дифолт помислуваат дека ако се пекмезиш од романтика, ти беснеат хормоните, мене ми претка чисто љубов и копнеж, помешана со безумна страст и просто... се расплакав, не можев да издржам од помислата дека еден ден ќе го напуштиме светот, зашто мене ни вечноста не ми е доволна со него.
    И сега додека го пишувам ова ми доаѓаат солзи и не знам зошто мислам на вакви работи и која ми е логиката, ако воопшто ја имам, ама ... животот е краток колку здив испуштен при гледање на перфектно зајдисонце, и ако немате со кого да си стискате рачиња додека го зајапате во нема тишина, тогаш - ви кажувам од срце - не сте успеале.
    Кој како сфаќа, ама вистината е таа - створени сме и тука сме само за едно.
    За Љубов.
     
    На Annath, antonina, 1209 и 51 други им се допаѓа ова.
  5. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    [​IMG]
    ;(
     
    На Shelea и karenin им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Here I am...вратена од роденден.
    Убаво си поминав.Утре после школо пак ќе биде јако.А во среда не се учи.Јухуу :D
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    СДК колку е живототв непредвидвив.Кога најмалку очекуваш нешто тоа ти се случува.толку бев уверена дека денов ќе ми помине убаво,кога во 5 до 12 ми се случи она што најмалку го сакав.Го сретнав него :| а несакав да го видам и тоа баш ме фати во лошо изгдание кога изгледувам од латино....со други машки...можам да претпоставам како му беше...се направи дека е се во ред се поздрави но знам дека не е така....А најлошо беше дека јас и мојот партнер се поздравуваме....Нема ден да не ми помине без некој проблем...шо баксуз ќе бев...... :(
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... од кога немам слушано Антена Лав сонгс, вечерва планирам ... ќе ми се вратат убави, романтични и среќни моменти кои ги имам запишано во моите спомени на мојата меморија ... Кој не му се спие, нека слуша и ужива. :wasntme:

    It's all about love tonight ... :angel: :doh:

    http://www.youtube.com/watch?v=ktRsl2hAPhY
     
    На bittersweet, kravce, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. PrivateMe

    PrivateMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    26
    Животот порано или подоцна ќе си ги покаже забите. Во мојот случај мислам дека полека ги покажува низ неговата широка насмевка.
    Прекрасен е. Го сакам со цело срце. Секој ден ме освојува... Иако не е свесен колку :)
    Зарем е можно некој што не го поседуваш физички, толку да се укотви во твоето срце?
     
    На karenin, cinderella5, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира како толку брзо ми поминува времето.
    Како денот 16 часа да трае, а не 24.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кученцето мое, ме разбира повеќе од кој било.
    Денес мајка ми ми рече, "Ричи, знаеш ли дека кученцево тебе те сака нај многу од сите? И 1000 луѓе да има во близина, тоа тебе ти се бута да го гушнеш, и полна чинија да имам во рацеве, тоа не доаѓа кога си ти до него, и тебе највеќе ти се радува кога ќе пристигнеш дома, по тебе највеќе цимка кога ќе излезеш, и те чека до вратата"... Чудно, мајка ми е таа која го храни нон-стоп, си игра, му оди по ќејфот, сите роднини го обожаваат, но ете јас си го гушкам на посебен начин, со многу многу љубов...

    И да ви кажам, можеби е само животинче, но знаејќи колку ме сака, јас навистина не можам а да не сум исполнета!
     
    На Cacy, sweet-cherry, moonlight-girl.55 и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Види колку е часот,а мене ми доаѓа периодичното празнење на сите мои фрустрации,комплекси и неразрешени проблеми во ова мало правоаголно просторче.
    Позитивни мисли,позитивни мисли. Магнет за да го привлечеш универзумот кон тебе.
    Ама, не!
    Оди долу, гледај долу, никако горе. Главата е за да ја наведнеш секогаш кога ќе фејлнеш и да си речеш е браво, друг е крив,а ти неспособна.
    Главата е исто за да те боли во оваа ниедна доба.
    Опуштено лагано, стигнувам до третата фаза од мојата преродба такозвана губење нерви и контакт со реалноста. Онаму каде што застанавме, продолжуваме, се сеќаваш?
    Не ми беше гајле.
    Не ми е ни сега.
    Поврзани сме во некоја чудно причинско-последична врска.
    Јас сум причината-ти последицата.
    Иако без причина верував во подобро утре, со причина се случи. Причината бев јас. Дозволив. Последицата-ти или било кој друг. Последицата-ти во секоја смисла. Причината за последицата беше ти, причината за да создадам причина подоцна да ја преформулирам во последица бев јас.
    И така вртиме кругови, барајќи нешто невозможно.
    Плашејќи се од денес, од нив, од соочување со светот и реалноста.
    Преголем залак.
    Скокна предалеку, повеќе отколку можноста.
    Повторно причината јас, последицата ти и јас.
    Извини.
    Не сакам да патиш.
    Но,за да не патиш ти, не треба да патам јас.
    А, патам. Патам поради тебе, патиш поради мене.
    Не те обвинувам ни тебе, не ме обвинувај ни мене.
    Дупол товар носиме.
    Издржи заради утре, заради подоброто утре.
    Но, тоа подобро утре ми остана на зборови. Празни ветувања од кои никој немаше корист.
    Болката е поголема поради изборот. Еден и единствен за тука. Зошто сакав нешто за кое не бев свесна дека не можам да го имам, само ќе се гушам во убитачното самосожалување и тебесожалување.
    Затоа што се ништожници во мојот живот. Никакви допирни точки немаме, а сепак сме поврзани. И тоа е тешко. Таа алка е толку тенка,а сепак не држи. Заробена тука, застаната тука, во простор без чувство за време, таму каде што секоја минута ти трае подолго од годината, каде ѕидовите ти се единствен пријател, таму. Ти не си пријател. Ти ми си ништожник. Го проколнувам денот кога се поврзавме,а сега сакам што побрзо да те избришам,а не можам. Малку поминав, многу остана. Наскоро ќе биде обратното.
    Ете тоа имав да кажам.
    Друга наредна тема на муабет е кафето и ред булот во исто време. Затоа очиве ми се како пет денарки,а мојата креативност и тотална непродуктивност решив да ја потрошам на оваа тема. Можеби ќе ме сфатиш,заробеник сум. Сонцето заборавив како изгледа. Воздухот не сум го вдишала веќе некое време и се ми е чудно и нереално.
    А, кога ќе се вратам повторно ќе бидам заробеник,ама тогаш во сопственото неприлагодливо јас. Зошто јас како јас со моите принципи порадо ќе патам него да се погазам. Тоа ме прави јас. Што не дозволувам никој да го уништи моето јас, макар и да бидам нон-стоп покриена. Не е асоцијалност верувај. Едноставно не сакам да бидам како тебе и не дозволувам да се спријателам со тебе. Не ми е интересно, не сакам ни да направам да ми е, зошто тоа ќе биде со сила, лицемерно и идиотско од моја страна..
    А, добро знаеме, куче што лае, не каса. Но, ти си свиња удавена во сопствените гомна кога знак прашање е кога ќе ги изедеш.
    Ете толку за денеска, одјава до наредното мрчење или молете се за спас на Ашлинг и да напише некој ултрапозитивен пост кој ќе ви го разубави животот. До тој степен.
    Ах, да.
    Поздрав сепак.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Аман луѓе, мислам хелоооооу!!!!!!!!!! Соблечете се- облечете ги животните :worried: :x WTF?????? Мистерот си е :rock: wow немам зборови за него, ама животните :^)
     
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Ми се спиеееее |-) |-) |-)
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Си гледам фотки од мачки и си се клештам ко дете. Колку сакам да земам да чувам некоја будалаштија од мачор, да ми спие на стомак и со шепа да ме буди, ама онаков, скроз блесав, да се качува по лустери, да прави глупости и да ти даде причина плус да се смееш, зошто е милост од животинче.
    И си приспомнувам како таа љубов кон мацуфките ми е природна, ненаметната (ни татко ми ни мајка ми не љубат мачорски свет), и како цели лета по ред ги збирав сите мачаци од маало и ги чував, скришум ги внесував по дома, а кај баба ми и дедо ми во куќа обавезно здружение правевме со сестра ми за да имаме резиденцијален конгломерат од мачки! :lol:

    Ми текнува на мојот прв мачор, Марко. Жут, со уши саде на него. Го земавме од една колешка на татко ми, чија мачка омачи 4 глувчиња, сите црни, само овој нашиов жуткаст. Го чувавме цела година. Прикаска. Јадеше се’, од лубеница до месен нарезак. Бегаше од фенот и правосмукалката, а кога го бањавме со рачињата споени ко да моли, мирен, мирен, ни да бекне! Ми недостига. Ми прифали мачорец бе. Гледам колку луѓе чуваат, во станови, по мали собички, а пак им носи радост.
    Ама моиве нема шанси да ги натерам, не па да се расправам ако им донесам некое џукче од надвор.
    Затоа, маалскиве си ги дружам, им оставам храна долу во подрум и си мјаукаме од балкон.

    Од друга страна, мојот вистински мачор кога ќе дојде... Па и у февруари, па па па!
    Ќе биде тоа уште поголема будалаштија! :rofl: :rofl: И ко што ми вика една колешка - Пази се тогаш, да не склепате некое дете! :lol:

    И така, сакав да кажам дека се будам со кафе и Серж Геинзбург, на западу ништа ново, почнаа веќе туршии да роварат низ дома, се думам во среда дали да одам на Вуди Ален или Брајан Ино, шворц сум ама некако ми е гајле. Го чекам мачорот за ѕенѕање и меки допири.
    Да, ништо друго не се случува, ама ако.
    Некако, мирно.
     
    На MandyLane, tigerlady, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.517
    Пол:
    Женски
    Тежок знаел да биде животот пред големи одлуки. Грутка во градите, болка на издишување, со солзите не замина и јадот. Живот пред нови препреки, пред нови извишувања, овој пат ќе го направам поубав, за инает на онаа Ангел која беше мрзоволна и која секогаш веруваше во силата а љубовта. Љубов, каде ли барам кога сме ја отерале во мајчина и, ахам, ние двајца, не другите, не проклетите пари и немаштијата, само ние двајца. Одсега нема да биде така, треба ли да се заколнам во битието ми, треба ли да запалам свеќа пред светецот, треба ли за да го одржам мојот збор. Ќе бидам подобра јас, со мојот вечен сопатник, кривата линија на лицето, со болките во душата и малаксаноста јавната во нови предизвици. Една диета, една голема караница и желба за подобро утре, се тоа во име на новиот живот.
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Си ги читам старите мислења во темава. Господи помилууј. [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Glossy-girl, ViktorijaMari, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ден полни мотивација бре! Станав во 07 ќе трчам ама надвор дожд. Викам јаде ќе си подремам. Станав во 8, седнав на фемина најдов вежби од темата на Елементал секоја чест момче, и Ирена почна да вежба, скокав ко некоја крава се тресев глупирав и се изморив. Стара сум бре, али ако, сакам да ослабам ќе се запотам. Правење храна за факс, спремање алишта. Сега си ги спремам нозеве за една прочшетка, пред факс мојата омилена втора рака продавница за 10 минути отвара, кафето во термосче спремно, капчето и капутчето на мене, и има да одам дишам и уживам, ќе си ги носам нив во мислите, ќе мислам дека се можам и ќе успеам. Чим дојдов на крајот на светот, срам би било да не успеам. Способна сум и точка.

    Имјате убав ден.
     
    На ViktorijaMari, NoellePage, Cacy и 12 други им се допаѓа ова.
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Вчера имав многу тежок ден срцето и душата ми се делеа на парчиња ништо небарав само правда,која сум ти јас будала барам правда во овој лажен свет....жалосно но вистинито
     
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Кога треба да учиш


    Koга чекаш некој да излези од WC


    :D
     

    Прикачени фајлови:

    • ucenje.gif
      ucenje.gif
      Големина на фајлот:
      921,7 KB
      Прегледи:
      263
    • wc.gif
      wc.gif
      Големина на фајлот:
      731,3 KB
      Прегледи:
      263
    На Glossy-girl, ViktorijaMari, karenin и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.