[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    8.424
    Помина половина месец каде се трескав и плачев од земја, и ја барав вината во се, и зошто мораше баш на мене да ми се случи ова и зошто не можеше да издржи уште само еден месец па да имаше хепи енд и јас да бидам мама.И ако секоја почната тема од оние кои ме познаваат за ова мислејќи дека е се добро ми е како сол на рана знам дека морам да се соочам со ова порано или покасно.

    И иако знам дека нема да го прочита ова се извинувам на мајка ми, која сум ја имам навредено во нервоза.Сега најдобро знам како било да те боли за свое чедо и можам да замислам како се чувствувала кога сум кажувала лош збор за неа.Се осеќам виновна за тоа ама ветувам ќе се трудам тоа да не се повтори, и да бидам подобра ќерка.Мајка е свето нешто иако ова звучи како клише, вистина е таа е во состојба да направи се за детето. Ја осетив таа болка и кога излезе од мене момчето на кое му смислив име и со кое јас и маж ми планиравме иднина.Кога се пораѓав на боксот и кога место солзи радосници ми течеа солзи од тага и преколнував зошто оваа судбина ми е мене наменета...

    Ајде доста плачење си викам утре е нов ден нов почеток.Од утре почнувам со нова работа.Работа која ќе ми го насочи вниманто во нов правец да не мислам веќе на лошите работи кои ми се случија.
    Ви посакувам убав ден.
     
    На anabel-a, green.eyes, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Мислам дека разбирањето на туѓата злоба и постапки не ми носи многу освен континуиран процес на разбирање на туѓата глупост и простување на истата, зошто едноставно има одговор на прашањето зошто, со тоа им давам алиби, а работите остануваат несменети. Ми смачува веќе да ги одобрувам и разбирам сите непромислени (или пак многу добро промислени) постапки, сета злоба и завидливост, сите тие нешта направени од инает...А на долг рок освен гнев и горчина речиси ништо и друго да не ми носи.
    Дајте луѓе да се однесуваме како возрасни,но за жал како минува времето ја разбирам и реченицата, ние никогаш не созреваме и не растеме, само учиме како да глумиме возрасни и зрели.
    Премногу се осудувам себе си за некои постапки, велејќи си дека вака не постапкуваат возрасните и зрели луѓе,а потоа ќе се однесам себе си да се извинам за истото...но кому? На некој дебил?! Се повеќе се фаќам дека е тоа безвредно и дека тоа мое извинување,тој некој дебил не го разбира исправно, туку го сфаќа како мое капитулирање. Глупости и апсудност.

    Сите имаме право да се подзанесуваме дека сме некои и некакви и дека живееме со некако, ама некои луѓе едноставно претеруваат во истото,додека оние кои вистински живеат не можат да се пофалат дека живеат со полни гради и дека животот им е супер. Премногу внесеност во филм дека го живеат животот по амерички стандард, шејк за појадок, бркање бизниси (ахам...), спорт после работа, бурен социјален живот (пак ќе си запрашам бре, каков народ седи у она Арабеска и Барбакан?! Да претпоставиме дека онаму каде што седнуваме се себеидентификуваме, онда... снобови и игнорантни простакуши,одбирам јас вас да ве игнорирам со се оние бесни коли паркирани пред локалите во ова време на беспарица,а почудни од истите ми се оние кои немаат за такви нешта,а се сметаат за дел од таа клапа. Ми смрди на тежок очај.),а никаде вистински пријатели во суштина, духовно се обогатуваат со шунт во секоја смисла и плачат за сеопшто одобрување. Да,да, ве разбирам тоа е во човековата природа и ајде да се помириме со истото несвесно дека тоа ве прави чудовишни идиоти кои почнуваат да се однесуваат нерационално и оп,не носи до првиот параграф на мојот пост. Едноставно тие помирувања престанаа да носат погрес во човечкото однесување. Демек денес сме толку самосвесни,а од друга страна го зимаме здраво за готово и престануваме емотивно и духовно да се надминуваме, надраснуваме и надградуваме. Како све тоа во теорија го живеете со тој опасен ваш живот,а во суштина сте сами по себе тривијална глупост?! Кој знае колку големи изгледате во вашиот свет... од детето во вас останало само неразумниот детски давеж кој себично кука по внимание, но не и моралните судии од страна кои порано таа улога ја имале вашите родители,но сега вашата совест,но не и убавиот дел од детето- креативноста, чистината, негрижата што ќе рече надворешниот суд кој пак како иронија на претходно кажаното,сега повторно не се должи на вашата совест,ами на околината која сакате да ја импресионирате,но сепак не ја слушате дека сте смешни и глупи.

    Треба да научам да се носам со многу нешта,особено со фактот дека со текот на годините луѓето не созреваат, туку глумат зрели и само нараснатата брада, брчките или многу шминка кај жените им одобрува да се понашаат идиотски.
    Ко што прифаќам дека можно е и да останам стара мома...Ко што реков, сега, не ми треба машко внимание,пошто за да се зезам, речиси и да го имам, ама да ми шета по куќи и да го координирам за све што правам, не ми треба...Но на години во иднината... нема да се одучам да пијам пиво, нема да се одучам да бидам директна и поважно,нема да се смени фактот дека знам што сакам (од другите де,ама од себе знам често и да не знам,ама го молчам) и дека кога влегувам во продавница минувам точно 2 минути за да сфатам дали има нешто што ми се допаѓа,а мажите колку и да се жалат во истото,пре ќе изберат некоја неурамнотежена глупачка чисто за да демонстрираат моќ на некои суптилни нивоа. Ах да,во последно време и нешто и не си помагам многу да ја рафинирам женственоста, пошто почнав од неодамна и пиштоли да чистам... и ај сега?! |(

    И така,добро утро и на вас.
    Јас правам алхемија од кафе и себе надградба рано посабајлечки.
    Ја сакам моја Мица и ја гушкам.
    Ме убива светот,а јас пак го сакам.
    Све ќе простам,освен злоба,ама на крајот и неа ќе ја разберам...
     
    На bittersweet, Ordinary, teddybear и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Дали навистина само овде немаат слушнато за чај со водка?

    Вчера на 'кафе' - беше ден за славење. Не бивало да се слави со чајче. Рано е за алкохол. А златен микс? Зошто да не бре. А нели водка со чај од јагода е нешто преслатко?
    Дојде тој келнерот што секогаш не служи, а и онака сме му симпатични со братучедкава, и мислеше дека само на шала беше нашата порачка.
    Срце, тој, ни донесе само чајче и си замина, па се првирати и со некое колаче. А ние, пустите, расположени до максимум, верувавме дека навистина има водка во чајот, се додека не се подолади малку а еден полсаат за конечно да имаме шанса да го пробабме. Еј што беше, само чај. И тоа нејзиниот шербет затоа што пол кило шеќер му тури.
    Следната порачка се осигуравме дека навистина ќе ни донесе тоа што го сакаме. Ете го, се врати, со коментар "Абе вие со се вотка си пиете? Со сокче, со чај, па со џин и тоник минатион викенд." Да, да, сите миксој. Овај пат и чоколадче "не почасти", за мене тоа на кое што пишива "I love you." Случајни случајности. Се сомневам дека знае три збора на англиски.
    Така, голтки, чаши, врати се-припорачај, спремна бев за на час. Малку премногу весела можеби. Ама нема врска.

    Кога е денот за славење, има да се слави, па и десет школски часа нека се пред мене.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    Да ве известам тие што ќе го празнувате утрешниот ден на дрвото, дека денот ќе се одработи оваа сабота, одн. на 24.11.2012 ;) , епа чорба, јас сум на свадба, се заебале дека ќе одработувам. :lol:
     
    На pamelche и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    И јас така би играл Абеја,и јас неработам,а и немам намера да одработувам,мислам кои глупости ако е неработен ден зашто да се работи во сабота? нема шанси не одам на работа. ;)
     
  6. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Вчера случајно ја најдов кутијата со сите мои споменари,дневници...Кога ја отворив се вратив години наназад...години кога мислев дека во животот се е убаво и розево,години во кои мислев дека е лесно да успееш да бидеш тоа сакаш,,време кога мечтев дека и јас еден ден ќе имам љубов како што имаат моите родители,после толку години брак и мене некој толку ќе ме сака.Се вратив на моментите кога со сестра ми се каравме за кукли...кога имав безгрижни училишни денови,кога знаев дека каков и да ми е проблемот ќе го споделам со моите родители и веднаш ќе ја снемаше тежината од моите гради.Со зартворањето на таа кутија,јас ги затворив сите мои убави денови,сите мои сонувања...Како што со годините доаѓаат и проблемите сватив дека,во овој свет се е лажно,сите околу тебе гледаат само да ти ја разгорат раната за уште повеќе да патиш................. ;( ;( ;(
     
  7. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    ептен досадно ова страјков :worried:
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Леле имаш само 16 години и ваква одменост,па уште и за алкохол. Едвај чекам да пораснеш и да ги коментираш француските вина со неразбирливи зборови и со какво мезе одат. |(
    Стварно трагична работа што доживеал тој пусти чај...
    Да,не слушнале пошто ова не е Русија и не е попознато како чајот со рум... дил уит ит.
    Епопеја за неудостоениот чај со вотка...
     
    На Monna.Monna, mims-89, MacaLove и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    Абе живи глупости, празнуваат ден на дрво, всушност садат дрвца, наместо да се потрудат да ги сочуваат шумите од дивите дрвокрадачи. Особено каде што има шиптарски села, се краде на големо, за нив нема закон, ќе украде па ќе запали, демек леле пожар, а уствари да се прикрие кражбата. И после ден на дрво, ти реков-ми рече, ќе правиме маска, да види светот како ние мислиме на екологија и заштита на земјата, и ќе ти расипе викенд, како демек некој сакал да не работи тој ден.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... Ko9FyvJtqw

    Ќесеотрујам ОДМА!
    Какви ви се овие машини за перење бе?! Какви?! За три месеци амортизација од *преебаност* на машинава, тоа бубањот ќе почне да скока и да почнува да си шетка машинава за перење по цела просторија. А башка кој има време бе саат да ја чека да испере?! Што као по дома не можам да си перам у ваква машина?!
    Владимир, синко, па ова е чиста идеја на еден почетник претприемач. Ал аплауз за наивната детска идеја... да се надеваме дека ќар ќе видиш од студентите или ќе ти ги искршат као и самите студентски домови... А башка кој ти е рачунов бе синко?! 60 денари перење,100 денари сушење,плус си носиш прашок и омекнувач сам. И сеа ако сакам да уштедам 100 денари, замисли ме како со легенот си ги носам под мишка за да си ги пружам,пошто како инаку мокри?! Тоа ти се 160 денари од старт и омекнувачот и прашокот...пфффффффффф...абе иди бегај бе.
    Американските перални се друга ствар,ти си се изгубил у идејата...

    И се молат некои стари и нови феминки да не крадат инспирации од фемина за да таму на твитер се расфрлаат,пошто им ги знам другарките и можам да им кажам дека им се глупи,со се сет тој евтин изглед и јавно муабетење по фејсбук за ОПЕРИ, ТЕАТРИ И СЕРИОЗНА МУЗИКА,а вода у очи немаат. Пошто лесно се провалува закоравена медиокритетчина што гради живот на база на врски,а и лесно се провалува потреба од потврда од јавност. Не друго,квалитетот ви се фаќа на три цаки и толку од вас,толку,толку. Тие поетичности и патетики кои преминуваат у тешка шундерија што Саша Греј има повеќе квалитети од вас. А и вашиот шмизла-префинет изглед со замазнетост на фризура открива дека ја немате таа авангардна природа која сакате да ја наметнете на околината,всушност потенцирањето на истиот изгледа дури и грубо сакајќи да се наметнете како фатални жени по многу точки,а секој попаметен брзо ќе ве провали. Епте типичен школски пример на многу комплекси и тежок хот мес сте,некој ви го гледа хаосот и зад таа фасада. Лечете си ги комплексите сами,ние да сакавме да твитаме, ќе си твитавме одавном. Фала и пријатно...
     
  11. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Денес е роденден на FEMINA :party:
     
    На sweetgirl1106 и LittleFairy им се допаѓа ова.
  12. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Забележав дека скоро секоја поп песна е копија на друга. Скоро да нема оригиналност, ама ајде, сите ги слушаат. Дури и јас, уште ми се убави и релаксирачки. Ама па, класиките од 80-90 се
    најдобри за мене.
    Е ова беше моето дневно откритие :D


    Ајде да имате убав ден!
     
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    4.857
    Пол:
    Женски
    Некогаш е многу тешко да им веруваш на луѓето.. Колку и да им даваш шанса, тие секоја наредна ја коцкаат.. Таман помислив дека има некоја промена, пак се врати на старо..
    Се прашувам, толку ли е тешко некому да му се посветиш? Само и единствено на еден човек?

    Некои луѓе не се створени да сакаат.. Некои луѓе пак, не се створени да бидат сакани... Се прашувам, во која група ли сум јас?
     
    На kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Да живее денот на дрвото ! :rock:

    П.С-Во модни критики,сите за мартинките ме критикувате :|
     
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Се прашувам, ете чисто онака, кога сите би престанале да се прават дека се сезнајни и се сопрат за миг, ја извадат човечноста и трпеливоста, дали би сфатиле оти на човека понекогаш му е потребна само тишина?Ама онаа која најубаво знае да сослуша и разбере. Онаа која не осудува, туку рационално резонира и ти дава совет, онака да те раздрма, како да си полиен со чаша ладна вода. Да се стресеш ос реалност, а истовремено добро да ти дојде освежувањето. Да се редат беспотребно филозофии, ма која е смислата, ете не знам. Живот ко живот, секаков и никаков. Разбирање,давам и сум давала. Ама сепак останувам на тоа(кое некои никако не можат да го сфатат) оти ако не си поминал низ некои работи, ама нема здраворазумна можност да ги сфатиш. Се’ во свое време велат и да така е. Некои работи, ма колку да ти фаќа тоа црпката, не може да им дадеш реална, своја димензија дури сами не те штипнат дека ти се случуваат. И колку умови да ти се посолени, дури не го изодиш сам тој пат...И се прашувам, (читај уште и плашам) кога е волку тешко да се збираат умови како минат годиниве, знам имам многу да дадам, сакам да дадам, децата си растат, ама тишти фактот оти колку и умови да имаме не можеме до срж да им ги дадеме, како што не успеале нам да ни ги дадат.А тоа е тој факт кој од пафти го вади секој родител-да му олесни на детето свое колку може. Ама сепак, мора да сме борци, сами да се избориме и да оставаме да се иаборат,да ојачаат. Се’ што можеме да даеме, е безусловна љубов, разбирање и поддршка, а и молба до Оној да им даде среќа и да им го осветлува патот на правилните одлуки.
    А од Трендафилка муабетот и те како знае да ми се смушне неосетно и тоа баш кога сите спијат, а јас будна ги галам и им се радувам на секој миг со нив. Проклет, проклет миг што срцево ми го пара, а тоа трае и боли, боли тоа пусто. Во една прилика се најде една дотична да ми рече-Па убава разлика во години сте со маж ти, не се прашуваш кога тој ете ќе умре ти млада сама ќе останеш, не те плаши тоа?
    Нозе ми се пресекоа на дрскоста. Нека е реалноста не ја негирам, ама па смелоста? Со кое право?
    Мене не ме плаши смртта.Впрочем никој не знае кога му е пишано. Така и и’ одговорив-Тебе кој ти гарантира дека тебе или на мт нема утре ден не дај Боже нешто да ви се случи, на пр кола да го=те удри или не дај Боже пак ќе речам нешто друго? Животов за жал или не, не дава никаква гаранција.
    Единствено што плаши е неприсутноста и неможноста да се изнарадуваш заедно на сите убави мигови, кои треба да се креираат. Ете тоа. Љубовта знае да плаши. Таа најмногу, оти е најмоќна, најнеосетно присутна...Те прави борец за кој не знаеш дека си можел да си, ама и просјак пред нејзините врати кој понизно и се насладува и ја милува.
    Која корист од страв...Не стравувајте, само силно, силно љубете и бидете љубени назад.
     
    На Shelea, ilipili, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Оној светол момент кога после толку месеци доцнење на плата, ти исплатуваат неколку во рок од две недели ^_^ :makeup:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    и други вакви сликички... :D
     
    На Neytiri, ilipili, La.Reina.Del.Sur и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    По напорната колоквиумска недела од која паднав скоро по сите предмети и во пресрет на утрешниот неработен ден, јас денес си дадов сама на себе - "заслужен" слободен ден. Си поврзав де :D

    И така сега си уживам во пижамки сркнувајќи си од кафенцето.
    Низ собава ми трчка едно малечко детенце од комшии, а јас му изигравам ДЈ ( освен бебиситерка, секако ) и му пуштам песнички. Ама она, песнички песнички да не кажам од наше време.
    Патем, јас си евоцирам спомени. Ехх, убави времиња беа тоа :)

    Натака не би коментирала. Ем затоа што веќе ме спука носталгија, ем затоа што тие никогаш нема да го имаат она што некогаш го имавме ние. Свесни сме какво детство имаат денешниве деца и повеќе од очигледно е какво детство ќе имаат наредните генерации. Ако тоа може да се нарече детство. За жал...

    Само би ве прашала - http://www.youtube.com/watch?v=nrnBaLtVpNw се сеќавате ?! Какви спомени Ви буди песнава ?! :)

    И баш тогаш кога сакав да се навратам на детенцево и да ви попишувам за тоа колку јас обожавам мали дечиња, колку само уживам во нивно друштво и дека освен денот ми го разубавуваат и животов, па ќе си пофантазирав и за моите :$ ми се најавија гости :|

    П.С. НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН ФЕМИНА :^:
    А ние, да си останеме вакви какви што сме, да си продолжиме да споделуваме среќа и тага заедно, да се советуваме и да си помагаме... Најбитното, секогаш сплотени ! :hug: :l:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Зграбете го животот.

    Престанете да правите компромиси со единственото вредно на овој свет.
    И не чекајте го моментот што ќе ве натера да го сфатите ова, зошто тогаш сигурно веќе сте извадени од колосек.

    Зграбете го животот, сега, тука!
     
    На Dentina, Lux, eli25 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ооо денес славиме роденден :party:

    Тргнав да пишувам нешто друго ама мислам дека е баш и време и место да напишам неколку реченици за форумот,со оглед дека денес е роденденот на нашето мило катче кое е дел од нашето секојдневие.
    Ќе излажам ако кажам дека од форумов не научив многу работи.Вистина,чудно е како човек може да научи од мислења на луѓе кои не ги ни познава,да се информира,да споделува среќа,да штрака по тастатурата кога е нервозен.
    Форумот e место каде што можам да си се испразнам и воопшто да не чувствувам грижа на совеста.
    Прекрасни луѓе има овде,баш би сакала да имам такви и околу мене,ако воопшто се такви како што се прикажуваат,ама нема врска.
    Не дека нема такви кои секогаш знаат да осудат некого,но без таквите не би било интересно.

    Среќен Роденден Фемино наша,уште многу многу награди да застанат до твоето име.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Кравче дај ма фрли малку наваму! :wasntme:

    Сакав да кажам имам свој изум!
    Пребарував на интернет и не го најдов она на кое јас се сетив.
    Всушност се работи за производ за лична хигиена, па ако досега некој се сетил на тоа сигурно ќе се продаваше на пазарот нели?
    Сакам да превземам соодветни мерки и да си го патентирам својот изум.
    Најпрвин да дознаам повеќе информации околу тоа кој чекор треба да го превземам, потоа стапувам во акција.
    Ќе ме гледате на една од владините реклами. :lol:
     
    На tea4e и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.