[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Skid.Row.And.Life

    Skid.Row.And.Life Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Здраво феминки !
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се наспиеш, уствари преспиеш, скоро 12 часа. Оу, да.
    Да е тука мајка ми и да ме види како во 2 часот по пладне го пијам првото “утринско“ кафе, ќе ги крене рацете разочарувачки во воздух и ќе ми одржи предавање за тоа како го преспивам животот. И би била во право, ако имав работа да станам во 7 и да го исцицам цел ден. Ама немам, апсолутно немам ни една обрвска денес, и убаво ми е.
    Мачорот сеуште го нема, ако некој воопшто го интересираше тоа. Од што толку опсесивно ми недостасува, вчера цела вечер гледав видеа со мачки и читав рандом факти и стрипчиња на тема мачки. Не знам дали сте знаеле ама Хитлер бил мрзач на мачки(не е многу тешко да се согледа), а Линколн ги обожавал, па си земал четири во белата куќа. Не е нешто многу важен факт, ама можам да го искористам во контранапад на мачкомразачите во друштво, хитлерови другарчиња. ]:)
    Се гледа дека не ми е лесно. Ама ич. И не само затоа што дембелиот го нема, целиов период ми задава товар на рамена, што едвај го носам. Затоа и не ми се излегува од дома, не можам да шетам од што тежи.
    А просто се чудам како некои луѓе мислат дека само тие поминуваат низ кризи и дека само на нив им е тешко, притоа ја користат секоја можност да дадат дознаење за истото. Од такт ме вадат, зошто не е многу тешко да приметиш дека секој втор човек си има проблеми, мислам очигледно е со оглед на времево во кое се наоѓаме. И мене никој не прашал за моите проблеми, ама јас со секое затварање на надворешната врата зад мене, ставам еден широк осмех мислиш дома еднорози и виножита имам. Немам.
    Ама јас не зборувам за нив за да ме гледаат како многу реална личност, и да ми додаваат епитети.
    Од самосожалување никој ништо добро не видел. Ниту ќе те направи подобар човек фактот што споделуваш проблеми со сите како да си најотворениот човек на светот, ниту ќе ти помогне да се справиш. Во најмала рака, се покажало дека луѓето кога слушаат туѓи проблеми, повеќе се ситат на нив отколку што се нудат да помогнат.
    Додека пишувам си мислам што убаво би било да можам еден ден да држам мотивациони говори. Чисто онака, од задоволство. Може и да немам многу да кажам, ама тоа што имам, знам како да го пренесам. Имам барем таков ефект на луѓето, а и пре би давала, отколку да земам.
    Спикинг оф, времето ми летна, а јас морам да се спремам. Ме чека пробување на многу долна облека, од која дечко ми треба да си ја избере најомилената и да ми ја подари.
    I've been a really good girlfriend изгледа. Not. :D
    :wasntme:
     
    На Shelea, anabel-a, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Знаете што е најлошо? Кога некој ке заклучи нешто од некоја ваша постапка, и не се интерисира зошто така сте постапиле. Не е се онака како што изгледа. ;)
     
    На anabel-a и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  4. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денес сум многу горда на себе ми беше многу тешко, но не го покажав тоа како што правев обично. и си го разубавив денот.. Имајте сите убав ден.. А на фемина нека и е среќен роденденот да ни опстојува уште многу години и листата со квалитетни форумџики постојано да и се зголемува :)
     
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Понекогаш си мислам да имав моќ и да се телепортирав до дома додека тој е на работа, а јас буљам во компијутер немајќи што друго да се прави ......има што да се прави ама во денешно време тоа што си го завршил кое некогаш се викаше факултет :D не ти вреди ако не си дал г..или пак си омрсен во некоја политичка партија , па така ќе си седам дома и ќе ми пропаѓа стажот и се друго со него.
    ...барем читам- некако да го користам продуктивно времето и не за да ми помини време ами затоа што сакам, затоа што пулсот ми расте додека си седам в библиотека со нова книга в раце, додека откривам и им се радувам на новите карактери во книгата додека го осејќам мирисот на старо на исчитано на искористено во оваа или онаа смисла, и мислам кој ли пред мене ја читал каква ли импресија оставила :?: .И сакам да си отворам моја книжара како оние на некој славен Нујоршки стрит :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали еден ден ќе вредат сите жртви што сум ги направила, дали еден ден ќе ми рече некој фала за тоа што се нервирам, што си кинам живци :devil: :devil:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    3.742
    Денеска сум подобра. Добив убави совети од три женички на форумов и сфатив дека нема застанување се додека се бориш ќе успееш, не е битно на каков начин. Најбитно е да се бориме..

    Една е ...
    Како што е еден животот

    Една е...
    таква е родена,
    да биде прва во борбите
    последна во предавањата...

    И боса ќе гази низ трње
    ама ќе истрае, како пиреј...

    Последната воздишка ќе и биде рака
    со која ќе го фати почетокот.

    Една е...
    Моја копија, мое поголемо огледало...
    Во неа се собрани сите мои емоции
    а во мене нејзините минати...

    Се вкрстуваме некаде меѓу сегашноста и иднината
    и го повикуваме минатото некогаш да ни се придружи...
    Чудни се некои патишта...
    уште почудни нивните сличности ...

    Една е...
    Моја потпора, мое рамо, мој столб, мој темел...
    Таа е онаа што ќе ме разбира и кога никој друг не може
    зошто таа ме живеела мене уште многу порано.

    Таква е иста
    луда и смирена...
    од една крајност во друга се удира
    плете љубов од сопствените болки
    се раѓа од сопствените празнини
    се издигнува од пепелта
    за да блесне во сопствениот сјај.

    Споната и насмеана
    во душата шарена
    секакви бои видела...
    и со секакви мастила сликала
    секоја техника ја знае
    зошто се е собрано во неа
    се на светот што некаков израз има...

    И таа ќе биде љубов...
    зошто за љубов е родена
    ќе пркоси на се и сешто
    и ќе успее...


    А и јас преку неа...


    Те сакам моја најдрага мајко !
     
    На Libera, kravce, La.Reina.Del.Sur и 5 други им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Си седам тука, ве читам феминки и одеднаш слушам 'ринге ринге јаја дошол чичо Паја :)! Мојот е, кој друг, тврди дека новата песна на Роби Вилијамс е плагијат на Ринге Јаја ;) ! А сабајлечки бевме да купиме намирници и го гледам детево како лудо бута ли бута стоби флипс во цела кошница. Абе сите ги собра од рафтот. Цела кошница ни беше преполна. Се газевме од смеа, буквално стомак ме заболе од клештење. После 10 минути поштено си ги врати на место. Добро земавме 8 пакетчиња, другите не. А Дали сте запознаени со тоа дека, во еден од Супер маркетите во нашата метропола има папучи кои вредат 900 денари. Што пара е тоа за папучи :x ! После бегавме од полиција. Цел град врие од нив, а мојот нема ланци за нашето брмчало. И така седам јас безработник, очајно се осеќам што немам свој 1 денар. Од моја 21 година не барав пари од дома. А сега, е по 2 ипол години сум шворц. Ја нема стипендијата, ни работата. Нема да дојдам дома и да кажам - Мамооо денес ти купив Томи мајонез или Мамо ти ја купив најголемата бајадера од Краш.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Смеам ли да кажам дека ги сакам и мразам читај еднакво продуцентите на Lipstick jungle!
    Како може некој толку прекрасна серија, значи ПРЕКРАСНА, да ја сведе само на две сезони?! |(
    Револт најголем до сега во врска со сите мои гледани серии!
    Таман си ги симнав двете сезони, таман за 4 дена сите си ги изгледав, таман ги засакав, значи се заљубив во ликовите и соживувам со нив, и дојде крајот?!
    А нееееее, веќе не се нафаќам да гледам серија која има помалку од 3 сезони и ТОЧКА.
    РЕВОЛТ КОН КРАТКИТЕ ДОБРИ СЕРИИ!

    Друго, драги мои, после големиот напор од бринета да постанам плавуша, и сум веќе едно добри 11 месеци, сега во 16h имам закажано фарбање, и одам со нова боја.
    Незнам дали има други како мене, но јас сум личност која љубам промени, сакам спонтаност и авантури а воедно се нешто брзо ми здосадува.
    Плачев да добијам нијанса како оваа, ја износив, и толку, бев среќна, ама сега со новата боја одам да бидам уште посреќна и со мерак да си ја гледам и чешлам.

    И кој има комбинирана кожа нека си ја проба маската со мед и портокал.
    Шајни лејди фејс сум.
     
    На JuLleE, anabel-a, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Чат пат се разочарувам од животот,но ете како што секогаш си велам ,,Живот-компот".Понекогаш ќе се погоди,а понекогаш не.Тогаш кога мислиш дека си среќен и дека и другите оклу тебе се,ќе удри нешто,ќе се случи нешто...Овој пост и го посветувам на мојата другарка која ја изгуби мајка и толку млада;( Некако како сон да беше,не ми е јасно зошто така се случува ова...Во главата овие денови ми се вртат милион прашања,а на едно од нив немам јасен одговор.Размислувам како некои луѓе живеат,како други.Дали навистина постои правда во животот,или е како к'смет,што извлечеш тоа е :?:
    А еве и Нова година се ближи...А јас како секогаш незнам каде ќе одам и што ќе правам.Секогаш е така,никогаш немам јасна слика за тоа што ќе биде или пак за тоа што го сакам...
    Како секоја година да сум со различни луѓе,но никаде не застанувам за стално.Секогаш се варкам некаде,како некој патник чиј пат незнае каде води.Само нека помине време,сепак колку толку времето ќе излечи нешто,но сепак не се...Овој период многу брзо ќе заврши,сега уште малку НГ,па потоа малку зимски одмор,па пак школо,па матурска,па матура,па барање фалкутет...Доста работи ме очекуват,ама јас немам поима што ќе правам...Се со свој тек ќе дојде.
    Еден поздрав до сите :*
    https://www.youtube.com/watch?v=26EP0gh ... el&list=UL
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Вашите деца не се ваши деца
    Тие се синови и ќерки на копнежот кон Животот.
    Тие настануваат низ вас,
    но не од вас,
    и иако се тие со вас,
    тие вам не ви припаѓаат.
    Можете да им ја дарите вашата љубов,
    но не и вашите мисли,
    зошто тие имаат сопствени мисли.
    Вие можете да ги вдомите нивните тела,
    но не и нивните души,
    бидејќи нивните души живеат во куќата на утрешнината,
    која вие не можете да ја посетите,
    дури ни во соништата ваши.
    Вие можете да тежнеете да бидете како нив,
    но не терајте ги нив да бидат како вас,
    зошто животот не се враќа назад,
    ниту се задржува во минатото.


    Калил Џибран

    ГОЛЕМА ВИСТИНА! :clap: :clap: :clap: Сигурна сум дека многумина ќе се сложат со мудрите зборови од 'Пророкот'.
    Посветено и на еден фемински муабет. ;)
     
    На La.Reina.Del.Sur, BeYourself, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    254
    [​IMG] :D
     
    На kravce и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.886
    Допаѓања:
    102.168
    Пол:
    Женски
    СДК денов мек,мек да помек не може да биде.Иако сонце нема ни за лек,не ми се прибира денес дома.Убаво е кога нашине комуналци ќе заборават да ги зачистат улиците, а листовите на дивите костени суви и паднати се најсовршени за мене.Просто ми доаѓа да ги соберам и сите да ги залепам на хамер како што правев како дете.А сега не посегнав по ниту еден лист иако оддалеку им се воодушевував.Зошто?Можеби зашто денеска детето во мене беше мирно..и затоа што имам проблеми со покажувањето на емоции деновиве,се плашам да не станам емотивен паразит...
    Во рерната крчка ручекот,палачинките се испржени а имам и костени,абе рај за душата...одам да се завиткам во она топло термо меко кебенце ,јес да кинеско е ,ама добра работа направиле :clap:
    СДК-2 - В недела имам свадба,што ли да носам ??
    сдк- 3- Мразам кога испуштам повик,баш во моментот кога се јавам,а личноста прекинала.И кога во истиот момент вртам,ѕвонам милион пати,и никој не се јавува.Што точно си направил кога си завртел на мене-си го џитнал телефонот и си побегнал на Северен пол? :^)
     
    На Serafima, Moira, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  14. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Деновиве ми се преубави,иако не очекував така :D Љубовта сеуште цути како бетон,ама не се секирам,млада сум си уште :D

    Ќе станам тетка :D Жена му на братучед ми е бремена со машко детенце. :inlove:
     
    На kravce, Glossy-girl, Jagoda123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182

    13 години имаш нели ?
    ....
     
    На Monna.Monna, La.Reina.Del.Sur, creshicka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Денес малку ја запоставив фемина среќен роденден :) Со братучедчињава навака натака, јадевме па си игравме цел ден би била со нив. Ејјј колку брзо растат затоа јас треба секој ден да ги сликам зошто секој ден некоја промена има кај нив.

    Мала збунка со ова факултетов ејј не се нормални бре до 10ти морало да се плати како да не, се надевам длабоко во себе тоа важи само за од 1 до 3 година а не за нас постдипломциве. Кај почнавме покасно па одма со датуми и закани за плаќање едвај чекам да дојде понеделник да средам таа работа инаку ќе ме полудат еј многу збунки уште на почеток.

    Многу бурна недела утре слава, задутре роденден (можеби и да не се оди) а вечерта кафана. Е тука имам голем проблем. Можеби кај нас нема некоја голема разлика помеѓу кафана и ресторант?! Јас под ресторант разбирам мирно, тивко место за вечера со чаша винце и тивко музиче да те натера да заспиеш а кафана луперај до небото и назад , певаЉки, голи цицки итн итн. Јас не сум таков тип и во целиот мој живот 4 пати сум била на тоа место а најголемиот проблем ми е облеката. Ај да ми кажеш кафе, хавана некои така пабчиња знам од прва ама кажи ми брате кафана е ее ме погоди. Прво нешто што помислувам е штикли. Е сега ги имам еден пар и тие планирам да ги носам ама што правиме со облеката која не ми е за такви ‘‘прилики‘‘-неприлики а ?? :rofl: Тешко е да си во моја кожа тешко е.
    Не можам бре ај горе ќе се снајдам ама обувки ај да ги опнам крмастите тимберланТКИ :rock: Ма све за љубав бре ај еднаш нек се угоде со неговото друштво да се опуш(Т)ам :emo:
     
  17. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Ах, колку го сакам овој 20ти Ноември!
    Мене ме викаат да пробам од баклавата, од тортата, од сите деликатеси на мајка ми, па и за дегустирање на новото вино, зошто да не :) .
    Убав ден е, зошто е ден пред св. Архангел Михаил. Моја слава, а и единствена слава која ја празнуваме.
    Уште поубав ми го направија и најпрекрасните, најдобронамерните, луѓето кои толку многу ме разбираат, а толку малку се видуваме - баба и дедо.
    Одејќи по патот накај нивната куќа приметив дека има една огромна насмевка на моето лице. Се' ми се чинеше толку убаво, се радував на есента, се радував на посетата, се радував на денот, на животот!
    А тие? Ми го исполнија срцето слушајќи ги, пиејќи кафе заедно со малата.

    Одамна ме немаше овде, ама решив повторно да споделувам делче од моето секојдневие со вас бидејќи ми се чини поисполнето, позрело од претходното. Како да пораснав, а?
    Можеби. Годините поминуваат, но и паметот доаѓа. Или како што баба рече: "Ние си остаревме, но ти си порасна".

    Чинам дека ме гледа некој од горе и вели: "Имам посебен план за неа''. Можеби е погрешно, но се чувствувам посебно. Се чувствувам сакано, иако нема некој што ме љуби. Се чувстувам зрело, иако сеуште сум само еден надежен адолсцент. Чудно.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Европа како континент е прекрасна бре :) ....толку прекрасни градови со богата и примамлива историја секој град со своја приказна .Кога би имала пари од повеќе гарантирано сите би ги трошела на патувања.
    Холандија, Англија, Белгија,
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, kravce, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Во животот треба да бидеш упорен...како на пример луѓево што праќаат покани за игриве на фб :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Serafima, butterfly33, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.786
    Допаѓања:
    17.795
    ^ Нека пратат за свадба една, да видат таму колку играм. :D

    За се ја крива само да бидам, само вико по мене да иде. Иамала сум двојка, не ме било срам, не сум учила дрн, дрн. Син и има 40 оправдани 6 неоправдани, ништо, сите биле такви.
    Ја гледав нешо у фриждер, а татко ми не ме виде оти бев наведната и мислеше да го затвори и ме удри. Се налутив ја оти ме здобороле, ете ја мајка ми одозгора, се мене ме болело, за се сум морала да се лигавам. Е, да ви кажам сега татко ми ме гушна.
    Шо да правам ма жено, кажи. Таква сум.
    Ете ти го син ти, за се е он најдобар, се он знае, се он слуша. Ете ти го глеј си го.
    Плус, сама викаше дека сум у избувливи години, дека неможам се да трпам.
    Ете така, си го слушам надвор како паѓа ноемврискиот дожд, си слушам какоа Аксел пее за ноемврискот дожд. Си го гледам спотот и си липам.

    Ај чао.

    http://www.youtube.com/watch?v=8SbUC-UaAxE
     
    На Chica.Loca и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.