[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сега, сега се лутам на самата себе си, што толку брзав да пораснам!
     
    На CIA, starbucks, cigarce и 6 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Не ми е јасно зошто некои се плашат да се побунат, само затоа што може да им се намали оценка.
    Пимер: другарка ми.
    Учи ептен, нема предмет, нема час а таа да не е спремна.
    Уште згора на тоа се плаши да бара правда. Ќе и ја намалел оценката, хм? -Како може некој да ти ја намали оценката кога ти се знаеш од А до Ш. Море..ќе му викнам комисија па ќе видат што е и како е.
    Ја ништо не знам, па пак баам правда.
    Ми се заканувале дека ќе ми стават единица за да престанам?
    Слободно, и две нека ми стават, ама да се знае праведното, како и што е.
    Уште и ми викат си нема разбирачка со наставници, врти-сучи по нивно ќе е.
    Ма немој. Слаб интенетот, то филм нема да го гледат кај мене. Ќе видиме чие куче точак вози.
    Едни наставници не ме сакаат ради тоа, други ме сакаат, оти си барам правда.
    И така.

    Него, да прашам нешо. Кој е бројот кај што можам да пријавам неправилности во училиште?
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Денот по утрото се познава. Веќе имам претпоставка за утрово. :D Ненаспана, изтоштена, а после треба у 7 да станам, битно јас си седам на ком. Браво замене, паметно од моја страна, и после животот бил суров. :D
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Составот на денешните врски:
    Машко,женско,љубоморни бивши и пријател кој тајно чека да раскинете!
    мајкеми така е
     
    На creshicka, Monna.Monna, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  5. mystic999

    mystic999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    И што и да пријавиш мислиш дека нешто ќе се смени?
    Во право е другарка ти - наставниците биле и ќе останат такви, незаштитените ученици постојано ќе бидат испрашувани зошто они одговараат и за другите - оние кои бегаат од часови и кои и покрај тоа што не учат и ништо не знаат на крајот сепак ќе поминат одлични (тоа од секогаш ме вадело од кожа) :@ и после биди мотивиран, учи повеќе. :fubar:
    Таква е реалноста во нашава државичка, наставниците и професорите трампаат петка за ручек :puke:
     
  6. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Дали некад сте сакале нешто толку забрането и толку убаво,што неможете да го кажете, а не па да го направите истото?Зошто секогаш е најслатко забранетото овошје?Неможам нигде да си ја олеснам душичкава,дури ни тука,секаде има луѓе полни со предрасуди кои чекаат само еден чекор или збор погрешен да направиш,да кажеш, за да те испукаат со нивните самобендисани коментари како:Не те сметав за таква;Како можеше во неа/него да се затрескаш;Ти си ваква,ти си таква.Или пак просто нема да ти дадат никаков совет кој ти го бараш,туку само ќе те изругаат.И секако тука се трачарите одма по другарки,другари,тетки,стрини,пра-баби,третото колено од на дедо им внуката!!
    Е вака се осеќам,барем се надевам дека тоа чуство ќе ми помине..како и претходно...ќутејќи и справувајќи се сама со своите желби/проблеми.
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    плачев кога видов дека се само две сезони.... :$
    Иначе серијата не била доснимана поради малата гледаност,бидејќи била слична на Сексот и Градот (па направена е исто според книга на Кендас....)
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Убавината на денот не секогаш е во малите нешта - напротив.
    Сепак има и мали нешта, кои отсекогаш биле големи, ама сигурно не им даваме голема важност, бидејќи на некој начин и ни станале дел од секојдневието. А големи се, ма поголеми и од најголемото нешто на светов ...
    ... кога мајка ќе ми рече: „Сине мое, елај да видиш какви плочки одбравме за новата дома;“ и кога осеќаш дека одвнатре блика од радост, се радува ко мало дете на балони со хелиум.
    Кога гуштерот ќе направи фаца на невино детенце :wasntme: и ќе прошепоти: „Дадо, ќе си дојдеш, нели? НЕЛИ? Ај купи ми нешто убаво за јадење ...“ :angel:
    И кога татко ми, онака во негов стил, низ неговиот константно сериозен израз ќе тресне некоја зелена и ќе рече: „Ај сега пушти нешто за душа. Знаеш, од оние нашите антологиски.“
    И кога во автобус ќе сретнеш мили личности кои не си ги видел со месеци и од возбуда не знаете што попрво да си кажете, зашто многу се сменило од тоа некое си „последно“ ваше видување.
    И кога веќе на крајот од денот, ќе ве изгушка тој и кога во неговите очи ќе го прочитате сето она што сака да ви го каже, а молчите; и убаво ви е така, зашто знаете дека и нему му е убаво и дека си молчи, затоа што ја сфатил секоја ваша воздишка ...
    А ќе ми рече некој, дека залудно сум го трошела времето и не сум знаела кога треба да се забавувам.
    А јас, ќе си премолчам - како и обично. Сепак не знаат дека сите мои најмили човечиња кои си ги имам само за мене ми се најпрекрасната забава во животецов и кога би ги немала, е, тогаш стварно не би знаела што е забава.
    И пак ќе се навратам на големо-малите нешта; се лажете, гадно сте се излажале ако мислите дека ова се мали, секојдневни работи кои се дел од сечие секојдневие.
    Не прашувајте зошто, оти сепак чинам дека знаете што следува по она „затоа што.“
    ***
    Убава оваа дождлива ноќ. Нека ги има вакви почесто. ^_^
     
    На crazylady, bittersweet, marama и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    254
    "Не е мудар оној што го познава светот, туку оној што може да живее без да го мрази"
     
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Имајте убав ден феминки ! :)
     
    На srcekrsacka, CharmedGirl и cigarce им се допаѓа ова.
  11. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Зошто не е убаво времето :^) ??? Нека е ладно ама барем да не е вакво облачно, никакво ... да не може човек во слободен ден на раат да прошета малку :(
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Флаерот е направен, со Еленка моја ја спремаме хуманитарната изложба за доенчињата од Битола и децата без родители, која ќе се одржува во Скопје, Менада (во преговори), Битола во (Порта Џез), и Кавадарци, (Блу кафе). Пуштајте среќа да излезе се' во ред. Ако немаме од џеб можеме поинаку!
     

    Прикачени фајлови:

    • flaer pokana .jpg
      flaer pokana .jpg
      Големина на фајлот:
      217,9 KB
      Прегледи:
      443
    На bittersweet, Neytiri, antonina и 23 други им се допаѓа ова.
  13. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Сакам да се чувствувам како да припаѓам.. негде, некому. Ми се ужива, ми се оди на кино, ми се јадат костени од улица Македонија, ми се гледа омилената серија стуткана во ќебе со придушени светла, ми се пие топло чоколадо со другарки. Не ми даваат темниве и тмурни облаци помешани со толку многу обврски што ми се надвиснуваат. Ентузијазмот за убава недела веќе се изгуби, само знам дека петок ми станува помил, а сабота ја чекам со цело срце за да одам на роденден кај омилената ми жена!! :dance:

    Сложувам коцки, редам карти и пазам дали секоја е на свое место поради своја посебна причина. Чекам дали ќе дувне ветар низ некоја од пукнатините на минатото и целиот труд ќе се сруши пред мои очи.. и на крај на кој ли да му докажеш дека си стигнал до самиот врв на кулата од карти?
     
    На bittersweet, ceca-1, marama и 13 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Сред ноември да се има домати од бавча, свежи. На трпеза салатичка со сиренце. Жими све нема ништо послатко ^_^ И марулчиња си насадивме ^_^ и малини ќе садиме ^_^ И вчера излегов и не си купив ништо, ама на мама и купив едно џемперче со убави светли бои, да не ја гледам повеќе во темни алишта кои само и додаваат години ^_^ Денес на кучката и купувам храна, и на бебулето некоја кукличка, а на татко ми и брат ми нешто за грицкање, зашто и двајцата ноќе скришно стануваат и јадат све по дома :D и на другарка ми поклонче за брдеј. За мене? Хммм залихи со мандарини, колку се преубави ^_^ и некое слатко со тикви, ако најдам, да има и ореви и грозје :wasntme:
    Туку, спружена на ќебе пред огин, со топлина во лице, си ја галкам книгата и си тонам во неа и се радувам. Среќа во мали пакувања.
     
    На bittersweet, Libera, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  15. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    И која е поентата да бидеш седумнаесет годишен тинејџер без никакви амбиции за животов?
    Зошто единствена преокупација да ми биде да бидам напудрена, секогаш дотерана без да ми штрчи влакно на глава, постојано вештачки насмеана, секој викенд присутна на журка и толку недостижна за некого? Еве може вака делимично ќе се дефинира денешен тинејџерка и за еден дел ќе биде нормално, но јас сум горда што ќе кажам дека отстапувам од ова фабричко производство и се разликувам на некој друг начин. Не глумам и секој може да ме види таква каква што сум. Плачам. Се смеам. Тажна сум. Нерасположена. Ама не кријам, не глумам и не сум лицемерна. И јас имам лоши денови. Денови кога не сакам да се нашминкам и дотерам и се шетам само со мала насмевка. Денови кога сум скоцкана и денови кога не сакам дури ни да излезам од дома. А зошто така? Едноставно сакам да сум своја.
    Си зацртав пред себе дека ќе бидам одличен ученик, дека ќе студирам и ќе направам се за да живеам во тој град, но не зависи од мене. Ќе се изборам за стипендија за да им скратам трошоци на моите. Тие тоа не го бараат од мене, но сакам.Благодарна сум им за се,од ништо не ми кратат а јас им должам само да ги правам горди со моите постапки и чекори низ животот. И не, не е смешна мојата возбуда при споменувањето на една светска метропола бидејќи верувам дека ќе ја посетам. Зошто знам што сакам и поради која причина.
    Можеби многу ќе се смеат или веќе и ми се смеа позади грб, но искрено....не регистрирам. Мојот живот го живеам по мои правила, а оние кои ме знаат и сакаат- веруваат во мене. Повеќе или помалку.
    Мразам да ме потценува некој, поради тоа и не потценувам. Но не сум свесна на некои мои квалилети, всушност јас сум онаа што сама се критикувам и потценувам цело време.
    Да се надевам на подобри денови и исполнување на моите желби, а оваа 2012 не беше моја година. Со нетрпение ја чекам да помине и да се посветам на кроењето на својата иднина во нова и се надевам поуспешна година. Има мигови кои сакам да ги вратам, но уште многу такви на кои не сакам да се присетам. Дали би направила нешто друго да можев да го вратам времето и да ги корегирам сега? Не. Бидејќи тоа сум Јас!
     
    На kravce, CharmedGirl, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Случајно погледнав низ прозорецот и забележав колку е мирно надвор.Незнам дали е поради времето или поради тоа што денес многумина седат дома и одмараат но сликата ми е поразлична.
    Исто како во недела пример,кога градот мирува и човек се ослободува од сите обврски барем за минута,и си го искористува денот како што сака.
    Во недела на пример околу 8-9часот наутро да се прошеташ,одма ќе забележиш дека има многу работи околу тебе што не си го приметил.Дали поради гужвата,дали поради тоа што секој ден брзаме некаде,многу работи како да не постојат за нас.А кога се ќе се смири,си велиш еј колку било убаво,колку само можеш да го почувствуваш мирот на градот.

    .Постојатно брзаме накаде и се обудуваме за се да најдеме време.Одиме од крај до крај со цел да ги исполниме обврските,кога оп,наеднаш застануваш и гледаш различни работи и ситуации кои дотогаш не си ги видел.
    Убав ден ми е,мирен..Ден кој ќе си го посветам на самата себе.Обично во вакви мирно денови најмногу размслувам за се што треба па и за се што не треба.
    :hug:
     
    На zarah, starbucks, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  17. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Ден на дрвото, лопатки ,семиња,кал.....абе живи глупости.Јас незнам можно ли е оваа моја средина да е толку неорганизирана.Се собрале по 3-4 класа од секое училиште му дале на секој по еден овчарски стап и ајде ќе одиме сега во некое си село да садиме дрвца,демек денот да го одбележиме |( абе ајде.
    Наместо да си се наспијам убаво јас како петлите уште во 7 станав да садам дрвца бе :geek: И најважното од е се е тоа што времето врнеше а ние по калта планинариме нагоре |( .А т пак коа се вратив мајка ми коа ме виде се шизна жената :tmi:кал до коленици на мене.И после било ден на дрвото ,засади ја твојата иднина ,глупости.
     
  18. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    687
    Конечно разбрав кои ми се најдобрите пријатели :)
    Пресреќна сум :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    До пред 8 часа не ми беше ништо |( , планирав многу работи да правам денеска, имав многу работи за правење кои морав и сакав да ги завршам. Ама не. Како успеав да се затнам целосно за само 8 саати, да не можам да голтнам и да заклучам дека спрејчето што ме спасува е некаде низ дома и најголема шанса да си шприцнам од него имам најрано во петок. Баш вчера зборувавме дека Универзумот можеби и прави заговор да ти исполни некоја желба, ама некогаш прави и заговор да ти расипе нешто што навистина го сакаш.

    И така, решив дека ќе се избањам и ќе предремам, ќе дочитам и допишам тоа што треба, кога веќе ништо не можам да сменам. Надежно до вечер ќе ми стане малку подобро, имам работи за правење, плејсес ту би, пипл ту би уит! :D

    На светов, зачудувачки, постоеле уште луѓе што сакале да се возат во градски автобуси по големи улици со многу ламбички. ^_^ Да, знам, читам и овде, ама во живо немам сретнатно некој што сака, сите се мрштат, вторничко-петочки психички се припремаат... И колкава е шансата истата таа личност да сака и да се шета по Ленинова?

    Ај, ќе си ќутам, ќе одам да си направам чај, и ќе си ќутам. :lol:
    Со надеж дека гласот наскоро ќе ми се врати. :hai:
     
    На Glossy-girl, marama, pamelche и 8 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како и за многу работи до сега, така и за ова-мајка ми има право
    сум запнала да носам некои работи кои ми се за илегување , за преку ден |( :D
    еден преубав капут, чизми и едно многу убаво фустанче-со ролка отоздола
    имаше право во тоа што ми кажа-тие што имаат можат да си дозволат секој ден да ги носат тие работи, и да се уништи ке купат ново, а ние што немаме треба да го чуваме со години како што прави една моја другарка, ама пак од друга страна-денес те има, утре можеби не, така да уживај во тоа што го имаш :)
    сепак, решив да си ја послушам мамичка моја :* :hug: до неа
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.