[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога се чувствуваш убаво, и тие околу тебе ги скокоткаш со убавини... Неверојатно е чувството кога си причина за нечија насмевка...ммммм
     
    На Serafima, Glossy-girl, LilBaby и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК...дека неможам повеќе. Зошто мора јас да сум дежурен кривец во куќава. Зошто за сенешто Сноу е прва опција. А кога е за добро тогаш никому ништо. После три дена се се заборава. ;( Мака ми е,неможам веќеќе пукнам. Да доживеам некои тешки зборови од личноста од која најмалку очекував,да ми каже дека денот сум и го расипала...а зошто-за ништо ;( добро бе господе што ти згрешив кажи ми. Зошто неможам да имам мирен живот, не бара ни пари ни ништо...само барам љубов и мир. Зошто мора секој мир да ми е нарушен. Зошто? Нема ништо полошо од исчекување,исчекување за кое се бориш и трудиш а незнаеш дали ќе вреди ;(
     
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Не научив да се радувам...
    А тагата боли. До срж.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Овој пост е за него :$ кога неможам тоа да му го кажам нему барем да се испразнам. :$ :)
    Не сум те заборавила,сеуште стои твоето место во срцево,само го чекам денот кога ке те видам.Ти ми беше најдобар пријател,само на тебе ти верувам...Ми недостасуваат долгите прошетки со тебе,ми недостасува да те прегрнам.Незнам каква љубов чуствувам спрема тебе,ама знам дека подобар пријател од тебе никогаш нема да најдам.Мислам дека знаеш колку те сакам,да јас бев тоа инаетливо девојче кое се сака по нејзино да биде и што многу сакаше да се кара со тебе ама,ама заради тебе се променив.
    Понекогаш помислувам дека не си добро,сакам да ти се јавам,ама сепак собирам храброст и издржувам,ова ке трае уште 200 дена.Од тебе научив мн работи,научив дека не треба да се однесувам како да имам 5 год,дека треба да размислувам,дека треба да попуштам,не секогаш мора да биде по мое и да бидам храбра.Ти ме спаси,ме врати во живот и за тоа сум ти мн блгодарна.
    Посакувам овие 200 дена мнооогу брзо да поминат,бидејки без тебе неможам.Врати се! ;( ;( ;(
     
    На kikav и Marta.Zarko им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Колку ме буните вие две снежни убавици! Ах!

    Туку си номинирав, имаме сериозно квалитени форумџики, и јас ги номинирав, а морам да признаам дека Јагода123, Везилка, Зоки-Поки, Чадорче 22, Дала и уште неколку имиња се навистина убаво освежување на форумов. Тумбс уп!
     
    На zoki-poki, cinderella5, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Според напишаното ти си најубавата, најзгодната, најболната, за тебе има само неправди и сите мажи (најчесто женети) трчаат по тебе леле леле досадна си како може само такви работи ТЕБЕ да ти се случуваат?![​IMG]

    Пуу цел ден кивам само да не се разболам :drunk:
    Само сакам да шетам со тебе, да бидеме по цели денови заедно и да се љубиме.
    Да си се облечам така како што си планирав и се да испадне како што треба.
    Да играм. [​IMG]
     
  7. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Па, што да кажам?
    Многу ме израдува овој слобоен ден сред недела. И онака ги мразам школските среди, 7 часа и неубав распоред, ми се чини без крај трае денот.
    Ќе учам по биологија, ме оставила без оцена професорката. Не знам што да учам, ко веќе се ми е научено, а таа не ме станала да одговарам. Ама пак, ќе повторам, за секој случај.
    Малку ми е иронично што сум запишана на природно математичко а единствените четворки ми се по математиките. Па, на крај и краева, задоволна сум. Никогаш не сум знаела толку математика колку што знам сега... а нели за тоа и се запишав на математичко, за да научам математика. Можев комотно да се запишам на уметничко-јазично, јазиците, музиката, уметноста и онака ми одат од рака. Математиката секогаш ми била предизвик. Ја разбирам, ја владеам, но не ми држи концентрација.
    Сакам да пишувам ама некако секој втор параграф е преисполнест со меланхолија и носталгија. И... тоа. Не сакам да звучам повторно како старото депресивно девојче што бев.
    Денес со татко ми свиревме заедно по толку долго време. Класиците, нема што друго, толку хармонично звучевме. Се прашувам кога ќе биде следниот пат кога ќе свириме...
    Се разбудив хиперактивна, како и секој ден последно време, ама еве, сега хиперактивноста ми опаѓа.
    И толку... денес ми е најверојатно и последниот вистина слободен ден. Следниов викенд веќе ќе требам интензивно да учам линеарна алгебра и аналитичка геометрија, хемија, физика.. и се друго.
    А, само што слушнам убава песна, веќе се смеам. И насмеваката ми останува.

    Ќе одам сега да се прошетам малку.
     
    На kravce, Glossy-girl и L-enna им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ми вика: Никогаш нема да го заборавам моментот кога прв пат се видовме, кога седевме во Казабланка, а тебе ти беше срам да ме погледнеш во очи и си гледаше наоколу.
    А, не знае дека погледнував скришно во него кога тој не гледаше во мене.
    Јас никогаш нема да го заборавам нашиот прв бакнеж, кој се случи на третата средба. Траеше долго, дури и предолго, толку што мислам дека изгубив здив.
    Му се отворив вчера. Никогаш поискрена во животот не сум била. Ќе направам се’ ова да успее, а знам и тој.
     
    На The-Queen, bittersweet, Monna.Monna и 22 други им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Зар веруваш во мене? Јас сум привид што ги нуди сите можни облици. И веќе одамна тоа не сум јас. Тоа е некој што ме глуми и ужива во досада.
    Секој обид да ме љубиш ќе ти се врати како казна, како горка измама. Не знам дали остана бар малку љубов во мене, или се исчезна во времето. Осамена и уморена трагам очајно по моите милион долари, единствена причина да продолжам да живеам.И нема начин да ме промениш.
     
    На srcula му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Некои луѓе се многу добри глумци,затоа што нивната зрелост е само глума, но маските на крај секогаш паѓаат а вистината тоа е доблест од една страна а од друга не, доблест е затоа што сите ние сакаме да ја знаеме вистината, но лошата страна е што некогаш вистината може многу да боли . Се е различно од различна перспектива, сите различно размислуваме и можеби некој некогаш со нешто што ќе направи да не усреќи ќе се случи спротивното како резлутат на нашата индивидуалност и различни размислувања затоа не треба ваднаш да се суди и се треба да се зема со ладна глава,затоа што зад секоја постапка постои причина..:)
     
  11. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Не е есен само срамежливо сонце, блага температура на воздухот, џем, чај, овошки, зимница, паднати лисја, ситен дожд. Есен е и тмурно, разгрмено налутено невреме, растрчан ветер кој изиграва фризер и косата ти ја носи во 4 правци, тешка настинка и гребливо грло, чиниш мачорот на комшијата ти ги закачил ноктите на шепите во него. Есен е и кога смрзнуваш чекајќи го автобусот, кога стоејќи така поминува автомобил и те тушира, онака за подобар ден па го пцуеш по список. Есен е и темна ладна ноќ, и смрзнато утро со падната слана.
    Есен е време кога јас се одлучувам на промени, кога решавам да бидам на диета, кога согледувам дека созревам, а од друга страна уште сум дете, кога ги бројам деновите до роденденот. ^_^
     
    На Monna.Monna, Loritaa, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    И ние дома се спремаме за слава.Сите некаде брзаат се мислиме нема да стигнеме на време.А и вистина е само што си дојдовме од работа незнаме што побрзо да спремиме за вечер.Атмосферата ни е весела,имаме музика,огинчето гори,домашно винце за мерак.Па ајде бујрум на сарма,гравче,риба и некое салатиче со жта домашна :).Нека им е среќна славата на сите и нека ни е за многу години.Наздравувам со чаша од нашето домашно црвено винце!
     
    На pamelche, anabel-a, Annie.mk1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Денес сум како sleepy kitty (всушност сум се, само kitty не)


    наместо да фатам книга и да учам турбо, јас сум поспана и утепана за сите пари, како што би рекла баба ми: времево е како ТВ Телма! + во комбинација со ПМС, ми отиде денес и вежбање и се, сите ми сметаат - УЖАС
    [​IMG]

    Ете така сакав да ви се пожалам! :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    • k.jpg
      k.jpg
      Големина на фајлот:
      71,8 KB
      Прегледи:
      499
    На Monna.Monna, srcekrsacka и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Добро утро во 16 часот.
    :tmi:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.870
    Пол:
    Женски
    Уште само неколку часа ме делат од фамозната 25ка во мојот живот.Викаат четврт век како четврт бурек,за некого многу за некого малце -за мене возраст во која сакам времето да сопре и засекогаш да останам 25 годишњак.
    Помина уште една година некои работи се сменија некои работи останаа исти.Некои луѓе си заминаа од мојот живот,некои останаа покрај мене и покрај сите подеми и падови што ги имав.
    Ги сакам и едните и другите.Да не биле тие ке немаше да знам што значи оваа играа наречена живот.
    Вечер во 12-00 ке наздравам за Вас,бидејки да не сте вие овие 25 години од мојот живот не би имале никакво значење. :d: :^: :d:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.748
    Пол:
    Женски
    Некои велат дека сум ја изгубила добрината во себе,ама не сум...само што не ја покажувам на сите....подигнав ѕидови,до најдобриот дел од мене сега стигаат само најдобрите.Останатите нека стојат позади ѕидовите и нека се прашуваат каква ли сум одвнатре...а ако некој сака да биде со мене ,спремна сум јас и јаже да фрлам...и скали да ставам... :wasntme:
     
    На Moira, Loritaa, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Денеска сум во пост фудбалска депресија. Го испраќам Роби со солзички и болка во душичкава.
    Тажен ден ми е денес...
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Една недела пауза од тромесечието. Една недела пауза од тестови и испрашувања.
    И повторно пак ќе почне се` од почеток, од наредната недела. Па добро бе, имаме и ние душа... ваљда. |(
     
    На Elichka, PeaceLoveBasketball, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Нека ни е среќен денес роденденот на сите :party:

    Мала шала :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Tree-256x256.png
      Tree-256x256.png
      Големина на фајлот:
      37,3 KB
      Прегледи:
      344
    На Serafima, ocila и pamelche им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    http://www.mixcloud.com/bassinfusion/ba ... -sexy-mix/

    Да се малку тоа олабавиме и кафицу попијемо.
    Каков риалити чек на повеќе нивоа ме стрефи денес. Епифани башка... напросто препородена и малку како потресена сум.
    Ама со јако фак оф сум пред себе. Почнав денес да пеналам народ кој е злобен и краде нешта, со пет-шеС вистини,па после аман за аман те молам не кажувај, јас вака и така, не мислев,не сакав, абе тесно ми беше тогаш. Не ме интересира, мене ме болеше, ме боли и ја боли и неа,тажили сте гледајте. Мислам нема простор за опроштај, ме оштети,сфаќаш? Што си е мое си е мое, сум се потрудила,сум вложила и сега да ми се педерчиш?! Пффф...па нема шанси,до тука ми беше нивото на толеранција.

    А и да ви кажам...и форумов така нешто ми мириса,ама ај може до после ќе ми помине. И не ми е толку гајле за истово,ама ептен дека сум у моушн па да не одработам и тој дел,па да биде цигу лигу...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.