[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Ме тресе и дрма нешто од внатре, горам, па си велам не сега, поболена на прстиве од една рака да бројам, а чувствувам кај и да е ќе ме стрефи некоја треска ако при срце се си ставам само за да правам други среќни. Да кжеш не чини, па може и ќе те најдат да не чиниш, ако не кажа оти, е оти де....нека го најде некој крајот.Сам роб, понизен излитен слуга не некои и нечии идеали за ... ма, веќе може и сеедност да ме фати.Лошо е тоа, најлошо
     
    На Moira и lunicka им се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк од утре или петок во зависност кога ќе завршат со процедурата за осигурување газдите се враќам на старото работно место.Воопшто не сакам да работам таму бидејќи не ме исполнува тоа,но кога нема друго за жал во оваа ни наша држава кога веќе најдов нешто да не кукам.ЌЕ го чекам секој 15-ти во месецот за да земам плата,па да го наполнам еднаш јас дома фрижидерот со намирници,да ги частам моите дома,па и него вечера која што со цело срце и исполнетост ќе ја платам конечно јас,па и ќе си тргам некој денар на страна за летниот одмор :wasntme: .Барем нема да се чувствувам толку мизерно,бескорисно и глупо секогаш кога тој ќе ми ја плаќа сметката или таксито до дома туку и јас ќе можам,а најважно од се е што ќе работам а и ќе намалам некое килце :clap: :D.Ах полека,но сигурно си се редат коцките кај мене и конечно се исплати чекањето и барањето на работа по цели 6 месеци.Ете така си се пофалив и си кажав то шо сакав,можеми малку поетко ќе ме има на форумот,но сепак ќе сум овде и ќе следам се ,не дека на некој ќе му фалам ама да си кажам јас :D
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, Monna.Monna и 23 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Колку калории се трошат со искачување на 160 скалила најмалку еднаш на ден? М?
    А колку ако влечам куфер 160 скалила надолу? Имам чувство дека утре тоа ме чека :)
    Изгледа не доволно :)
    Како и да е, утре конечно ќе си одам дома. Да, си одам ама сепак не значи дека сум слободна. Семестарот ме изеде, ама ако, ќе помине.
    Еј, знаете дека просечниот човечки мозок работи со моќност од 12 вати? Е јас не сум знаела, ама сега дознав :)
    Друго, му се лутам на дечко ми. Кога сум со него секогаш ме заглавува со некоја брза храна. А јас кутрата мразам хамбургери и лесковачка и такви глупости. Разбирам една во 2 недели, ама со негоми се погодува 2-3 пати неделно. Освен тоа и никако не ми одговараат на исхраната. Знам дека тој е нулта, дека може да го удавиш во месо и да си го најде патот, ама јас не. Јас сум ти типичен зајак. Можеш една зелка да ми дадеш и 2 дена сум мирна :) Го гледам денес и му викам: "Сакам од денес секој ден супа да јадеш, мора да се научиш на нешто потечно, само сува храна јадеш. Ако не, јас кога ти доаѓам на гости ќе ти носам супа на поклон. Па 20 денари е." Ме гледа целиот збунет и ми вика: "Ме зезаш? Скапо е тоа четврт хамбургер е.".
    Знам дека ме зезаше ама ќе видиш ти.
    Ах душо, душо, ќе те средам јас, да си знаеш. :D
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Понекогаш самите животот си го правиме тежок, знаме што сакаме но сепак нешто од внатре не јаде, некој глас ни вели нема да успееш и ние се повлекуваме во себе, се затвораме и чекаме чудо :?:

    Една личност ми постави ултиматум за недела дена треба да донесам одлука да се биде или не... до утрово комплицирав, ми се вртеа милион прашања во главата? милион погрешни одлуки, милион што би било кога би било. Ќе ме наречете луда но направив список :$ што добивам а што губам. На мое изненадување списокот на работите кои ќе ги добијам беше многу поголем, не чекав многу, се јавив и ја олеснив работата и на двајцата :$

    И да благодарение на советот од Црешка успеав да го направам тоа... Ти Благодарам Црешке :*
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Израз на хармонија и љубов во исто време: татко ми го подига телевизорот за мајка ми да избрише прашина.
    Моментите кога паузата што требало да трае 30 минути трае час и пол, прекрасно. Јадеж одвнатре, ама отпорот е клучен. Кент тач дис и викам на совеста.
    Во контекст на моето мото деновиве „сепак можно е да купиш среќа со пари“, кое и на форумов го форсирам повеќе од очигледно ( :$ ), за денеска да бидам среќна доволни се само 5 денари, ако си на Вип дури и 2. Ете толку е порака на мобилен. И така, бидејќи сме скарани со љубовта, можам слободно на продуктивноста на неделава а и на таа што следи да и покажам еден среден прст, бидејќи ќе бидам екстра намќореста, непожелна за друштво и нервозна. А со тоа неповолна и за други полиња.
    Пропагирање на независност, еманципација, рамнодушност, се може да се потопи слободно бидејќи ништо не важи и не е вистинско кога целото расположение ти/ми зависи од некој друг. Јас сум глупава тинејџерка, а не сум во ПМС. Барем тоа да беше изговор.
    Другарка ми си отиде и сега нема кој да ме трпи ваква, па и тоа е голем минус. Не знам дали повеќе не сакам да сум во моја кожа или во кожата на било кој што ќе ме сретне денеска.
     
    На kravce, Buttterfly и imelda им се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.848
    Секоја добра работа има во себе и лоша...
    Едно ќе направам да се чуствувам добро,а друго се ќе расипе..
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Радозналоста ја убила мачката, а досадата ќе ме убие мене.
    Изигравам домачица, уште малце ќе станам очајна, ама нејсе. Времево ме убива, нејќум дожд и кал и кога веќе мора да климатски трансформации ја би избрала пролет, лето, пролет и зима, Среќна Нова Година и опет поново пролет, лето, пролет, зима. Ова есенва ама ич не ја сакам, ужасно депресивна и лигава е, и нејќум ни паднати лисја, особено кога ќе ги наденам на штикла па се чуствувам ко тетките од комунално кога собираат ѓубре со боцкалките. Снегче бре брате, светска работа, нема ѓубре, ништо нема, све е бело, а мене бела ми е една од омилените бои иначе.
    И не само тоа туку во есен луѓево ко растревожени ми се, ти прашуваш едно, ти одговара трето, се обидуваш да се најдеш на средина зборејќи за нешто измеѓу, а од таму следува поглед :^) , и ништо, молк, ј*беш га видимо се у пролече, поздрави по дома среќна нова и божиќни празници. Чорба бе, чорба и тоа рибја :lol: .

    И да ви кажам нешто врло битно, не ветувај кога не си сигурен дека можеш да го исполниш ветеното. Не вели „никогаш“ кога знаеш дека карактерот ти е климав ко дотрајана театарска штица. Не плукај по другите кога и самиот не си ништо подобар. Не очекувај повеќе од тоа што си спремен да дадеш.
    Освен ако несакаш да се разочараш или да разочараш друг, чак што више денес полесно ќе се разочараш сам себе, отколку другите, луѓево веќе одамна знаат дека Homo homini lupus est, па така никој од никого и не очекува превише.

    И да, многу сте досадни, ама ептен.

    Тум-ту-ру-рум-тум, ауфидерзен.
     
    На Shelea, Loritaa, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... манијачно собирам флаери од маркетите, си ги читам од А до Ш, проучувам производи, парче ги правам, посебно во вц, каде што ја извршувам онаа должност, каде што и царот оди пеш! :D
    Го одбегнувам весничето 24 часа Здравје, зашто како да ви кажам - читам и секаде се пронаоѓам, ме јаде црвот на паранојата, замор - аха да, главоболка, ихиии секој ден, недостаток на здив - имам, срцебиење - дааааа, апетит, косопаст, ѕвонење во увото, куку мене, ме има во сите напоменати симптоми, и дијагнозата е таа, имам вошки, мрдната сум со паметот, и болна од секакви болештии, најмногу умствени. :D

    Гуска бр. 1 од работа вчера ми рече да ги исклучам Фу Фајтерс, зашто - органски не им ја поднесувала музиката.
    :^)
    Ако знаеше кои воопшто се ФФ, еве па на, молкум ја згаснав и веднаш ми стана уште покристално јасно - со каков човек сум се фатила на оро, не дека нејзината пасија кон кафанче и Цеца не ми дадоа некаква претстава, ама сега пак...

    Да, јас сум Трендафилка и се раководам по стереотипи. :hai:
    Welcome to my world, додека не се развие посебен детектор за проучување на душичката, дотогаш ќе се анализираме по миени заби, мрсна коса, чевли со кал и набутаните песни во телефонот или мп3 плеерот.

    Гуска бр. 2 послушно отиде да ја следи гуска бр. 1.
    Значи двете гуски се надвор и - работното место ко да ми лапна Бронхи бонбонче. :lol:

    Злобна сум, не велам не, признавам, за глупави и тупави, и ем злобни тужи-баби, радио Милеви, оние кои сакаат да те заебат, ти ловат непостоечки грешки, за да отрчаат и да се излигават, а те ослововуваат со цуци, маче, златушко немам милост.
    И ги замразам ли еднаш, готово е, после и бубрег ако сака нека ми донира, ќе ја р`кнам.

    Кино и театар на мени за викендов, повторно успешно ќе го одбегнам грдиот забавен декор, кој го труе Скопје месеци наназад...
     
    На Shelea, anuskaNESTLE, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Едвај наоѓам временце да видам што има на фемина. Еве едвај наоѓам 5 минути простор, па да си ја испразнам душава.

    Значи ќе почнам од мојот симпатија.
    Го заљубев некаде 6то одделение, под вонредни услови. Две години е постар и е на соседен факултет. Случајно го видов, ме виде и тој мене. И старите пеперуги се разбудија. Чисто од устручавање, дека после толкууу време го видов. Кога ни се сретнаа погледите баш беше филмски :yawn: Изумив да го испуштам воздухот, и почнав да се загушувам.
    :D Слично на пубертетлија. Среќа што немав кафе во уста, па ќе беше америчка клише сцена, со плукање на кафето .

    Со ова ќе ја почнам мојта исповед. Сеуште сум силен магнет за женкари. макроа, мањаци и тако даље. Обавезно се заљубувам и секогаш како кукало плачам дека ме повредиле. Е овој пат се трудам да бидам рамнодушна на оваа мушка лепота.
    Инаку, за да ја потвдрдам оваа теза ..
    Пред некој ден се враќам дома од факултет. И еден мањак оди по мене. Кога влегов во мојата уличка, застана кај комшијата кај ластарите и почна да ме бацува воздушно . На почеток ме фати паника, да не дојде да ме пољуби вистински, а после ми текна дека вакви мањаци немаат мушкост да се добижат нели, па полека сио влегов, како ништо да не се деси. А он продолжи кон нова жртва.
    Е така.

    И нели психата се јавува.. Камо да беше колегата :D

    Ма не, јас сум имун на вакви воманајзери нели??
     
    На bittersweet, Mishela, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.810
    Не,сериозно,дали се нормални? Дали?!
    Ќе го рушат Хотел Бристол за да градат КАТНА ГАРАЖА!!! Што е со оваа фиксација за катни гаражи и споменици. Да ми е ја да знам,да е жив чика Фројд,ама се си мислам дека има врска со либидото и не прифаќањето на тежок педерлук!!!
    Луѓе, дали ме глупи или глупи?!
    Хотел Бристол ќе го рушат....не,не ми се верува!
     
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Всушност и не знам што да кажам.

    Зборовите веќе ми се пoтрошени, молчам. Пополнувам уште еден празен бел правоаголник од форумов, оставам уште една трага која не ми менува ништо во животот но сепак имам потреба да ја оставам.
    Се чувствувам како да ми се лизга нешто вредно од рацете. Само го гледам како се оддалечува од мене, неможејќи да направам ништо..

    http://www.youtube.com/watch?v=dx7sLNyIeQk
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    10 дена одмор за сите сетила.
    Скопје во магла, а јас си се сончам на тераса.
    Си пијам чај и уживам сред разнобојна шума.
    Читам, пишувам, фотографирам и јадам калинки.
    Ја трошам инспирацијата на убави работи, па разгранетите дрвја ги претворам во домашни украси.
    И си велам себеси дека не ми треба градот. Никогаш не би ми здодеало на планина. Можам таму до сто и една да живеам.

    Се вратив полна со енергија и елан за работа.
    Ги распакував куферите и ги предадов клучевите.
    Моите уште утре заминуваат назад на планина. Почнавме да се натпреваруваме кој попрво ќе ја резервира викендицата :wasntme:

    Патем, си направив шолја со мустаќи [​IMG]


    А од утре почнувам со обврските.
    Само уште вечерва да го прославам празников со црвено винце :mm:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Cacy, Mishela и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Како се викаше оној зборот кога ќе откриеш нешто? :?: Ич не ми текнува.
    Како и да е, читајќи на форумот кога и како учат феминки, се сетив на нешто.
    Пред некој ден на Tumblr читав психолошки факти и наидов на еден кој вели дека после 22 часот мозокот е поактивен и затоа ни е потешко да заспиеме (како не, јас си немам гајле со спиењево, спанка отепана, во секој момент можам да спијам :$ ) ама затоа пак фактов го поврзав со друга работа...
    Нели полесно ви е кога учите навечер? Епа тоа е затоа што тогаш мозокот ни е поактивен :emo:

    Ете така.

    А, и ми текна зборот! 8)
    Еурека!
    :bow:

    Свашта дрдорам, се извинувам.
     
    На Serafima и pamelche им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    Сутлијаш со цимет, мераци! Како го вкусувам со секое наредно лажиче размислувам за зборовите кои ги слушнав последниов период. Промена, но на полошо... за жал.
    Ми рече- КОга толку се промени и зошто? Што толку те разочара, па го изгуби сјајот во очите. Повеќе не се смееш како порано.
    И вистина е, се променив. Од лошо на полошо, не дека порано бев добра :lol: И сум станала стипса, и престанав да се замарам со се. Постелата и ТВ ми се најдобро друштво, болките најдобри пријатели, постојано се со мене. Се вадам и дека дождот ми пречи, а сите знаат колку сакам да сум надвор кога врне. Не е добар изговор, морам да смислам друг.

    Знам дека не е убаво толку време да поминувам дома, мајка ми ме напнува- Излези па излези... и оп порака од една драга личност за кафе утре. И понекогаш колку и да се чувствуваш ужасно има некои личности кои што сакаш да ги видиш и времето со нив лета.
    Задутре со В. кројам планови, не знам што и како ама ќе биде.

    И еве го второто чинивче со сутлијаш, повелете. :)
     
    На Shelea, Artemission, Loritaa и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    За повеќето неработен, а за мене работен и турбо исполнет ден. Со тешко срце ја откажав закажаната собиранка за денеска, зошто мислам дека ако станам од столов ќе се раштрафам и после нема да можам да се составам :rofl: Многу сакав да се видам со тие драги луѓе, ама морам малку и јас да земам здив, зошто ми се наметна ептен турбо темпо. Животот ми се сведе на тоа да доаѓам дома само за бањање и за спиење :lol: Морам да одморам еден ден, на раат да си изгледам некој филм и да си легнам порано. Ми треба опуштена вечер. Утре ме чека слава, потоа е петок, што значи пак ќе скитнам негде и кога ќе видиш пак влегувам во истиот круг. Ах, што да се прави, таков е животот, ништо повеќе освен едно големо тркало, кое чат-пат може и да се поткрши, ама ќе се поправи и пак се врти до бескрај.

    Го испратив дечко ми на вечерашната собиранка сам и убаво ми е. Да можев да бидам на две места истовремено, со задоволство ќе бев. Меѓутоа, бидејќи не можам, ја бирам удобноста на мојот дом, кревет, цеден сок и филм 8) После подолго време, решив вечерва да ги почестам сетилата со топла, опуштачка бања наместо со брзински туш. Веќе чекам кадата да се наполни, па да легнам во неа и да не станам еден час |-)

    Бидете ми поздравени и имајте убава вечер и не заборавајте да си дозволите еден ден во кој ќе здивнете од секојдневието, кој ќе си го посветите само на себе и во кој ќе уживате и ќе се опуштите. Јас одлучив да имам по еден таков ден во неделата - во кој ќе се разгалувам и ќе бидам глува за се’ друго околу мене. Само еднаш се живее, па зошто да не си го разубавам животот? 8)
     
    На Loritaa, tweety26, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    И ете, бидна чувството кое никогаш не сакав да го осетам. Бар не за во скоро време. А ме тресна како гром од ведро небо. Силно ме раздрма, ми ги отвори широко очите, и ме остави без здив. Неќев, жими се, неќев вака да дознаам, неќев да подголтнам и да ја гушнам само перницата и да останам без збор. Неќев. А до вчера беше се различно. И преку нок бидна тоа. Ама преживеав. Не мислам на тоа. Секој со среќата. Мојата којзнае, ме чека некаде на некое место. Ми се крие сеуште, а јас треба да ја барам :)
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Има во куќево една вазна со исушени гранки од маслинка. И секој пат кога бришам прашина ме нервира. Денес вазнава ми падна онака мерачки на глава, среќа не е голема. Јас спремна да ги фрлам глупавите гранки, цимерката ми кажува дека тие ти биле осветени од папата и се за среќа. Не знам јас што папа ќе беше, ама среќата почна брзо да дејствува. Случајност можеби, ама јас играм на карта среќа. Може треба католик да станам, од нашиве попови до сега аир не видов, а еден папа од далеку ми ја разубави вечерта и утрешниот ден.

    Ми се јавил еден мерак за готвење како никогаш до сега. На пинтерест само рецепти кликам, само мерам и премерувам колку путер и брашно имам. Среќа путерот е ефтин. Си фантазирам за кафуле мало, во Скопје, скриено во мое маало, со старо радивце и неспарени шолји.

    Денес ми го осетија акцентот. И добив детално објаснување како звучиме ние со словенски јазик кога зборуваме италијански. Фина женичка, таман за убав муабет. Професорите ми се помили од колегите. Колегите се затруени, сите со нови коли и без интереси. Не се радуваат на лабораторија, на предавањата. Јас се смешкам. Одам пешки и секој ден топам очи во пурпурното зајдисонце.Широко ококорувам очи на микроскопи и препарати. И така секој ден. Уште некој месец.
     
    На Shelea, Moira, Loritaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    Го сакам мирисот на костени.
    Особено кога се гуши врз стемнетото дождливо Скопје чиј воздух не ме зграбал еве, цел ден.
    И мразам кога ќе останеме без пари, и немаме за костени.
    Знате што најмногу сакам?
    Неговиот мирис. Оти е бесценет и останува покрај мене кога џебовите ми се празни а косата мрсна од мрзеливиот ден.

    Љубам!
     
    На Shelea, tweety26, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  19. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    дека конечно си расчистив во главата некои мисли. Заклучокот на крај е еден: Животот се состои во правење на грешки, а умирањето во каење што не сме направиле повеќе...
    http://www.youtube.com/watch?v=bRdo7WXTVoM
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    А што убаво си бевме договорени да се видиме вечерва, како што сум гладна да јадеме нешто вкусно заедно, да ми ја дадеш ружата што си ми ја купил иако знаеш дека не сакам да фрлаш пари на цвеќиња и да кренам глава од учење да се разведрам малку... ама не, тука е мајка ми, што поради тоа што и викав зошто ме натера да идам да и купам тегла љут ајвар, а го нема отворено и никој не го јаде и го јаде благиот, што впрочем беше наменет за мене и сестра ми зошто не јадеме луто, ми вика 5 минути пред да излезам од дома дека не можам да излезам и морам да седам дома. Да ме научела на ред...постојано ме провоцира, веќе неколку дена само ќутам и не ја чепкам, а и се извинив уште тогаш, непретпоставувајќи дека женава е до толку ко мало дете, крива сум и што сум ќутела... да зборам вика да не и се обраќам, да ќутам вика сум и се дуела, и вака и така ќе си седам дома. Ах бе, нормално ли е ова?! Жено па веќе очајна си, ништо не постигнуваш, на моменти иако 20 години постара, се однесуваш ко да си дете во пубертет. Па аман веќе, аман... и ја сум љутка, ама ти... ти си претерано. Не ми е проблем, ќе си седам дома и не е првпат, ехее колку викенди порано сум седела дома за секакви глупости ќе преседам и вечерва... само што мислев дека сфати дека не сум веќе прва средно да се трескам од земја, да ти се извинувам па едвааааај ајде „со тешко срце“ да ми простиш за да можам да излезам еден саат.
    Не ти се ни обраќам, ќе бидам проѕирна по дома од собава нема ни да видиш дека излагам освен по потреба, ама остај ме раат. Мајка си ми, ама олабави ме! Доста ми е од тој однос веќе, сфати еднаш дека не си египетска робовладетелка.
     
    На Springy и LilBaby им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.