Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека некои работи се мрднаа од мртва точка, што е навистина прекрасно, но додека коцкичките се наместат, е потребно време :)
    мозеше да биде решено на многу полесен и безболен начин сето ова, ама една личност тераше инает, иако тоа не и одеше во нејзина полза, ама вазно работите тргнаа, па ај нека е со срека и со убаво :$

    и СДК и се лутам на мајка ми, бидејки не сака да сподели некои работи од својата професија , а мене мозе и те како да ми затребаат за понатаму, здравје бозе(а тоа што ми вели дека се ке научиш кога ке ти треба да секако, ама до тогаш има да се изгорам неколку пати, а ти си ми мајка да ми објасниш, и да ме научиш)
    додека си до мене се чуствувам заштитена, те сакам мамичке мила ;( го мразам овој ПМС :@ :lol:
     
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.787
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Наместо максимално, како што требаше, денов само делумно ќе ми биде искористен.
    Штета,бидејќи првичните планови и не беа толку лоши.
    Убав ден, како и да е. Ме асоцира на пролет, на слобода. Излегувам, сама. Кафе, сама. А зошто да не...

    Имајте и вие убав ден!
    [​IMG]
     
    На srcekrsacka, marama, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК дека чувството за нов месец кај мене доаѓа на третиот-четвртиот ден. Еве календарот ми е уште на ноември. Преска гледав нешто во декември и откако си разрешив некои дубиози, си го вратив на ноември пак.

    Дубиози.
    Нервози.
    Глупози...
    Добро бе, ќе отидам некогаш на тој концертот на Нокаут? Ете гледам на 28-ми пак ќе прават, а јас полагам наредниот ден. Ќе успеам ли да одам, м?
    Велат, ноќта пред испит, колоквиум or whatever издувај се, да налегне материјалот, да се смири. Ама никогаш не сум го направила тоа. Ќе го биде ли за прв пат?
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Само затоа што не правам чек-ин од секое место кај што ќе отидам, не значи дека не излегувам од дома, побогу!
    Ептен ми е битно мене да се чекирам и сите на ФБ да знаат дека сум на кафе во Арабеска или на ручек во Тренд. |( Па и во Тинеkс, кога одам по тоалетна, ќе правам чек-ин може ќе дојде симпатијата да ми помогне во шопинг. Може треба и секој тоалет да има опција за чекирање за да може да одиме и да ги видиме гомцата на одередена особа.
    Браво, видени сте! Кул сте!
    Ај сеа марш и поштедете не сите што не сме толку главни од глупите постови.
     
    На antonina, la-chicka, Shelea и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    ^^ Хипица, да одиш. Делува 100%. Ова од искуство :rock:

    Туку, јас да си се олеснам. Бреј, колку ми е тешко на душава сега, оф...3-4 недели не ми изгледаше за толку долг период и си реков ќе бидам стрплива, ама душа не ми дава да бидам стрплива :^) Сакам уште сега да знам, ме фаќа страв, што ако не излезе тоа што го очекуваме? Е, дури тогаш ќе биде страшно и тешко :( Се мислам дали да преземам некои мерки уште сега, да почнам да разгледувам алтернативи, или да го почекам резултатот? До душа, алтернативи сум разгледала, но се многу тешко остварливи, па затоа се мислам дали уште сега да почнам да барам помош за ако не дај боже не излезе се како што треба, или да почекам? Уфф...Ајде веќе нека помине времето? Сакам да знам, морам да знам, се чувстувам како да седам со скрстени раце :(
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Имам братче што го сакам најмногу на свет. Кога ќе кажам „братче“, се создава слика за мрсулаво детиште со пегички на лицето, а уствари станува збор за тешко фраериште од 25 години, со висина од 195 см и лудо-шармантен изглед. Е истиот тој, мил на дада, што го сметав за несериозно подвижно гунѓало, изгледа дека до уши е заљубено, а јас пустата уште за нова година му купувам игрици за компјутер.
    Сабајлечки порано, поднастината, си го спакував ѓаволчето, купив доручек да ги изненадам моите и појдовме со малечката кај мама на кафе. Обично за викенд сакаат подолго да си поспијат, ги разбудив и влегувам кај брат ми да го будам за доручек, кога гледам во собата :yawn:
    Или некоја секта имала сеанса или тој правел романтика. Да не беше карминот на чашата од вино, глава ќе дадев за ова првото, бидејќи „бате“ не го знам во вакво издание. Уште пољубопитна, го открив, скокнав да го скокоткам да ми каже што се било вчера ( и културно го замолив да ме поштеди од сочните детали). И купил и букет,огромен од бели ружи....и си правеле романтикааааааа :tmi:
    И јас еве, уште сум збунета и се чудам кога Дон Жуан стана Дон ЖуЉан? Се нашла некоја што успеала да го скроти неговиот немирен дух и да го заузда моногамизмот во неговата свест.
    И го дограбив остатокот од винцето, го пијам од флаша и ми стана некако посебно слатко, навистина виново има посебен вкус.....
    Аааааааа, ми се будат и други луди идеи...
    Изгледа вечер уште некој друг ќе има романтикаааа....
    Одам да ја прашам мама, да ја оставам кај нив малечката на спиење :lol:
     
    На antonina, la-chicka, WildCherry и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Вечер Таксират! :rock:
     
    На Bright и Hipica им се допаѓа ова.
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Thanks my baby 'couse you make me happy :inlove: I <3 you
    ‘‘For all those times you stood by me
    For all the truth that you made me see
    For all the joy you brought to my life
    For all the wrong that you made right
    For every dream you made come true
    For all the love I found in you
    I'll be forever thankful baby
    You're the one who held me up
    Never let me fall
    You're the one who saw me through through it all

    You were my strength when I was weak
    You were my voice when I couldn't speak
    You were my eyes when I couldn't see
    You saw the best there was in me
    Lifted me up when I couldn't reach
    You gave me faith 'coz you believed
    I'm everything I am
    Because you loved me..’’
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Еднаш една голема љубов ми го пресече
    животот на две,
    Првиот дел сврделчи
    На некое друго место небаре змија пресечена на две.

    Минуваа годините и ме смирија
    му донесоа лек на срцево
    и одмор на очиве.

    А јас сум небаре застаната во пустината на Јудеја
    што гледа во знакот:

    "Ниво на морето"

    Тој не може да го види морето,
    ама знае дека длабоко во мене постои.
    Така и јас го помнам твоето лице насекаде,
    по твоето "ниво на лицето".
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Бидејќи е затворена темата сакам да прашам...морам овде да пишам, зашто ми треба брз одговор. Знае ли некој во колку саат вечер е последната 23-ка за накај Центар?
     
  11. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Мислам околу 9 и 30 беше ама не сум 100% сигурна.
     
    На tweety88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ако ништо друго денес сфатив дека таа личност што некогаш ја нарекував пријател не заслужува да биде во мојот живот.Подобро што не е повеќе,затоа што не ми треба таква личност.

    Бев спремна да се извинам за нешто за кое што не бев виновна во знакот на пријателството но сфатив дека не вреди.Неколку зборови од таа личност ми потврдија дека не треба да се каам и да чувствувам грижа на совеста за нешто што сум рекла.Ми олесна,навистина.
    Не вреди секогаш јас да молам,да разбирам,да се извинувам а мене никој да не ме разбира.Се чувствувам подобро што расчистив засекогаш со тоа некогашно пријателство и не се замарам повеќе.Толку од мене.

    Ме бришеш од Фејсбук,те бришам од животот.
     
  13. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК... Саботно утро. Гледав филм. Кога наеднаш солза! :o Не сум до толку емотивна да плачам на филм кој не беше трагичен. Не сум ни до толку глупава да се сеќавам на минатото и да плачам. Овде има нешто! Се прошетав до кујната и ми текна. Тоа беше кромидот. :!:
     
    На Sm.real му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Викенд, конечно!
    Со топло кафенце ( ако може и така да се нарече дека е само капучино со млеко, ама ај нека е - кафе :) ), со компјутерчево пред мене, супер наспана, расположена до немај каде, си го започнувам ова саботно утро (не е веќе утро, време за ручек е, ама за мене е утро :) ).

    Викендов со нетрпение го чекав и кога веќе дојде му се предавам со најголемо задоволство.
    Како за почеток, планирам една тура низ Центар со либето, да се прошетаме, да видиме свет :D.

    Вторник си одам дома, конечно после 3 недели. Иако брзо ми пројде времево овде, многу сакам да си одам, да ја изгушкам мамичка која знам дека ме чека, па потоа заедно да ја пречекаме сестра ми и да поминеме една прекрасна цела недела сите три заедно. Што има поубаво од тоа кога семејството е цело и заедно? Иако моето не е цело, пак е семејство и има многу љубов во него, а тато секогаш ќе недостига. Боже, чувај ми ги нив двете, тие се се што имам!

    И декември ме израдува што дојде. Го сакам. Отсекогаш го сакав. Ме асоцира на снег, на топлина, на новогодишна атмосфера, на убави чувства и расположение, на родендени, на крајот на полугодието/семестарот и почеток на распустот, на празниците што доаѓаат, на семејна и топла атмосфера, на радост, на љубов. Убави спомени имам од декември, секогаш убави работи ми се случувале во него (со некои исклучоци).
    Па, декември, кога веќе дојде, донеси ни снег, ама многу снег, израдувај не и дај да уживаме малку, па и да биде се комплетно за Нова Година, зашто таа без снег некако не бидува.

    Имајте убав ден Феминки, уживајте и бидете исполнети со љубов! :* :hug:
     
    На bittersweet, Ema.Sk, angel92 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ох колку сакам денов да мириса на фамилија. Во рерната да се пече пита. Погледот вперен кон некој што се грижиш и љубиш. Надвор студена зима, внатре мир и топлина.
     
    На la-chicka, Ema.Sk, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Последните неколку дена на мисла ми е само песната која не можам да ја допишам веќе 2 месеци. 2 месеци тупкам во место, пишувам па шкртам и никако не можам да ја допишам. Како да ми се замрзнуваат мислите кога и да седнам пред листот на кој ја напишав. Се обидувам да ги вкрстам зборовите, ама не можам.
    Нешто и недостасува, знам, ама не знам што! Чувствувам дека не е дозреана и упорно се форсирам деновиве за да ја довршам. Не можам да го дочекам тој налив на моментална инспирација за да го искористам.
    Кога ќе размислам подобро, можеби всушност потсвесно не сакам да ја довршам и самата се кочам себеси. Од причина што песната е крајно интимна, открива дел од мојата болка од минатото, која можеби и не сакам да ја споделам со никого.
    Ама ми тежи! Некако ме гуши и стега. И морам да се ослободам од неа.
     
    На PrinceOfPersia и marama им се допаѓа ова.
  17. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Преубав ден...шопинг, дружење со семејството а за некој саат и МЕТАЛУРГ :)
    Имајте убав ден и убав викенд јас отидов да јадам (по 3ти пат денес-ПМС што ќе праиш)
    :*
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Погрешно насочена стрелка. :rofl:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  19. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Си ги разлистувам мислењата и забележувам дека не сум продуктивна ни инвентивна изминативе неколку дена дури ни на форумот :@
    Ќе му ставам јас крај на тоа :^)
    Ќе пишувам само кога нема да бидам под притисок и кога ќе имам инспирација :!:
    Отсега ветувам дека ќе имам поконструктивен пристап кон форумов, најсериозно :)
     
  20. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Прекрасен ден! :sun: :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.