[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Здраво јас сум Џокси и имам тенденција да го направам газот руски телевизор...
    Ама барем вреди! :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • keekeke.jpg
      keekeke.jpg
      Големина на фајлот:
      194,2 KB
      Прегледи:
      527
    На Elennaa, BoaVista, Springy и 10 други им се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Моментот кога ќе се најдеш со другарка ти персијка, одите по дожд, седнувате во малко кафе барче, ви носат лате со форма на зајаче, и како пиите се намалува и му остануваат само ушињата и очињата, додека не го испиеш до крај и го снема. Си добив бесплатни карти за во фитнес клуб, тука е 100 евра месечно и те како има да ги искористам, си се смееме на нашите маки, таа раскинува врска од 5 години, во потрага по работа и опстанок, не сака да се врати во нејзината земја, имаме план од понеделник да дигнеме се на нозе и да најдеме работа, се со позитива и шега додека не не плесне пак реалноста ама ако, убав ми е денот зошто знам имам блиска личност до мене која исти размилувања и борби, градов ми дава мир..не знам, направивме листа од понеделник што да завршиме, супервизорот ме виде денес и ми се израдува.. каква мала женка полна знаење.. ја гушнав ми се насмеја, ми вика ех дете одамна не ме гушнал некој, зошто живее сама со кучето во едно село..ама баш како на филм, сама куќа на осамен рид, окплена во близина со природни убавини. Леле животецу не си играј, дај ми малку и нешто друго, доста трагам, страв ми е да не се уморам. Не е исто кога имаш некој близок до тебе, и никој во туѓина, како и да е те прави поцврст, и ти дава реална слика са животт ама сакам, бре сервирано изненадување кое се вика материјална стабилност. Како и да е благодарна сум, што го видов животов од сите перспективи, и знам како е горе и доле.. и така.. и го сакам да, многу и нејзе и него.. две мои :l: :l:
     
    На Deemy, bittersweet, Ema.Sk и 22 други им се допаѓа ова.
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Ако има некоја ритуална навика кај женскиот пол што ме нервира тоа е
    -вртење очи за 360 степени, она превртување тилот да си го видиш и
    -смеење онака пф како кога се собираш демек да не пукнеш од смеење и го пушташ воздухот низ нос, па тоа му доаѓа нешто како П-Х.
    Е замислете сега личност која тие две работи ги работи синхронизирано, таман ќе престане на пфка, ќе почне да ги врти очите, па пак демек ке пукне од смеа и се така до недоглед, цели 2 саати додека го пие кафето во друштво. :roll: |( |( |( |(
    Да се разбереме и јас вртам очи намерно или не и јас некогаш се трудам да се соземам од смеење. Тоа е одлична тактика да му дадеш до знаење на некого дека треска глупости без да изустиш ни збор.
    Ама да има даваш до знаење на сите дека трескаат глупости??? Сите до еден што седат и пијат кафе со тебе. Ма дај молим те тејк а брејк. Па зошто излезе воопшто??? Уста не отвори, ништо не кажа, сако испушташе некои неартикулисани звуци на масата, просто ме деконцентрираш во дишењето. :^)
    Следниот пат морам да ја прашам кога ќе ги преврти очите толку многу, дали си го гледа мозокот назад или има само една црна празнина со блиц од сончева светлина. Пфф |(
     
    На senza.parole, kravce и sunfemina им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк денот почна со рано станување поради обврски и радости оти истите беа одложени па успеав на мира да си го испијам кафенцето. :coffee:
    И да само Тоше и неговиот глас може да ме смире кога сум лута на неодговорни луѓе, заспани колешки, метеж во мислите или недоправено јадење.

    А и да, не пишувам многу историја јас овде да се посветам малку на правење сегашност и да вмешам прстиња во иднината м?
    Денес сум расположена за љубов, па ќе пишам некои порачиња, ќе ѕвонам на некои личности, ќе дадам некоја прегратка повеќе, а на него :^) е на него ништо, оти сум му лута.
    Всушност ќе му дадам еден ладен голем камен, да види и сфати какво му е срцето.
    Ладен.

    И така, мали делови од мене пролетаа во една збирка на печатење, други се пишуваат а мисливе крај немаат па создаваат,почнав да се плеткам во нив.Искрено.
    Вечер топло чајче со C. ако даде Господ па после хухнување во дланки и патот накај дома.

    :hai: имајте убав ден.

    Љубов ...To The Moon & Back

    http://www.youtube.com/watch?v=HCm6gRHINqA
     
    На bittersweet, zarah, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    УГГ+топло плетено џемперче од баба,и кафе во раце наместо ракавички.Топлина.Згмечени лисја исполепени по чизмичките и мирисот на печени костени,а таму некаде во заднината љуѓе што џогираат.АХ! :mm:


    Good morning beautiful people, have a nice cloudy day )))))))
    [​IMG]
     
    На Doozy, Serafima, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Колку убав ден. :hai:
    Денов ми започна како во бајките.
    После толку црнила, пролеани солзи, нервози, денови кога не сум воопшто спиена, и подочници до колена редно беше да излезам од оваа депресија и да сватам дека се што е мое ќе си дојде ! :!:
    Ми се јави мајка ми, и ми кажа една добра вест. Конечно.
    Универзумот не ме заборавил. Го посакував баш тоа, баш тоа ! А сега, ќе го имам. ^_^
    Среќна сум и дека повторно ќе можам да ја доживеам таа топлина, удобност на форумов, па ќе си се изнапишувам низ темата. :$

    Го гледам дрвово во дворче целото пожолтено, мачката лежи до мене испружена,тивка музика во позадина .. Милина.
    Се што ме опкружува е прекрасно !
    Конечно ме огреа сонце.
    :sun: :sun:
    Имајте убав ден ~

    http://www.youtube.com/watch?v=df-eLzao63I
     
    На Serafima, ana-girl, antonina и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.750
    Пол:
    Женски
    Кравче ма ова да е некоја заразна болест. :D Во последно време забележувам како во кадар фаќам машки лица,се разбира сразмерни на годините ми, :D ,никако помлади...кога ми ја задржуваат вратата во маркетот блеам во нивните дланки,или кога помине некој висок господин па така дискретно го измеркам или ако осетам покрај мене убав парфем...ма милина бре...или како денеска во маркетот мислам дека беше еден од тие унапредувачи на продажба ....бреее....се замислив како му раѓам 3 деца ,имаме куќичка во планина со цвеќе....и.....еден замислен шамар.Ти мажена си алооооо....
    Пред некој ден купував и кондоми наместо мастики... :rofl:
    Да се насмееме,животот и така и вака ќе помине,па ако оди нека оди со насмевка нели :wasntme:
     
    На imelda и kravce им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.652
    Пол:
    Женски
    Како не ти е срам? Вакви мислења постирај после работно време, негде накај 17.00, 18.00 часот.
    И сега јас кај да одам, што да правам, вака настрвена за палачинки, со крем, банана, шлаг, мармалад од модри сливи или пак со павлака, шунка и ред други работи....мљам
    Е ќе видиш, вечер поубави од твоите ќе направам :lol:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ах не...јас обично замислувам како ги фаќам за задникот :$ едино ако е толку добар задникот и плус има големи дланки, тогаш може и да се продлабочи фантазијата :rofl:
    и ми текна на ситуацијата со кондомите :rofl:

    едит:
    https://www.facebook.com/events/382826718460631/?ref=notif&notif_t=plan_user_joined
    Ајде мажи, ви даваме поддршка, да се разбуди свеста. Мустаќи ала Поаро, Хитлер, Меркјури...какви сакате. И такви ќе ве манијачам :$
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Уште малку остана.Па силна сум,и храбра,можам да издржам,можам.
    За побрзо да ми помине времото си зимам книги од библиотека,излагам со другарки,одам во кино и убаво ми поминуваат деновите,ама побрзо да си одат.
    Се плашам да не се случи нешто,сепак спремна сум и на најлошото,па што биде нека биде. :)
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Прекрасен ден,само ме мрзи да излезам. :rofl:
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    4/4 Положенииииии, Јупииииии е сега стварно треба да се радвам ! :party: :party:
     
    На Monna.Monna, Ema.Sk, Hipster и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Се сеќавам.. Носев деликатен бел фустан кој безусловно се препушташе на заводливиот летен ветрец, ми ги милуваше слабите коленици. Ми ја галеше косата, ми го љубеше вратот..
    Невиноста на мојот изглед се кршеше од ѓаволот вгнезден во моите очи. Започна да доминира немирната страна од мене.
    Половичната насмевка наговестуваше прекрасна катастрофа.
    Додека стојам на балконот, дозволувам да си ја продадам душата по цена на опојниот нектар на слободата. Знаев дека ја имам на дланка. Знаев дека умеам да се насладувам од неа до самата срж. Знаев дека ме чека нешто големо. Само не знаев дека не бев спремна за моите очекувања.
    Немирните раце со невнимателност ги поставив пред мене. Се задлабочував додека ги надбљудував ненадејните движења на моите прсти, возбудувањата на русите влакна.
    Како да беше затишје пред бура.
    Од никаде, дланките ми беа перфектно покриени од неговите. Бледи, совршено груби. Модрите вени недостојни за врелата крв што пулсираше во него. Го имаше огнот и немирот во очите што јас секојдневно го сведочам во огледалото. Ангелски лик, но ако убаво се загледаш се наѕира извртената страна. Беше како демон во камуфлажа. Беше најсовршеното нешто во мојот живот.
    Велеше дека го спасив повеќе од колку што тој мене. До ден денес се сомневам во тоа. Сакаше да ми го храни егото. Јас, за возврат, добро го негував неговото. А колку само бевме нарцисоидни кога бевме заедно. Си ги знаевме способностите, си ги знаевме можностите, си ги соневме заемните доблести. Бевме две зла во едно. Се уништивме еден со друг. Деструктивна природа владееше во нас. Љубов, гнев, љубомора, завист, огорченост, злоба, зависност- збрано во четири очи.
    Се разделивме без извинувања, затоа што тој збор не постоеше во нашиот речник. Не ги смиривме водите. Гордоста беше преголема.
    А сега го нема.
    Болно ми недостига секој Божји ден.
    Мислев дека солзите се пресушен извор, но како може да пресуши нешто што претходно давало живот на мојот свет?
     
    На Salome, Miss.Ricci, Ema.Sk и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Некои луѓе едноставно патат за внимание.Неможат вниманието да го привлечат кон себе со својот карактер,па едноставно мораат да се глупираат за да го постигнат тоа.Како во мое одд. на пример,има две девојчиња кои се такви.Стално мораат да се смеат со висок тон,или пак да прават звуци како мајмуни за некој да ги забележи Жално |(
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Да бидеш позтивен и насмеан кога ти е тешко е убава работа и е доблест, но некогаш колку и да сакаш да бидеш позитивен едноставно неможеш..
     
    На Adi888, kravce, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    одвај чекам да си одам домче..........да си ја изгушкам мојата керкичка и да си бидам со фамилијата :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На kikav и kravce им се допаѓа ова.
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Никогаш, ама баш никогаш не позајмувајте пари од било кого (читај дечко). Ке ви го плесне тоа кога тогаш. Верувајте, чувството не е убаво.
    Нече бити тако заувјек.
     
    На Ognenija, kikav, PeaceLoveBasketball и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Благослов е да се има сестра!
     
    На Shelea, BoaVista, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.532
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е јасно, како некои луѓе слободно се шетаат низ градов.

    Се шетам прееска со една другарка низ парк, одевме накај кеј, и еден тип така casually си оди покрај нас, и одеднаш си ги спушта панталоните и почнува да се самозадоволува. :puke: И океј, одиме ние како ништо да не се случува, и почнува тој да не следи.
    Значи од летната дискотека Колосеум, до Александар палас, јас морав да му го гледам дигнатиот пенис на човекот, зашто него очигледно го вобудува да создава трауми кај девојки што само си поминуваат од таму. Од време на време ќе застаневме со некој непознат зашто ни беше страв, и ќе го снема одма, после од никаде пак се појавуваше.
    Не се сеќавам кога последен пат ми било толку страв.

    Да не смееш да се шеташ сред бел ден низ парк. :swear:
     
  20. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Мајка ми има една другарка. Ама таа нејзина другарка според годините,генерациски ми личи повеќе мене да ми е другарка, одколку неа.Плус и колешка ќе и бидам, здравје. Мислам, па нормално, ние повеќе се наоѓаме во разговорите и нештата одколку тие две. Нејсе, битно "другаркава" по дефениција и е другарка на мајка ми :) И отидов прегеска кај неа до канцеларија на кафе, без да се договорам со мајка ми, без да и кажам, пошо женава си беше излезена, не беше дома. И пиеме ние така кафе, мезиме бајадерки, и и вртам муабет за некоја моја моментална љубовна и животна ситуација. Со надеж дека неа поубаво ќе и ја доловам ситуацијата, бидејќи мајка ми ја знае само делумно, зошо целосно не би ја ни разбрала. Си има и она некои принципи. И збориме ние, јас и кажувам, она ми дава совети, и ооп на сред муабетење мајка ми се појавува на врата. Па слушнала нешто, па ајде после и неа да сум и кажела. Не изнасмеа и двете. :D Се налути како мало дете зошо ние две скришно сме се гледале, неа не сме ја обавестувале за средбата. Него пријателкава вчера многу ме израдува. Остана бремена по втор пат. И беше толку среќна шо си пуштив и солза. Ги изнагушкав заедно со керкичка и. И така, после пак ке пиеме кафе, ама овој пат на договорено сите три "другарки" :D
     
    На anuskaNESTLE, Adi888, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.