[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    ...знаев дека ќе биде тешко на овој факултет ама дека ќе биде и олку напорно и мачно НЕ! Навистина не се издржува , 5та недела веќе изминува јас претрупана со обврски неможам да мрднам да си отидам дома , Прилепа да си го видам. Толку се изреволтирав што дури и овде пишав.Ете така. Ми иди да излезам и да викам....САКАМ ДОМА ! :@
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Многу ме сакаат пеперуткиве, само ми доаѓаат на гости :D малце ме вадат од памет оти така се залетуваат, ама немат врска :D Незнам како уште ги има, чудна работа, тоа е, се е наопаку и со годишниве времиња, за луѓето веќе е познато :D :wasntme:
     
    На Ilusionist и Hayley им се допаѓа ова.
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Да ги цениме работите кои не се купуваат со пари и нештата кои може да ги дадеме и кога немаме пари.

    Пријатна вечер :D :D :D
     
    На Ilusionist и Hayley им се допаѓа ова.
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Имав најубав продолжен викенд и неколку дена бев турист во моето Скопје. Ги посетив сите музеи, шетав, разгледував и фотографирав, на пиво и ќепабчиња во чаршија, си поминав феноменално на концертот и паѓав од смеа во Драмски .. И таман пред да си дојдеме, полна со импресии и задоволна од прекрасно поминатото време .. се случи нешто многу лошо .. На дечко ми му земаа нешто многу вредно, и кога велам вредно не мислам парично, ма да секако е скапо и чини многу .. нешто за кое е приврзан емоционално и му значи многу, нешто во кое ја истура инспирацијата и твори, нешто без кое тој не е ТОЈ. Како да откинаа дел од него, и од мене .. Бездушни луѓе, ах постои карма да знаете .. Се молам да се случи чудо ..
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Прво сакав да го цитирам Тесла, нешто во смисла дека кој не работи и не се бори мора да пропадне, но кога го видов ова...

    Ние не ги поднесуваме луѓето кои имаат недостатоци, слични на нашите. - Оскар Вајлд

    просто си реков тоа е тоа...
     
    На kravce, julie77, anichka94 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    СДК доаѓа внука ми и ми вика : Тета,јас ништо не јадов денес,дај ми аварче и лебче.Најмила душа моја,секогаш во вистинска момент ми го разубавува денот,ЈА ОБОЖАВАМ !!! :* :* :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Моментот кога сфаќаш дека се се врти околу парите..
    [​IMG]
    И сфаќаш дека кога би имала малку повеќе пари, ќе те гледаат како Бог. И ќе те слушаат. Ќе бидеш паметна и интересна. Ќе ти ги исполнуваат желбите и ќе те придружуваат насекаде. Тебе ќе те ставаат на прво место.Не знам дали сум лута или разочарана ама светов оди во погрешна насока :|
     
    На ceca-1 и Justice им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.675
    Допаѓања:
    29.481
    Пол:
    Женски
    Многу се револтирам кога ќе видам луѓе што не ги ценат нештата што ги имаат.Познавам премногу личности кои добиле многу повеќе отколку што заслужиле, но ништо не направиле за возврат.И не ценат ништо што се прави за нив.Мошне добро сум запознаена со случај за 27 годишна девојка која е способна да работи, со завршен факултет и магистратура, која упорно го одбива тоа и се потпира на издржување на родителите и посветување кон нејзините каприци.И не можам да ја сватам таквата младина, како можат?Јас со (скоро) 17 години се срамам и незгодно ми е да побарам пари од моите,бидејќи сум свесна дека имаат и други потрошувачки и дека не можат секоја моја желба да ја исполнат, и навистина едвај чекам да сум во можност да се вработам, да заработувам и да им се оддолжам на моите родители.

    Навистина се надевам дека барем делумно младинава ќе согледа дека во животот родителите не можат засекогаш да не издржуваат, и дека тие секако се би дале да сме среќни и да ни овозможат се што сакаме, но не секогаш се во состојба за тоа и се жртвуваат за нас.Затоа размислете за постапките и ценете го тоа што го имате :)


    Да не ме сфатите погрешно,не мислев на целата младина,познавам и многу личности кои се самостојни и успеваат сами да се издржуваат, ама за жал има и такви кои што не се ни потрудуваат да пробаат.
     
    На Inhume, Mishela, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе да ви се плукнам во студентите ако уште од сега, прва година по најосновните предмети фрлате пари на приватни часови. Ај математика сфаќам еден предмет и стварно не секој може сам, ама другите кај што задачите се боза и 90% се теорија?! Де бе, до толку ли не можете сами во животот, па мора некој да ви раскажува лекции како приказни на мали деца... ич ама ИЧ не ми е гајле некој ако се пронајде, секогаш сум учела сама уште од мала колку и да имам образувани родители и ги сметам за неспособни таквите деца. И што и да постигнам во животот знам мое си е, мој успех, мој неуспех. Пораснете!
     
    На SimplyElegant, Monna.Monna, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Денеска ми е роденден.Тоа да се пофалам. :wasntme:
    И 14ката летна, а не ни осетив кога...
    Фала ви на сите за честитките, сега како што е редот да ве почастам нешто. :* :hug:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На GarpovaV, kravce, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Цела недела со гадни сонови. Се будам на средина на вечерта со притисок во градите и едвај дишам.
    Секогаш некој изчезнува или некој ме повредува мене или тие што се со мене во сонот.
    Знам дека моиве претежно негативни мисли влијаат на изградување на некој нерационален страв, веројатно и на вакви соништа.
    Јас, озбилно, не знам што е со мене. :|
    Единствено нешто што го гледам како позитивна точка е крајот на годинава. Волку нетрпелива не сум била којзнае од кога, не можам да дочекам да си го сменам календарот во собава. И бројам денови, како некој болесник.


    [​IMG]


    So i beg you, пишувајте што е можно повесели и позитивни постови. Споделете среќичка со тие што им треба.
     
    На Chocoholic, sweet-cherry, CoverGirl10 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Го знаете она прекрасно чувство кога ќе ја фрлите старата гардероба што така ви зазема место во плакарот, кога ќе си смените постелнина па се мириса на убаво и свежо? Е, тоа понекогаш треба да се прави и со луѓето! Ма каков омекнувач, каков подновен плакар! Ма немате претстава колку убаво е чувството кога конечно ќе кажеш KRAJ, доста беа лаги лицемерија и пакост, врви си ти по твојот пат, јас ќе си врвам по мојот.
    Повеќе од година дена ме труеше, ми се радуваше на секоја солза, а пред мене правеше ангелска фацка на најдобра другарка. Најдобрата ми другарка, што нажалост живее на 2000км од мене, не ми вели леелее колку ми е жал, гревче.. на моите солзи туку и таа плаче со мене. Ха, смешно е како некои луѓе си мислат дека се многу паметни, а ти уствари си многу свесен за тоа како стојат работите ама си велиш ајде.. нека е и така, само нека се мине. Епа.. нема веќе. И ич не ми е жал, напротив.
    Го мајнав и бившиот, фааала Богу! Па каква врска ќе да беше ако јас од 5 месеци што бев со него само 2 ми беше убаво? Жално ми е да кажам оти бев со него само колку да не бидам сама. Не за него, за мене ми е жал.
    Си го сакам новиов живот, универзитетскиот. Имам супер колеги, супер факултет, кога се работи се работи, кога се има време, се смее до солзи. Поубаво, здравје. :)
    И... тука е и тој.
    Ми се појави онака, ептен случајно и од тој ден, не ми излезе од глава. Секој ден го гледам и секој ден се поголеми пеперутки ми летаат низ стомак, а не го ни знам. Ни збор си немаме разменето.
    Добро ми е и така, убави ми се пеперуткиве што ми лудуваат внатре ме потсеќаат на првата љубов, на стравот дали му се допаѓам или не.. дали ме погледнал или не. :$
    Многу ретко вака да ме зграби некој, толку да ми привлече внимание. Сакам да го запознаам, многу сакам ама.. ништо, немам храброст да му зборнам ништо.
    Ај се надевам дека ќе се сопнам некој ден од него и ќе мора веќе да си одговориме :D
     
    На CoverGirl10, kravce, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум многу разочарана од машкиве не во погледот кон љубовта туку во погледот кон другарството.До кога вакво омаловажување, ваква омраза, па машки сте алоо ако незнаете како со девојчиња па барем меѓу вас машките бидете мажи во вистинска смила.Што има врска тоа што школскиот е феминизиран па и тој има право на избор.Кои сте вие да му судите и да го малтретирате ех кога би можела да си ги кажам сите мои маки и сфаќања кон светот би била среќна. Срцето ме боли кога ги гледам мангупите во класот што од нивните трактори не погледнале подалеку и од нивните села освен училиште што е во градот не отишле подалеку аман веќе од вас простаци. Многу сум тажна за дечкото, а баш ми е добар другар...кога би можела да му помогнам.... :x
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Ангел се опраи малку од паниката и напна во темите за Храна, абе ко да не сум на диета јас :tmi: Гладна кокошка просо сонува се вика на ова, па и на леќата на тетка ми ми текна. Со мандаринките под нос и чаша млака вода се одјавувам од местото на злосторството :D
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *Денес градот го набљудував поинаку од секој претходен ден, го набљудував како тотален странец и морам да признаам дека уживам немо да набљудувам како чекорат луѓето, некои брзаат некаде дали на работа, дали одат на некој состанок или брзаат да не им затвори некоја продавница или просто брзаат да си појдат домче во топло кај своите најдраги, верувам дека брзањето за да бидеш со најсаканите вреди најмногу! Градот на утро спие, а на вечер е светкав, сјаен и блескав просто обоен во златно!
    Особено го сакам наутро кога поминувам на плоштад и е празно, се што можеш да забележиш е по некој гулаб како колва трошки или некој човек што оди на работа, со толку голем жар го сакам и на вечер, кога врвејќи по секоја улица сфаќам дека секоја улица си има своја приказна, историја, минато и иднина. Колку стапала, колку чекори и генерации поминале низ тие улици си мислам кога се шетам така на вечер, колку бакнежи биле украдени на тие клупи во паркот и колку само животни приказни можат да раскажат тие улици, кога би можеле да зборуваат, од нив би излегле многу мудри и поучни приказни кои е доволно само да ги слушаш и да се восхитуваш на убавините кои би ги кажале...
    Тие улици кријат спомени на многу млади и стари, на деца кои итаат кон школо, на мајките што си ги водат децата за рака, на дедовците со бастуми и тетките со капути. :emo:

    Утрово се разбудив со мислата дека на крајот од денот ќе бидам во присуство на луѓето што ми значат најмногу и се исполнив со таква позитивна енергија што за миг помислив дека од радост можам да полетам. ^_^
    Деновиве, а посебно денес на враќање се изнаслушав животни приказни, а најмногу ми го одвлече вниманието една жена на 43 години(самата си ги кажа кога другата до неа ја праша колку ги има и рече дека никој не и верува дека ги има толку). Кажа дека имала син што имал 20 години, живеел во Холандија со невестата и имале бебенце од една година, била многу среќна што била млада баба, а имала и уште два помали сина. Во ред, се беше нормално до тогаш, ама понатамошниот тек на муабетот ме зачуди, иако немам навика да слушам туѓи разговори, овој и да сакав не можев да не го слушнам(слушалките за уво ги имав заборавено кои беа единствен излез да не слушам ништо). :!:
    Чудно ми падна тоа што жената на другата жена и рече дека била киднапирана :x од двајца мажи кои ја опиле со некое шамивче и ја прашувале дали била мажена, таа им рекла дека има три деца и дека има маж, а ако не и верувале им ги покажала сликите од мобилен.
    Се изначудев на приказнава што ја кажа, како да се наоѓаме во некое ратно место, па да, тие имале голема потреба да киднапираат сред бел ден жена со кола, па уште рече ме спопикаа во колата :fubar:
    Си викам, од каде толкава потреба на луѓево да измислуваат и да лажат, небаре другата жена ја сфати сериозно иако не и противречеше.... :^) Замислете, толку беше помирена со тоа што и го кажа како да и кажува нешто сосема најобична работа, не ја праша ништо поврзано со тоа.
    Ама изгледа си се најдоа така и двете, па другата кажа дека била два пати мажена и два пати разведена, т.е им побегнала на мажите "на време" зошто не можела да знае што ќе ја очекува, не разбрав дали имала деца, а не е ни битно, она што го заклучив е дека овие две жени немаат живот во себе, живи се, ама како да не го живеат животот во полн ек. :|
    Едната што станала млада баба очигледно дека многу млада се омажила и што видела таа од животот? Освен менување на пелени цел живот? Тоа што родила деца и е единствениот успех кој го постигнала, а потребата да измислува(што според мој заклучок киднапирањето го измисли, а за која цел не знам) на некој начин и е замена за неизживеаноста, од неможноста да направи асален муабет, т.е и се зборуваше, а немаше доволно теми за зборување, што можеше да се заклучи од нејзиниот речник дека немаше прочитано ни 10 книги во целиот нејзин живот, тука ја гледам нејзината полу живост, во неможноста да ужива во животот во неговата полнота, ако имаше прочитано барем еден роман, ќе можеше да ја праша дали таа другата чита книги во слободно време и да и раскаже некоја приказна од содржината што ја прочитала колку и да звучи филмски и необично за тема за разговор помеѓу две непознанички.
    А, другата освен тоа што два пати се мажела исто како и претходната тоа и е најголем успех ако можам така да го наречам. :wasntme:
    Денес заклучив дека никогаш не треба да брзаме во донесувањето на нашите одлуки, никогаш да не брзаме пред да стапиме во брак или пред да превземеме некој важен чекор кој влијае на нашата иднина. И уште нешто, дека треба што повеќе да читаме книги! :nod:
    Само тие што не читаат, не можат да ја разберат убавината на секоја свртена страница и не можат да ја разберат радоста на една целосно завршена книга и станувањето на побогат за уште една содржина.
    Прочитав дека за да станеш експерт во некоја област, треба да прочиташ 100 книги од истата, епа цел ми е во животов барем 300 книги да прочитам и да станам експерт во три области, една поврзана со професијата, а други две кои ќе ми бидат од голема корист! Ова го кажувам јасно и гласно и се надевам дека до крајот на годинава ќе прочитам барем уште две книги, а од новата година ќе почнам со усовршување во таа област за која имам цел во една година да прочитам 50 книги.
    :up: Сите можете да го постигнете тоа, да станете експерти во некоја област, па феминки, удрете на читање зимава, уз топло чајче и меко ќебенце. *
     
    На CoverGirl10, lunicka, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке се прибереш КОНЕЧНО дома од трчај ваму трчај таму цел ден
    и нормално си ваков т.е. ваква :drunk:
    не за друго ке заспиев за малку :D
    изморена-малку
    интересно-максимално :rock:
     
    На kravce и Ilusionist им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Денес решив слободното време да го искористам за преуредување на кујната.
    А бидејќи сум перфекционист и едноставно сè мора да биде под конец, стигнав до тој степен што во фиоките ставав подеднаков број лажици и вилушки.
    Го отворив шкафот кој е резевиран за кафе, какао, чај и други напитоци.
    Изгледаше очајно.
    Празни кутии од чај една преку друга, отворени и заборавени кесички од кафе, расфрлани цефки за нескафе... Сè беше толку неуредно нафрлано, што решив веднаш да направам едно преуредување.
    Исфрлив сè што беше непотребно, а останатото го сортирав по категории :geek:
    Тркнав до маркет за да докупам уште неколку работи, ама кога застанав пред рафтовите почнав да грабам сè и сешто. Заборавив да си земам корпа, па едвај се довлечкав на каса. Чај од јаболко и цимет, бел чај со портокал, неколку сорти топло чоколадо, исто толку сорти капучино, инстант кафе, кафе без кофеин, шишенца со рум, кесички цимет, кесички каранфилче, шлаг пена, чоколадни трошки...
    Во контекст на планот кој го имаме со tigerlady, јас по сè изгледа прво ќе отворам едно домашно кафуле, и ќе ги исполнувам желбите на моите гости. Уште денес симнувам рецепти и почнувам со експериментирање во кујната. И онака следните неколку дена само на мене ми е препуштена.
    Доаѓа зима, а во зима топлите напитоци се најдобредојдени :coffee:
    А јас не сакам ладното време да ме фати неспремна :wasntme:
     
    На Peppermint, LilBaby, Buttterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    ПМС напади.

    Чоколокум, бајати тулумби, бомбици од Аранѓел славје, кока кола, па сендвич со мортадела, крем од грав и солени пињоли, гњаважа и мрсни прсти од раце бутнати во чипс, Екватор наместо половина, кенкање низ куќи, договори без приговори, гушкање со перници, љубов кон Брајан Ино, фасцинација од неговата дигитална Месаја појава, звук, боја и едноставност, фстачиња и батачиња, четврток полн со се’.

    А празно.
    Се преполнувам со музиката негова. Каква харизма, допир и преку филм. После тоа режисерката се најде за сходно да лупета дека е тешко да се следи филм со титл, на англиски, бла бла бла, ама Владо Галевски остро и пресече - Ок е, не гледаме првпат англиски филм. :fubar:
    Дали тоа нивната ројалти сина крв повторно си помисли дека сме од Авганистан, Сао Томе и Принципе?
    Ма кој ги врти, филмот беше фантазија. Куп пораки запишав. Меѓу нив една мошне принципиелна и точна - Да се биде уметник, значи да се биде сам свој креатор и да се пренесе позитивната енергија кон светот до ниво на трансдцендент. И да. Без цинизам, како што тоа денешниве квазимодоа од уметници сакаат да го пренесат. Саде хејт, глумење лудило и ништожност.

    Не бре, брате. Уметноста е чиста работа, а договор со Ѓаволот. Твое е да ја изведеш во сопствен танц, да ја претвориш во благодет, нешто од другиот свет, да допре други дноа, други површини. Ама не разбираат луѓе. А зошто и би? Не сите сакаат ниту ги тангира тоа. Ко мене што не ме тангира газот на Ким Кардашијан, светска политика или ботаника.
    Важно, утре ќе има награди со префикс Твитер и Блогерај. Првово у номинација влегува по пулсна точка и од чиста разонода. Блог нити сум имала, ниту ме занима такво нешто, премрзлива сум за да си го одржувам.
    Поентата ќе ја видиме утре. Номинирана сум и ќе одам да си се видам со драги луѓе, и покрај мноштвото... Сешта. ;)
    Ме мрзи да правам било што, ама сепак земав да читам книжуле. И тоа од Анџела Картер, со најпросто име Love. Љубовен психо триаголник, баш ме интересира каква фабула нуди.
    До следниот ПMС, чао.

    Ојдов да си читам и со мисли да скитам, ми треба.

    ПС - го има мојот твит овековечен во студентското списание Излез. Се прарадував. Од срце, до срце!
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka, kate21 и Nymeria им се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    24.355
    Пол:
    Женски
    Неколку дена се токмам да пишам во темава, ама зборовите не излегуваат од мене.
    Збунета сум премногу, не знам што мислам, и што чувствувам. Ми требаат одговори на милион прашања. Знам дека лежат некаде длабоко во мене, ама страв ми е да ги побарам. Се плашам да не се разочарам од она што ќе го дознаам. Уф, тежок период на уште потешки одлуки. Што да правам, како да постапам? Секој ден се прашувам. Лутам со мислите секаде, само не таму кај што треба навистина.
    Ми треба искрен разговор со некој. Најпрвин со самата себе.
    Сакам да си кажам се што ми лежи на душата. :worried:
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Во 9 и 20 цимерката дојде да ми каже дека нашла минијатурно бубаче во фрижидер. До 9 и 30 се беше извадено, ние опремени со средства напаѓаме на местото на злосторот. Пред малку вративме се назад и сега се надеваме дека нема да има продолжение на нашата драма. Збори она со дечко и на телефон и му вика: Еве маче чистиме ние. Ама 9 и пол е? Епа да де, ама бубачиња не бираат време за напад. :!:

    Ненадејно два дена одмор добив. Би прошетала ама треба пари. Би учела ама не знам што затоа што професорот го тупи. Шијам хулахопки и како луда пијам црн чај со млеко. По некој конкурс и апликација ваму и таму, и сфаќам колку сакам да видам се, за ги запознаам сите. Само ако може и мачката да си ја земам со мене. Ми ја држат пред камера на скајп, а она цуфка збунета. Уј колку ми фали покрај нозе навечер, да ми се тупне на сред кревет и да ме остави да спијам во најнезгодна позиција. Ама кога те боли грб од мачка и од секс не треба да се жалиме, нели? ;)

    Е така, меко и лека полека си тера времево. Есен без варено вино не е есен. И без збрчкано суво грозје кое баба ми ме тера да го носам во ташна за да одолеам на благо. Да ми успееше мене тоа некогаш. Да и успееше неа тоа некогаш. Генетика, јака работа.
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... ckv6-yhnIY
     
    На DzingrlakaDzikica, Noemi, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.