1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    :hai:
    И јас ги испуштив конците овие неколку денови. Славам и убаво ми е!

    Друго што сакав да кажам..
    Веќе почнаа на излозите да се редат куп новогодишни работи. Еден мој виртуелен пријател веќе и ја накити куќата со новогодишни сијалички и куп ситници кои го прават спешл периодот. Ми кажа дека многу го сака Божиќ и оваа предновогодишна еуфорија, па затоа не било премногу рано за него да се подготви и да ужива во сето тоа што се нуди.

    И јас го сакам периодот. Гледам дека веќе почнавте да ставате слики како врне снег.
    Оф..
    Најубавиот момент.
    Мислам дека никој повеќе од мене не ужива во него. Секој би си кажал така за него де, но ете..имам такво чувство.
    Пред 3год. мислам дека беше точно денот кога се укинаа визите, се погоди тој ден да врне снег. Е тогаш доживеав случајни, не посебни, не битни, но сепак моменти кои ми останаа врежани во главата, па и ден денес се сеќавам на тој ден, и си велам ахх, како би сакала да се повтори.
    Велат: The detalis are what makes it legend.

    Кога би имала способност да го вратам времето..
    Амбициозна сум. Сакам да го искусам она што наредното утро ќе ми го донесе, но понекогаш има моменти кога само се навраќам во минатото и правам ретроспектива па понекогашв си пуштам солза. Минатото ми буди тажни но и убави моменти. За кои е вредно да се потсетам. Но како што кажав, минато. Останува само длабоко врежано во меморијата. Можеби ќе се повтори, но ништо нема да биде така како што било.
     
    На Trendafilka, kravce, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.433
    Ах Плавушке, видов и јас, ако е тоа истото што го мислиме. Јас прво прочитав уште еднаш, викам да не е некое од тие потешките сметководства, а оно да ти е обичното! :D
    Да ти кажам, јас пукнав од смеа! :rofl:
    И посакувам многу среќа на колешката што го беше пишала тоа и се надевам дека ќе ја помине прва, само за да види дека понатака предметите се 5 пати потешки. :tmi:

    Инаку, јас сум добра. Ментално и физички. Малце збунета, али добро, тоа сум повеќето од времето, па повеќе не го сметам ко некоја состојба.
    Се наоѓам во период каде што нит учам, нит не учам.
    Т.е јас не учам, али паметот ми е во тоа дека веќе треба да се почне со учење, и тоа сериозно оти материјалот за втор колоквиум ми е малце повеќе од првиот, а помалце време имам за учење.
    Маки ...
    Али во ред сум инаку. Вчера си поминав прекрасен ден со една другарка, малце се подновив. ^_^
    Дечко ми ми кажа дека многу сум се радувала кога ќе си купам нешто ново, а јас му реков - Скромна дишичка сум си јас, со малце си се задоволувам, па затоа и многу си се радувам. 8) :D
    И така е навистина.
    Немам милион пудри, една имам! Таа кога ќе се истроши, тогаш се зима нова. Од се уствари што ми е за улепшавање на лице и тело имам по едно! Парталчиња имам доста, оти ништо не фрлам, а купувам кога ќе ми потреба нешто. Е само за бижутерија, поточно обетки, а да, и за марами, желбата ми е огромна, али и таа е зауздана во последно време. Мислам оти ќе ми треба една нова марама да си земам ... :?: :lol:

    И така. Толку од мене. Ништо не реков знам, али да знаете само дека сум тука. :P
     
    На Annie.mk1 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  3. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Е значи немам никакво чувство за правец. Се загубив во градот во која што живеам 18 години! :D Си идев дома од кај другарката, а таа живее по некакви улички. Ај таму излегов за 10 минути. :D
    Инаку овој ден е прилично добар. Имам инспирација. Проклета нека е и хемија ќе пишувам прво па потоа ќе учам :D

    Сум се заглавила во мојава глава пак, исполнета со мисли и со фантазии, и среќна сум што почнувам полека и полека да ги ставам на хартија. Уживам креирајќи го тој свет полн со магија и со личности со многу карактер и живот.
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Седиме така многу заљубени јас и тој, јас во него, тој во друга...
    јбг живот
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк што и да кажам залудно е, така се чувствувам.

    Така чувствувам, дека секој мој труд е залуден и неприметен.


    Ах, колку може да те измачува една личност и мислите кон неа ништо друго ја нема таа сила.
    Тежина во душа, во воздишки, во глава ... телото ми е полно со мисли и умор наместо со крв.

    Зборови, кажани недокажани морам на некој да ги кажам кога тој не умее да слуша.
    :( :|
     
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Воздухот надвор е мистичен! Толку свеж и студен. Како мене.

    Мајка ми' тврди дека не сум злобна,едноставно сум сакала да оставам таков впечаток....како шуплив орев!
    If I lay really quiet,
    I know that what I do isn't right.
     
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од тој Меморијалниот центар на Евреите од Македонија.Ваква сум сега :|
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.214
    Допаѓања:
    124.928
    СДК дека сум како средношколка,студентка таков нешто фазон :geek: Ми се плаче,ама и ми се смее зошто од нигде никаде ми се јави желба за учење |( Смешно бе,купив и маркери,тефтер,пенкалца,подвлечувам,запишувам,будалесто :D Ама пошто човек учи додека е жив,кој ќе биде најспремен на работа, м :wasntme:
     
    На anabel-a, CoverGirl10, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Две минути, ах пак ќе ми кидне автобусот. Трчанката и ете го доаѓа, а јас на 500 метри од станицата. Ми застана, зарем ќе дозволи дама да трча со штикла? :wasntme: Колку беше љубезен па ми рече да не плаќам ни карта. :lol: Си ја извадив чесно картичката, си ја куцнав и се заблагодарив што ми застана подолу од станицата. Си зачури со цигарата и се насмевна.
    Влезе и едно деденце, исто подолу од една друга станица. Шоферот го поздрави како да се стари пријатели, а потоа и му отвори на некое место кое беше далеку од било која станица што ја знам.
    Никогаш не сум стигнала за 10 минути до Центар, а денес и тоа се случи.
    Си купив две карминчиња, темни, ми се направи меракот. А потоа добив подарок. Си помислив денов не може да биде толку убав, мора до вечер нешто да се случи. За среќа не се случи сеуште ништо.

    Сестра ми ме пречека со кафенце и колку и да мразам на филџанот кога има траги од кармин овој пат со насмевка ја гледам бојата. Мх, мх...
     
    На Stoimenovska, anuskaNESTLE, CoverGirl10 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. simon4etooo

    simon4etooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    186
    Сакам од срце да ви се заблагодарам на тие што ми честитавте роденден. Многу ми значи. :hug: :hug: :hug: :*

    Нека им е среќен и на другите славенички. :party:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Носталгија.. :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    • P8263041.JPG
      P8263041.JPG
      Големина на фајлот:
      251,7 KB
      Прегледи:
      304
  12. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Времето лечи се!
    Страшно вистинита изрека...Иако понекогаш звучи ко клише. Треба само да му дозволиме да си го направи своето.
    Иииии....го направи тоа за мене :)
    Фала му што после толку време, неочекувано ми го докажа тоа. Успеав конечно да расчистам со минатото, т.е. да сфатам дека одамна сум расчистила, што иако некогаш ми изгледаше невозможно :)
     
    На PeaceLoveBasketball, DreamAngel и Dushica-sk им се допаѓа ова.
  13. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Одамна не сум кажала ништо.
    А што да кажам? Повторно период исполнет со тешкотии.
    Школо, домашни па и лични проблеми.
    Изгубив член од фамилијата, човек со големо срце, човек кој не заслужи таква смрт.
    Почивај во мир дедо.
    Оној момент кога го ставија неговиот крст, до на баба крстот во гробот, ми беше најтажниот..
    Барем сега се заедно. Верувам дека се заедно..
    Доживеав страшни моменти периодов. Но и во толкава несреќа сигурно негде има мала среќа.
    Утре ќе си купам грепка. Може таму е скриена.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.293
    Допаѓања:
    81.868
    Пол:
    Женски
    Како мала, кога ме прашуваа што сакам да станам кога ќе пораснам, секогаш одговарав дека сакам да бидам балерина, затоа што секогаш имаа убави фустанчиња и уредни пунџички, какви што никогаш не успеав да си направам ...
    Кога сега би ме прашале што сакам да станам во животецов мој, (а искрено, неретко ме прашуваа, во видоизменета форма, пред да се запишам на факултет) би им одговорила дека јас сепак, сакам да станам добар човек.
    И не само тоа, ами и да останам таква.
    Е да, риалити чек - реалната заработувачка од ова е во минус :D , ама затоа, нека ви текне на душевната. ;)
    И секогаш да ви текнува, без оглед на сè.
    А мене ме плашат времињата што идат - одамна веќе важи добро познатата изрека, дека човек на човека му е волк. И секогаш се прашувам зошто. Зошто, зошто, зошто ?
    Зар толку е големо задоволството кога некому му наштетуваш !? До тука ли стасавме ? Немам коментар.
    И не сакам да имам, искрено. Одамна веќе сум запрепастена од сè и сешто.
    А отсекогаш сум сакала да им помагам и да ги смеам луѓето. И да бидат среќни. За да ме исполнат и да се исполнат себе си, бар на кратко.
    Знаете, често посакувам сиот тој лошотилук на кој наидувам и кој ми го сервираат сите околу мене, да го соберам така на куп и да го џиткосам во некоја дупка. Исто како кога тгнувате купче непотребни работи од полица - трус ! ]:)
    И да, жално е што уште долго ќе остане на тоа „(пос)сак(ув)ам“.
    Чуден ми беше денов, ниту какаото со цимет и печените бадеми не ми ги разведрија мислите. :doh:
     
    На Trendafilka, kravce, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  15. PrivateMe

    PrivateMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    26
    Цел живот бев затворена. На никого не му дозволив да ја има таа чест да го сакам. Неколку имале среќа и ме сакале.. сега ми е жал за нив. Но, јас... јас ја заборавив заклучена таа врата до неодамна. За прв пат дозволив луѓето да ја отвараат. Денес, па еве веќе еден подолг период, сфаќам дека сите оние кои што имале клуч од таа врата, само ја отклучиле и повремено ѕиркале.
    Никој не влегува. Никој не сфаќа дека јас сум од другата страна. Дека ги чекам. Дека секогаш бев и сум тука за нив. Никој не сфаќа дека тоа што го имаат мојот клуч е се што можам да им дадам... Буквално се.
    Не, не сум разгалена. Понекогаш сум разочарана дека не сум успеала да ја вратам целата таа љубов и внимание што сум ги добивала од универзумот и луѓето околу мене...
    Зошто никој не сака да сфати дека ми е прв пат. Дека штотуку почнувам да дарам внимание... штотуку им дозволив на луѓето да допираат до мене.
    Не одете... дајте ми шанса. Изгледа не го зборуваме истиот јазик. Но јас сум тука. Ве сакам... слушнете ме. Прифатете ме.
     
    На La.Reina.Del.Sur, cinderella5, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  16. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Епа да си кажам и јас
    Научив секретарско и сега едвај чекам да одговарам и да завршам со тоа. Само колку е убаво кога утре сите професори испрашуваат а ти си испрашана и многу ти е гајле за другите, додека сите сега се мачат јас си уживкам. Ама малце ми е досадно немам со кого муабет да си праам со саати, епа сеа мачете се, ми викавте зашто учиш, па нема да те стане да одговараш,ова-она. Епа не знаете како е да се биде прва во дневник, НЕ.
     
  17. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Иронично,секогаш кога ќе спомнат богатство помислувам на беда.
    Можеби не материјална,туку душевна. :)
     
    На Trendafilka, Stoimenovska, Glossy-girl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    СДК-дека имам глувче во собава :worried:
    грдо е како судбина, не мие страф ама мие гнас..
    прееска за малку ќе го згазнев по скалите се згрозив
    а сега со чутената под вратата си докуцка до фрижидерот и таму сега си дреме..
    А моиве кутрите немале стапица :worried:
    епа нема проблем ноф член на семејството
    Јас мама тато бато и глуфчето грдо :)
     
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Манипулаторите се всушност луѓе со висок коефициент на интелигенција.
    Да успееш некого да изманипулираш е способност која не секој од нас ја поседува. Колку и да ги мразам манипулаторите и нивните валкани игри, реална сум па си признавам дека тоа се МНОГУ мудри луѓе чија главна цел се сопствените интереси.

    Многу одамна бев во музеј во кој беа изложени неколку отворени глави и на сите им се гледаа мозоците. Тоа беа "испрани мозоци". Бев мала па многу работи не ги сфатив тогаш.

    Знам дека изгледаа застрашувачки и во главата ми останаа едни страшни морничави слики.
    Денеска кога ќе погледнам човек со замислен, отсутен поглед, со ставови без аргументи веднаш ми текнува на тие страшни отворени глави со "испрани мозоци".

    Страшно и жално е колку такви луѓе постојат.
    Најжално е кога ќе дадеш се од себе за да им го докажеш спротивното, реалното, вистинското и наидуваш на тврдоглавост и силен отпор од нивна страна.

    Баш тие луѓе со "испрани мозоци" ги донесуваат клучните и суштинските одлуки во многу сфери од животот. Манипулаторите успеваат во остварување на својата цел, а останатите ги трпат последиците.
    СТРАШНО!
     
    На Hipster, MandyLane, Magnolija и 7 други им се допаѓа ова.
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    После толку време се осеќам свежо. Дури и обрзите ми поруменија. Си направив многу промени во имиџот. Си купив и нов тоник за лице, и фино лепо си се исчупав. Долго време ми требаше да соберам храброст за чупање, ама некако се решив. :)
    Имајте убава вечер, и наспијте се како луѓе, зашто еднаш се живее! :hai:
     
    На Glossy-girl и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.