[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.134
    Јас имам 24 години и ужасно ми е страв од глушец.
    И во моментот имам дома еден кој не ми дава мир.
    Не сум нормална, знам, не ми долкува. Си велите оваа не е нормална, на 24 да се плаши од глушец. Абе и на 50 ќе се плашам.
    Се прашувам што сега мислите за мене :D .
    О да, неможете да поверувате дека имам 24 години ;) .
     
    На Shelea, LilBaby, anichka94 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.528
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум Ангел Оф Арх имам 25 години и и мене ми е страв од глуФци како и на Џули :rofl:
     
    На LilBaby и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Мислам дека не e до тоа дали и’ е страв од глушец, туку на овие грешки што се напишани во песничката, која впрочем како да е напишана од дете од прво одделение. :)
     
    На Lov3 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    ^ Hајверојатно мислеше за начинот на пишување :D
    и јас имам еден глушец, ама во шупа сите компири ни ги изеде.
    Pелативно нема кај нас глувци, со 40 мачки на комшијата :D

    Hего сакам да кажам, си се слушав со една многу многу драга другарка од средно, многу бевме блиски 4 години :) Cе надевам и дека набрзо ќе се видиме. без фејс, луѓето денес многу лесно губат контакти, такво време дошло денес |(
    па дури да му најдеш број на некој, дур да се распрашаш....
    Eј, ми фали средно, кој сака нека каже дека факсот е бољи, не се согласувам, средно е средно
    да можам да се вратам, немаше да бегам толку од часови, убаво викаше класната, ќе се каете еден ден, не се враќа времето... :(
     
    На thelittle17, antonina, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.134
    Па добро де, постот и онака и е за смеење, не пишува поема, па ајде сега да внимава.
    Да не треба да го лекторира случајно?
    Разбирлив е, а и поводот за кој е пишан сосема одговара на начинот на кој е напишан.
     
  6. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Не ми беше муабетот за нејзиниот страв од глувци. :)
    Ете напишаа и пред мене. И мојот пост не се однесуваше само на тоа мислење, туку општо на сите нејзини мислења кои ги имам прочитано. Затоа го напишав и второто мислење.
    А богами со ваквиов одговор, се двоумам дали имаш 24. ;)
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.134
    ^
    Лична карта да не сакаш да ти скенирам и да ти пратам? ;)
    Бреј, не знаев дека на форумот мора да пишуваш на висок стил, лекторирано, за да те сфатат сериозно.
    Награди делеле за најпаметните :D .
     
    На JoxyTheFreak, anichka94, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Всушност, за да пишуваш на форумов мораш да имаш завршено Филолошки. Ете сега знаеш. :)
    А лична карта не мора да скенираш, преферирам пасоши. ;)
     
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    JuLleE не си во право. Никако не ми иде девојка од 18 години да не знае да се изрази убаво граматички и правописно, да пишува страФ, ноФ, глуФче. Е сега ако се овие дијалектизми јас се длабоко извинувам. :)
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.134
    Дијалект е ;) .
    Абе девојки и на мене ми сметаат ваквите постови во кои има низа на правописни грешки, ама овој пост беше во сосема друг контекст, да се насмееш, па сосема ми е во ред да е напишан на дијалект, плус вака до израз доаѓа и правата смисла на постот.
    Не се фаќајте право за правописните грешки.
    Нека пишува како што сака, она ќе остане неписмена. :D
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.414
    Допаѓања:
    13.320
    Пол:
    Женски
    Јас па не бегав од часови, јас елегантно си излегував од школо :) .
    Убаво ми беше да се собереме на нашето место, да седнеме на кафе, или едноставно ништо да не правиме.
    Поубави спомени имам од тоа :tmi:
    Никогаш не сакав да бегам со цела група. Јас и другарка ми, евентуално уште 2-3 други.
     
    На LilBaby и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ах тие глувци фрки прават по форуми!

    Да ви кажам неодамна како се израдував.

    Кога беше воениот конфликт, нормално си фунцкиониравме уште не нормално, ама некако, учев во медицина и бев на пракса на кардиологија. Имаше една пацинетка тетка Кате, лежеше во креветот скоро неподвижна, бледа, ја прашав како е, и ми кажа дека и фали нејзиниот син, никој на светот нема освен него, а тој во Холандија живеел, и не сакала да го потресува, докторите не беа најпозитивни за нејзината состојба, имаше една слика на масата, имаше портокалова коса, и стоеше како на никој друг, беше таква симпатична со нежно портокалов кармин и лак. Си правиме муабет за живот, и ми вели да те замолам, те молам купи ми лак и некое карминче, да се средам. Кога одев накај дома и купив исти како од сликата. Си отидов дома, ама тој ден знам дека во Радишани беше ужас, воена полиција, беа во потрага го лица од ОНА, се се одвиваше околу мојата куќа, видов и што не требаше да видам, моите испаничија и ми рекоа дека не смејам да искачам и нема школо периодов. А јас и ветив на тетка Кате дека ќе и однесам утре. Поминаа неколку дена, јас се нервирав зошто не знам можеби нешто и се случило, јас и бев се' таму, ми беше екстремно благодарна за секој миг поминат во нејзината соба, а и јас се прикрадував зошто имав неколку соби тогаш во кои морав да извршувам обврски, како и да е јас се прикрадов од дома зошто моите отидоа на работа, отидов ја налакирав, се поданшминка се шегуваше. Сопругот и беше починал. И после тој ден јас никогаш не ја видов, ме префрлија после некое веме на други оддели, поминав во собата видов дека е друга личност таму и не сакав ни да прашам што се случило, зошто мислев дека е крај. Ама.. пред неколку недели фаќам 24 мислам дека беше, а таму тетка Кате, горда, средена леле луѓе која елеганција, се думав дал да и прозборам, прво ја погледав да видам дека е она, ама лакот, карминот, косата, елегантен шал на нејзе, гордо стоеше, кога бев на пракса, бев со кратка коса, немаше ни Ж од женственот од мене, и кога и кажав дека сум таа, не и се веруваше. Ми беше многу благодарна, ме мислела многу долго, зошто не знаела зошто сум исчезнала, мене ми беше само страв дека се случило најлошото затоа никогаш не прашав. Ама ете живот. Одеше некаде, се симна насмеана кај соборна, многу убаво ми дојде на душава што знам дека успеала, и застанала на нозе пак, и го нема ликот на онаа изнемоштена дама.
     
    На QueenN, Monna.Monna, Shelea и 38 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Моментот кога ќе ти скратат илјадарка од плата, искачаш на улица и си наоѓаш друга илјадарка 8)
     
    На simoncelicius, Monna.Monna, Waka-waka и 40 други им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сдк,

    Пред извесен период бевме во еден манастир каде моментално се двајца монаси. Искрено е многу малечок зборот во споредба со она што се учи од нив и го кажува само нивниот израз. Пред се смирение, спокојни лица кои зрачат со милост, убавина, љубов... Тивок разговор, кој едноставно не знаеш дали човек разговара или е само привидение кои ние денес не сме го ни слушнале, па ни виделе. Просто човек да се чуди, да се воодушевува на такви личности кои не кажале ни еден збор кој е излишен и вишок, чиј разговор е само за она што потребно, а ничиј друг живот не е воопшто повод и тема за никаков разговор.
    Ми остави впечаток една ситуација каде имаше и малку напнатост. Си размислувам во себе, ако јас, или било кој друг би биле во таа ситуација и тогаш, искрено ќе беше голема работата, но овде еве што се случи.
    Отците поправаа една машина. Се дојде до еден момент кога навистина еден од отците малку и се налути (многу нормално во текот на работата). А најважното беше нивната кавга која буквално беше ваква :!: .
    Цитирам:
    - Оче Г..... , сега кој е овде мајстор, ти или јас?
    А ова другово душиче, без но, ама или нешто слично, се насмевна и му вели:
    -Ти отче!
    Кавгата беше само толку. Настана молк и тоа беше се. Се заврши, повторно сите се насмевнаа, започнаа да разговараат како ништо и да не било.
    Колку само мудрост има во една проста реченица. Да го ставиш своето ЈАС последно, а ЈАС на ближниот, да го ставиш на прво место. Едноставно да го љубиш другиот, иако понекогаш знаеш дека си во право.
    И најважното не го кажав.
    Другиот отец кој едноставно се покори од љубов е 15 може и повеќе години постар од другиот отец и најважно има завршено машински факултет и додека не бил монах бил еден од најпрочуените мајстори во цела Македонија, а и пошироко. А тој од љубов се повлече и му даде предност него.
    Која љубов е таа...

    И :!: , Серафима искрено се пронајде во се тоа. Колку и треба да учи, учи и учи, за тоа да го научи. А таа е далеку...
    Зашто навистина тоа е една тешка, макотрпна борба со самиот себе. Да знаеш дека си во право и да знаеш дека тоа е вистината, а да му дадеш простор и место на ближниот и тоа само од љубов кон него.



    Сдк,

    Тешко е да го љубиш оној кој не не сака, но кога би знаеле само што носи таа љубов... А треба само малку, да се принудиш самиот себе да не се гневиш и да возвратиш со добро.
    Тоа го вкусив и се радувам за тој чичко :f: .
     
    На antonina, stylishh, nekoja85 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Ма какви шампањска, какви Џекови Даниелови, ма какви Мартини - ракија му е мајката!
    Вчера бев толку изморена од што чистев да се претставам во најдобро светло како домачица, прашина усисивач, садови, подови. И на крај издекорирав едни такви вкусни салати, стварно не знаев дека сум толку надарена е. Се надминав себеси.
    Викнавме со либето уште еден пар, моја другарка и дечко и. Имаме слични проблеми ,слични години, слични животни приказни. Се исповедавме еден по еден, толку се немам смеено никогаш во животов.
    Па мислам како да не смеам кога типов си седел на езеро и си викал: Еее види кајче дошло до брегот...ма какво кајче бе тоа ми е колата. :lol: Кутриот ја извадил од брзина и си седнал на плажата. Можете да замислите што се дешавало после.
    Муабетот ми беше: Не ни се потребни којзнае колку пари за да ја вкусиме младоста и животот. Не ти требаат скапи парфеми и фустани за да бидеш во добро друштво.
    Во мојов случај едно бокалче ракија заврши работа.
     
    На Abeja и karenin им се допаѓа ова.
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Емоционално исполнета како никогаш до сега.
    Сакам да кажам дека сум very happy today :l: :l: :l: :l: :l:
     
    На lepadama, bubuce и karenin им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Кога ги читам на твитер како се радуваат за журката на блогирање поедини особи... па ме фаќа некако жал бе...мислам... стварно.
    А и некад твитаат за социјалниот живот на другите луѓе...и сега... Стварно ми е жал... :(
    А еден бисер од соседството. Убав твитерџија.
    https://twitter.com/stanovnikzemlje
    Ау бре,да не се пронајде некој?!
    Генијален дечкич,а може и да е Хрват!
    Петок,здраво,здраво. Синедејс,роџендани мали забави, пивце-мивце, ова-она. И луѓиња со личности и интегритети,навистина.
    Фемина,екстраполација на сето женско срање кое не може во реалноста толку обсерваторски да се види и почувствува... Каков е овој свет,овде гомно,онде цвет?!

    И од другата страна на нештата... другарка ми е округла као трактор (со тоа што тракторот на е округли,ама е огромен!!!). Чекаме беблак... тоа ќе биде крупен беблак...нетрпение меѓу сите,а најмногу у мене (да де,баш у мене,она е онака,пф... :D Ова звучи као едни пријатели на моите,кога добија бебе и теткава на бебево хистерично тврдеше дека има право на него,пошто му е тетка...ох мај...шизо ). Да си го мирискам цветот најубав!А утрово пак го сретнав комшијата со двемесечното внученце,леле коВку нежно ја носеше во Лацеее...ни ни ни ни ни да му направиш сквиииииииз!!!
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Чекам потврден одговор за интервју за работа. И имам чувство дека може ќе ми се насмевне среќата. Сакааам. Инаку навистина се менуваат коцкичките. Искрено некогаш заборавам дека постојат најразлични луѓе. И дека сите не носиме иста мудрост во нас, ниту пак исти морални вредности. Жалосно! И Ептен ми се бедни женските кои им раскинуваат на своите дечковци (со желба за некое + сексуално искуство), а истовремено со канџи го држат до себе. И бедни се во тој момент кога го прават најболно говедо на цел свет и му создаваат лажна надеж. Бедни се кога изневеруваат со еден, а имаат сериозна врска со друг, истовремено. Бедни се кога незнаат како да се сносат со тоа што нивниот бивши продолжил со животот и затоа го критикуваат на Интернет. Бедни се кога го критикуваат пред други луѓе, бидејќи и се болно љубоморни на новата и поубава женска. Бедни се кога си ласкаат себеси дека се толку sexy. Да да, знам дека ќе се препознаеш, но не ми е ни гајле. Знаеш еден искраен совет - дај земи не се преценувај толку. И престани да се пушташ на секој кој има девојка. Ти си толку бедна. Се се, ама љубомора и завист дека некоја има добар физикус покрај себе а ти не е многу умоболно.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Иронично е тоа што,луѓето кои велеа дека секогаш ќе бидат тука ,всушност се оние кои први си заминаа од мене... :envy: :envy: :envy:
     
  20. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Да догледам едно филмче, па после пак на кеј. Убаво ми делува, како одвоено време за важни, специјални мисли, секако, со придружба на добра музика. А чувството после, е тоа е милина. :D

    Наидов на еден интересен текст на фејсбук, какви креативни умови имало =) И ова е еден убав пример, како може една секојдневна ситуација во животот да се раскаже на толку интересен начин...


    Еднаш чекав на ред пред една засега неименувана пицерија.

    Се појави еден човек, красен со златен дебел крст, со напумпан стомак и уште 150 кила месо на останатите делови од телото.

    Се шмугна гордо пред мене, и јас, набиен со комплекси од неодамнешно вадење пасош, извод, завод и провод, решив да се спротиставам.

    Реков "еј, каде ти, ние сме овде први"

    Тој ме погледна смирено, и се насмевна кон мене со точно таква насмевка што раскажува како на последниот човек што му се спротиставил за чекање ред пред пицерија, му ја запалил фамилијата четри генерации уназад и го натерал престапникот да го гледа тоа.

    Кога забележав дека, можеби, не сум баш најинтелигентниот човек на планета, туку напротив, си ги собрав пљачките и гордоста, и пристојно се извинив со остатокот на здив што ми преостана.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.