[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Велат после секоја бура доаѓало сонце |( ,па каде е тоа сонцето да дојде кај мене само бури има во мојот живот секогаш си велам ајде издржи го уште ова,потоа пак уште ова,потоа пак уште ова и крај му нема до кога ќе живеам со овај камен на душата ќе се ослободам ли некогаш од него?понекогаш си велам далечината е спас за све но кој знае :worried:
     
    На senza.parole и sunfemina им се допаѓа ова.
  2. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК преживеав. Ја преживеав пеколнава недела полна со обврски, администрација, шефови, плаќање сметки и губење картички (заборавање во банкомат). Мило ми е што имам уште саат ипол од работново време и толку. Ќе си одам дома после. Мисла која ме исполнува цел ден. Ќе си ги видам мама и тато. И Бубето, де. Сигурно е пораснато. Кучето де. После работа ќе поминам од Веро, ќе купам чај од мајчина душичка, цимет и некое ситниче за дома. Ќе ми речат „што си се трошела“, ама знам кога ќе дојде некој и ќе го примети тоа нешто што сум им го купила, двајцата во еден глас ќе речат „Ана ни го донесе тоа“. Горди се на мене, душички мои. Се надевам неделава ќе ги викам да дојдат Скопје на одбрана на дипломска. Нема да има погорди родители од нив. Вложија напори од петни жили да ме финансираат додека студирав. И мене и сестра ми.
    Ќе си појдам дома касно вечер. Шпоретот запален, шири топлина. Ме грее внатре. Има некоја посебна магија во огнот кој го затоплува домот. Некако топло делува. Психички, не физички. Ќе рече татко ми да пиеме кафе. Ќе им направам чајче и ќе се свиткам помеѓу двајцата на креветчето пред телевизор. Најубавото место на цел свет. Најсигурното. Најтоплото. Најубавото... :)

    Ќе ми замине илјадарка, ама ако. И онака имам уште малку од плата, до плата. Се тешам дека уште една недела ќе земам друга плата. Како да не. Теши си се, ако немаш друга работа. Е како иначе? Треба да си купам црвено карминче, да купам чајче и да си платам карта автобуска. Плус такси до автобуска и од автобуска. ...
    Сепак, дома ќе сум си цел викенд. Ниедни пари на цел свет не моажт да го заменат тоа задоволство. Ниедна сума не ја купува топлината на моето „дома“. Ниеден милион не може да ми ја замени топлата мајчина прегратка за пречек.
    Дома немам интернет. Немам кабловска. Сиромаштија, што ќе прајш.
    Ама, пак од друга страна, полн ми е домот со љубов. Барем кога си одам дома, празник е. Се готват специјалитети, и има натпревар кое јадење е повкусно, дали тоа на мајка ми или на татко ми. А јас мудро дегустирам и оценувам. Гласам за двајцата. Едниот не би бил истиот без другиот. Премногу долго останувам во Скопје. Треба почесто да си одам. Се радуваат. Очите им светат кога сум дома. И јас и сестра ми.

    Дома знам дека припаѓам. Нема да излегувам. Дома ќе седам на тридневна рехабилитација. Ми треба.


    Многу ми недостигаат. Нека ми се живи и здрави уште многу години.

    Многу се запишав. Дека многу се радувам. Дома. Не сум била два месеца.
    Ај да не претерувам, да се одјавам. Ви посакувам да имате најубав и најтопол викенд. Уживајте во топлината на домот и љубовта на мама и тато. Не знаете колку ви значат, додека не поминете некое време без нив. А богами, шест години настрана од дома не се малку. Тешко е да си сам. Ама барем знаеш дека имаш некаде дома, и некој кој те чека со раширени раце таму. Пивнете едно чајче во тоа име, и кажете им колку ви значат. Кој знае што носи новото утре.

    Ви праќам прегратки и се одјавувам од мојава меланхолична исповед.

    Оувер анд аут.

    Викенд моуд активејтед. Тил мандеј, фоукс, тејк кер ;3
     
    На Monna.Monna, Doozy, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Понекогаш не е потребно некој да ме изнервира, да ме налути за да направи да се почувствувам лошо. Доволно е само присуството неговото и мене веднаш ми се менува расположението.
    Некои луѓе зрачат со негативна енергија, без било што да направат.
    Не знам дали и вие го чувствувате тоа? :^)
    Самата нивна појава ми испраќа лоши, негативни вибрации.
    До мене е или сепак не?
    -----------------------------------------------------------------------------------------
    Денеска сум малку напната и живчана па да си кажам...
    Страшно ме иритира и коса ми се крева:

    -Кога некој шмата, јаде со отворена уста или зборува додека има храна во устата.
    -Кога некој во друштво го натега шишето од кое сите треба да си стават пијалок во својата чаша.
    -Кога срка звучно супа или кафе.
    -Кога грицка гласно некоја тврда храна (како чипс на пр.)
    -Кога свирка.
    -Кога не води сметка за личната хигиена (Мислам на пот, смрдливи чорапи и здив)
    -Кога не ја чисти шољата по голема нужда.
    -Кога не го забришува лавабото од капките вода во кујната по секое миење садови.
    -Кога личните работи ги расфрла низ цела куќа.
    -Кога еден сад, лажица или вилушка по употреба не ги мие и ги остава за да го стори тоа некој друг место него.
    И има уште милион други работи...

    Има некој друг како мене или јас сум нервно пореметена? |(
    Сериозно се почесто си го посатвувам прашањево...
     
    На Doozy, Johny, simon4etooo и 9 други им се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Најнормална си ,сметам дека на секој културен и дбро воспитан човек би му сметало тоа.Се согласувам со се што имаш наброено ,и мене ме вади од такт.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Деновиве се развлекуваат како мастика...секој ден ист на претходниот,само јас осцилирам некако со моево внатрешно дете,ту сум високо... највисоко,ту се треснувам на земја... :| Ама жив човек на се се навикнува...ама најтешко ти е сам на себе да си се навикнеш...ќе биде...си праќаш утешителна насмевка во огледалото...која е ми се чини последната искрена што сум ја видела во последно време...

    Ме мачат многу проблеми за големите не сакам да зборувам ,ама овие маливе ме нервираат...Вчера од пусто не размислување си купив 2 плика,едното зашто не знаев дека ќе најдам поефтино,другото го видов отпосле...и во мене проработе генот на батко Ѓорѓија...и така си дојдов дома со 2 плик чантички и еден пар чевли...се надевам дека госпожата на пазарската тезга ќе сака да ми го замени...барем да купам нешто за ќерка ми ,а не вака 2 плик ташни со иста боја....чуму ми се???

    Кога не знаеш што да правиш за ручек (уствари ништо не ти се прави),а и фрижидерот ти е празен, посегни си кон домаќинот на куќата-гравчето наше насушно...денес на репертоар тавче гравче... :D

    И само мене во зима ми текнуваат некои фикс идеи.За промена на несреќната дневна соба.Ме фаќа младешко лудило,и од претерано листање на Арт енд декорејшн сакам гарнитура со крв црвена боја :inlove: така со модерен дизајн за да добијам барем 20 бода од комшилакот.А старата ритуално ќе ја запалам во дворот... :D :D А на ѕидот да насликам дрвце со гранчиња,врапчиња,ливчиња...кое нема да ме кошта 3000 денари...туку неверојатни 300 денари...In your face,проклети капиталисти.... ;)

    Лап топот не можам да го дружам ми се цвикна кабелот ,а сега е привремено пензиониран до следната набавка на нов кабел...

    Ништо не кажав,и сешто кажав... :lol: имајте убав ден.....
     
    На LilBaby, kravce, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... замислете си како мирно си чекорите по Ленинова, во ваков шашма ден како денешниов и од нигде никаде, ви свирка автомобил, вие во секундата почнувате да ги колнете сите напалени манијаци и перверзњаци, и оп - од автомобилот излегува вашиот најдобар другар и ве гушка!!!
    :inlove:

    Денот ми се поправи, тенот ми живна, срцето ми се растропа, ^_^ лев бубрег и срце и душа и се` што поседувам би дала за другар ми, толку е непосреден, забавен и шармантен, талентиран и прекрасен, one man show, го обожаваме сите по дома, a real brother from another mother.

    Веста дека има шанси наскоро да замине на дури 2 години во странство ме потресе, признавам, :( последното негово отсуство го поднесов страшно лошо и носталгично, иако сфаќам дека е за негово добро и му посакувам само убави работи.

    Знам како е скроен животот и какви жртви мора да поднесеме за да дојдеме до успехот, ама како помала, замислував како постои една голема зграда, специјално изградена за моето семејство, нашите најблиски родини и јас набројував кого друг ќе земеме со нас, другарка ми, другарите, да сме сите тука на едно и блиску, и да си живееме среќно засекогаш. :D

    И уште го посакувам тоа, толку го чувствувам како дел од себе, и така ме боли кога не можам да му свртам со врискање за некоја нова песна или филм, или да му се поплачам или пофалам...

    Без другари е тажно, другарството е важно.

    Ова ти е посветено тебе другарче.
    Те сакам.
    :hug:
     
    На Monna.Monna, antonina, LilBaby и 30 други им се допаѓа ова.
  7. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Го знаете оној момент кога во стомакот имате некое чувство како да се случува трета светска војна и срцето ви чука забрзано? Е јас ќе полудам сега. Најчесто кога ми е вака се случуваат лоши работи ама не сакам да мислам на ништо од тоа. Мислам дека ќе експлодирам уф :devil:


    Едит: Ете баба ми паднала. Отишла да си купи лепче и и се свртело. Е кога ќе тргне, тргнато е.
     
  8. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Деновиве постојано мислам како тоа парите ги уништуваат луѓето...

    Епа да не должам женски,туку да ви се пофалам,ќе се вработам за зимскиов распуст :party: :D радосно ќе одам дека сакам од сега да научам како е тоа сам да заработуваш.
    Мајка ми уште од мала е научена да добива многу пари,ама јас не сакам да се навикнам така.
    Најтешко ми е што таа не ме поддржува,туку вика дека било срамота да си средно школо и да работиш,и постојано спомнува дека имала многу пари,и дека на мене не ми требале.
    Жено,не ми е за парите. Сакам да му помогнам на некого,да се научам како е сам да заработуваш.
    Ама ете,таа не сфаќа. Не ми е важно,гордо ќе си одам на работа :)
    За мене не е срамота да имаш 15 години и да работиш,туку показател дека си доволно зрел за тоа на свои години. Им се восхитувам на тие кои ми се врсници и работат.
    Си имам време на распусти,зошто да се излежавам?

    И што ќе и се на мајка ми парите? Зарем и помогнале нешто? Зарем парите ве прават посреќни во животот?
    Може да се купи буквално се,освен среќа и љубов.
    А мене ова ќе ме направи посреќна,дека ќе знам,му помагам на некого :)
     
    На Monna.Monna, Shelea, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    PeaceLoveBasketball
    Кога на крајот од денот спечалените парички ќе си ги ставиш во паричникот, ќе си речеш: вредел мојот труд.
    :!: Тие пари и потешко се трошат да знаеш.
    Дури тогаш вистински ќе ја сфатиш вредноста на парите и дали твојот труд вреди толку?!
    Ќе стекнеш работна навика што е најважно во твојот случај и ќе станеш по одговорен и совесен човек!
    Планираш да го направиш вистинскиот чекор! ;)
    Само не дозволувај некој да го злоупотреби твојот труд!
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Сакам и јас да си имам едно вакво кученце преслатко е
     

    Прикачени фајлови:

    • 04.jpg
      04.jpg
      Големина на фајлот:
      78,6 KB
      Прегледи:
      349
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Хохо среќнааа :D :party: Конечно успеав да влезам у фустанче s и притоа да не изгледам деформирано, смешно, кловновски. Абе стоев 15 мин пред огледало и сестра ми ме вртеше од сите страни и ме прегледуваше мидер на не сум си купила само за да влезам у нејзините фустани. Епа не сестро, вежбав и шпартав по улиците секој ден по 2 саати. Резултат, конечно исти број на се носиме. Ама се надевам среќата нема да ме удре по глава, па од утре да си се разјадам и залежам. Хихи незнам за вас, ама јас вечер ќе си се журкам гордо у фустанчето кое го меркав цела една година :dance:
     
    На Monna.Monna, LilBaby, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК ако во животот на човекот постојат луѓе кои да речеме страшно го иритираат и сл., работите не се толку лоши кога истиот ќе се замара со нив, туку лоши се кога истите ќе бидат игнорирани од негова страна, со тоа колку и да го замараат тој едноставно нема веќе ни да ги приметува, ќе гледа низ нив што би се рекло, тоа е лошото за нив, не за него.Расчистил со нив, во превод :)

    Патем, слушнав една музика Meditation ( Zen Music), случајно ја најдов, читајки низ форумот, една членка ја постирала, каква масажа ми прави на умов, убаини :D
     
    На Serafima, ilipili и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  13. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сте имале еден од оние денови кога се ви се прави ама ништо не правите?
    Еве го денов, таков ми врви.

    Кулминацијата, за сега, беше моментот кога се изненадив од нешто што воопшто не требаше да се изненадам. А каква сум изненадена... никаква. Не вардам што зборам.
    Можеби испаднав и оговарачка. Не сакав.
    Врти-сучи, сите сами си ги правиме проблемите.
    Секогаш си викам, “абе не се мешај. Прај се ко ништо да не знаеш’’ ама никако да се послушам.

    На крај и краева, тоа е што е, најубаво да си продолжам да си терам напред без никаква грижа на совест, се да ми е сеедно. Кога толку многу луѓе така живеат, зошто да не и јас?
     
    На Glossy-girl и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  14. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Периодов некако е прекрасен. :)
    Сите се некако расположени , сите сме некако среќни, но и по малку исплашени.. :| :worried: Секогаш постои некој проблем кој одвнатре ја јади душата.. :worried:
    Денес денов дали дека петок ама прекрасен е.
    Надвор топло па заедно со најдобриот другар си дојдов пешки до училиште. Внимавам на диетата :lol:
    Секакви муабети, смеења , времето топло беше совршено за пешачење, и нормално + за мене.Иако не ја сакам есента премногу знае да биде прекрасна. :inlove:

    Кога си дојдов дома друг филм.
    Туш ,нокти, депилации... , а сега и косата ке ја скратам и нормално веѓите. :)

    Кажав : Денот е прекрасен, создаден за уживање.
     

    Прикачени фајлови:

    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    СДК дека годините не се мерило за зрелост. Аман, сватете го тоа веќе еднаш !
    А тогаш дојдете да разговараме. До тогаш - :hai:
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Периодов ми е некако, сив, ноемвриски. А јас пошто сум мрдната и доста непостојана водолија, 2 саати сум никаква, па ќе се налутам и ќе си речам - еј ало, живо малку па си рипам сета среќна.
    Па после си велам, ма што се занесуваш дај малку пореално. И така :D И не, не сум во ПМС!

    Туку рингишпил животов, сериозно да. Еднаш вака, еднаш така. Мајка ми ми вели, уз друг муабет, ах низ што се помина, а јас ете не сум седнала да размислувам така. ЈБГ си велам, тоа е. Ме растажило? Да. Ме натерало да леам солзи? Да. Ме направило пасивна и да немам волја да станам од кревет? Да. Секако.
    Сум се чуствувала баш секако, но се борев со сето тоа и мислам дека сеуште се борам. Впрочем, розеви орхидеи не ми цветаат баш секој ден...ама битно е да знаеш да бидеш и на врв и на дно. И да ја прифатиш секоја промена која животот ти ја носи. Затоа што токму тоа е она што те турка напред и те учи на некој начин.
    Зошто го пишувам ова? Хм, да речеме дека сум инспирирана од луѓе. Од тоа како секој се бори со својот проблем и искрено понекогаш си велам, како ли имаат сила?!
    Имаат веројатно, како што ја имав и јас и моите блиски и Станко, и Петко и Перса.
    Не сум тип на човек кој кука и најдлабоките чуства секогаш ги оставам за себе.
    Знам да затупам некогаш за глупости ама она есенцијалното останува за мене.

    Верувам дека секој од нас се нашол во тешка ситуација, дали скршен нокт било во прашање или семејна трагедија, или борба за опстанок, или не дај Боже борба за живот, за преживување.
    Затоа не разбирам како можат понекогаш луѓето да се толку гнасни.
    И јас и покрај тоа што го знам тоа, не разбирам како можам сеуште да верувам во нивната искреност и добрина.

    Непоправлива сум понекогаш. Или секогаш. Ни самата не знам.

    Во едно сум сепак сигурна. Петок е бре ало! Така да, партизански идеме во нова животна димензија.

    Журка па мамурна депресија, и се така, шта ќеш :) (метафорично и буквално, секако)
     
    На Mini-Mouse, Shelea, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    сФатете. :!:
     
    На Monna.Monna, Stoimenovska, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Преродена сум. Прочистена. Опоравена.
    Можеби ми требаше толку време да средам некои работи но вредеше.
    Мајка ми почна да работи, школово си тече во добар ред, си имам ново мачорче до мене и се топам од ден за ден, расчистени работи со некои луѓе.

    Епа знаете што?! Среќна сум. :)
    После тооолку многу време, навистина сум среќна!
    Од срце се смеам додека стомакот не почне неиздржливо да боли, со љубовчето си цутаме, мајка ми после толку време е среќна, безрезервно праќам насмевки на сите познаници и тие враќаат, уживам во денот и во утрото, на пензионерите сеуште не им станувам во автобусиве и кутрето си доби петка кај кинолошкиот судија. Сега дечко и ќе заврши се друго :devil:

    Еве сама ќе си ја искористам приликата да си кажам добро ве најдов назад со дубоко извинување што ме немаше некој период.. и и и и да им испратам огрооомни гушки на Дузи, ТедиМечето и Хипстер кои патем ми недостигаа.. :hug: :sun:
     
    На Monna.Monna, Shelea, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк тосест зборувај ми за тоа како живееш ти,а како живеам јас,
    Иако често се зборува за тоа дека светот не е создаден врз основа на машките вредности, ни нас не ни е многу лесно. Иако сме толку доминантни, сепак околината е немилосрдна и насекаде има крволочни манипулативни жени и елементарни непогоди кои ни го отежнуваат животот.

    1. Поминуваме низ физичко детство

    Машките се "челичат" така што влегуваат во ситни расправии со врсниците, а често и физички се пресметуваат. Се случува оние ситните и срамежливите константно да се малтретирани од страна на посилни момчиња од училиште.
    Нивниот тестостерон може да им предизвика проблем во подоцнежните години бидејќи е одговорен за засилена агресивност.
    2. Тешко ги контролираме нагоните
    Мажите се повеќе склони кон пореметување на нагонот за контрола кој може да биде одговорен за алкохолот, наркоманијата, сексуалната девијација, агресивните испади, деликвенцијата и проблеми со задржување на работното место.
    Проституцијата е еден од неколкуте кривични дела поради кои жените почесто биле уапсени, но тоа се случува само затоа што мажите се спремни да платат за секс.
    3. Автодеструктивна желба за секс
    Во тинејџерската доба и во 50-те години, мажите се склони кон тоа да добиваат неконтролирана желба за секс. Во тој животен период тие се во состојба на секс да помислат на секои пет минути. Не е потребно ни да се зборува дека мажот е во состојба да оди во кревет со жена која прв пат ја гледа.
    4. Жените немаат разбирање за таквата желба,ниту ке имаат,јас мислам дека надрљавме.

    Со жените работата е различна и во животот е навистина реткост жената да прифати секс со непозната личност. Кога би и пришле на жена и би и рекле дека сакате да имате секс со неа, можете да бидете сигурни дека ќе ја уплашете, без оглед на тоа дали сте привлечни или не.
    5. Се "расипуваме" пред жените
    Мажите обично подобро заработуваат од жените, но и многу повеќе трошат. Тие исто така често ризикуваат и влегуваат во несигурни трансакции. Спремни се да мамат и да крадат, што е уште една причина поради која почесто завршуваат во затвор. Тоа дополнително ја влошува нивната постојана мотивација да привлечат потенцијални партнерки.
    6. Умираме помлади
    Дури и ако безбедно ја поминат адолесенцијата, избегнат затвор поради проневера на пари, мажите сепак умираат пред жените. Истиот тој тестостерон кој поттикнува ирационално натпреварување, ризик и секс, им го скратува животот.
    На сето ова, се додава фактот дека мажите многу повеќе пијат и пушат од жените.
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Сакам да се заљубам. Онака невино, детски. Да се почуствувам ко прв пат да ми е се.
    Сакам и спремна сум да го добијам тоа !

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Libera, EleMental, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.