Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.999
    Допаѓања:
    81.337
    Пол:
    Женски
    Обожавам долги разговори со луѓе кои ми значат.
    Го обожавам и него!
    Не, не ми е на листата на фјучр лаврс, само е уште една личност која секогаш ме поддржува и охрабрува.
    Ма главен мотиватор ми е, во овој страшно демотивирачки период.
    И да, сакам да зборувам, да слушам како ми зборуваат, да резонирам и да помогнам некому кому навистина му е потребно.
    Среќна сум што му помогнав да разреши некои дилеми.
    Среќна сум што го имам.
    Мразам краеви, и немам абсолутлифакинг појма како ќе издржам догодина без неговото друштво.
    Сепак, кругот се врти, нели?
    Се надевам дека ќе се заврти, така да би се наоѓале на што помало аголно растојание, зашто очајно ми треба во животов.
    И колку и да сум кнап со време, знам дека знае - I'll always be there.
    Мубаетот ми беше - сакајте ги оние кои ве ценат.
    Ве гушкам!
     
    На crazylady и marama им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    Ехеее кога поминаа две години бре луѓе? Си лета временцево. Две години со радости и таги споделени низ странициве на форумчево. :) Се надевам ќе се множат.
    [​IMG]
     
    На la-chicka, JuLleE, zhap4e и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    сдк дека вчера си поминав супер,ама затоа денес си заработив настинка (епа не се шета разголена на - 4 надвор), ама јбг се трпи за мода аххах никој не ми е крив
    и наместо да шеткам вечер, со љубениот ќе си седиме кај мене домче и ќе си пиеме топло чајче или кафенце сеедно, битно во домашен амбиент со него до мене, ништо друго не ми треба
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК да си поминат најубаво тие што одат на Таксират, жал ми е што не можам да присуствувам, а пак ги пропуштам едни од најомилените мои групи. Лани White Lies, годинава Kaiser chiefs. Ќе морам да се задоволам со помала журка вечерва. Have fun :hai:
    http://www.youtube.com/watch?v=akCmYwuhBqc
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК само што сакав да стиснам ми се допаѓа на мислењето на Рејнбоу, сфатив дека уствари не сум најавена :D
    Инаку, фино јас... Фала на прашање, добро кафе, во добро друштво. Мислам дека почнав да се опуштам, или пак ми годи друштвото со такви личности :) Ветувам дека во тој поглед барем ќе се трудам да не се однесувам дивјачки.
    И да, од утре барам нова работа, зашто сум бетер од Грција, а мачорот треба да јаде. :!:
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Nossa Nossa, assim voce me mata, ai se eu te pego, ai ai se eu te pego http://www.youtube.com/watch?v=hcm55lU9knw
    Убаво расположена можеби и благодарение на песнава :dance: Пишав спортскааааааааааааа носи ливчето цели 1300 денари и убаво ке ми дојдат сега пред нова година и кога имам потреба од кеш за тетовирање :D Телефонот ми се расипа о да да, не ми работи тачот, срека што е под гаранција уште :!: Вечер ке одам на жива рок свирка со Иван Раденов.. пак :rofl: фан сум голем шта чу :D Многу ми е убаво само што имам колоквиумска недела од 19 Декември ми крши филм :( Предновогодишна еуфорија ме фати, едвај чекам да ја накитам елката и да ги вклучам сијаличките во сите бои. :inlove: Ви посакувам на сите кои ке излезат вечерва да си поминат многу убаво, а оние кои ке седат дома да налетат на многу добар филм. Оние кои се болни да оздрават а здравите да останат здрави. :D Ајде, имајте убав ден :D :* Љуби вас Црешичка!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.721
    Пол:
    Женски
    Вака, нака стигнав до 200 followers на блог. Ај да ве почастам, одберете си што си сакате.

    [​IMG]

    Него деновиве се ми оди надоле. Со мојов после 3 и нешто години сфаќаме дека во иднина не се гледаме на исти нивоа. И сега јас да се откажам од својот сон или тој да си направи свој, поамбициозен? Хмм... И многу го мразам она- Остави времето што ќе покаже. Како да оставам? За псое 5 години ако јас си го исполнам сонот, него да му текне -Абе знаеш јас и ти не гледаме исто на работите. Ахам! Јасно.
    Него што се замарам со ова? Ќе оставам на времето. |(
     
    На la-chicka, Magnolija, Strumfeta93 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Вчера пеев и играв и пак пеев.Беше роденден на мојот љубен.Сите моменти беа волшебни.Што и да правев кога ќе го погледнев тој зјапаше во мене.Со толку длабок поглед.И денес се чувствувам исполнето.Прекрасно!!
    Испив 4 кафиња,2 какао шољи и 1 еден чај,риностоп,проспан сируп и такви сра*а со цел да ми се олечи грлото!!
    Какав ти је тај глас? - Јутарни! :D
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Секогаш. Ама баш секогаш.
    Кога ќе почне работната недела, си викам.. За викендот, има да се наспијам, и се да научам!
    Првото е вистинито, ама второто.. :shake:
     
    На Linn1, Ema.Sk и Beauchamp им се допаѓа ова.
  10. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Одам Турција - Истамбул (од работа) се враќам за неколку недели . Имајте добра забава . I will miss Femina :(
    [​IMG]
     
    На srcekrsacka, Divinebutterfly и Doozy им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Се нервирам, за глупости, ама страшно се нервирам.
    Пробувам да се исконтролирам, сега за сега, успевам.
    Што ќе биде до крајот на денот, ќе видиме.
    Се надевам на насмевки, а не на солзи.

    Ми треба некој да ми удри шамар, па и повеќе, за да ми дојде памет.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Сдк ... е толку,немам глас,а ќе се потрудам и да немам став. Гласниве жици ми се скинати,некаде на средните тонови,а неговите...па да речеме се само шепот кој прашува нешто. Навистина,до утре очекувам да шепкам место да зборувам.
    А оној пак другион,ми се јавува да ми ги собере сите позитивности и убавини кои си ги носам зошто не умее сам да е таков...до кога само...Стварно ме црпи.
    Се мислам за крајниот исход на оваа вечер,за чудо,измешано ми се еуфорични чувства,потреба да се ослободам,со паралелна желба да легнам на нечии гради,а доволно ќе ми биде и да седиме еден спроти друг и да пиеме варено вино со некои леви досетки и со цела дланка да ми го допре вратот со невина мисла со развратен крај.
    Оддамна не сум се чувствувала толку нелагодно во сопствената кожа,а и нема да и опростам на онаа гускана што ми ги упропасти веѓите...дап. |(
    Се прашувам кога ќе ми бидат јасни нештата. Сакам да бидам на сите страни и сакам да заокружам еден куп нешта,а јас сум само една. Зошто...сакам се,сакам да сум секаде,сакам се да постигнам...зошто сум една?! :( Ми прави тик так во главава!
    Ај вас хир...енд дер...
    http://www.youtube.com/watch?v=3SfSQ3lQmJw
    Немам свои деца,а веќе растам мажиња кои се нечии деца веќе. Не знам зошто бре ме гледаат ко спокој дур јас се давам во својот неспокој. Еднаш еден да ме сфати како некоја на која и треба мушка рука и став,да ме заштити од светов и сите лошотии во него,да ме гушне заштитнички. Морам да научам да глумам ... лабилна калаштурка со невин израз на лицето,безпомошна и кутра,со очи како на улично кутре ... сите мажи ќе ме сакаат зошто ќе знаат дека доминацијата им е загарантирана!
    Сабота,а ко да не е ...
     
    На bittersweet, Shelea, caroline.costa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    После вечер со пиво и кикиритки,следат..
    Ах,перипетија..да.
    Ми ја одзедоа насмевката и сонот.
    Уште во спиење се мачев со лоши соништа,така да нема што да замерам на друг шо е денов искакан.
    Толку ми е горко,што во моментов посакувам да бидам друга. Не да имам ова или она,само да бидам поинаква. Со секој чекор напред знаев дека ќе се изгорам,ама продолжував.Заради љубов.Сега..
    не би било фер да го одземам она што го дадов,на сред пат.Ни за мене,ни за него,ни за нив.. А толку посакувам да можам да се откажам и да се вратам.
    Но,откажувањето е за кукавици.
    Не милувам да се наречам кукавица,ама и те како сакам да се скријам од цел свет и да се убијам од плачење.
    Ќе плачам,ќе плачам и шо ? Ништо,гомната се гомна. Во и надвор од тоалетот. А јас не сакам да се дружам надвор од тоалет со гомна.
    Девизата не ми е таква. Јас сакам мир.
    Сакам..
    Да бидам сама.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Како не ми се учи, бре :fubar:

    Цел ден една лекција "читам" . |(

    И башка денов е тапа, таков чкуљав.

    Чкуљче.

    И, никој не ми одговорил во темава, а имав толку надеж. :wasntme:

    Forever ALONE

    :D
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Дај просветли ме шо имаме на 29ми :o

    **
    Овој викенд сум сама в стан и не полудев. ЈЕЈ! :party: :lol:

    Откопав прекрасна музика не можам да се совземам од неа, не сакам ни филм да пуштам :D
    Си се занимавав со готвење и средување на станот.
    Ама и со средување на мислите :)

    Имајте убав викенд :)

    Тие што ќе одат на Таксират, нека ја испеат Ruby еднаш и од мене! :*
     
    На Cynthia и Beauchamp им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    22.172
    Пол:
    Женски
  17. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Не велам дека сум многу возрасна,но и јас бев дете и ги поминав сиве овие работи...
    И ова ми подари насмевка :)
    Ве поздравувам сите :)

    Се сеќавате ли кога:

    - Како мали ѕвоневме на вратата на комшиите и бегавме?
    - Како мали во WCто викавме: "Мамооо готов/а сум“?
    - Како мали голтавме Tic-Tac и мислевме дека се таблети ? xD
    - Како мали вртевме броеви и ги зафркававме луѓето ? xD
    - Како мали Најголемиот предизвик ни беше да запалиме опаљач ? xD
    - Како мали мразевме кога наместо играчка ќе добиеме облека ? xD
    - Како мали пиевме сок од јаболко а се правевме дека пиеме вино ? xD
    - Како мали ги гледавме Телетабиси ? xD
    - Како мали се плашевме од Бабароги ? xD
    - Како мали мижевме додека има љубовна сцена на филмот ? xD
    - Како мали пиевме вода од кутивчето на бомбоните Tic-Tac ?
    - Како мали "пушевме" соленки?
    - Како мали стоевме точно на плочките додека се шетавме низ градот ? xD
    - Како мали фаќавме снегулки со уста ? xD
    - Како мали викавме ЈОРГУТ наместо ЈОГУРТ ? xD
    - Како мали се лизгавме во кадата?
    - Како мали казните ни биле порано одење во кревет ? xD
    - Како мали се туркавме во првиот ред во училиштето ? xD
    - Како мали се преправавме дека сме мртви кога некој ќе наиде ? xD
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк насекаде по малку па и овде сум :hai:

    Оххх толку многу за кажување а зборовите не излегуваат некако од мене.
    Излегуваат строго преку молив,гума,пенкала,бели листови ...битно излегуваат.

    Среќна сум (не смеам да се жалам, барем сега за сега..понатаму ќе видам како ќе биде.) три дена во неделата трчкање лево десно низ факултет останатите по дома.
    Народ, народ, луѓе околу мене е тоа сакав, сега има не премногу блиско до мене, со мене но ги има.
    Кои сме ние без луѓе околу нас ? никој !
    Луѓе какви такви со души без души овде се да не насмеат,развеселат, некои да не изнервираат но додека се околу нас значи живи сме духовно не само физички.
    Бев и јас жива само физички сега полека полека оживувам и духовно, се тражам и ќе се најдам знам.

    Критики.
    Позитивни.
    НЕГАТИВНИ.


    Смејте се .
    И јас почесто почнав тоа да го практикувам и искрено понекогаш со мака но гледам позитивни работи почнаа да се случуваат ( пу пу да не се урочам )

    Живот.!
    фали уште една . но вака половиа .! е доволно.

    Студенти бе си велев ехх студентски живот нема јас да го почувствувам.
    Но сум згрешила кога така сум помислила овој вторник ми рекоа "Ајде Кенди на студенста сакаш ? "
    Си реков утре многу рано имам предавања нема да можам да станам ...
    Е тогаш ме штрекна нешто в глава, епа тоа е бе Кенди студентскиот живот нели ? трчање да стасаш на време, да спиеш колку што можеш....И тогаш сменив мислење а воедно го сменив и одговорот и реков
    "Важи ајде се спремам и идам, брза ке бидам нема да ме чекате."
    И така излеговме.

    Излегов .
    Прва студентска а каде што одам јас ако не си го носам баксузот со мене јас нема да сум јас.

    Така во висока штикла, покрај маса, воткичката во рака, добра музика, мрдање колкови лево десно, гужва туркање.
    Се туркаа што се туркаа и си реков епа не се мрдам од овде и што сака нека биде нека летаат преку маса ако сакаат.
    И не прелетаа многу но затоа прелета една штикла над маса.
    Си играм јас така и една страчка-прачка во тигрести хеланки и деколте дигнато до под муцка ме бута со газот од коски и за малку чашата со вотка ке ми влезеше во стомак заедно со се масата е тогаш мислам ми излегоа црвени рокчиња :devil: на глава и поцрвенев во фацата. :lol:
    А оваа пак тигрицата уште силна на мене ми вика што сум се бутала, е тогаш само ја погледнав и оп од еднаш мислеш штиклата сама ми летна в рака е тогаш беше интересно мислам дека дечкото што застана помегу нас не знаеше во што се впушта....И така замина тигрицата со скината хеланка и црвено обравче . Не ја терав јас да се бута во мене и да се прави силна :wasntme:


    И така ви велам јас си го носам јас баксузот секаде со мене :rofl:

    Епа ме нема на форумот шетам чат пат по дискотеки со штикли во раце и мавам тепам :rofl: се зезам .
    И да, наминете на студентски забави во мојов град има прекрасни,згодни момци 8)

    Ај сега доста зборев се читкаме наскоро :hai: :*
    Ве сака вашата Кенди


    [​IMG]
    [​IMG]
    :devil:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Тунајт, повторно другаркиве организирале лејдиснајт!!!
    Ќе биде -ЗБОГОМ ПАМЕТИ!!! :lol:
     
    На Strumfeta93, Ema.Sk, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК се надевам дека ќе научам македонски,па лесно е :D да си го загреам столчето малку повеќе и готово ... тоа :lol: :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.