[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Се` е некако убаво...
    И се` е некако неубаво...

    Зависи каде стојам кога ги гледам работите.
    Некогаш и сум исплашена за сама себе. Каде ќе одам, што ќе биде со мене? Дали треба да правам повеќе?

    Си тргнав од сама себе, ама искрено, не можам да гледам за сите...
    Многу тешко воспоставувам рамнотежа во животот... Дури и кога пробувам да ја воспоставам тоа е некако со сила...
    Ми се сведоа на НУЛА личностите што можам да правам искрен разговор за тоа како се чувствувам...
    Дури ни на сама себе не можам да се потпрам и да си кажам како се чувствувам, бидејќи не знам!!!
    Се тешам, период е...
    Почнав да се плашам дека ќе останам сама...
    Од друга страна, пак, по систем на елиминација малкумина останаа со мене...
    Нешто, сепак, ми фали.
    Не може човек сам.

    Не знам до кај ќе терам со ова мое променливо расположение...
    Дали сеуште идам надолу? Или тапкам во најдолната точка? Или ова е тој горчливо сладок вкус на повторното идење нагоре?
    Едно знам, дека ништо не знам...
    И дека ми е многу лесно, но и многу тешко.
    Поздрав.
     
    На bittersweet, kravce, Noemi и 6 други им се допаѓа ова.
  2. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    Абе реални се луѓето што не знаат колку злоба ма иво нив или сепак само ми се причинува?
    Оти навистина веќе се изморив од себе објаснување дека сепак псотојат добри луѓе во овој гаден свет.

    Стварно е лошо кога немаш на кого да се потпреш во даден момент и кога се околу тебе ти се чини мрак,нема каде да го најдеш излезот на светлината.
     
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Од тоа сигурно нема да фатиш болест некоја.Ти како да не правиш ништо од тоа што го наброја. |(
     
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Утрово барајќи нешто најдов една стара тетратка од кога сум била четврто одделение.
    И внатре тетратката сум ја преобразила во лексикон, сум напишала милион прашања и сум им ги давала на другарките да ги одговарат.
    И баш наидов на едно прашање ’Дали имаш симпатија и ако имаш дали се заљуби на прв поглед’ и сум напишала ’на прв не, ама на втор да’.
    Ех, деца.. Сум се заљубил на втор поглед, пих..

    [​IMG]
     
    На kravce, Serafima, PeaceLoveBasketball и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Од нула, до човечката глупост која патем неможе да се измери, што мислите, колку не ми се оди никаде вечерва? :?:
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Океј, постар брат ти е, ама не ти е татко, а ти не си мало бебе. Ти нејќеш да побараш пари од него за искачање и тоа ете колку за едно кафе кога твоите не се дома, а он заработува и тоа нема плата за жалење, а он може да бара пари од тебе и тоа баш тие пари со кои сакаше да ми купиш нешто ете така, и не праев проблем ама веќе ми е доста! Има за ајфон 4Ѕ, има за цигари, има за гориво... и пак не му стасуваат, т.е. не, он нема туку бара од твоите пари што ќе фатиш еднаш во сто години 1000ка на спортска или ти дале твоите за тебе. Абе аман еј што е живо не му стасува... и после сум ти рекла глуп, па глуп си. Он си ги тера своите ќејфови од ништо си нема скратено, а ти ме тераш да доаѓам до кај тебе и да седиме таму зошто немаш за кафе, на таа пара... жити се олабави ме. Ма колку сакаш мисли ме за лоша тоа ти е вистината. „Постар е, кај него се парите, моите него му ги дадоа не можам да му побарам ни 100 денари“. Жити се? Па твоите му ги даваат за вас двајцата бре, не само за него. Глуп си, колку сакаш љути ми се ама смотан си, нека те возат. Ти си пресреќен што одиш со неговата кола на факултет? Чекај, кога ја купивте ти ми рече дека колата е на мајка ти, значи не е негова ок? Ти му трошиш бензин... па не му трошиш него, трошиш од твоите. Он ставал бензин од платата... чекај, кај он не ја дава платата дома, па уште и бензин да не стави? Па и ти да заработуваше ќе ставаше. Значи ти си му преблагодарен што ја возиш колата на мајка ти чат-пат за на факултет, него ништо не му фали и уште од твоите пари зема, а богами и на девојка му зошто ништо и нема скратено, и кој останува? Јас... па да јас, лошата јас. Ма бегај.

    Или ја стварно не знам како е да си помалиот дома, или ептен сум во право.


    Иначе сакам да кажам и дека администраторите подобро ги знаат плакарите на славните личности отколку тие самите... I guess...
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Се прашувам, дали некој ВООПШТО го интересира што има во плакарот на ________(некоја рандом позната ѕвезда) ?

    Сигурно не стануваме на сабајле со помислата дека едвај чекаме Фемина да објави што има во плакарот на некоја разгалена богаташка, т.е се надевам дека нема некој таков со таква помисла.
    Ама...океј.
     
    На Lov3, Monna.Monna, LilBaby и 9 други им се допаѓа ова.
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Се радувам денес уште од попладне како мало дете кога ќе му се купи играчка. Мојот најдобар другар којшто го сакам како постар брат ни резервирал карти за Депеш мод на 23 мај во Загреб. Феминки ја одам после долго време да се журкам, а до тогаш ќе се спремам и со насмевка на лицето ќе го чекам денот.
    Бидете ми поздравени со
    http://www.youtube.com/watch?v=nhZdL4Jl ... ure=relmfu
     
    На Trnche, Shelea, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Вечер ќе се начукам !
    Лепо није кад жена пие али ове ночи тако је :*
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    8.431
    Денес мој трет ден на работа коментираат колешките како и обично работата ја зголемуваат пари нема, плата намалуваат.Тогаш една од нив ме прашува за маж ми каде работи ја кажувам фирмата и таа веднаш почнува супер луге, гратски, воопшто не се дигнатоглави се најубаво за нив комшии и биле.
    И јас на тоа и одговарам уште да дадат малку повеќе пари ќе бидат уште пофини(оти еве трета година како работи маж ми таму и воопшто не му ја качуваат платата, а воедно станува збор за ризична работа).И тогаш таа ми одговара па ако се газди и имаат пари не значи да се расфрлаат со истите.Не можев да поверувам што слушам.Таа која пред 5 минути се жалеше сега кажува дека газдите не треба да се расфрлаат со парите за плата.Не и вратив во моментот оти минеше шефицата: Тогаш зошто се жалиш ТИ за твојата плата оти е мала, зошто пак нашиот газда да почне да се расфрла со парите.
    Не ми е јасно каде ја врската помегу карактерот на човекот и тоа дали добро плака.
    Македонска работа добра плата и реално платениот труд значи се расфрлаш со парите.Ние сме тие кои мегусебно не си цениме она што работиме па сакаме они кои треба да не платат да ни ја ценат работата :| .
     
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.635
    На Oxymoron, kravce, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Добро бе, кој е доволно глуп за да изгуби илјадарка? :fubar: Ах, ми се потрошиле малкуте мозочни ќелии што ги имав :@
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Барај ја кај Мимс :D
     
    На LittleFairy, Monna.Monna, Ema.Sk и 13 други им се допаѓа ова.
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Помислив и на тоа сабајле кога прочитав :lol: Кај кого и да е, нека си ја троши со здравје, кога јас не сум имала доволно памет да ја чувам :rofl:
     
  15. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    i miss my best friend.. ми фалиш тикво
     

    Прикачени фајлови:

    На Adi888 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.
     
    На Abeja, Katerinceee и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јуху како квалитено поминат ден...после школо со другарките,седење дома кај едната,смеење,смеење,мислам дека можам да прескокнам правење стомачни за цела недела :D И она додека се смееме ги гледам,и си викам колку сум среќна што ги запознав минатата година,во средно...ми кажуваше едната дека кога ме видела онаква расклештена,откачена,си рекла ау јас со ваа никогаш нема да се здружам...и кога оп,сега,не се разделуваме...и како што спомнав погоре,ги гледам,среќна што се до мене,и им викам де чекајте да ви пуштам едно видео
    http://www.youtube.com/watch?v=bENLqv61AR8
    и го гледам со надеж дека ќе сфатат шо сакам да им кажам,и онака мааалце ми се насолзија очите,а гледам и на другата,ама ништо одма,пред да ме приметат се соземав,шо да правам кога не ми оди со емоциите,незнам да ги искажам..

    и тако то,само сакав да напишам нешто за нив :)
     
    На bittersweet, kravce, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк арно рекле држи ги пријателите покрај себе а непријателите уште поблиску.

    Епа така ќе биде изгледа.
    Принудена сум да ставам штит околу она што е мое. :!:


    Има да ја држам близу, близу така да нема да може да ми го земе она што е мое ;)
    "Sorry" girl ,.Mорам !

    [​IMG]
     
    На kravce и creshicka им се допаѓа ова.
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    За жал околу нас врие од љубоморни,но не треба да им обрнуваме внимание. ;)

    Тоа е се што сакав да кажам.
     
    На sweet-star и Srekichka им се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Станав класичен пензионер.
    Работа, дома, работа, дома ил што би рекол Екрем куча-посао.
    Со една разлика, вторник и петок си плаќам за автобус, мамата немам никакви права бре.
    Оној мојот па откако си ја стави забраната три месечна на возачката мислам дека и заборавив што е цивилизација. Ко баба и дедо гледаме филмови секој втор ден, де кај него, де кај мене. Добро он гледа, јас спијам, ама ми го раскажува откако ќе се разбудам па си го рачунам во изгледани.
    Ми фали бре алкохол, се тешам дека иде декември, а ланскиот декември беше така добро организиран, да мамурлакот ми беше пријателче верно. Сакам пак таков декември.
    Си ги бројам и деновиве, сакам да си ја украсам елката.
    Јас сум невиден хејтер на новогодишната вечер, значи хејтер најголем на свет. Мразам новогодишна вечер.
    Ама затоа толку ја сакам таа предновогодишна атмосфера, ах бре ајде уште некоја недела. Туку предновогодишна не онаа нафураната и изрежирана од сите кај ќе одиш, што ќе носиш, со кој, колку пари е аранжманот, колку пари собирате бла бла |(
    Сакам кога гледам дедо мразовци, сакам кога гледам елки, сакам кога вее снегче, сакам кога гледам дечиња во скафандери каде само им светкаат нивните очиња и држат во раче балонче, сакам пакетчиња, сакам Бадник и Божиќ, сакам печено прасе, сакам кифлички и руска, сакам кога дома гледаме глупи новогодишни емисии ама битно сите сме собрани дома и се смееме, сакам кога Рики ме влече на санка, сакам кога им праќам на дечињата вистински честитки на домашната адреса, го сакам новогодишниот огномет, сакам кога си ги замислувам новогодишните желби.
    Е тоа ме весели, тоа.
    Би сакала некој да ме праша дали сум ја накитила елката, како испаднала руската, а не сакам прашања кај ќе одам за новогодишната вечер, кај ќе ги поминат тие глупи 4-5 саати, небитни саати.
    Ама такви сме си, од нешто толку убаво како новогодишните празници, си правиме самите да се однесуваме толку вештачки, жал ми е, стварно ми е жал.
     
    На rainlover, Shelea, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.