[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Вечерва се запрепастив од рекацијата на една моја блиска личност.Некогаш дури и онај најблискиот за жал знае да ви забие нож во грб и да ве повреди и тоа како лошо што цел живот ќе паметите.Збунета сум,не знам како да реагирам и зошто се случи тоа,ќе анализирам и надевам дека ќе дојдам до некаков одговор.Чудно е како луѓето се менуваат неочекувано и неосетно во последно време како да влегува лошото во нив.
    Сдк 2 утре доаѓа тој,пак ќе си го видам :inlove: ,уште еден викенд ќе му посветам нему,заедно двајцата ќе шетаме,ќе се држиме за рачиња ко мали дечиња,ќе не гали декемвриското сонце :sun: ,а жолтите лисја ќе крцкаат под нас и ние ќе уживаме впиени еден до друг како да ни е последен миг заедно.Се надевам дека ќе имаме уште многу такви моменти,дека нема да престане оваа убавина и среќа што ни се случува.Сите убави нешта кај мене кратко траат,ова е единствената која што ми трае долго,а се надевам и сакам дека ќе трае цел живот.Тој ми се ,мојот другар,учител,брат,татко,љубовник.Го знаете она чувство кога не можете да се замислете без нешто или некого?Е така јас не можам да се замислам без него,неговите прегратки,бакнежи,неговиот глас,трепет,мирис.Ја бројам секоја стотинка од секундата од нашат разделба до нашето следно видување.Будалче сум знам,ама го сакам бре и секој ден се повеќе и повеќе се заљубувам во него :inlove: :inlove: Ахх Љубов,мојата вечна водилка кон подобар живот :l:
     
    На NoellePage, Serafima, anabel-a и 10 други им се допаѓа ова.
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Викендот почнува за некој саат и сме јас и он - кај мене дома.
    Во моето Неготино, па ќе тркнеме една ноќ до Гевгелија...мора да се испоштува една прекрасна личност во мојот живот која си го слави роденденот сеуште радувајќи се и она како мене ко мало детенце :)
    И прекрасно е чувството што и покрај многу маки оваа недела, толку проблеми и тешки личности, и се на се, тешково време, ние успеавме да си го исполниме планот без употреба на Б планот, одпрво!

    Утре сабајле, мало патување со автобус, слатка дремка потпрена на неговото рамо, и сонце кое скржаво грее, среќни и конечно слободни без товар на срце, одиме да се направиме бишиња со на мама готвењето, кое патем мојот А. секаде го фали, а и богами со причина е тоа така.
    Попладневен ручек, мевце секако, со татичко, винце за да се опушти малку атмосферата и пак мало патување накај југот...накај топлите луѓе.
    Нема сомнеж дека ќе биде долга ноќ, и да бидам искрена, потајно доста многу му се радувам на казиното, сабајле што ќе го посетиме, ко почесни гости со картички, си имам едни 20 евра кои со мерак и со коњак во рака толку лагано и мајсторски ќе си ги иститкам апаратите, или моите овошја или пирамидките.
    Да не се сфатиме грешка, не сум коцкар, но кога си имам поголема сума на пари на располагање, еднаш, си одиме во казино, и баш најопуштено со пијачка си се раскомотувам на столчето, а некогаш и ги мењам почесто ако не ми оди на еден апарат :D
    И секако, после казино, јас и он си фаќаме вовче или автобувче накај Неготино пак...рано сабајле пристигнување и инстантно легнување во мојата соба, ама затоа па најслаткото будење, со мирис на готвено и домашно миризливо утро!

    Имајте убав викенд, јас се одјавувам, и патем у план ми е и да се поднапијам, после долги месеци одвоена од алкохолот.
    Бело винце...да не ме удри на психа и тоа покрај јадењето, па да пискам и вриштам кога ќе пробувам фармерки...
    Ама ќе јадам...оу да :lol:
     
    На marama, anabel-a, kate21 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Сонував дека сум имала секс со маж ми. Со маж ми бе, кој го сонува тоа, ццц. И он ми вика, озбилно? Па кај и на јаве имаме секс па и на сон. И тогаш на раат не ме остава.
    Ако, битно да има секс, дали на јаве или на сон, па и од двете не ми е лошо. :rofl:
     
    На antonina и karenin им се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Убав ден...
    Со мама конечно да седнеме заедно да пиеме кафе,да се смееме.
    Си мислев до вечерта гарант нешто ќе испадне на лошо но добро е што не бев во право.
    Дури си добив за подарок од неа црно шалче и собни влечки.Мало внимание но јас го примив со голема радост. :)
    Бев и на роденден,си изедов преубаво парче торта.И како да не бидам задоволна. :wasntme:
     
    На AnaKarenina, marama, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Среќата се насмевнува тогаш кога најмалку очекуваш...
     
    На Glossy-girl, cveke123, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Плачам како мало дете...
    после толку време пак за тебе ?
     
  7. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    489
    кај ми се работело во сабота?? :yawn:
    Ко за инат синоќа маратон на филмови направивме, и сега сум гроги.
    и шефот мој ми вика...„како тоа не ја сфаќаш сериозноста на проблемот кој што го имаме?“
    |(
    Пола година му трубам дека ќе дојде до ова...ама ете, денеска баш во сабота му се уклучи текнувалото. Демек сега сватил. :swear:
    Лагано, со убава музика си го пијам утринското кафе...нека ме почека да му го однесам неделниот извештај...не сакам да си го расипувам раатот..

    [​IMG]
     
    На BeLLaDona23 и kravce им се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.865
    Допаѓања:
    101.751
    Пол:
    Женски
    Како може првнувањето на едно врапче да предизвика цела лавина на паднати лисја .Штета што наскоро ќе останат голи гранки...ама без разлика на се денов ќе биде убав,го знам тоа.Токму сега зрак сонце ми падна на прозорецот иако брзо се повлече...

    Туку да ви кажам,јас како главен и одговорен уредник на мојата кујна денес сакам да правам гулаш.Е сега нека поспие овој мојов уште малку ,па ќе го пратам во блиската месарница по свежо месо,секако ако по пат не најде еден од неговите френдови да истегнат пивце од нога. |( .Во најдобар случај ако се врати навреме ,ќе го извадам тенџерето,ќе фрлам малку зејтин,ќе му го тутнам кромидот на даската за сецкање,а јас со шољата кафе ќе се преселам во дневната и од таму ќе надгледувам што работи и ќе издавам инструкции.Не за друго да не ми се растече маскарата од кромидот :D .Е кога сето тоа ќе биде насецкано и спремно тука сум јас да го ставам на шпорет,и пак бегам со шоља какао да не ми се усмрди фришко измиената коса.И така од далеку диригирам што и како да прави и да дреме до шпоретот да меша дури јас не видам до кај стигнала машината за перење,дали стигнал некој мејл или кој што напишал по форумов.И додека тој меша ќе го почестам сиромашкиот со кафе,да му дадам кураж да го доврши гулашот.Кога е при крај јас ја местам масата и довлекувам тегла со цвекло и као не можам да ја отворам ,го замолувам да си ги употреби своите херкулес -мускули. :clap: Кога ќе ја отвори тогаш почнувам со фалење на неговата машкост ,и со жалење што би правела јас без него,кој мене тегли ќе ми отвара.
    И така сите задоволни,мажот од мене ,јас што имам ручек а не смрдам на кромид.
    За феминките во брак,хранете ги мажите како што треба и нема кој брак нема да успее.
    За немажените можете да се смеете,да вртите очи или едноставно скролајте. :emo:
    Можеби ја промашив темата,ама таква сум што мислам тоа пишувам :!:
     
    На bittersweet, NoellePage, Lov3 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Да заспиеш со музиката на Вивалди, непроценливо :angel:
    Класичната музика, ептен ме исполнува, ептен. Обожавател сум на класики.

    http://www.youtube.com/watch?v=ygpf6mxTUeY

    [​IMG]

    Имајте пријатен викенд :hug:
     
    На mims-89, I.love.your.lips, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Животот е заебан..Денес си тука, утре можеби не. Искористете го секој момент на оној што го сакате да му го кажете тоа.. Помалку лицимерие и негатива,а повеќе љубов. (peace) :)
     
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Добро утро! Пред малце станав од спиење, конечно одморена сум, за разлика од другите денови. Убаво ми е. Си нарачав од Пица5, да се надеваме дека ќе биде вкусно. Денов сакам да ми биде прекрасен, и јас ќе се трудам тако да биде резултатот на крај!

    Ајде имајте убав ден!
     
    На Doozy, Glossy-girl и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  12. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    На kravce и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Изгледа на сестра ми и’ е толку криво што си најдов некој, та постојано ми префрлува за него. Не ја пропушта шансата да јаде гомна за тоа што си пишувам со него, ми се јавува постојано, се гледаме. Тоа е. Не знам само што толку и’ смета тоа на неа. :worried:
    Одамна не сум почувствувала како е да се разбудам покасно во сабота, без да мислам што да облечам за на факултет, без да се брзам да се спремам и без да ме чекаат. Сакам да си се излежавам по цел ден дома, во креветот, со кафенце до мене без да мислам на еден куп обврски што ги имам.

    Убаво временце надвор. Уживајте во денот. :)
     
    На zarah, creshicka, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    СДК нема ништо поубаво во сабота сабајле да си седиш во дворче и да си пиеш кафенце.Е мераци да ви кажам,ќе си уживам денес зошто незнам кога пак ќе имаме ваков сончев ден.Бај де веј мајка ми е најдобра ми донесе и парче баклава со вишни.Па ајде бујрум ако сака некој да се заблажи , навистина е многууу вкусна.Поздрав и имајте убав ден ! :* :* :*
     
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сабота ! :)
    Денес планирам да уживам,а утре се друго.
    Имајте убав ден ! :hug:
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... чист ден, Сонце и топлина ... :sun:
    Кафе и Фемина. Конечно малку мир во во мене, сакам да трае. Опуштени мисли и верувам добар тек на денот. Денес за ништо и никој не замарам мозок. 8)
    Кај и да сте имајте мир, релаксираност и без многу мисли кои ви ги замараат малите сиви ќелии. Посветете си повеќе време себе си. Непроценливи се овие состојби, реткост на денешницава.

    [​IMG]

    ;)
     
    На bittersweet, CoverGirl10, antonina и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Штедлива особа сум, ама не можам да сфатам зошто не си ставам пари на страна малце по малце за секоја евентуалија или па на крају краева да си купам нешто бе. Или па да ми се таложат и да си бидам духовно задоволна. Дефинитивно решив да почнам да ставам барем дел од парите што ми ги даваат моите на страна, и така ќе си складирам. Ќе ми се најдат ]:)
     
  19. Snow.Queen

    Snow.Queen Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Само за момент се се смени.Се прашувам дали е правилно.Тој се врати,а јас без него неможам и никогаш нема ни да можам,важно гласот му го слушнав,ако ништо друго.Незнам што тој мисли ама имам претчуство дека нешто лошо ке се случи (не дај боже),ама така ми мириса работава,нека е на арно... :)
     
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк кога прочитам некои умилкувања низ форумот ми се иде веќе да не читам некои мислења, а и до душа во последно време ги видов кои се со "такви" мислења па само продолжувам надолу и понатаму со другите мислења.
    Како да не се знаеме кои сме во начинот на размислување па ајде удри на умилкување.. |( the end со зборувањето .

    Туку шо сакав да кажам..
    Денот како ми почна, подобро да станев порано да поуживав повеќе.

    Отидов јас да допијам кафенцето ;) така е најдобро.
     
    На Shelea, Rozich, Cacy и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.