[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Колку сум ги сакала романтичните филмови,тоа е неверојатно.
    Негирајќи цело време ,како мене не ме интересираат роматики, жалопојќи , "Ромео и Јулија" .. сум испуштила многу.
    Саботта вечер, си го изгледав A walk to remember , си се изнаплачев и изнарадував во исто време за двајцата заљубени.
    :wasntme:
    И убаво ми е, а воедно го изненадив дробот вечерва , со густи од праска. :inlove:
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Дома веќе ништо не е исто. Се е толку тивко, мирно, претерано мирно. Горниот спрат полека заборава дека во куќата има луѓе.
    Me изгушка бабичка вчера. Ме гушка и плаче. Ја гушкам и јас и стегам срце. Се јачам, да бидам силна за другите. Секогаш си викам да издржам за другите...
    А куќата полека се празни. Ме гледа мајка ми, вика, од догодина и тие ќе се преселеле доле. И сфаќаш дека дошол еден од оние денови кои си знаел дека ќе дојдат, ама цело време си мислел дека се далеку. Со сестра ми веќе кроиме планови како од догодина ќе бидеме цимерки, таа на шала и свадба ми крои. Зарем толку години поминаа? Би сакала да можам да го вратам времето назад, кога игравме со дедо ми карти, кога сестра ми малечка ќе треснеше по некоја глупост па ќе се изнасмеевме сите, кога ќе трчавме цел ден неуморно по улица. А куќата, и таа како да се смееше.
    Сега се е поинаку...
     
    На bittersweet, M.a.r.i.l.y.n, MacenceEna и 13 други им се допаѓа ова.
  3. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Од што сум толку згодна и дечко ми почна да ми љубомори. :tmi:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    http://www.youtube.com/watch?v=oiTa_t92E-k

    Му напишав тооолку многу зборови во последниот меил... Се заборавив. Вистината е, дека сме толку млади и орни, полни со живот, со очекувања, со грамови надеж, со среќа, со вознемиреност, со се’. Ние сме, тие што отсекогаш се барале, и се нашле, за да се раздвојат на кратко, и да талкаат со мислите одвоени, а најблиски.
    Како пак да се вљубувам, ете такво чувство. Хормони, емоции, како сакате наречете ги, се случуваат.
    Најубав бол и среќа се оние од Љубов.
    Првово носи мудрост, второво радост.


    Си ронам солзи, и талкам.

    Те чекам, ти си мојот остров на мирот. :*
     
    На honorthyself, anabel-a, NoellePage и 2 други им се допаѓа ова.
  5. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Веројатно, една од најславните видео жени во Македонија би сакала да каже дека чувството што го има во моментот е евентуално. За жал, незнаела како правилно всушност се употребува тој збор. Но :!: таа е права интелектуалка. Не гледаш со каков дискурс располага? При следен ваков „испад“ на зборови, од причина што, се многу разбирливи, не би требало да прашуваш што значење имаат.
    Сакам да го зачинам и онака долгиот пост со едно видео:
    http://www.youtube.com/watch?v=n84aKTHO ... re=related
     
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Да се ослободам малку од обврски периодов и си ветувам јавно и официјално дека дома нема да се приберам и контра на тоа, ќе си ги изгледам сите серии што може да се изгледаат и сите филмови што може да се најдат!
    И како награда бидејќи бев добра :wasntme: (ова однапред нагаѓам :D ) ќе си го купам фустанчето што го гледам веќе цел месец, кармин и долна облека за да си ја надополнам мојата прекрасна личност :lol:
    Планирам да фатам на спортска до тогаш, па ќе може се ова да се оствари.
    Тој мене ќе ме држел во робство, феудализам, ма има да биде анархија!!!
    Ене го кај е декември, биче револуција, нема да има улица на која не сум го повратила вишокот алкохол и нема да има кола позади која не сум мочала, ете така да си знаете.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ALe546

    ALe546 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Животот ме научи,па затоа сега сама си мислам статуси. :D :D
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кога некој те праша на фб: Што правеш? А, ти чисто од култура му одговореш: Седам. Па доаѓа прашањето: На што? Зини да ти кажам глупак еден. Вакви сељачишта па колку ме нервираат. :x
    Типичната сељачка некултура си ја покажуваат на фб и мислат фраери се.
     
    На Monna.Monna, M.a.r.i.l.y.n, Stoimenovska и 4 други им се допаѓа ова.
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Книги и пријатели имајте малку, ама нека бидат добри...
     
    На gothchick, Loritaa, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    На што седиш? хехехехехехе..
    Вака без хе-хе-хе-то не е интересно :rofl:
     
    На starbucks и Adi888 им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.277
    Допаѓања:
    67.893
    Пол:
    Женски
    Лош ден денес, не знам како издржав. Негде на пола сакав да си пукам во колено, после мислите ми се свртеа на нешто подрастично. Ама ете, помина. Сега си седам, си делкам мандаринчиња и се олабавувам малку.

    Скопјево по не знам кој пат се утврдува дека е едно селце. Муабетов, еден дечко имал тројка со две, па опишува каде, па другиов си ги сврзува работите, па таму ли, е таму, па ја знам таа, озбилно со таа? па не личеше на таква и ете ти триста муабети. После ќе го зборат девојчето. Не личела на таква, а каква е?
    И се сакало си пробала и што сеа, ај ќе ја судиме одма. Маживе бетер од жени се. Му викам, па што мора сега бре да прекажуваш? Да се пофали, маж пих.
     
    На Monna.Monna, julie77, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Го знаете она ужасно чувство кога новата цура на бившиот е појака риба од тебе?Ни јас.
    Е баш...за бившиот :)
     
    На srcekrsacka и francais им се допаѓа ова.
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^Веќе досадни станаа тие „финтите“ со: „Ни јас“

    А јас моментално го знам чувството како е да ми се спие, а да ме мрзи да си легнам :yawn:
     
    На starbucks и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  14. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ги сакам ноќите, секогаш останувам до доцна...ми се допаѓа кога е тивко. Колку само би било убаво и преку ден да е вака. Животот на оваа улица од ден на ден станува се побучен, не знам до каде ќе стигнаме вака.

    Размислувам за животот, имам илјада прашања но сеуште ниту еден одговор. Единствено ми преостанува да си чекам...
    Тажна сум...тажна и заљубена... :emo:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Ми се тресат рацете и гласните жици и срцево сака да ми излета од градиве кога излегувам на сцена.
    Само сето тоа минимално се манифестира преку моите активности, а го чувствувам толку изразито, тоj речиси незабележлив трепет на гласот, немирот, тремата, тахикардијата...
    И е прекрасно. Тоа е најпрекрасното и најзастрашувачкото чувство на светот.
    Тоа е предизвикот, исходот од напорната работа, моментот кога јас не постојам повеќе, ликот е жив и никој не ме гледа и слуша мене.
    И нема потреба повеќе од преправање.
    Станувам реална.
    Вистинска кон себе бидејќи јас сум некој друг, некој дефиниран, некој допадлив.
    И луѓето, одбивајќи во други околности, не можат да не го погледнат светот од друг агол, бидејќи мојот лик сјае, ја добива цела светлина од рефлекторите и цело внимание во салата, добива глас и не се плаши да викне, ги руши границите, негативната енергија ја претвара во креативност.
    И реалноста се соединува со фантазијата.....
    И се е тоолку волшебно...

    Ах, морам да го почувствувам ова повторно, наскоро...
     
  16. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56
    Знев дека љубовта прави чуда,ама до толку?:
     
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Градов, сите куќи, се околу мене со украси, сијалички во разни бои, од страна новогодишна музика додека се шеткаш... :inlove: И мојата голема елка која сама ја китам и се радувам како дете...
    Едвај чекам!
     
    На The.Princess, creshicka, AnaKarenina и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    СДК градов ни наш главен како да е преполн со плејбој зајачици или така ми се чини...? :^) Девојки повеќе соблечени отколку облечени,кршат чаши како задњи пијандури во некоја „дупка" од кафана,мешаат како Волчица,повеќе мирисаат на алкохол наместо на парфем..Можеби сум грешка :^) Во секој случај тажно,крајно неженствено,несвојствено за понежниот пол..
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ако беше синоќа ладно надвор,прошетавме со неколку другарки и си поминавме супер.Си земавме топло чоколадо и си пеевме наши песни.Се смеевме на глупости и на се друго.Убаво помината вечер со дбро друштво... :)

    А денес недела,мрзлив и поспан ден,ама ќе помине. ;)

    Немам инспирација повеќе да штракам,така да..

    Имајте убав ден :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=KmWE9UBFwtY


    П.С-Среќен роденден бабичке моја мила ! :) :inlove: :hug:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Колку е убаво да е човек среќен ....само да се потсетам што беше тоа среќа :tmi: ;( таман ке помислам знам што е среќа и ете тмурни облаци надвиснуваат и се оди во к...ац...нема веза ;( веќе отрпнав :sweat:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.