[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Отварам нови мислења и не можам да најдам ниту една тема на која би споделила мислење.
    Од затнато носе кај бебињата, какви влошки користите, породување, вашата столица во бременоста, испитувања во бременоста, време за одење на повојница :?:, имиња на вашите деца, детска козметика, после колку време останавте бремени, снаите и свекрвите, ресторани за свадба до љубовни проблеми од типот дали флертот е неверство и пресни теми на нови турски серии.

    Ма, дај! Навистина?!

    Не дека ми пречат мене мајките и нивната загриженост околу кои пелени се најдобри за нивното бебе, но до овде ли оди светот на жените?!
    Деца и толку. Другиот свет се занемарува, се зборува постојано за тие деца, во најголем дел се уште не донесени на свет.
    Мислам дека разбирам колку е сето тоа нестрпливо очекувано и колку променува нечии животи, но затоа, баш затоа најголемиот дел од успешни луѓе во светот се и ќе бидат мажи.
    Бидејќи тие не разговараат 24/7 за нивните новородени или се уште неродени деца.
    Можеби ќе бидам критикувана, но навистина не ја гледам причината надворешниот свет да исчезне од очите и мислите на една жена кога ќе добие дете (секоја чест на исклучоците) иако до некаде во нашето опшество тоа е многу нормално, прифатливо и очекувано.

    Кога немало технологија, ниту струја, ниту вода луѓето се уште имале здрави деца.
    Кога сум била во пелени наместо памперси се уште сум се развивала нормално како и секое друго дете.
    И мајка ми била способна да се справи со моето затнато носе без да прочита 50 мислења од други загрижени мајки на бебиња со затнато носе.

    Навистина е изненадувачки што научно е докажано дека жените имаат исти резултати како мажите на тестови за интелигенција.
    Мислам дека за брзо време ќе се намали тој потенцијал кај жените, како последица на нивното занемарување и игнорантност.

    И за крај да кажам дека не ги отварав и читав темите погоре наброени, ниту дека сум инспирирана од некоја конкретна личност да го напишам овој пост.
    Едноставно ме иритира тоа што животот станува толку монотон и обичен кога се појавуваат деца во животот на повеќето жени, и главната тема за разговор како и најголемата среќа е првиот чекор и првото запче...
     
    На Tenkai, Lov3, ceca-1 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Станав рано во 8, да ја испратам баба на аеродром.. Пак мислев дека ќе биде недела како и сите други, подосадна амин. Ама, другарка ми се јави да одиме на Твајлајт, тој најновиот, го молам бога да не ми е досадно, немам љубов за такви филмови. Ама, убаво што ќе си излезам.
    Да одам до дома, да научам 2 лекции географија, па после да си гледам еден убав филм - Chances are - 1989, баш по мој вкус.

    Немам друго што да кажам, па ве поздравувам со ова песниче.

    https://www.youtube.com/watch?v=FKU3UuJ ... ure=relmfu
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... одамна се токмам да му раскинам на Скопје, а сега е веќе чинам, почеток на крајот.
    Ноќната забава во Скопје - е како лошо продолжение на Ми нисмо анџели.
    Така, изустувајќи ја мислата на векот, која практично се роди од жива досада во МКЦ, каде што требаше да настапат Беј д Фиш, а настапија некои чудаци, лоша балканска копија на Дјуран Дјуран, со некои песнулки што не би ги запеала ниту при запек, :^) патот под нозе и дома под ќебенце.

    Ќе се Утрујам (што би рекла типична скУпјанка, која никако да научи дека О има заоблен изговор, а не стеснет како У).

    Забавата, по правило, чини пари.
    Јас на пример, можеби (едно големо МОЖЕБИ) можам да си поминам ТОП, ако плиснам многу пари, се рашетам низ 3-4 фенси кафиЌи, мавнам секаде по една до две фенси пијачка, па заминам во една дискотека, а ако таму ме тера на зевање, да отидам во друга, трета, итн.
    Бидејќи не сум гулаб писмоносец, се развозувам со такси, а тоа чини многу, или ја налеваш колата со бензин, а во битката наречена - барам место за паркинг, мислам дека хемороид може комотно да ти излезе на газот, војувајќи.
    Па кратко се расправаш со билдерчиња на врата, залижани со гелче, кои те меркаат од глава до пети, длабоко замислени дали да те пуштат во Светиов грал, а таму те дочекува замаскиран мирис на мочка, и мало пиво од 150 ден., милина бре, а внатрешниот декор не е ништо повеќе од наместен позерај и шминкерај, и поголема гужва е во вц-то, отколку во клубот.
    Сите се погледнуваат ко мачори, сите се меркаат, имам чувство како да сум во заглавена секвенца на The Stepford Wives, немој да погрешиш нешто случајно. Раат и мир да се нема. Плукам на сите вас наместени позери и wannabe фацки. Ќе си умрете гладни за внимание и со болка во срцето зашто не сте биле градска фаца (или не сте стоеле до една). :puke:

    После си пресметувам што ќе сум си купела со тие потрошени пари, како старците што пресметуваат се` во леб, леле па пудра можев да си купам, или ново шалче и беретка, па звучки за компјутер ми требаат, на мама ново тавче... и уште толку се живцирам бе! :devil:
    Кренете прстиња да видам колкумина ве мачат вакви неподносливости.

    Скопје, моја прва симпатија за озбилно, и мој несуден љубовник во раните утрински часови, биди добар кон мене.
    Создавај уметност, имај претстави за паметење, музика за слушање до смртна постела, раѓај мали збутани ресторанчиња со добра храна, не наплатувај кафе од 120 ден., понуди ми љубезност и скромност, завиткано со доза галантност, не биди просто СЕЉАК бе Скопје!!!
     
    На bittersweet, Bozica1980, Tenkai и 41 други им се допаѓа ова.
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Утрото кога погледнуваш низ прозорецот, ти текнува на Јосипа Лисац и ти иде да запееш: Магла свуда, магла око нас... И сфаќаш дека такво грдо време и те како ти влијае на расположение. Те боли глава, не сакаш да станеш од кревет. А и зошто да станеш, недела и онака е досаден ден нели? :devil:
    Недела е ден после сабота. А саботата за сите е различна. Сношти си изнагледав разни глупости во кафич. Од очајни што бараат внимание и се дерат и трескаат ко ненормални до вана би јаки фацки што секој "важен" момент го споделуваат на фејсбук пропратени со коментари од типот: wow луда нок беше сношти.Да да грмевме... |( Испиле 2 пијачки плус и мислат дека сите наоколу во нив гледаат. :drunk:
    Грмеле бе! :D
     
  5. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Kolku mrazam koga sum bolna :( imam tolku mnogu za ucenje,de fizika,de hemija de onaa prokleta matematika ;( bespomosna lezam.se mi e crno.nemam no volja ni zelba da stanam.se izvinuvam za latinicata,of telefon pisuvam.
    Imajte ubav den :hai:
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Го знаете она заебано чувство,кога планирате куп работи и на крај се паѓа во вода.
    Понекогаш си мислам кога не би жевееле тука на балканот, ами во некоја др. европска земја би
    било поинаку.
    Можеби тогаш дипломата конечно би ми се нашла во животот. :?:
    Тогаш не би ги трпела неправдите , мешањето на одереденаA особА во нашиот живот и живеење според нејзините правила .
    Секој совет од постара особа ми е добредојден, од особа која има се-нешто проживеано во животот која има` богат `дух......која научила кој збор кога да го употреби и каде , која не смета дека книгите се
    залудно потрошено време ]:)
    од особа која ќе ти е мерак да седнеш и со мерак да ја слушаш додека го пиеш утринското кафе .
    Но не и вака ...
     
    На Posumce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Напишала "Aуу вчера најјако,ај деновиве пак.Те сакаааааааам :* "

    А она уста не отвори,цело време со телефонот во рака на фејсбук висеше.Дури ни поглед не сврте.

    Замислете-седиш на маса на слава,со телефонот во рака,уклучена на фејсбук. Култура шта да ти причам :x :x :x
     
    На Libra19 и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ете една работа што многу ме нервира. Си излегол или си седнал со некогу а тој/таа со телефонот на фб. Ајдее фб ќе пропадне без нив. :emo:
     
    На GarpovaV и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк понекогаш сакам само да ве читам и да уживам.

    Така и денеска, нема што да напишам но затоа има што да прочитам. :coffee:
     
  10. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    СДК денес некако се чувствувам одморено, убаво.. Имам сила за се :D
    Имам многу планови за денес :)
    Да доручкувам па ќе почнам.. Да си ја зачистам собата прво, па да поднаучам нешто, па некое филмче божиќно да изгледам, :D на крај да се средам и да излезам :)
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ме разбуди дождот, тропајќи по ролетни. Иако сакав да си се гушкам со креветот станав си направив кафе си каснав алва. Денес решив цел ден ќе си сликам некои работи, надвор и да одам да бркам моменти градов е празен, особено кога е Недела сите се по дома.

    Туку си отворив фото блог, каде нема да прочитате Ирена Мила Photography оти тој збор ме вади од такт, имам аверзија спрема него. Кога некој го залепил до моето име, секогаш бил некој друг.

    Туку еве линк до блогот, го направив од причини зошто ми треба реклама за работа.
    http://irenamila.wordpress.com/

    Туку сакам ваков дом без еленската глава и животинските кожи, прекривки што и да се...
     

    Прикачени фајлови:

    На DzingrlakaDzikica, kravce, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... не можам да ве читам посебно не можам да ве разберам кога фамозната буква Ф ја пишувате и користите каде треба и не треба! Добро што ви е ова, некој нов имиџ ли ... некој нов начин на изразување?! :^)
    Глупаво е ама не е минорно, ме напна навидум ситница ... во суштина голема работа.
     
    На antonina, Ella.313, francais и 17 други им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.749
    Допаѓања:
    17.711
    „Дали некој, некогаш за момент кажал не,
    на тие усни розеви со сјај, и кратко деколте.
    Штикли високи до немај-каде,
    струк во буква Ѕ.
    Секој од позади гледа, лае како гладен пес.
    Но на вртење се гледа само пудра....
    Од такви преку глава е, редат само пластики на се‘,
    фешн тв следи за да виде, се ок во тек,
    а во глава нема ништо, нема ниту педигре...
    Татко столар, ќерка таква седмосед.“
    Згодни,нашминкани, минич до пич, штикли 30 цм. и мислат убави се, паметни се.
    Јес да со изгледо сите можеш да ги примамеш, ама главичката бе срце, празничка си останува, а?
    „Во солариум се сончаш, мислиш „Боже, каква сум“,
    многу секси, црна како мачка болна си во ум.
    Зарем веруваш, те лажат за да бидат со тебе материјал, потрошен.“
    Секој втор ја посакува, а она со секој втор ќе појде.

    Можеби некој од вас ќе се пронајдат овде, жал ми е.

    Целиот текст е вистина.

    https://www.youtube.com/watch?v=oJ3aMRRmFF4
     
    На Monna.Monna, Chica.Loca, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Да,и мене тоа ме нервира,али ај кога си излезен у друштво(иако и тоа многу ме нервира),некако ќе помине.Ама да си седнат на маса на слава,со возрасни луѓе кон кои треба да покажеш почит и култура ??
    Срамотилаци.
    Божем ако не се уклучиш 2 саати на фејсбук ќе пропадне светот. |(
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.235
    Допаѓања:
    111.529
    Пол:
    Женски
    Одсабајле и јас се смеам, ама не можам да преќутам па си кажувам :D
     
  16. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Шо е убаво времето надвор,а јас седам и пишувам состав за Ромео и Јулија
     
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Убаво се чувствувам во сопственава кожа. За прв пат, од кога знам за себе..
    Денов до минута испланиран и добро оди. Обврските се на време завршени и сега го имам цел ден за мене и за мачорчето. Пријатно е кога заспивам со насмевка и се будам спремна да го искористам денот максимално. Колку што ми беше сив изминатиот период, толку сега се ми е обоено! Трчкам со бои во рака и шарам, убаво да им биде и на другите... Ќе купам милион балони и ќе ги пуштам нагоре во синилото, и оние што се разочарани или тажни да развлечат насмевка и да им дојде топло на душичките.

    А Тој незнам што влијание ќе имаше врз мене. Мило, нежно, внимателно маженце. Кога и да ми текне на него ми се јавува она скокотливо чувство, ме фаќаат хистерии за гушкање и галење. Ја ќе да се заљубувам.. А ако ова е заљубување, тогаш прв пат ми е и прекрасно е! :sun:

    :rofl: :rofl:
    [​IMG]
     
    На antonina, Doozy, L-enna и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Или па кога пишуваат В онаму каде што треба Ф. :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. offtopic15

    offtopic15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    102
    Сакам да кажам дека лугето се најсебични суштества на оваа планета ! Оди бе убаво да ти биде абе и ти оди убаво да ти е сите ајде вака така да им нагодиш а на крај за што да те остават сама како утка да дремеш во дискотека ! Ти презобруваат еден два зобра на 15 минути ...СВАКА ИМ ЧАС .И на крај ги молиш да си идете порано половина саат бидејки немаш питено за дозвола и ти велат ние ци одиме покасно :clap: :clap: :clap: :clap: БРАВО ! Чиста 10-ка.Арно велат рани куче да те лае :worried:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.954
    Допаѓања:
    164.223
    Вчера се шетам низ Рамстор и гледам гужва... и викам чекај да видам што е и онака ми е успат... Што да видам... Забезекнати родители мислејќи дека тоа шо го гледаат е смешно и во средина нивните дечиња вежбаат Зумба...И една што се дере како шлакната на деца во простор од 5 квадрати... Дечињава играат ли играат,на ГАСОЛИНА... истата зумба што е и за возрасни и типкава им вика мешај мешај,она знаете сензуалното со гзот?! Епа тоа! Па добро бе пичка му матер, нормални ли сте?! Дали има толку ненормални родители што детето ќе го пуштат на ДЕТСКА ЗУМБА?! Што уопште не е детска и не ја прави таква само ако дечиња учествуваат. Ако сакам детето да ми е физички активно ќе го запишам на танц, на балет, на пливање, на карате,на кошарка, било што друго...ама ЗУМБА?! Луѓе не сте нормални...
    Не,не знам како ви е симпатично тоа.

    Мислам дека тоа го прават истите оние родители кои на децава уште од мали нозе им прават муабети од типот Имаш ли дечко?! Или за синчето на пријателите викаат ЗЕТОТ. Е оваа категорија родители...па неам зборови. Ко мала моите никад не ми збореле у тој стил,еднаш на едни пријатели жената рече,аа снајка ќе те правам, татко ми нешто и одбруси у стилом, мали се немој такви ГЛУПИ муабети...
     
    На bittersweet, kravce, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.