[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Кратка прошетка, кратко еспресо, сеуште врело помеѓу дебелите ѕидови на филџанот.
    Погледи кратки, а длабоки.
    Француски маникир блеска на ноктиве, француски е и бакнежот со него.

    Еј, да, краток е и животот! Прекраток би рекла..

    :)
     
    На Hipster, CIA, thinkerbell и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И велам, сите ние сме толку површни, толку лесно можеме да се прочитаме еден со друг, само што не сите ја знаат таа "вештина".

    Кога велам, Убаво ми е, добра сум, го велам со толкава грутка во грлово, што просто се чудам како ми веруваат (се однесува на случаите кога горам од болка).

    И, има разлика од насмевка од срце до насмевка потисната од бура солзи кои секоја секунда чекаат да истечат, да го исчистат образот. Или она Во ред е, додека со поглед центриран во една точка и темнина во очите врескаш Не, не е во ред, не не сум добро, ме боли!!
     
    На innablood, cinderella5, Ella.313 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК силно светнал ден :D ( шо би рекла Ким :D :wasntme: ) не светнува денот само од сонце, туку и од многу така фини, добри, мили, позитивни личности :sun: Една таква личност ме израдува денес, ептен ^_^ ми пренесе некоја позитивна енергија, мене ме префати :D Убавини, додуша, некогаш во животот се појауваваат работи, кои човек го оставаат со прекрасни чувства, за кои малку се зборови за истите да ги опишат.Секој човек има нешто кое треба да е негово, среќа или што и да е, нешто што не можат другите да му го одземат, поради љубомора итн.Треба ние луѓето темелно и искрено да го живееме животот, во смисла на овие работи, чувства, не материјални, кои и онака ќе им помине рокот на траење, без разлика колку скапи се, не вредат.Нешто што вреди, не е замениливо, нити со рок на траење, нити за истото се наплаќа, само чувствата ништо друго, впрочем само тоа имаме на овој свет, другото не е наше.Мож ова е смешно што го зборам, ама воопшто не ме интересира, бидејки доживеав да видам што сме ние луѓето во суштина.Само штета е што иако потсвесвно, теоретски, тоа го знаеме, не го прифаќаме, го игнорираме, исмејуваме итн.Но кога ќе се случи во пракса, хах и те како ќе знаеме да ги цениме горенаведените работи и ништо од сите тие негативни работи како игнорирање, исмејување итн., нема да ги направиме.
    Затоа и животов, знае така да не потсети и тоа такви шамари може да ни врзе, за кои три дена ќе се чудиме и ќе се освестуваме, какви сме биле пред, а какви сме после фамозните негови шамари.И доколку сме интелигенти, ќе научиме, а ако пак згрешиме, ќе научиме се додека ни стане јасно.
    И јас уште сум си така фино развеселна, а ако на некој му пречи, нека му пречи :hai:
     
    На lunicka, julie77, k.i.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Се фатив како во апсолутна тишина се смеам..
    Уживам кога лежам сама на креветот и размислувам на се што окото успева да улови.
    Фотографии од летни одмори, фотографии од нашите почетоци..
    Сите подароци.. Се е тука, дел во мојата соба и дел во мојата глава.
    Ние сме од деца заедно, сега ми се чини дека за миг станавме возрасни луѓе..
    Порасневме заедно и спомените се нешто на кое не можам да останам рамнодушна.
    Чувам билети од концерти и кина, љубовни писменца, ливчиња со цели кои сакаме да го оствариме во годината што следи...
    Јас не знам за живот пред него.
    Како да немам минато.. Јас сум со него откако знам за себе.
    Нашата невина детска љубов прерасна во искрена нераскинлива врска..
    Денеска ме чекаше долг муабет со татко ми, морав да му кажам за плановите во иднина.
    Морав да му кажа дека една од гранките на неговото дрво наскоро ќе се откине...
    Му кажав и не знаев дека со таа гранка ќе се откине и неговата душа.
    Татко ми сеуште ме гледа како негово мало чедо, зарем досега не сфатил дека јас пораснав?
    Мислев дека поинаку ќе го доживее она што му го кажав.. Видов тага во неговите очи.
    Толку ли е тешко за таткото да се оддели од своето чедо?
    Рече: Се радувам на деновите што ме чекаат, но истовремено знам дека овој дом нема повеќе никогаш да биде ист.
    Ме здопече душата признавам... Тој беше единствениот маж кој го сакав пред да го запознаам него.
     
    На Tenkai, julie77, anggell и 3 други им се допаѓа ова.
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Криво мие што не го фатив денешното неделно попладне, и не ги избркав сите утрински ритуали
    Ама барем ноќта ја истерав до максимум ..колку брзо лета времето кога си покрај личност која те сака...ете и јас за прв пат после толку време дочекав некој да ми каже искрено топло и од срце ТЕ САКАМ...искрено ни најмалку не заслужувам да ми се каже тоа ..
    Се плашам од тоа што сум станата како некој камен ниедна емоција не може да допре до мене,и кога мие тешко не можам ни емоционално да се испразнам,тоа не е природно човек мора еднаш да се изгори за да стане како каменот..сакам да се заљубам да ги почуствувам пеперутките се надевам не умреле..

    Живееме за ноќи кои не ги паметиме со луѓе кои не ги забораваме !
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Видете вака...
    Откако ќе си се размазуваш и тинтраш себе цел ден од глава до петици, ќе си се избањаш и испомачкаш со креми, ќе си ги облечеш омилените меки перени пижами, ќе го средиш кослето што лета на сите страни... па ќе си направиш пуканчиња во микро, додека тие се прават ќе си свариш чај во огромна чаша(скоро тенџере хаха), ќе се оптегнеш во креветот со постелнина во омилената боја, па ќе си пуштиш the big bang theory... па колку проблеми и да имаш, ги снемува. Докажано :D
    E ова веќе ќе биде добра ноќ. Аххх ми иде да си се гушнам бре.
    Па уште кога ќе ми текне дека утре немам апсолутно никакви обврски... цветам :D :f:
    Имајте убава вечер.
    :makeup:
     
    На bittersweet, Monna.Monna, ceca-1 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК се вратив! И тоа со убаво се вратив :D А и сега којзнае колку дена ќе ми требаат да ве исчитам :D Ама сега,го имам целото време на светот! Пошто го зедов и последниот државен испит т.е. дипломирам и јас со тоа :) Најсреќна сум! И ви посакувам и кај вас да се враќа!
    Now you can call me a DOCTOR :D [​IMG]

    Повелете:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    За тие на диета :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lepaaa, bittersweet, BeYourself и 42 други им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Зошто бе, зошто имам толку убав сват. Па и што погледи ми праќаше, ми идеше да го фатам за рака и да го однесам во веце.. :wasntme:
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ги гледам сликите од вчера од прославата на постоењето на Албанија, и се запрашувам дал е ова Македонија, во ред е соживот и се, ама станавме држава во држава, баш сакам да видам за 10 години што ќе се случи, убаво вика моено, ќе станеме сестра на Израел, не е наивна ситуацијата..
     
    На la-chicka, Divinebutterfly, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Боже господе какви курви постојат.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Женска косата тие толку мрсна што го правиш бурекот љубоморен :worried:SS
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Прекрасно помината вечер вчера. Бевме без план за одење некаде, се спремавме да правиме филмски маратон, кога ненадејно пристигна покана од многу драга личност да ја поминеме вечерта заедно. Јас во тренерки и дуксер, коса во реп и без шминка, а дечко ми настинат :wasntme: ама му реков дека сакам да одиме. И не згрешивме. Толку опуштена вечер одамна сум немала, ме исполни тотално. Добро вино, огромни фамилијарни пици, муабети, смеење... Убавини. Не сакав да си одам од што ми беше убаво. Секогаш собиранките кај него ми се најубави :)

    А и другарка ми ме израдува. Можно е да добие работа во истата зграда каде што работам и јас :rock: Што убаво, ќе си одиме заедно на пауза, ќе си пиеме кафе секој ден... Од срце и’ посакувам да и’ се насмевне среќата и да најде подобро работно место, заслужува. Па уште ако е и во иста зграда со мене, мераци 8)

    Денов ми е тотално непродуктивен, ама оправдано, недела е. Чисто за илустрација, во моментов седам облечена во пижами, врз нив носам плетен волнен елек од баба ми, на лицево имам хидратантна маска, а на нозе ги носам новите кожни чизми за да ги разгазам :lol: Уникатна сум, да има сега некој да ме види слатко ќе се изнасмее. Дури и се сликав :rofl: и сама си се смеам. Не е до мене, се преспав, па сега имам вишок енергија :D

    Изнакажав 300 глупости, а ништо паметно не кажав. Ај доста ломотам, отидов да се шетам со чизмиве на плочките во кујна, зошто сакам да ми тропаат :rofl:
     
    На bittersweet, kravce, tweety26 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Тешко е кога од мало девојче стануваш жена,човек.
    Но некој е човек од самиот почеток...
     
    На Cacy, tweety26, cinderella5 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Понекогаш, некажаниот збор може да боли исто колку и кажаниот.
     
    На cinderella5, Ella.313, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Почнав да гледам накитени елки по домовите уште од вчера?!?! Убаво ми е јез да, и многу и се радувам на предпразничната атмосвера, но...луѓе, да не е некоја Мормонска Нова Година деновиве?!?!
    И уште да почнат со Новогодишните филмски маратони по телевизиичкиве, да си накитам дома и да си уживкам под ќебе... :)

    И ми недостига либето многу...од кога почна на работа морам да се навикнам на фактот дека некогаш по цел ден нема да се видиме а спиеме во ист кревет :(
    Кога сум јас по работа наутро а тој е втора смена и се враќа доцна јас веќе спијам, а кога јас се будам тој спие..и така ни беше изминатава недела :( Се надевам од утре некако ќе се координираме..
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да китам елка. Сакам да редам лампиони. Сакам да лепам сијалички. Сакам да закачувам снегулки. Сакам се` дома да засветка. ^_^

    Друго, ме фатила некоја мрза, не ме пушта. Цело време се врткам натака-навака, место не ме држи да земам некоја книга во раце. :wasntme:

    [​IMG]

    Друго, што правам?
    Гледам слики, читам коментари... И немам коментар. :x
    http://zase.mk/bit-pazar-skopje/
    http://a1on.mk/wordpress/archives/65144
     
    На lulutik, Cacy, antonina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Меланхоличен ден преполн со спомени,се додека не се сетив дека другата недела и е роденден на мајка ми. Или причина да побегнам од оваа самотија и да сретнам едни длабоки очи полни со чувства во родниот крај.

    Среќата и тагата сеуште се борат во моето срце,но требале да изберат поголемо место за таква битка,каде што нема толкава гужва.
    Кај мене се е испомешано со различни чувства,нема место. Изветреана среќа,нејасна тага,отровно чувство на несигурност кое зафаќа поголем простор. Не ме гризе нешто одвнатре,ме има изгризано цела.
    Станувам ли роб на моите чувства?

    Неутралново време влијае најлошо на мене. Го чекам првиот снег,ладното временце на кое ќе се дружам со моите воздишки на студениот воздух додека сум далеку од моите блиски.
    Врзана сум за едно место,од кое ме делат мал но значаен број километри.
    Доста ми е од лажните пријатели кои ги стекнав,сакам да ги видам вистинските од таму,кои оставиле нешто во моето срце.
     
    На tweety26, teddybear, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Толку многу мразам кога имам некое претчувство и постојано сум на штрек што ќе се случи или што ќе слушнам. И секогаш ама секогаш е нешто лошо, од лошо де полошо. Веќе почнав да се нервирам кога ѕвони мобилен, кога некој тропа на врата или пак на прозорец. Мислам на прозорец се тропа ли?
    Недостапна сум на мобилни и ич не ми е гајле. Не сакам никого да слушнам ама па после кога ќе ми кажат тие кои ми се блиски што им се случило многу ми е криво што не сум била достапна.
    И ми пиша тој, онака како сум, што сум. Вртеше бош муабети за моите дома, за факс, за работа, кој кај шетал. Зошто ми пиша, м? Не сум сакала да се поздравам кога сум го видела, а и во право е, не сакав ама мерак ми беше што ме виде насмеана, дотерана и скоцкана. И пак ми го кажа она глупавото- Ти си вистинската ама во погрешен период се појави. И не е прв бре тоа што ми го вика, а зошто по ѓаволите тоа ми го кажуваш, као треба подобро да ми е? И да се видиме, оф како да се видам со него? Иако бев прилично дрска и безобразна со него пак ми пиша дека не заборавил на излегувањето. Може е подобро да заборавиме. И да, јас верувам дека секој има повеќе сродни души, тој е една од моите ама ќе ја барам онаа вистинската која со сите делчиња ми одговара.

    И така...
     
    На lulutik, bittersweet, Adi888 и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК... па за малку да добиев срцев удар кога синоќа сватив дека веќе немам за што да мислам! ЗАтпоа денес почнав да размислувам што да мисалм и почнав на глас без причина да се смеам како луда, кога ми дојдоа при срце и сеќавањата на моите глупости! :rofl:
     
    На lulutik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Понекогаш кога ми е тешко сакам да легнам и да преспијам се, ама дали тешкотијата заслужува да ги преспиеш сите убави работи што ти ги нуди животот? :wasntme:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.