[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Ми се смачи од брзање, трчање и куфери. |(

    Не ми е проблем пакувањето, не ми е проблем патот... Проблемот е што кога сум во Скопје, сакам да си дојдам, кога ќе си дојдам, сакам да сум во Скопје. Ако сум дома, сакам да сум кај баба, ако сум кај баба, сакам да сум дома. Ако сум дома, ми се испаѓа... Кога ќе испаднам, ми се иде дома.

    Се чувствувам дека не припаѓам никаде.

    Посебно не откако сме во куќиштево тмурно дојдени, се е во кутии веќе четири месеца, се е привремено сместено и истурено негде, се импровизираме, за јадење, за спиење, за гледање телевизија, веќе аман. Живци немам за ништо, сега укопчав зошто не ми се гледаат филмови, зошто не ми се читаат книги, зошто не ми се прави ништо, ете, од такви глупости. Како да правиш нешто што се прави дома, кога не се чувствуваш никаде како дома?

    И ми се смачи од константно броење денови, бројам кога ќе дојде петок, па го чекам понеделник, го чекам слободниот ден, и кога ќе видиш, пак дошол петок... и само бројам илјадарки по недели, секоја недела по една, или по една и пол ако купам карта за автобус и копирам некоја книга, така си го бројам времето. Сакам да си седнам некаде и да речам, да, тука ми е супер, комотно, дома сум.

    Само што си ги спакував парталите, реков дека нема да си дојдам во ,,домава,, ]:) добри две недели, малку да одморам, ама знам дека во петок сабајле ќе се премислам. Ќе видиме накај ќе дува ветрот. Зависи и дали ќе има што да дувне, џабе дување ако нема ливчиња троа да подбутне (читај пари за да преживеам викендов). :D

    Неделава гледам форвард на Новел Ваг.
    И на можната текила пред тоа.
    :makeup:
     
    На bittersweet, Hipster, Sexybaby86 и 30 други им се допаѓа ова.
  2. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Јас дефинитивно остарев. Зошто? Затоа што постојано ја споредувам денешната „младина“ со нашата (а разликата е само 3-4 години, затоа и наводниците) и не можам да се изначудам. Кога реков дека генерацијата пред нашата е последната sane генерација, израсната без фејсбук, последната генерација со која што можам да комуницирам и имам заеднички теми на муабет (свесна сум за генерацискиот јаз но овде друг е проблемот), не знаев дека дека работава е надвор од границите до таа мера.

    На што се сведува денешниот живот на еден петнаесетгодишник? Фејсбук, Инстаграм, аск.фм, фотографирање со напрчени муцки за горенаведениве, оригинал патики добиени по плачки и врескања дома, високи штикли, скапи телефони.
    И не може ама баш никој да ме убеди дека ова го имаше пред неколку години. Имаше и тогаш исклучоци, како што има и сега, но сега 90% од тинејџериве се во некој YOLO SWAG филм.

    И јас имав фејсбук, го отворив во втора година средно. Но фејсбукот тогаш и овој сега е неспоредлив. Се вклучував еднаш на неколку дена и имав 5 слики. Секоја генерација со своето, претходно имало МајСпејс, МСН, мирц? Епа не баш. Никаде не откривавме детали за нашите животи и секојдневни активности, никаде не молевме за лајкови ниту пак се лигавевме како децава на фејсбук денес. И не прифаќам коментари од типот „тогаш немаа сите компјутери или интернет“, зборувам за блиско минато.

    Патики и штикли? Да, и во мое време со носеа (еее, мое далечно време, 2009та :D). Ама не беше big deal ако не носиш Адидас или high dunks. Можеби мислите дека аргументов ми е глупав но познавам семејства кои едвај сврзуваат крај со крај, ама децата мора да носат оригинали затоа што и другарчињата им носат. Се оди до крајности и се скратува од основни работи за преживување за да им се овозможи скапа облека и обувки на разгалените деца кои не знаат за не. Еее, се сеќавам на моите први оригинални Најки кои ги купив за на одбојка, ги меркав неколку месеци и на крај дојдоа на попуст и ми ги купија, колку бев радосна тогаш :)

    И штикли носевме бе. И јас кога бев полуматуранка имаше девојчиња на штикли, ама знаете какви штикли? Штикли од 7-8 центиметри, е такви штикли. Никој не носеше салонки 15ка, а и ретко кој носеше припиени фустанчиња и корсети. Побогу, имавме 13-14 години, сеуште бевме деца, никој не ни размислуваше да облече повисоки штикли или да открие повеќе отколку што е потребно. Сега облеката за полуматура и матура е иста, крофни на глава, комплетна шминка, трепки, нокти.

    И сето ова не беше толку одамна. И сето ова го имаше и кога јас бев тинејџерка, но не беше толку изразено. И јас брзав да пораснам и сакав да се вклопам, се ми е јасно. И можеби мислите дека новите патики се најважната работа на светот моментално (па и јас како се фатив за тие патики :D), ама не се. Ниту лајковите не ја одредуваат вашата вредност, ниту центиметрите на штиклите или на колку слики сте тагнати на фејсбук. Други се тие работи ама нема да ви ги откривам, ќе дознаете за некоја година :D

    *и пред било кој да ме нападне, да, можеби вие не сте такви, но јас зборувам за поголемиот дел од децата на таа возраст што ги познавам, а тоа е еден поприлично голем дел, всушност :?:
     
    На Tenkai, pamelche, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Конечно ќе дојде ден кога нема да ги гледам сите што несакам да ги гледам..... :D :D :D

    Утре е понеделник пка почнуваат работните обврски..... ;) ;) ;) ;)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.278
    Допаѓања:
    67.894
    Пол:
    Женски
    Влегувам дома и му изјавувам на маж ми дека се заљубив. Не, не му викам дека е во него, не сум толку да не речам лигава. :rofl:
    [​IMG]
    Мојата нова љубов, се шмекаме нон-стоп кога поминувам, прееска застанав и не можев да и се изнагледам, абре ко да е правено за мене.
    Ама за жал нема да ми биде возвратена љубовта... Не во скоро време, а може и никогаш. :(
     
    На Miamigirl, Chocolate.me и DAngel им се допаѓа ова.
  5. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Вртам така безвезно по телефони, да се јавам по пријатели, да ги испоштовам, нели, и кога ми се јавува некоја непозната суштествена единка. Се чудам, чудам, гласот непознат, тоа да ти сум утнала контакт, и кај особа што за мене одамна заборавена. И ај, ок муабет на едно-две кај си што си, вака-така, ми испомеша стари спомени. Бегај бе таму. Ни едно ни две реков се брзам-Ај Чао, и сеа цела вечер сум Мистер Хикап. Знам ме збори. Ако, збори, касно е веќе.

    Умрев. Ни вода 12 голтки ни хорор момент не помага.
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    ^^ Виножитке,
    Да не мислиш дека се занесов и мислам дека сум во темата - расипи ја желбата.... - ама и да не ти биде возвратена љубовта од симпатијата во спојлерот, нема ништо да пропуштиш :)
     
  7. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Касно реагирам... Мислењето беше напишано во нервоза :)
    Знам дека треба да биде сФатете... Фала црешичке :*

    И да се пошегувам на своја сметка :D
    Сфаќа - глагол, сваќа - роднинска врска.
    Ве молам сФатете го тоа веќе еднаш засекогаш!!! :P
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Мојот фраер е најубав на свет,
    мојот фраер личи на тротинет.
    (сепоклонувам)
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Уште еден викенд зад мене оставив полн со спомени на нас двајца,насмевки,прегратки,љубов. Цел ден ми беше во некакво трчање наваму натаму.
    Попладнето откако го испратив него имав една средба во која што по не знам кој пат се убедив и разбрав колку луѓето се алчни за пари.Ако имаш пари,а немаш разбирање,мир,спокој тогаш џабе е се.За жал живееме во време каде што секој би го предал својот најблизок за пари.Да,буквално е така и не знам кога луѓето ќе разберат дека не е се во нив и дека тие можат само да го расипат човекот.Секогаш имало алчност,но како што иди се повеќе и повеќе е голема.Тоа е жално и болно.
    Бев згрозена од една слика каде што куче се тетерави и умира -беше отруено,а јас за жал не можев да направам ништо за да го спасам од смртта ;( .Која душа ја имаат таквите Нелуѓе.Една жена врвеше крај мене и кажа дека воопшто не и е жал за животинчињата што ги трујат :x .А што ако детето нејзино го фати тој отров?Ама нее,таа не размислува така,ахх штета правеле рече,па таа е поголем штетник од тие мили душички.Никогаш не можам да ги разберам таквите несовесни бездушници,ахх камо да имаше казна за таквите.Кучето го оставија на пат така да лежи,никој не сакаше да го фати се додека еден бездомник не го зеде,и тој е душа рече заслужува достојно да е закопан.Ејјј тој е човек кој што и покрај својата мака мисли на милото безживотно кученце.ЦЦЦ до каде стигна светов не ми се верува :x .
     
    На Sexybaby86, green.eyes, pamelche и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    ПОНЕКОГАШ МРАЗАМ ЗОШТО СУМ ЧОВЕК. :@
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Реин, ме насмеа, ами и јас сум заљубена во џипови,ко ќе ги видам, срце ме пристегнува :D исто ми се случува,само во вакви чуда, еден црн, ептен црн џип, да имам :angel: Јасно е веќе, мислам, да не зборам, пак.... :D

    И сакам да имам куче, еден лабрадор, може и германски овчар, а може и хаска, како си кажувам како да си нарачувам :rofl: Ги сакам, со тапија.

    И трето, сакам да се вработам, а кога човек сака да работи, па нема работа |( И нашава држава, џоа држава, што ќе кажувам веќе, се е кажано, јасно, појасно, здравје, е арно ама пак само е само теорија во прашање, ништо друго.
    Додуша за некои работи,веќе не ми се ни збори, а камоли за истите да мислам, незнам зошто и се замарав со нив некое време, ама ете требало да се случат.Ама ете, се што се случува, не е за џабе...
     
    На ozbilnazena, Abeja, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Убаво си пишуваше во хороскопот...викендов ќе ми бил одличен.
    Па нормално дека е кога деновиве ми беа исполнети од утро до ноќ.
    Преку ден седенки со другарки,секој ден ми стана убава навика ова.Средбите со пријателите се како терапија за човекот,делуваат многу позитивно ако се и тие позитивни.
    Убаво е кога си опкружен со пријателите и баш сакам чести средби. :)
    Вечерите се посветени за него претежно.Вчера прошетавме низ центар и си го добив на подарок делфинчето од џамбо кое го посакував одамна...додуша јас кое не го сакам веќе ме преплави со мечиња дома ама ако мене ми годи,јас цел живот ќе останам дете во душа. :lol:
    Малку се подналутив што даде две илјади само за тастатура и маус колку да игра кантер.Аман со таа игра почнав да ја мразам,само за да може да игра колку пари фрли. |(
    Денес решив да го гледаме филмот за кој одамна инсистирам и тој да го гледа.Колку само реална работа како за нас двајца,се пронајдовме...особено он.Мислев ќе се откаже до пола филм но запна да го догледа,го заинтригира филмов баш фино,тоа и го посакував. :lol:
    [​IMG]
     
    На marama, AnaKarenina, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Идем да спавам... |-)
     
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Ох, патетики мои! Отварам фацебукот и гледам Џафирка премина од _____ во самец. САМЕЦ???! |(
    И ај сега де. Не знам за вас ама мене многу тажно, тмурно и патетично ми звучи „самец„.
    Хахааа, значи и јас сум самец сега.. ох чуда мои.
    Како и да е, врмево денес е катастрофа, паѓа дожд темно е, а и многу поладно од минатата недела. А јас баш си планирав да се дотерам малку денес, да се нашминкам и да го шмекнам малку :)
    Сама сум дома, само што го завршив дуплото кафенце и си ја пребаруввам фемина. Книгите ми се смешкаат на метар од мене како љубовник кој едвај чека да води љубов со вас.
    Епа, отидов ја да се љубам со економијата!

    Имајте ми прекрасен, а што е поважно, продуктивен ден! :*
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    ...многу малку скоро ич сакам да се лигавам на форумот за ,,животот и растење,, на малиот :$ . Ок, јас сум горда мајка и си го сакам највеќе на свет ама најмалку сакам да пишувам патетики.
    Ова денес е посилно од мене и морам да го споделам.
    После четвртата инфузија тој најде сила да изоди 500м за да се качи во автобус и вози до дома. Не ми преостана ништо друго, туку да оставам кола во болнички круг :) . Таа среќа и радост како го исполнуваат малите нешта за момент ме истресе од земја. И навистина, се има возено во кола, камион, трактор :D , воз, авион, метро, брод ама не и во автобус. Само еднаш во автобус, ама беше многу мал и не се сеќава.
    Додека чекавме го намириса ѓеврекот од спротива и побара да јаде. Зедовме и тоа. Пристига автобусот и сите се буткаат а тој стои на страна и чека сите да влезат. Ми побара пари за карта. Влегува и на шоферот со насмевка до шестица му вели ,,добро утро,карта,,?!? А овој ,,кај си тргнал толку рано,, а малиот ,,дома,,.
    Додека се мали, многу бргу сакаат да пораснат а откако ќе пораснат...
    Скоро од секој човек учам по нешто, а денес од најмалиот научив дека понекогаш навистина треба да уживам во малите нешта. Тој ми е како некоја ,,рачна,, во кола. Кога почнувам да трчам по времето наместо тоа по мене, најдувам 5 мин и сваќам дека нема да пропадне светот :wasntme: :D :D
    СДК дека не треба да се плашиме ако одиме бавно туку ако стоиме и тапкаме во место
     
    На bittersweet, mims-89, Hipster и 33 други им се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    17.653
    Пол:
    Женски
    Ти ги делам желбиве, ама немој не го викај џип, тоа се теренски возила а џип е Jeep, ма да не е лошо и еден Jeep, ама јас сакам вакво теренско возило (ова ми е од маж ми, кога ќе му речев ауу сакам онаков џип, ќе ми речеше, па тоа не е џип :rofl: )
    [​IMG]

    А може и Jeep Grand Cherokee
    [​IMG]

    Ама и да се вработам тешко дека ќе заработам за едно од овие две. Сега доволно ќе ми биде и да се вработам, ќе се задоволам и со опелчето што го имам.
     
    На Gordana10, Doozy, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека многу нешто сте по џиповите,еве јас сакам авион бре да си имам и каде сакам таму да си отидам.поздрав ;)
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    витомир повеќе би ти била потребна виза отколку авион за да отидеш каде сакаш :lol:
     
    На kravce и slavica999 им се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Прочитав некој став на форумот од девојки за жените-мајки.

    Кога не покажуваш љубов-крута си,
    кога ја покажуваш-лигла си, претеруваш.
    Кога не обрнуваш внимание-незаинтересирана си,
    кога си многу внимателна- тогаш си манипулаторка.

    Мајка е жена која била во блажена состојба, се породила и израснала дете.

    Зарем малку на број се оние на кои им фали родителска грижа и отворен однос? Преку ноќ тој однос не се создава, тој се воспоставува уште на првиот допир, а се гради полека секој ден.

    Ако имате деца, тогаш знаете што значи да се биде мајка.

    Не можете да замерувате бидејќи сум ја ставила потребата на детето пред мојата. И ќе ја ставам секогаш додека биде тоа потребно, зошто кога сум решила да создадам свое потомство, автоматски сум го прифатила тој животен циклус на давање без земање.


    Мајка е половина од тимот татко/мајка - кој ве создал, оној дел кој ве родил како дете. Кога за првпат таа ве земала во раце, бескрајно се вљубила во вас! Таа е онаа која ви менувала пелени, ве хранела, капела и ве облекувала. Таа е онаа која ве негувала кога сте биле болни, посакувала да може да ја земе вашата болка, но не можела да ја сподели нејзината со вас. Нема никој како мајката.
    Ако имате деца, тогаш знаете што значи да се биде мајка. Често пати тоа е тешка работа, непослушни деца и многу пати скршено срце пред тие да пораснат. Понекогаш мајката е среќна што одгледала дисциплинирани деца, само за подоцна да бидат добро-приспособен тинејџери и возрасни. Главно, мајката седи и се грижи дека не го направила најдоброто за децата, особено ако се случи да не бидат такви, како што таа мислела дека треба да бидат и покрај целата нејзина поука.Мајката е човечко суштество, способно за правење грешки. Таа не е совршена, како што никој од нас не е совршен. Но таа е онаа за која ние во детството имаме совршена слика. Како што стануваме позрели, сфаќаме дека мајките се способни за правилни и погрешни начини на вршење на работите, промашувања, исто како и секој друг човек. Но, таа сеуште е мајка. Она што ја издвојува од сите други е нејзината вечна љубов за нејзините деца и нејзината намера тие да имаат добар живот.
    Додека не станеме возрасни, не почнуваме навистина да ја цениме мајката за ОНА што е таа. Таа ве одгледала, се справувала со вашата дрскост и периодите на мрзеливост за време на тинејџерските години и плачела додека сте растеле. Но маката секогаш била со вас за да ве охрабри кога ќе сте направеле грешка, иако понекогаш е тешко е да не се покаже разочарувањето.
    Како што созреваме и имаме сопствени деца, сфаќаме дека нашата мајка била навистина многу силна личност, и почнуваме да се прашуваме дали ќе можеме да ги достигнеме нејзините постигнувања. Не, никогаш не можеме да ги направиме истите нешта како и нашата мајка, иако таа ни дала шаблон врз кој можеме да градиме.
    Мајките се посебни!
    Дали вашата мајка е сеуште жива? Ако е така, обидете се да го направите овој ден посебен за неа! Покажете и дека ја сакате, можеби само со тоа што ќе и го кажете тоа.

    Зарем ја прави модерна мајка и современа жена тоа што го оставила своето 2 месечно бебе на баба му да го чува, а таа излегла со другарките на луд ноќен провод цела ноќ? А знае дека дома бебето плаче за близината на мајката, за нејзината града кој е единствен извор на храна на кој е научен тоа бебе во тој период? Ова е МАЈКА?

    Немојте, Ве молам, не судете ни во овој ни во друг случај!
    Секој човек е приказна сам за себе.

    За здрава личност, потребни се здрави родители!
    Поздрав од една мајка, која паралелно прави многу работи, а сепак не успева да биде модерна според Вашата дефиниција.
     
    На bittersweet, kate21, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    СДК колку време свиѓа со Ф го пишувам и овде никој да не ме поправи, срам да ви е :^) И од толкави дискусии последна да видам :o Од сега допаѓа ќе си пишувам постојано :!:

    СДК дека понекогаш сме како стадо овци, па чекаме овчарот да ни даде патоказ и сите во тој правец. Едногласно, без излегување од шаблонот. Молчиш за нешто, си го мислиш, те пецка на нерви или како и да е, и некој го кажува тоа и тебе одеднаш ти текнува да се произјасниш јасно и гласно за истото. Мислам, што е проблемот? Страв дека нема кој да те сфати, дека нема кој да те прифати, дека ќе бидеш отфрлен, исмеан...?
    Или полоша ситуација кога си имаш работа со магариња :^)

    Како и да е...Научивме да замислуваме помали желби. Скромни. Мислам, длабоко во себе сеуште сакам да имам многу пари, куќа на планина, куќа на плажа, патувања...и џип бе и ја сакам џип (или теренско возило :wasntme: ). Ама на површина испловуваат најбитните, да сме сите дома здрави, да се сите блиски здрави, па и подалечните, па и непознатите...Едноставно. Па потоа редот на листата.

    И така...засегната од постот на славица. Па и ми дојде да си се расплакам. Па се сетив за што се' ми доаѓа да се расплакам. Па се сетив дека само ми доаѓа, а всушност не плачам. И се сетив дека одамна не сум плачела. И дека ми треба некое отворче, дупка, вентилче да одвртам и да се испразни бранава.

    И така...
     
    На bittersweet, Sexybaby86, tweety26 и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.